Повеќе од 70% од пријавените штети беа поднесени онлајн, што ја потврдува довербата во дигиталните услуги и ефикасноста на онлајн пријавата на штета. Нашите тимови реагираа веднаш по приемот на пријавите. Дури 99% од предметите беа преземени во обработка истиот ден, при што контактот со осигурениците и увидите беа реализирани во најкраток можен рок. Дел од штетите беа исплатени веќе во рок од еден ден, а останатите се обработуваат согласно ...

Значењето на ова признание се гледа во неговиот статус на независен меѓународен репер кој обезбедува објективна проценка на практиките за управување со вработените според највисоките глобални стандарди. Сертификатот Top Employer 2026 потврдува дека групацијата BALFIN успешно создава работна средина со високи перформанси преку стратегии насочени кон луѓето, како и дека практиките за управување со човечки ресурси се усогласени со оние на ...

Во регионот инфлацијата во јуни во Грција беше 3,9%, Бугарија – 5,6%, Хрватска – 4,5%, Словенија – 3,6%, Турција – 32,11%… Во Косово во мај годишната инфлација беше 6,8%, БиХ – 5,6%, Црна Гора – 3,6%, Србија – 3,5%, Албанија – 3%… Ако го споредиме јуни 2026 со јуни 2022 тогаш бројките се следни: јуни 2026 – 3,4% – јуни 2022 – 14,5%. Ова се бројките кога ќе се споредат двете енергетски кризи, првата со нападот на Русија на Украина, а втората ...

Според анализата на ММФ, додека еврозоната се очекува да има раст нешто повеќе од еден отсто годишно до 2031 година, помалите економии меѓу кои и шестката од Западен Балкан – Македонија, Косово, Србија, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина се очекува да ја надмиат еврозоната со повеќе од два спрема еден и да остварат раст од околу три отсто како што е светскиот просек. Најбрзорастечка економија во Европа според прогнозата на ММФ е Малта ...

Во 2025 година, во однос на 2024 година, вкупниот број на вработените е речиси непроменет, односно бележи намалување од 0,1 отсто. Тоа е резултат, пред сѐ, на намалувањето на бројот на вработените во секторот преработувачка индустрија за 5,2 отсто. Од друга страна, пак, зголемување на бројот на вработените е забележано во секторите објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 5,5 отсто и административни и помошни услужни дејности за ...

Иако уште е рано да се даде конечна оцена, експертите очекуваат трендот на стабилизација на инфлацијата да продолжи и во следниот период, пред сѐ под влијание на меѓународните движења на цените на храната и нафтените деривати, и укажуваат дека во производите за храна треба да има зголемена контрола на маржите бидејќи увозниците на храна го користат поволниот курс на еврото, но и внимателност и претпазливи економски политики, кои ги следат ...

Николоски истакна дека со ова се овозможува пренасочување на товарните возови надвор од Скопје. Николоски заедно со директорот на ЈП Железница Инфраструктура Синиша Ивановски, направија увид до реконструираната пруга каде се изврши и тест возење. По оваа делница ќе се одвива исклучиво товарниот железнички сообраќај, истакна Николоски, што ќе придонесе за подобра организација и развој на целокупниот транспорт. „Драго ми е што правиме тест ...

„Постојоано работиме на зголелмување на издвојувњата од државниот Буџет кон програмите на надлежните министерства, во случајот Министерството за транспорт, Министерството за животна средина и просторно планирање, а преку АА програмата за финансирање на инфраструктурни проекти тука се и Министерството за култура, Министерството за образование и Министерството за социјална политика, демографија и млади. Со овој Ребланс за инфраструктурни ...

„Во Царинската управа имаме континуитет на рушење на рекорди, тоа за мене е сигнал дека сме на прав пат. Трет пат имаме највисока наплата месечно од постоењето на Царинската управа. Во јуни постигнат раст на наплата од 22,5% во однос на јуни минатата година, или 37,9 милиони евра повеќе во јуни овој месец, во споредба со јуни минатиот месец. Во буџетот се инкасирани 12,68 милијарди денари, односно 206 милиони евра приходи, при што е надминат ...

Од Автонова истакнаа дека низ сите овие години останале верни на филозофијата – врвната послепродажна поддршка и грижа за клиентите се подеднакво важни како и самите автомобили. „Leapmotor за нас не е само нова марка во нашето портфолио. Тоа е долгорочна инвестиција, но и почит и обврска кон нашите клиенти, кон нашите 108 вработени и нивните семејства, како и кон вредностите врз кои ја градиме оваа семејна приказна цели 30 години“, порачаа од ...

Новите законски решенија се однесуваат на условите за основање и работење на давателите на финансиски лизинг, корпоративното управување, механизмите за надзор, транспарентноста во работењето и заштитата на корисниците на финансиски лизинг. Новите правила, велат од Министерството за финансии, носат појасни договори, можност за предвремена отплата без дополнителни трошоци, поголема контрола врз работењето на лизинг-компаниите и повисоки ...

