Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Мртвите ајкули биле пронајдени по должината на плажата долга околу 10 блока, објави Еј-би-си. Вонредниот професор по морска биологија на Универзитетот Стоктон, Стивен Нагијевич, изјави дека тоа е најголемиот број мртви ајкули што ги видел на едно место во текот на 50 години проучување на океанот. Сепак, тој додаде дека овие ајкули се чести во водите на Њу Џерси и често пливаат во јата што можат да бројат стотици, па дури и илјадници единки. ...
Во кампањата „Тура за чистење на плажата Боскалис“ учествуваа неколку стотици волонтери кои го чистеа брегот на Северното Море во последните две недели. Директорот на фондацијата „Де Нордзе“, Еват ван Гален, предупреди на количината собрани отпушоци, пренесува НЛ Тајмс. „Цигарите се составени од 95 проценти пластика, тие не се биоразградуваат и се распаѓаат во микропластика“, рече Ван Гален. Тој изјави дека еден отпушок може да загади до ...
Надворешните промени се суптилни, но забележливи. Осветлената решетка на ладилникот сега е потесна со хоризонтални решетки, додека ултратенките дневни светла се интегрирани со решетката, а главните фарови се речиси скриени во страничните отвори за воздух. На задниот дел доминираат подолги светла кои речиси се спојуваат во светлосна лента по целата ширина на возилото, а новиот мат амблем на БМВ се појавува за прв пат од моделот и-икс3. ...
Иако откривања на заборавени автомобилски класици не се невообичаени, овој се издвојува по својата приказна. Автомобилот не само што бил покриен со прашина, туку бил целосно расклопен – каросеријата од едната страна, шасијата од другата и наоколу кутии со делови, пишува германски Ауто билд. Таткото на сегашниот сопственик некогаш го купил автомобилот со намера да го реставрира, но планот никогаш не се остварил, веројатно поради сложеноста и ...
Селтик направи голем чекор кон пласман во лигашката фаза на Лигата на шампионите, откако на домашен терен убедливо го совлада ЛАСК со 3-0 во првиот плеј-оф дуел. „Келтите“ поведоа во 26. минута преку Бенџамин Нигрен, а Камило Дуран до полувремето зголеми на 2-0. Истиот фудбалер во 67. минута го постигна својот втор гол за убедлива победа на шкотскиот гигант. Бодо/Глимт, пак, славеше со 1-3 на гостувањето кај НЕК и практично обезбеди огромна ...
Првично беше планирано дуелот да се игра во Автокоманда, но овој стадион уште не е подготвен за мечевите од Првата лига. Ова е лоша вест за навивачите на Скопје кои ќе треба да се стрпат уште одредено време за да го гледаат нивниот тим во нивната населба. Мечот меѓу Скопје и Тиквеш се игра утре (петок) со почеток од 17 часот. Директен пренос ќе може да следите на Арена Спорт Македонија. Првично беше планирано дуелот да се игра во ...
Војводина е во Охрид за да настапи на турнирот „Крсте Андоновски“ кој почнува од утре. А нивниот престој во Македонија го користи и за одигрување на два меча од Регионалната лига. Иако се работи за меч од осмото коло, Вардар и Војводина се сретнаа денеска. Црвено-црните дојдоа до релативно лесна победа. Првото полувреме Вардар го доби со 20-15, а во вториот дел ја одржа предноста и славеше со конечни 36-30. Леон Љевар и Жоао Педро постигнаа ...
Олимпијакос во вториот дел отвори со 0-2 и намали на 21-13, но Вардар брзо ја врати контролата и во финишот стигна до највисоки +14 при 35-21. До крајот скопскиот тим без проблем ја одржа предноста и со убедлив триумф го започна настапот на турнирот. Најефикасни кај Вардар беа Вукашин Воркапиќ и Матео Фадуил со по седум гола. Леон Љевар постигна шест, а Јака Малус пет. Вардар во четврток од 21:00 часот ќе игра против Нексе Нашице. ...
Тие сметаат дека ова натпреварување е несериозно и не сакаат да бидат дел од овие мечеви, но ги охрабруваат другите битолчани да бидат присутни во сала и да му дадат поддршка на РК Пелистер. „Ја известуваме битолската спортска јавност дека навивачката група Чкембари нема да присуствува организирано на натпреварите од регионалната ракометна лига. Ова натпреварување не е приоритет за групата, а сметаме дека ниту начинот на кој е составен ...
Оваа радикална промена доаѓа по одлуката на Извршниот одбор на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), кој ги повлече претходните рестриктивни препораки за руските тимови. ФИВБ, следејќи ги чекорите на олимписката куќа, реши целосно да ги отвори вратите за рускиот спорт. 🚨 THEY ARE BACK! 🇷🇺 The FIVB has announced that all Russian athletes and technical officials across all volleyball disciplines will once again be eligible to participate in ...
