Овој договор спаѓа во рамките на програмата на НАСА за комерцијални услуги за слетување на Месечината, позната како ЦЛПС, преку која на приватни компании им се плаќа да ги транспортираат научните инструменти на НАСА на површината на Месечината, наместо самата НАСА да го реализира слетувањето од нула. Наместо да развиваат целосно нови дизајни, компаниите ќе користат ажурирани верзии на своите постојни архитектури за слетување со цел да ...

Најголем губитник денеска беше Кими Антонели, кој беше лидер во трката, но во последните кругови имаше проблеми со болидот поради кои мораше да ги напушти горните позиции. Голем пех имаше и Макс Верстапен чиј болид откажа на четири круга пред крајот поради што трката заврши со безбедносно возило. Додека безбедносното возило беше на патеката, болидите на Ферари влегоа во боксот, Леклер остана прв, Хамилтон беше втор, но тоа влегување во боксот ...

Градоначалникот Дарко Костовски соопшти дека воедно се прави и додградба на ОУ „Ацо Шопов“ за четири нови училници. „Базенот е наменет за учениците и ќе придонесе за нивниот физички развој. Ова лето во Бутел ќе има најмногу проекти во историјата на општината“, рече градоначалникот. Премиерот Мицкоски изјави: „Убав ден денес, сабота овде во Бутел се почнува нешто ново, базен, се довршува нешто што веќе е започнато, доградбата на училиштето ...

Младиот кошаркар, кој до неодамна ги бранеше боите на битолски Пелистер, во претстојната натпреварувачка сезона ќе настапува во силното НЦАА првенство. Негов нов дом ќе биде Универзитетот Пасифик од Стоктон, Калифорнија. Митревски е дел од одличната генерација млади македонски кошаркари кои во текот на ова лето успеаја да си обезбедат ангажмани во американскиот колеџ-систем. Младиот кошаркар, кој до неодамна ги бранеше боите на битолски ...

Ивановски имаше одличен влез во мечот, го доби првиот сет со убедливи 6-1, но следуваше пад, Украинецот го доби вториот сет со 6-0 и израмни на 1-1. Македонскиот тенисер успеа да се крене и да блесне во третиот решавачки сет кој го доби со 6-2 и ја завери победата. Покрај Ивановски, на титула на овој турнир се израдуваа и Обрад Марковски и Горазд Србљак кои синоќа победија во финалето во двојки. Ивановски имаше одличен влез во мечот, го доби ...

Според информациите на ЦУК, под контрола е пожарот во Општина Македонски Брод, во атарот на селото Белица, каде што биле зафатени борова шума и ниска вегетација. Изгаснати се пожарите во Општина Ѓорче Петров кај селото Кучково, во Велес кај селото Црквино, во Неготино кај селото Црвени Брегови и во Богданци кај селото Стојаково, каде горела претежно ниска и деградирана вегетација. Пожари се изгаснати и во Струмица кај селото Добрејци, во ...

„Некои политички партии, свесни за поразот на следните парламентарни избори, се обидуваат да го бојкотираат донесувањето на измените на Изборниот законик, односно го бојкотираат процесот земјата да испорача десет од десет индикатори од Реформската агенда. За нас гласањето на дијаспората е стратешка цел. Дел од политичките партии излегоа со сосема радикализирани позиции. Едната позиција беше да се гласа во рамките на Државната изборна комисија ...

Македонците во финалето ја совладаа бугарската комбинација Никола Керемедчиев и Давид Симеонов со 2-0 во сетови (7-5, 6-4). Марковски и Србљак до трофејот стигнаа по 79 минути игра. Во првиот сет направија брејк за водство од 4-3, но Бугарите веднаш возвратија и израмнија на 4-4. Македонската двојка повторно го одзеде сервисот на противниците во 11. гем, а потоа сигурно сервираше за 7-5 и предност од 1-0 во сетови. Во вториот сет повторно ...

Клоп му се враќа на фудбалот, тој доаѓа на местото на Нагелсман кој доби отказ по дебаклот на Светското првенство. Поранешниот тренер на Ливерпул, ги прифатил условите на Германската фудбалска репрезентација, ќе добие долгорочен договор. Наскоро се очекува Клоп да го раскине договорот со Ред Бул групацијата и да стави потпис на тој со Фудбалската федерација на Германија. Клоп му се враќа на фудбалот, тој доаѓа на местото на Нагелсман кој ...

Мицкоски по тој повод даде изјава: „Јас немам што да додадам на тоа што го кажаа и градоначалникот и министерот. Би сакал само да ја искористам оваа можност да се заблагодарам на градоначалникот за посветената работа, на советниците од Советот коишто ја подржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата во Општина Кавадарци, се разбира тука се и пратениците коишто доаѓаат од Општина Кавадарци кои се борат за проект повеќе да ...

