Општо познато е дека често купуваме работи што не ни требаат. И во повеќето случаи, жените се во првите редови на ваквата навика. Додека купувате еден, два, три пати, работи кои не ви се потребни вашиот паричник е веќе празен, а плата дури за половина месец. Или уште полошо, купувате нешто, а потоа ви стои на полица и на крајот никогаш не го користите. Ако го имате овој проблем, овие четири совети можат да ви помогнат да ја напуштите навиката ...

Повеќето луѓе сакаат да имаат идеална доза на самоувереност и самодоверба, но многумина не успеваат во тоа. Погрешно се смета дека луѓето се раѓаат самоуверени, но тоа е, всушност, работата што се работи. Говорот на телото честопати изневерува несигурни луѓе, па затоа е нешто на кое му треба посебно внимание кога сакаме да се претставиме во најдобро можно светло. Еве пет начини на кои можете да се однесувате како силна, самоуверена личност. ...

Внесувате премногу калории Тоа, вообичаено, е поради напитоците, меѓу другото. Вашето утринско „Лате“, енергетските пијалаци, алкохол, па дури и „здравите“ сокови и комбинации се на овој список. Повеќето од нив содржат многу шеќер и дополнителни калории. Исто така, понекогаш самото џвакање и варење цврста храна согорува повеќе калории отколку пиењето, објави порталот „Кликс“. Не внесувате доволно протеини Недостигот на протеини е уште една ...

Ако ставите чист сунѓер во фрижидерот во преградата за овошје и зеленчук, ќе можете да ја продолжите свежината на храната. Ова едноставно решение не бара речиси никаков напор. Еден или два сунѓери се доволни. Поентата е дека сунѓерите ја апсорбираат влагата што ја ослободуваат овошјето и зеленчукот. Токму оваа влага може да го забрза расипувањето на храната, а во исто време да придонесе за непријатни мириси во фрижидерот. Ако немате сунѓери ...

ОВЕН Овој викенд конечно можете да почувствувате дека работите се движат во посакуваната насока. Саботата носи можност за интересна средба или разговор кој долго сте го одложувале. Во недела избегнувајте непотребни расправии – некој близок можеби само бара малку повеќе внимание. Љубов: Можно е пријатно изненадување. Пари: Не трошете импулсивно. Совет: Следете го планот, но оставете простор за промени. БИК Викендот ви носи чувство на ...

Европската Унија ќе употреби 1,4 милијарди евра камата заработена од замрзнатите руски средства за да ѝ помогне на Украина, објави денеска Европската комисија. Парите, префрлени во Унијата на 3 август, доаѓаат од каматата на дел од средствата на руската централна банка што беа замрзнати од ЕУ по инвазијата на Москва во Украина, додаде комисијата. „Русија мора да плати за уништувањето што го предизвика. И ние ги користиме приходите од ...

Ватикан денеска соопшти дека папата Лав од 6 до 17 ноември ќе престојува во Уругвај, Аргентина и Перу, во рамки на голема пасторална посета за поглаварот на Римокатоличката црква, кој повеќе децении служеше како мисионер и бискуп во Перу пред минатата година да биде избран за папа. Според соопштението на Ватикан, папата ќе престојува во Уругвај од 6 до 8 ноември, во Аргентина од 8 до 11 ноември, а во Перу од 11 до 17 ноември. Лав, првиот папа ...

Британската Тајна разузнавачка служба (МИ6) е најмоќната надворешна разузнавачка служба во Европа, пред француската Генерална дирекција за надворешна безбедност (ДГСЕ) и холандската разузнавачка служба, покажуваат резултатите од истражувањето на францускиот магазин „Л’Експрес“, во кое учествувале 60 експерти од 25 земји. Како што пренесува „Гардијан“, МИ6 освоила 251 поен и добила високи оценки за својата способност за регрутирање ...

