Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на државата поради зголемената опасност од пожари на отворен простор и шумски пожари. Кризната состојба ќе важи 30 дена, почнувајќи од 1 август 2026 година, а целта е навремено, координирано и ефикасно справување со пожарите, како и максимална мобилизација на сите расположливи институционални капацитети за заштита на животите на граѓаните, нивниот ...
На денешната седница, Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија, поради зголемените ризици и опасности од пожари на отворен простор и шумски пожари, во времетраење од 30 дена, почнувајќи од 1 август 2026 година. Одлуката е донесена со цел навремено, координирано и ефикасно справување со состојбата на терен, како и максимално мобилизирање на сите расположливи институционални капацитети за заштита ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид остварил тет-а-тет средба со премиерот на Србија, Ѓуро Мацут, на која разговарале за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и заедничките развојни проекти. Како што објави Мицкоски на Фејсбук, во отворен и конструктивен разговор размениле мислења за актуелните регионални предизвици, економските односи, инфраструктурното поврзување и заедничките иницијативи што треба да ...
Летниот период носи зголемен ризик од заболувања поврзани со високите температури, инфекции кои се пренесуваат преку инсекти, како и повреди и здравствени ризици поврзани со активности на вода. Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија (ИЈЗ) препорачува навремена подготовка и почитување на следните мерки за заштита на здравјето при патување. Пред да заминете Информирајте се за здравствената состојба, присутните заразни ...
Поради најава од Управата за хидромететоролошки работи (УХМР) за очекувани високи максимални дневни температури за периодот на продолжениот викенд и до крајот на следната седмица (1–7 август 2026 година), Институт за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита и претпазливост за време на високи амбиентни температури. Како влијае топлото време на нашето здравје и што треба да направиме? Кога амбиентниот воздух се приближува или ...
За време на топлотен бран, чувството на жед не треба да биде сигнал дека е време да пиете вода, бидејќи тоа често е првиот знак дека организмот веќе почнал да губи течности. Високите температури, изложеноста на сонце и засиленото потење го зголемуваат ризикот од дехидратација, исцрпеност и топлотен удар. Стручњаците советуваат течностите да се внесуваат редовно во текот на целиот ден, наместо одеднаш во големи количини. Добра навика е да се ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре најавува сончево и многу топло време со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се движи од 11 до 21 степен, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со слаб до умерен променлив ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18 степени, а дневната ќе достигне до 38 степени. Според УХМР, под влијание на ...
Денеска попладне, околу 13.00 часот, изби пожар во атарот на валандовското сeло Удово, при што пожарникарите итно беа упатени кон тој пожар, но веднаш потоа изби друг пожар на локалната допонија до Валандово, што од слабиот ветар се проширил на околната ниска вегетација. Како што соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, поради стрмниот тешко прооден терен и густата вегетација полна со трње, од страна на ...
СДСМ обвини дека јавниот долг на државата достигнал речиси 11 милијарди евра, односно околу 60 проценти од бруто-домашниот производ, оценувајќи дека граѓаните не ги чувствуваат ефектите од новите задолжувања. Од партијата тврдат дека за две години Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја задолжила државата за повеќе од две милијарди евра, а граѓаните добиле ниски плати, отсуство на зголемување на минималната плата, проблеми со водоснабдувањето, ...
Во вториот квартал од 2026 година, меѓународните цени на суровата нафта и рафинираните производи останаа на релативно високо ниво, но со надолен тренд во однос на рекордните вредности забележани на крајот од првиот квартал. Овој тренд беше поттикнат од постепеното ублажување на геополитичките тензии на Блискиот Исток и намалувањето на загриженоста поврзана со прекини во снабдувањето. Иако цените на суровата нафта останаа значително повисоки ...
Првичните резултати за пената во Вардар, доставени до Министерството за животна средина и просторно планирање, од Град Скопје, се во границите на дозволеното, а конечните анализи се очекуваат на 4 август. „Во врска со регистрираната појава на бела отпадна пена во реката Вардар кај вливот на реката Лепенец на 24 јули 2026 година, Државниот инспекторат за животна средина, во координација со сите надлежни институции, веднаш презеде серија ...