За време на Самитот министерот Владо Мисајловски учествувал на Форумот за одбранбена индустрија во чиј фокус биле иновациите и развојот на одбранбената индустрија кои се клучен елемент за колективната безбедност, како и воспоставувањето на соработка за заеднички набавки за опремување на одбранбените сили. На форумот на кој присуствувале високи претставници од сојузничките и партнерските земји и претставници од воената индустрија била ...

Предвидено е претседателката Сиљановска-Давкова да има обраќање на состанокот на Северноатлантскиот совет, на кој учествуваат шефовите на држави и влади на 32 земји членки на НАТО. Во пресрет на самитот на НАТО, Сиљановска-Давкова синоќа присуствуваше на приемот организиран од претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган. „Во духот на сојузништвото и меѓусебната почит со шефовите на држави и влади разменивме мислења за натамошното ...

„Пораката е јасна: НАТО испорачува резултати. Ја потврдивме заедничката определба за поголеми инвестиции во одбраната, понатамошно јакнење на одбранбените капацитети, поправедна распределба на одговорностите меѓу сојузниците и континуирана поддршка за Украина“, напиша Муцунски. Тој информираше дека на маргините на Самитот остварил повеќе билатерални средби со колеги од земјите членки на НАТО, како и со високи претставници на земјите сојузници ...

Тренерот на Вардар, Кристијан Фабијани, порача дека неговиот тим е подготвен за првиот предизвик во новата сезона. Стратегот на Вардар истакна дека е задоволен од сработеното за време на подготовките во Италија, иако немал многу време да работи со екипата. „Дојде моментот кој долго го чекавме по подготовките во Италија и со нетрпение чекаме да излеземе на терен. Задоволен сум од подготовките, иако сум кратко тука и немавме многу долго време. ...

„На пожарот е интервенирано со една екипа, едно возило и двајца пожарникари. Гореше сува трева- изјави командирот на смена во ТППЕ Куманово“, Чедомир Кипријановиќ. На потегот од Спомен-костурницата до населбата „Перо Чичо“, во изминатиот период е меѓу местата каде често избувнуваат пожари на отворен простор. Жителите од овој дел на градот повеќепати реагираа поради чадот од запалената сува вегетација и отпад. Поради зачестените пожари, кон ...

РЦУК информира дека по добиено известување од ЕВН Македонија АД без електрична енергија во периодот од 8 до 15 часот, ќе бидат корисниците од улица „Тодор Чангов“, во општина Аеродром. Без струја во периодот од 8.30 до 14.30 часот, ќе бидат корисниците на дел од улица „Методија Андонов Ченто“, објектите кај ЗПЗ Напредок, сендвичара Хит, објектите од место викано Триангла до надвозникот за Ченто, во општина Гази Баба. Во периодот од 9 до 13 ...

Како што информираат од Јавното обвинителство, според првичните сознанија, осомничените на 22 јуни учествувале во насилничките дејствија кон малолетникот, го удирале со тупаници и клоци и му нанеле расекотини со нож по телото. „Предложените мерки на претпазливост вклучуваат забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска повремено да се јавуваат кај определено службено лице или кај надлежен државен орган, како и ...

За упис во новото училиште, кое е именувано „7 Мај“ (Денот на македонската полиција), ќе може да конкурираат ученици со завршена втора година средно образование во кое било четиригодишно средно училиште во државава. Учениците што ќе се запишат ќе имаат настава по стручни и општообразовни предмети и ќе престојуваат во ученички дом (интернат) во склоп на Центарот за обука на МВР (Полициска академија) во Идризово, каде што за полицајци се ...

Трамп призна дека лично побарал од ФИФА да го разгледа црвениот картон на Балогун, оценувајќи дека исклучувањето било неправедно. „Побарав да се направи ревизија затоа што не мислев дека тоа беше прекршок. Сите сакаат да гледаат натпревар со најдобрите фудбалери. Како би се чувствувале ако ги тргневме Меси, Роналдо или Хари Кејн?“, изјави Трамп. По неговата изјава, со официјално соопштение се огласи и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ...

Аргентинскиот стратег смета дека напаѓачот бил неправедно исклучен и дека неговата селекција платила висока цена, играјќи со фудбалер помалку во завршницата од натпреварот. „Мислам дека кој го следи фудбалот и верува во етика, треба да ја прослави оваа одлука. Бевме казнети против БиХ, игравме со 10 фудбалери дури 35 минути поради неправедна одлука“, изјави Покетино. Одлуката на ФИФА предизвика бројни реакции во фудбалската јавност, особено ...

Меѓу поетските настапи што годинава предизвикаа особено внимание на Струшките вечери на поезијата, силно се издвои песната „Ми го одзедоа јазикот – македонскиот“ од грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас. Песната беше прочитана на свеченото отворање на 65. издание на фестивалот, во рамките на меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“, на кое Минас учествуваше како поет од Грција. Нејзиниот одек не беше случаен. Напишана по ...

