Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Британската влада побара и наложи „Тик-ток“ и другите социјални платформи да ги отстрануваат видеата што поттикнуваат опасно возење, откако во тешка сообраќајка во североисточна Англија загинаа седум лица. Министерот за одбрана Лук Полард порача дека платформите мора самите да реагираат, а владата е подготвена да ги принуди да го отстранат ваквиот материјал преку Законот за безбедност на интернет. Во несреќата загинаа полицајците Метју Блејдс ...
Резултати во форма на различни листи објави Космополитен. Погледнете ги во продолжение: Кои хороскопски знаци најмногу се трудат во кревет? Одговорот е – Водолија! Веднаш зад него се: Бик Риба Девица Лав Кои знаци имаат најмногу партнери? Девица Овен Бик Лав Риба Кои знаци се најзадоволни од својот сексуален живот? Водолија повторно! Јарец Вага Овен Бик Резултатите од истражувањето покажале дека 21 отсто од самците сакаат да знаат што е некој ...
Во вистинска и здрава врска, се чувствуваме безбедно и удобно. Не треба да се преиспитуваме како се чувствува нашиот партнер за нас или дали тој навистина е свој – само знаеме дека е така. За жал, не сите врски се идеални, а кога не се, најдобро е да се стави крај на работите. Дури и ако работите изгледаат одлично однадвор, во лоши односи некаде под површината чувствувате дека нешто не е во ред. Еден од показателите за лоша врска може да ...
Многумина слушаат музика додека возат, без разлика дали се работи за радио, USB стик, апликации како Spotify или добри стари ЦД-а. Студија, објавена од Compare the Market AU, покажа кои песни најмалку и најмногу им го одвлекуваат вниманието на возачите. Анализирајќи ги песните од една од највисоко рангираните листи за возење на Spotify, истражувачите ги оценија врз основа на четири фактори – темпо, енергија, ритмичност и гласност. Кои песни ...
Царините за увоз во САД на сите автомобили, камиони, автомобилски делови и челик од Канада ќе бидат зголемени на 50 отсто од 1 јануари 2027 година – изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп по неуспехот на трговските преговори со Канада. – Произведувајте во САД и ЦАРИНИТЕ СЕ НУЛА. Канада повеќе нема да биде третирана како држава, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут сошл“. Според податоците на канадската Влада, САД во ...
Екстремните горештини и повеќенеделната суша ја чинеа германската економија најмалку 36 милијарди евра, што е еквивалентно на 0,8 до 0,9 проценти од економскиот учинок на земјата, соопшти денеска еколошката организација „Гринпис“. Цифрата е пресметана со собирање на економските штети од пропаднатите земјоделски приноси, шумските пожари и здравствените трошоци, како и од загубите во продуктивноста и трошоците во образованието предизвикани од ...
Украина никогаш не учествувала во операција поврзана со саботажата на гасоводот „Северен поток 2“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Зеленски тоа го изјави во Киев на средбата на врвот на Украина и Северно-балтичката осумка, во која членуваат Финска, Шведска, Норвешка, Данска, Исланд, Литванија, Латвија и Естонија. „Украина никогаш официјално не учествувала во каква било операција поврзана со разнесувањето на „Северен поток ...
Копретседателката на ултрадесничарската „Алтернатива за Германија“ (АфД), Алис Вајдел, изјави дека доколку партијата влезе во федералната Влада, ќе бара Германија да ја напушти еврозоната и Шенгенскиот договор, затворање на националните граници и значително заострување на миграциската политика. Вајдел тоа го изјави во интервјуто за германската телевизија „Зе-Де-Еф“ емитувано вчера. „На Германија и беше значително подобро пред воведувањето на ...
Во Албанија потврден е првиот случај на Западнонилска треска, која е дијагностицирана кај 72-годишен маж од Корча, кој моментно е во карантин во Регионалната болница во Корча и прима соодветен третман. -Заразеното лице е жител на градот Корча. Кога добил увид од комарец бил во градината, каде што го поминувал поголемиот дел од времето. Отишол во болница на лекување, а по тестовите се потврдило дека е заразен од западнонилска треска, објавија ...