„Во секторот земјоделство наследивме буквално катастрофа од претходната влада. Акумулациите беа доведени под биолошки минимум, на 8 проценти, денеска се на 80 проценти, и тоа во јули кога е речиси при крај сезоната за наводнување. За земјоделците беше предизвик да добиваат вода за да ги наводнуваат своите посеви, а сега имаме комплетно обезбедени можности за наводнување во Овчеполието, од Калиманци, преку Кочанско Поле, Штипско Поле па се до ...

Министерот упати благодарност до граѓаните, еколошките активисти, експертите, медиумите, претставниците на институциите и на компанијата за нивното активно учество во процесот. „За да нема понатамошни дилеми, сакам јасно да порачам: Како Министерство за животна средина и просторно планирање, цврсто се заложивме обновената дозвола за УСЈЕ да биде изготвена според условите на новиот Закон за индустриски емисии, кој стапува на сила во септември ...

Мануел Куестас оди на едногодишна позајмица во црногорскиот клуб ФК Језеро. Тој денеска ќе се приклучи на подготовките на овој тим. Голманот Или Зибери во новата сезона ќе го брани голот на Тетекс. На позајмица ќе замине и Ибрахим Оласебикан, уште не се знае во кој клуб, заинтересирани се ФК Скопје и Арсими. Мануел Куестас оди на едногодишна позајмица во црногорскиот клуб ФК Језеро. Тој денеска ќе се приклучи на подготовките на овој тим. ...

Во рамки на посетата, Муцунски, како што информираат од Министерството, се очекува да оствари одделни средби и разговори со премиерот и министер за надворешни работи на Катар, заменик-премиерот и државен министер за одбрана, како и со државниот министер за надворешни работи. Во програмата се предвидени и средби со претставници на повеќе инвестициски фондови и катарски компании, како и потпишување на неколку билатерални документи. За време на ...

Во текот на вашата кариера добитник сте на бројни награди и признанија. Колку Ви значи „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата? – Да, па можеби и премногу. Но, оваа награда ја сметам за прилично исклучителна затоа што мислам дека, освен на поетските фестивали, јас сум практично непозната во поширокиот свет на читателите на поезија. Некој како Бродски или Маргарет Атвуд, тие веќе имале глобална публика. А јас, секако, немам, тоа е ...

Најголем број студенти, 77,8 %, се запишале на државните високообразовни установи, додека 22,2 % се запишале на приватните високообразовни установи. Во прва година на студии, во оваа академска година, се запишале 16.212 студенти или 29,5 % од вкупниот број (тука се опфатени и студентите што се запишуваат во прва година по втор, трет и повеќепати), а 14.995 студенти во прва година се запишале првпат. Најголем број студенти, 77,8 %, се ...

Парагвај играше дефанзивна тактика со остри дуели, а Французите кои постојано беа удирани и провоцирани се мачеа да го најдат патот до мрежата. Тоа им успеа од пенал, стрелец беше Мбапе. Ибрахимовиќ кој е стручен аналитичар на Фокс на овој Мундијал, го прокоментира натпреварот. „Доколку јас играв вечерва, ќе добиев 4-5 црвени картони. Не сакам кога луѓето ме провоцираат, сакам да играм вистински натпревар. Но, Франција покажа смиреност, ...

„Шуплевски – ехо низ времето“ низ архивски материјали, сведоштва и музички записи ја следи повеќегенерациската приказна на семејството Шуплевски, чие дејствување оставило длабок белег врз развојот на современата македонска музика. Потекнувајќи од старото скопско маало Чаир, семејството Шуплевски повеќе од еден век е активно присутно во музичкиот живот преку диригирање, хорско пеење, инструментална изведба, музичка педагогија, компонирање и ...

Пасошот на Македонија е оценет врз основа на тоа што со него може без виза да се патува во 127 држави ширум светот. Индексот се базира на податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA), а клучниот критериум е бројот на земји достапни без виза за граѓаните на една држава. На врвот на листата и оваа година се наоѓа Сингапур, чии граѓани можат без виза да патуваат во 192 земји. Второто место го делат Јапонија, Јужна Кореја и ...

„Триколорите“ имаа иницијатива во текот на целиот натпревар и долго ја контролираа играта, но тешко создаваа чисти шанси против добро организираната одбрана на Парагвај. Јужноамериканската селекција успешно ги затвораше сите приоди кон својот гол, па Французите не успеваа да го пронајдат патот до мрежата. Одлуката падна во 70. минута, кога резервистот Дезире Дуе беше соборен во казнениот простор. По ВАР-проверката беше досуден пенал, а ...

„Денеска попладне, додека седев во кафетерија на улицата ‘Таковска’ со пријател, разговаравме и прелистувавме списание, влезе непознат маж, на возраст од 30-40 години, со куче од расата питбул териер и, на моја непријатност, ми се турна во лице. Кога му реков на човекот да го одземе кучето од мене, тој рече дека му е непријатно, почна да ме кара, врескаше и на крајот ме удри во лице”, раскажува Бранковиќ кој останал смирен и не му одговорил ...