Клиничката болница Битола влегува во силен инвестициски и модернизациски циклус. Во периодот од 2024 до 2026 година е набавена современа медицинска опрема во вредност од над 30,4 милиони денари, со која се заменуваат апарати стари повеќе од 20 години, за кои веќе не постоеше можност за сервисирање и техничка поддршка, соопшти Министерството за здравство. Од таму велат дека особено значајна е замената на дигесторот на Одделението за патологија ...
Министерството за внатрешни работи доби 496 нови полициски службеници. Во своето обраќање министерот Тошковски истакна дека полициската професија не е само работно место, туку животен избор и повик кој бара храброст, чесност, професионалност и човечност. „Со денешната свечена заклетва не добивате само работно место, туку прифаќате голема одговорност и ја преземате честа да ја носите униформата која граѓаните ја препознаваат како симбол на ...
На денешниот брифинг за медиуми, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, предупреди дека животниот стандард ќе продолжи да паѓа и дека граѓаните ги чека тешка есен. Говорејќи за економската и социјалната состојба во државата, Филипче нагласи Владата нема никаков план како да ги заштити граѓаните од новиот ценовен удар што се заканува наесен. „Наместо мерки за заштита на животниот стандард, власта ги остава граѓаните сами да се справуваат со ...
Во мое време немаше труење со вода, ниту епидемија во Гостивар, му одговори претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на Мицкоски по обвинувањата дека додека тој бил министер за здравство, јавноста не била информирана за случаи со неисправна вода за пиење. „Во мое време немаше труење, а немаше ни епидемија во болницата. Имаше ли епидемија во Гостивар? Немаше. Имаше ли труење? Немаше. Мицкоски вчера мавташе со нешто, со некој документ, ама освен ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг за медиуми, порача дека скандалозниот закон за Скопје – Европска престолнина на културата за 2028, не смее да се донесе во ваква форма како што замислила Владата. Тој предупреди дека станува збор за крајно спорен закон и скандалозен обид на Владата да ги заобиколи законите и правилата за јавните набавки. -Ова е скандалозен закон. Со кој памет поднесуваат таков закон? Како може да се ...
Штипскиот фудбалски талент Андреј Велков и официјално ја започна својата авантура во редовите на прволигашот Тиквеш од Кавадарци, откако пред неколку дена беше промовиран како ново засилување на „црвено-белите“. Во клубот не го криеја задоволството од ангажманот на 20-годишниот лев бек, истакнувајќи дека станува збор за млад, амбициозен фудбалер кој има голем потенцијал и желба за напредок. Велков во Кавадарци пристигна како слободен играч, а ...
Со порака за единство, зачувување на верата и почит кон историското наследство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан упати Илинденско послание по повод големиот празник Илинден. Во посланието, поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија потсетува на значењето на празникот, кој ги обединува духовната традиција и историската борба на македонскиот народ за слобода. Архиепископот г. г. Стефан посочува дека ...
Прашан за став по враќањето на пасошот на обвинетиот бизнисмен Борче Марковски, премиерот Христијан Мицкоски, изрази мислење дека станува збор за груба манипулација од јавен обвинител, како што рече, соучесник во овој процес. „Мислам дека тука има груба манипулација од еден локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, којшто е соучесник во овој процес и тоа нема така да заврши. Ако сакав да кажам име и презиме, ќе кажев име и ...
Подрачното училиште во селото Крупиште нема да биде затворено, и покрај информациите што се појавија во јавноста. Градоначалникот на Општина Штип, Виктор Паунов, ги демантираше ваквите тврдења, оценувајќи ги како неточни и дезинформации. Иако училиштето е опфатено со оптимизацијата на училишната мрежа, наставата ќе продолжи. Деветте ученици од прво до петто одделение ќе следат настава во една комбинирана паралелка. Според Паунов, училиштето ...