Во периодот од 18.05.2026 до 31.07.2026 година, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли на целата територија на државата, насочени кон возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. При спроведените контроли, констатирани се вкупно 6.932 прекршоци сторени од возачи на велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и ...
На 26.08.2026 (среда) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателот на Владата на Република Косово, г-дин Албин Курти. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници. На ...
Владата на денешната седница донесе одлука со која се намалуваат цените на училишниот прибор во периодот од објавувањето на одлуката во Службен весник, односно од денеска, заклучно со 30 септември 2026 година. Одлуката, како што изјави денеска портпаролката на Владата Марија Митева, има за цел да им се помогне на семејствата, да се намалат трошоците и да се заштити животниот стандард на граѓаните. -Со оваа одлука, трговците на големо се ...
Нема дефект во ПЕТ/КТ скенерот, туку во циклотронот, каде се произведува радиофармацевтското средство (18F-FDG) потребно за прегледот. Дефектот е резултат на лошо сервисирање и веќе се работи на негово надминување. Ова го објави министерот за здравство Сашо Клековски на неговиот фејсбук профил. – Со почеток на работењето на циклотронот приоритет имаат пациентите според насоките на клиниките за онкологија и хематологија! Предизвиците со ...
Учениците ќе имаат учебници, тие се дистрибуирани и се наоѓаат во училиштата. Првпат годинава тоа го имаме завршено многу порано пред почетокот на учебната година, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, една недела пред почетокот на учебната 2026/2027 година. -Не можам да кажам дека ќе нема. За жал, верувам дека и ќе има. Но искрено верувам дека тоа ќе биде сведено на минимум и дека ќе биде инцидентно, рече ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информира дека денеска избил пожар во Општина Градско, а поради неговото ширење пренасочени биле и ер-тракторите. -Пред околу 11 часот изби тежок пожар на територијата на општина Градско, во атарот помеѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево. Пожарот најверојатно е започнат од стрниште, но поради високата и сува трева и ветерот којшто овде дува, се раширил со голема брзина ...
На 24.08.2026 во 17:25 часот во с.Морани, скопско, врз основа на судска наредба, полициски службеници од единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го приведоа Б.А.(20) од с.Студеничани, скопско. Претходно, тој со возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници, но набргу потоа со возилото удрил во бетонски ѕид, а потоа, движејќи се наназад, удрил и ...
Нема да навлегувам во било каква дневна дискусија со луѓе кои што се заглавени во минатиот век, со своите политики кои што ги водат, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на изјавите на бугарската претседателка Јулијана Јотова. -Јас замолувам за вниателно следење за тоа што го прави македонската Влада, оваа Влада ги штити интересите на државата и граѓаните. Нема да навлегувам во било каква ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку објава на „Фејсбук“ информираше за новите спортски терени наменети за средношколците, истакнувајќи дека создавањето современи и безбедни услови за спорт е важна инвестиција во младите. „Посебна гордост е кога визијата што ја имаме за младите добива вистинска форма и станува реалност“, напиша Ѓорѓиевски. Тој посочи дека новите терени се изведени со висококвалитетни и издржливи полипропиленски ...
Венко Филипче како прв човек на СДС, а поставен на тоа место од неговиот другар Зоран Заев, кога станува збор посебно за здравството треба да молчи. Неговите кажувања дека обвинителството не покренало обвинение против него, покажуваат само дека обвинителот Ислам Абази е слеп пред доказите, изјави Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Непокренувањето на обвинение е се, само не е доказ дека Филипче е невин. Зошто? Бидејќи од ...
Цената на биткоинот утрово ја надмина границата од 80 илјади долари, продолжувајќи го силниот раст на најголемата светска криптовалута поттикнат од враќањето на средства во берзански фондови (ЕТФ) поврзани со биткоинот и зголемената склоност на инвеститорите кон поризични средства. Биткоинот утрово се тргуваше за околу 80.650 долари, а во текот на денот достигна околу 81.200 долари, што е највисоко ниво од мај. Во однос на почетокот на денот, ...