Нов член на клубот е 21-годишниот италијански напаѓач Салваторе Рибаудо, кој во младинските категории настапуваше за Палермо и Парма. Во досегашната кариера беше дел и од Авецано, Кјери, Брера, албанска Лушња и шпанска Реал Авила, а има настапи и за младинската репрезентација на Италија до 15 години. Во нападот ќе конкурира и Лорик Каба Јакупи, кој пристигнува од Шкендија. Напаѓачот има повеќе од 60 настапи во Првата македонска фудбалска лига ...

Обвинителството најпрво презентираше докази од екстракција и анализа на телефонска комуникација од мобилните на првообвинетиот Дејан Јованов и неговиот син Михајло Јованов. Се презентираа СМС пораки и вибер комуникација на Дејан со контакти како што биле запишани во неговиот мобилен – началничка Марија, Цеце, Тодор Јованов, Весна инспекторка приватен, Лазе Жти, Ацо командант, Магдалена лиценца, Вики економија, Благица диско… Од презентираната ...

Искусниот играч за врска се повредил за време на прославата по натпреварот, откако при прескокнување на рекламните панели незгодно го повредил зглобот на раката. Медицинскиот тим веднаш реагирал, а фудбалерот на Брентфорд бил изнесен од теренот на носилки. Селекторот Томас Тухел призна дека жали што повредата е заработена на ваков начин и додаде дека засега не може да каже кога Хендерсон ќе биде подготвен за враќање на терените. „Џордан го ...

Посочуваат дека „Безбеден град“ е проект што спасува животи и гради побезбедна иднина. „Безбеден град“ е проект за кој долго се зборуваше, а ние го реализиравме. Денес тој претставува еден од најважните механизми за модернизација на полициското работење и заштита на животите на граѓаните. Резултатите веќе го потврдуваат тоа – велат од Министерството. Од МВР информираат дека од почетокот на примената на системот евидентирани се над 130.000 ...

26-годишниот играч се сели во Лондон по три сезони минато во Њукасл. Првата понуда на Тотнем, вредна околу 80 милиони фунти, беше одбиена, но двата клуба на крајот постигнаа договор. Според информациите, лондонскиот клуб ќе плати 92,5 милиони фунти веднаш, а дополнителни 7,5 милиони фунти ќе зависат од исполнување на договорените бонуси. „Пресреќен сум што сум тука. Се зборуваше дека имало четири или пет заинтересирани клубови, но вистината е ...

„Постигнавме договор секое доброволно противпожарно друштво однапред да декларира одреден број доброволци кои, преку тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување, ќе бидат подготвени во случај на пожар веднаш да бидат упатени на местото каде што е потребно. Исто така, разговаравме и за внатрешната организација. Целосно ја менуваме структурата. Наместо доброволците да бидат ангажирани преку локалните ограноци на Дирекцијата, тоа ќе го ...

„Барањето, како што знаете, е објавено, расправата се одржа во петокот и течат процедурите што се предвидени за обнова на дозволата. Тоа што беше кажано во расправата, тоа што јас сум го кажал и го повторувам, новата дозвола на „Усје“ ќе биде со параметри со новиот закон кој влегува во сила во септември 2027 година. Тоа може да го ветам – дека целата постапка ќе биде транспарентна и јавноста ќе биде цело време известена за сите постапки, кои ...

На брифинг со новинарите претседателот на Собранието Гаши денеска рече дека електронското гласање било и во програмата на неговата политичка партија Алтернатива. Тој информираше дека на 13 јули е седницата за реконструкција на Владата, која треба да трае два дена. а новите членови на Владата ќе се гласаат поединечно. На 15 јули е закажана нова седница на која се и опозициските прашања. Општата расправа за ребалансот на Буџетот ќе трае до 8 ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.34
49%
1018
weather icon

Белград

23ᴼ / 23ᴼ
6.5
52%
1018
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
1.76
74%
1022
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
0.38
54%
1018
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
0.63
55%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.5
90%
1022
weather icon

Атина

26ᴼ / 25ᴼ
3.83
38%
1011
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.82
50%
1014
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
4.13
39%
1016
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
5.36
63%
1018
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 17ᴼ
0.89
53%
1022
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
2.9
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3095

Currency

71.9016

Currency

37.6328

Currency

38.2957

Currency

65.7252

Currency

7.903

Currency

0.64661

Currency

0.3348

Currency

0.52421

Currency

1.11625

Currency

0.55894

Родиум

278103.96

Рутениум

53852.50

Калај

56.16

Иридиум

252383.36

Паладиум

43853.62

Сребро

2102.98

Алуминиум

3.34

Платина

56328.11

Злато

141498.65

Кобалт

56.29

Бакар

13.36

Цинк

0.00