Полска одлично го почна мечот, го доби првиот сет со 25-21 и поведе со 1-0, но следуваа моменти на Амариканците кои ги добија наредните два сета со 25-23 и 27-25 за комплетен пресврт и водство од 2-1. По голема борба Полска го доби четвртиот сет со 25-23 и мечот отиде во петти решавачки сет. Кога беше најпотребно, Полјаците бласнаа во сиот свој сјај, го добија сетот со 15-10 и со 3-2 го добија мечот. Претходно, во мечот за третото место ...
Со исклучок на средниот блокер Филип Савовски, кој ќе пристигне на вечерниот тренинг, сите останати репрезентативци се појавија на првата прозивка на селекторот Јошко Миленкоски. Селекторот подготовките ги отвори со статистика и податоци за подготовките кои репрезентацијата ги имала за ЕвроВолеј 2023, потенцирајќи дека ќе бара сериозност, дисциплинираност и најави напорно темпо на работа. „Мојата методологија на работа е добро позната за ...
Почетокот беше кошмарен за нашите кошаркари, кои по првата четвртина губеа со 16-30. Дури во втората четвртина гостинот имаше предност од 21 поен, а на одмор Швајцарците имаа предност од 53-38. Сепак, Македонија одигра одлично второ полувреме. Третата четвртина ја доби со 26-14, а во последниот период направи целосен пресврт со неверојатни 25-9. Илија Коневски беше најзаслужен за победата со 26 поени и шест скока. Македонија по четири кола ...
Тимот од Калифорнија ќе ги има највисокиот и најнискиот кошаркар во НБА лигата. Клиперси потпишаа двонасочен договор со Џамарион Шарп, кој е висок неверојатни 226 сантиметри. Од другата страна е Јуки Кавамура, кој со своите 170 сантиметри е најнискиот играч во лигата Тоа значи дека меѓу двајцата има дури 56 сантиметри разлика, што создава една од најнеобичните комбинации во историјата на НБА. Шарп со потписот за Клиперси ќе стане и ...
Македонија се држеше во првите две четвртини, на полувремето имавме негатива од 46-39. Клучна беше третата четвртина која Украинците ја добија со 24-10 и го решија натпреварот. Во последните минути успеавме само да го ублажиме поразот до конечни 70-84. Најефикасен во македонскиот состав беше Дион Шабани со 21 поен и 11 скока, Илија Коневски и Михаил Анѓеловски постигнаа по 16 поени. По денот предвиден за одмор, Македонија продолжува во ...
Соопштението на КФМ ви го пренесуваме во целост: Уште едно европско кошаркарско првенство успешно заврши во Македонија, оставајќи зад себе одлични оценки за организацијата, условите и целокупната реализација на шампионатот. Кошаркарската федерација на Македонија беше домаќин и организатор на Европското првенство за мажи до 16 години – Дивизија Б, кое се одржа во Скопје и Гевгелија и на кое настапија најдобрите млади кошаркари од повеќе ...
Најпознатите сестри во историја на тенисот, но можеби и во било кој друг спорт, лошо го почнаа мечот, го загубија првиот сет со 2-6, но потоа одговорија моќно добивајќи го следниот со 6-1. Кога се чинеше дека моментумот е на нивна страна и ќе имаат психолошка предност во супер-тајбрејкот, тоа не се случи. Почнаа ужасно, противничките поведоа со 6-0, но сестрите Вилијамс успеаа да се вратат и да дојдат до 7-8, сепак не го свртеа резултатот, ...
Иако долго време прва опција беше Вембли во Лондон, сепак двајцата боксери се сложиле мечот да се одржи во најпознатата сала во светот, Медисон Сквер Гарден. Главната причина е тоа што борбата ќе биде пренесувана преку Нетфликс и тоа во американски прајм тајм, некаде околу 21 часот навечер. Ова нема да им одговара на љубителите на боксот во Велика Британија кои повеќе од деценија го чекаат овој меч. Но, парите го прават своето, па никој не ги ...
Кирјос бил тестиран на 22 јуни за време на АТП 250 турнирот во Мајорка, а позитивниот наод бил потврден на 17 јули. Австралиецот се огласи преку социјалните мрежи и упати извинување до своето семејство, навивачите, спонзорите и децата кои го следат. „Им се извинувам на моите навивачи, на моето семејство, на моите спонзори и на сите блиски до мене. Пред сè, им се извинувам на децата кои ме следат. Знам каков пример дава ова и длабоко сум ...
Дарко Набаков, извршен директор на фестивалот, Петрула Вељановска, програмски координатор на „МакеДокс“, и Сара Ферро, раководител на индустри програмата на „МакеДокс“ изјавија дека годинава фестивалот ќе се одржи со мото „Само сонот е стварност“, а се очекуваат над 100 гости од странство. „Горди сме што низ годините МакеДокс израсна во фестивал на кој не се доаѓа само за да се гледаат филмови, туку и за да се остане по филмот – да се ...