Класјата, лубениците и доматите се трошат како алва на последниот петочен пазарен ден од јули, пред празникот Илинден во Штип. Граѓаните купуваа во големи количини, новите месечни примања добредојдени пред празникот. Велат дека не е скапо и дека цените се достапни за сечии џеб. Кога е во прашање побарувачката, особено задоволни се производителите од штипско и струмичко. Велат од утринава до пладне речиси трезгите се празни Инаку, овој петок ...
Со најавениот нов топлотен бран и температурите кои во наредните денови на места ќе достигнат и до 40 степени Целзиусови, расте ризикот од расипување на храната и појава на труење. Високите температури претставуваат опасност и за домашните животни, поради што неопходно е да им се обезбедат доволно свежа вода и безбедна храна. Од Агенцијата за храна и ветеринарство апелираат граѓаните да бидат внимателни при купување, транспорт и чување на ...
Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ денеска се одржа свеченост на која беа промовирани 36 питомци од 26. класа и 1 питомец кој дипломираше на Воената академија „Вест Поинт“ во САД, во прв офицерски чин – потпоручник и 16 слушатели од Курсот за стручно оспособување и усовршување за офицери за службите на Армијата во чин –поручник. На денешната свеченост се обрати министерот за одбрана Владо Мисајловски кој на новите офицери во ...
Мицкоски избега од пратеничките прашања затоа што нема одговори, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинарите, осврнувајќи се на вчерашните случувања во Собранието, каде, како што рече, се случи оркестрирана блокада со која на пратениците од опозицијата им било оневозможено да ги постават предвидените пратенички прашања „Мицкоски избега од пратеничките прашања. Наместо да одговори на прашањата на ...
На брифинг со медиумите претседателот на СДСМ, Венко Филипче, рече дека СДСМ бара одговорност за навредите, заканите и насилството од министерот Иван Стоилковиќ и најави дека партијата ќе поднесе интерпелација. -Има иницијатива за анкетна комисија за Иван Стоилковиќ за тоа што се случи за време на реконструкцијата на Владата. Тука сме потпишани со цел само да се собере доволен број на потписи за да се прифати. Ние ќе поднесеме интерпелација ...
Како Влада сме ориентирани да направиме современо здравство, оваа година имаме рекордно издвојување од над милијарда евра за здравството и потребите на граѓаните за здравствени услуги, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, кој денеска беше во посета на Клиничката болница во Битола. „Би сакал да кажам дека здравството е еден од врвните мои лични приоритети, но и приоритети на Владата. За жал, тоа е процес којшто бара време, бара енергија, ...
На денешната средба на министерот за правда Јетон Шасивари со амбасадорот на Република Италија, Паоло Палминтери, се разговаравше за клучните активности од Реформската агенда во правосудството, како и за понатамошно продлабочување на соработката меѓу двете земји. Италија е значаен партнер во процесот на европска интеграција и континуирано дава поддршка за реформите насочени кон посилно владеење на правото, поефикасно правосудство и одлучна ...
Третата суштинска порака на rебалансот е дека економскиот развој мора да оди заедно со заштитата на животниот стандард и со подобри јавни услуги. Социјалните трансфери се зголемуваат за 2 милијарди и 234 милиони денари. Тоа се средства поврзани со социјалните надоместоци, здравствената заштита и обврските кон граѓаните кои не смеат да зависат од дневната политика. Функцијата социјална заштита расте за околу 1 милијарда и 838 милиони денари, ...
Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија ја одржа 36 седница на која беше усвоен Полугодишниот извештај за работата на Фондот во 2026 година. Директорот на фондот Никола Мемов ги извести членовите на Одборот за активностите што се преземени во изминатиот период и информира дека во пензионерскиот дом Аеродром е оштетен кровот од невремето што го зафати Скопје. Тој додаде дека се преземаат мерки ...
Венко Филипче се обидува да се претстави како најголем заштитник на јавното здравје, додека во периодот кога тој беше министер за здравство, институциите пријавувале бројни случаи на неисправна вода, а Филипче како министер не постапувал, кажа на прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Се поставува легитимното прашање. Кој знаел, кој одлучил да не ги информира граѓаните и зошто тие информации останале скриени? ...