Ивановски ги одбива обвинувањата од раководството на СДСМ дека има намера да наштети на партијата и не стравува дека може да го исклучат од СДСМ. „Да ме исклучат мене или Славјанка? Јас сум член на СДСМ од 1994 година и ќе останам до крајот на животот. Тоа не може да го направат луѓе или човек кои не се дел, ниту асоцијација од СДСМ. Сакам да пратам предупредување да прекинат со дискредитации, изживувањето и сериозните конструккции што ги ...

На прашањето „Дали сте запознаени со предлозите на Законот за забрана за пушење на јавни места?“, повеќе од 83 отсто од испитаниците одговориле позитивно. Само 16,2 отсто од испитаниците одговориле дека не се запознати со предложените измени во овој закон. Точно 68 отсто од испитаниците кои одговориле дека се запознати со измените во законот за забрана за пушење на јавни места одговориле дека ги поддржуваат предложените промени. Негативен ...

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и дневни температури од 26 до 34 степени. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до ...

Мароко одигра меч со две сосема различни полувремиња. Во првиот дел Африканците беа во подредена улога, Канада беше поактивна и поопасна, но работите се променија во вториот дел. По само пет минути игра во второто полувреме, по асистенција од Хакими, Унахи даде гол за водство на Мароко од 1-0. Откако беше отворен натпреварот, Канада тргна офанзивно кон израмнување, а Мароко чекаше од контри да го реши прашањето за победникот на овој ...

Тој вели дека го користи експерименталниот систем на Антропик со најскапиот пакет за претплата и буџет од 50.000 долари. Вештачката интелигенција не ја презема директната комуникација со луѓето, туку ги анализира разговорите, дава препораки и ја приспособува стратегијата врз основа на резултатите. Идејата на експериментот е вештачката интелигенција да функционира како личен стратег кој помага во унапредувањето на комуникацијата и донесувањето ...

СДСМ смета дека граѓаните кои не живеат во Македонија мора да гласаат во дипломатските или конзуларни претставништва на Македонија. СДСМ денеска соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ се плаши од изборниот резултат и затоа очајнички посегнуваат по изборен грабеж преку неконтролирано електронско гласање на дијаспората и директно ја нарушуваат еднаквоста и сигурноста на изборниот процес. „Свесни дека губат гласови и поддршка кај граѓаните, сега се обидуваат ...

Според информациите од ЦУК, активен останува пожарот во Општина Македонски Брод, во атарот на селото Белица, каде гори нискостеблеста вегетација. Кон пожарот се упатени екипа на ТППЕ Македонски Брод и ЈП за управување и заштита на повеќенаменското подрачје Јасен, а во гаснење на пожарот ќе се приклучат и два ер трактори на ДЗС. Под контрола е ставен пожарот во Општина Брвеница, кај селото Милетино, каде беше зафатена ниска вегетација. Во ...

Кон пожарот веќе се упатени екипи на ТППЕ Македонски Брод и ЈП за управување и заштита на повеќенаменското подрачје Јасен. Во секој момент се очекува да полетаат два ер трактори на ДЗС. Гори и борова шума на територијата на Општина Штип. Од ДЗС информираат и за тежок пожар помеѓу населбите Баби и Дузлак, над филтер станицата. ТППЕ Штип со полн капацитет дејствува врз пожарот, помош ќе пристигне и од неколку доброволни противпожарни друштва. ...

Возачот на Мерцедес, Кими Антонели го извозе најбрзиот круг во денешните квалификации за ГН на Велика Британија. Во последните секунди од квалификациите возачите на Ферари се потрудија да ги раздвојат колегите од Мерцедес, па Леклер и Хамилтон излегоа пред Расел кој ќе стартува од четвртата позиција. Меѓу најдобрите десет завршија и Хаџар, Норис, Ферстапен, Пјастри, Линдблад и Лоусон. 🇬🇧 SUNDAY’S STARTING GRID 🇬🇧#F1 #BritishGP ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.34
49%
1018
weather icon

Белград

23ᴼ / 23ᴼ
6.5
52%
1018
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
1.76
74%
1022
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
0.38
54%
1018
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
0.63
55%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.5
90%
1022
weather icon

Атина

26ᴼ / 25ᴼ
3.83
38%
1011
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.82
50%
1014
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
4.13
39%
1016
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
5.36
63%
1018
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 17ᴼ
0.89
53%
1022
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
2.9
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3095

Currency

71.9016

Currency

37.6328

Currency

38.2957

Currency

65.7252

Currency

7.903

Currency

0.64661

Currency

0.3348

Currency

0.52421

Currency

1.11625

Currency

0.55894

Родиум

278103.96

Цинк

0.00

Бакар

13.36

Кобалт

56.29

Калај

56.16

Паладиум

43853.62

Платина

56328.11

Иридиум

252383.36

Сребро

2102.98

Алуминиум

3.34

Рутениум

53852.50

Злато

141498.65