На територијата на државата во текот на изминатото деноноќие до 07:30 часот се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е ставен под контрола, а 25 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите на ЦУК, активен е пожарот на подрачјето на општините Студеничани и Зелениково, на потегот од селата Моране, Вртекица и Рамни Габер кон Палиград, како и над селото Вражале, каде е ...
Модуларните болници за време на ковид кризата во земјава биле поставени спротивно на низа предупредувања и без исполнување на сите законски и технички услови, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Поконкретно за модуларната болница во Тетово, каде во пожарот трагично загинаа 14 лица, тогашниот економски директор на болницата, Артан Етеми, до последен момент одбивал да ја прими и пушти во употреба болницата. Подоцна тој беше осуден на ...
Бик Финансиските прашања доаѓаат во преден план. Не брзајте со поголеми трошоци. Во љубовта ве очекува стабилност и пријатна атмосфера. Близнаци Комуникацијата е вашата најсилна страна денес. Можно е да добиете интересна вест или понуда. Внимавајте да не ветите повеќе отколку што можете да исполните. Рак Ќе почувствувате потреба да се посветите на семејството и блиските. На работното место избегнувајте непотребни конфликти и оставете ...
Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во вечерните часови во ...
Познато е дека сите ние сме различни, што е сосема во ред, но науката успеа да навлезе во суштината на проблемот и има објаснување. Иако нема дефинитивен одговор на оваа дилема, неодамнешното истражување покажа дека повеќето од нас поминуваат во просек 18 месеци од животот помирувајќи се со раскинувањата. Ова понатаму значи следново, 3 значајни паузи носат по 6 месеци тага. Зад оваа студија стои „OnePoll“, кој нуди и објаснување за ова ...
Според податоците од новата студија, ако сте утрински тип на личност, веројатно имате намален ризик да страдате од длабока депресија. Сепак, треба да се има предвид дека, на пример, луѓето кои рано стануваат може да имаат други здравствени или животни однесувања што го намалуваат ризикот од депресија – здраво јадење или редовно вежбање. Сите овие фактори, како и многу други, може да го објаснат намалениот ризик од депресија. Покрај тоа, ...
ОВЕН Луѓето родени во знакот овен имаат изразена сексуалност и не им претставува проблем тоа да го покажат јавно. Ако ги сретнете на состанок, тие отворено ќе ви го покажат интересот за секс и ќе ве известат дека сакаат да ве имаат, без оглед дали имате партнер или не. Тие уживаат во предиграта, што во повеќето случаи е показател за тоа каков ќе биде сексот. Овните сакаат да играат игри со доминација, во кои тие го имаат главниот збор, а ...
Можеби не изгледа така, но вашето тело секогаш ќе ви дава јасни знаци дали сте претерале со пиење кафе во текот на денот. Јасно е дека многу луѓе уживаат во кафе и го пијат во големи количини сепак и тоа има граница. Еве неколку знаци преку кои ќе препознате дека сте претерале. Вознемирени сте постојано Премногу кафе може да ве направи доста нервозни, бидејќи кофеинот го стимулира средниот нервен систем, додека исто така ги зголемува нивоата ...
Секој има различни начини да се справи со мамурлак, без разлика дали е утринско џогирање за да ги испотите сите токсини или да консумирате нездрава храна и огромни количини маснотии. Со доаѓањето на потопло време и годишни одмори и олеснување на епидемиолошките мерки, сигурно ќе барате совршен лек за мамурлак во наредните недели. Читателите на „LADbible“ ги открија своите докажани рецепти за борба против мамурлакот, а еве неколку од нив: ...
Норвешка планира во фискалната 2027 година да обезбеди нова финансиска поддршка за Украина во износ од 85 милијарди норвешки круни (9,2 милијарди долари), исто колку и во тековната фискална 2026 година, соопшти норвешката Влада. Норвешка е меѓу најголемите поддржувачи на Украина, заедно со останатите скандинавски и прибалтички земји. Владата на премиерот, Јонас Гар Стере, изработи долгорочен план за помош на Киев, поддржан од сите партии во ...