Ликовите и позадините го добија својот финален изглед, а актерите веќе им ги позајмија своите гласови. Готов е и аниматикот, односно визуелната мапа што ги поставува кадрите, движењата и ритамот на целата приказна. Секој лик е целосно ригуван и подготвен да оживее, а во моментов сцените од „Лефти и Рајти“ веќе се претвораат во вистинска анимација. „Ретко има детски анимирани филмови и анимирани филмови воопшто, затоа како Агенција за филм ...
Како што наведува ПР-тимот на Манчевски, „Добри луѓе” е снимен со минимална филмска екипа, само еден месец по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 млади луѓе. Манчевски го снимил со свои средства, во знак на почит кон жртвите и преживеаните и на публиката ѝ ги носи непосредните сведоштва на тивките херои, кои с Како што наведува ПР-тимот на Манчевски, „Добри луѓе” е снимен со минимална филмска екипа, само еден месец по ...
Станува збор за интимен документарен филм за личната и колективната меморија, за загубата и наследството, во кој процесот на реставрација на еден споменик се претвора во патување низ сеќавањето и времето. Враќајќи се во Македонија за да го започне процесот на ревитализација на Споменикот на слободата во Кочани (модернистичкиот споменик создаден од нејзиниот покоен татко, уметникот Глигор Чемерски, и архитектот Радован Раѓеновиќ), Чемерска го ...
Најголемиот успех го постигна групната кореографија „Trisch Trasch Polka“, која ја освои титулата Светски шампион, освојувајќи го првото место во својата категорија. Кореограф на оваа победничка кореографија е Дора Пајдакова – студент на Факултетот за музичка уметност, на Катедрата за балетска педагогија – класичен балет. Во победничката кореографија настапија младите балерини Миа Пеновска, Искра Ивановска, Мила Андовска, Александра ...
Најфреквентна наплатна станици е Тетово по што следуваат Петровец, Романовце, Глумово, Миладиновци, Желино, Гостивар, Стоби, Кадрифаково, Преод, Сопот, Демир Капија, Отовица, Гевгелија. Според собраните средства и цената на билетите највисоки приходи има на Романовце, по што следуваат Миладиновци, Петровец, Глумово, Желино, Тетово, Стоби, Преод, Гостивар, Сопот, Гевгелија, Кадрифаково, Отовица, Демир Капија. „Јавното Најфреквентна наплатна ...
Се работи за млад селектор кој уште нема 40 години. Последен клуб кој го водеше беше Монако. „Шкотската фудбалска федерација со задоволство може да соопшти дека Себастиен Покоњоли е нов селектор на шкотскиот национален тим“, стои во соопштението. Тој потпиша двегодишен договор со Шкотска и ќе ја води селекцијата во новото издание на Лигата на нации. Шкотска е во група со Македонија. Во 2025 година Покоњоли беше прогласен за најдобар белгиски ...
На наплатните станици „Отовица“, „Сопот“ и „Градско“, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес вчера реализираа активност во рамки на кампањата „Безбедно во лето-вози одморен, вози одговорно“. На возачите им беше укажано за важноста од управување на возило одморени, да се прават почести паузи во текот на патувањето и да се следат препораките за безбедно возење. Денеска, пак, на подрачје на Велес, спроведена е превентивна ...
Тој избега во Москва, со што завршија повеќе од пет децении цврсто владеење на неговото семејство и беше отворено ново поглавје за Сирија. Историската промена беше дополнително истакната завчера кога судот во Дамаск го осуди на смрт во отсуство за злосторства, вклучувајќи убиства, произволни апсења и тортура за време годините држење на власта. Асад стана претседател во 2000 година, по смртта на неговиот татко Хафез. Првите години од неговото ...
Воспоставувањето на ТТО е една од клучните активности во рамки на меѓународниот проект „COPILOT“, што се реализира со поддршка на Европскиот институт за иновации и технологии и Европската Унија. Во развојот на Канцеларијата, Универзитетот ќе користи искуствата и добри практики на Данскиот технички универзитет (DTU), Националниот и Каподистриски универзитет во Атина и Кипарскиот институт, институции што веќе имаат воспоставени системи за ...
Најголем број одобренија за градење се издадени во Полошкиот Регион – 70. Од вкупно издадените 296 одобренија, 200 или 67,6 отсто се однесуваат на објекти од високоградба, 26 или 8,8 отсто на објекти од нискоградба, додека 70 или 23,6 отсто се одобренија за реконструкција. Податоците покажуваат дека најголем дел од инвеститорите се физички лица. Од вкупниот број одобренија, кај 218 објекти или 73,6 отсто како инвеститори се јавуваат физички ...