Средствата што Европската унија ги испрати до режимот во Киев, доколку не беа искористени за воени цели, можеа да придонесат за обнова на Украина во современ европски Дубаи, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. „Парите што Западна Европа ги испрати за поддршка на режимот во Киев, оваа таканаречена помош, можеа да се искористат за обнова на Украина во современ европски Дубаи. Зборувам за ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, ги отфрли медиумските наводи дека се намалени залихите оружје на американската армија, тврдејќи дека Пентагон располага со големи резерви муниција, а производството дополнително се зголемува. Истовремено, тој ги обвини лицата кои оддаваат доверливи информации за „предавство“ и најави нивно кривично гонење. Трамп во објава на својата социјална мрежа „Truth Social“ наведе дека САД располагаат со „огромни ...

Со помош на дронови и современи технолошки алатки како дел од системот на контроли за зајакнување на теренските инспекции со цел брзо откривање на прекршувања, низ цела Грција биле спроведени над 1.500 инспекциски контроли на повеќе од 300 плажи и во 450 бизниси во рамките на примената на законската рамка за заштита на крајбрежјето и плажите и обезбедување слободен пристап за граѓаните, јави дописничката на МИА од Атина. Генерално, како што ...

Момче од Македонија паднало од тобоган на летување во Бодрум и се здобило со скршеница на вратен пршлен. Утре ќе биде транспортирано од Турција во Македонија со владиниот авион, потврдија од Службата за општи и заеднички работи. Лицето било хоспитализирано во Турција, а поради сериозноста на повредата не може да биде транспортирано со редовен комерцијален лет ниту со возило. Денеска се вршат последните подготовки за летот, откако родителите ...

Вкупно седум пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 13 часот на територија на државата. Два во моментов се активни, два се под контрола, а три се изгаснати, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи. Од активните пожари, едниот е во подрачјето на село Могила, каде гори ниска вегетација. Другиот е на територија на општина Долнени, во регионот на село Ропотово, каде опожарено е стрниште. Од пожарите ставени под ...

Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил (WNV). Сите случаи се од Скопје: по два од општините Кисела Вода и Гази Баба и по еден од Илинден, Бутел и Аеродром. Новозаболените лица се на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани, потенцираат од министерството за здравство. На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во моментот се хоспитализирани ...

Деветнаесетгодишно момче го загуби животот во сообраќајна несреќа која околу пладне се случила во скопски Бутел. Од МВР информираат дека денеска добиле пријава за случена сообраќајка на улицата „Радишанска“. – Денеска во 12:12 часот пријавено е дека на ул. „Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б. (46) и мотоцикл без регистарски ознаки, ...

Полската метеоролошка служба денеска издаде највисоко предупредување за жештини за Варшава и поголемиот дел од земјата поради продолжениот топлотен бран. Според прогнозата, во југоисточна Полска се очекува температурата на воздухот да се искачи до 40 степени, а за во Варшава се предвидуваат 38 степени. Исто така се прогнозираат тропски температури и во текот на ноќта. Полската метеоролошка служба денеска издаде највисоко предупредување за ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел не се согласил со планот на Одборот за мир за Газа, поддржан од САД, дури и откако добил уверувања дека израелската армија ќе се повлече од Појасот Газа само откако палестинската милитантна група Хамас ќе биде разоружана. Во видео објавено на Фејсбук, Нетанјаху рече дека тимот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој го предводи Одборот за мир , „верува дека тие можат да ...

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, ја потпиша одлуката за распишување на предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври 2026 година. Како што соопшти Гаши, одлуката е донесена во согласност со Уставот, Изборниот законик и важечките закони, а од Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија во Брвеница и сите надлежни институции очекува изборниот процес да биде ...

На 06.08.2026 во 22:45 часот на локален пат кај село Вишни, струшко, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад извршиле преглед на патничко возило „нисан“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Љ.Љ.(31), а сопатници биле Е.Љ.(35), Л.З.(49) и Б.Љ.(58), сите од с.Радолишта, струшко. Притоа, во возилото биле пронајдени пиштол „Берета“, сопственост на Б.Љ. за кој поседувал дозвола, додека, кај Л.З. бил пронајден ...

ОВЕН Денеска е одлично време да се зафатите со вашите лични финансии или со некое парично прашање што влијае на членовите на семејството. Некои од вас може да добијат пари што ќе имаат позитивно влијание врз семејниот буџет. Добро планирајте ги вашите трошоци и водете се од вашите планови за блиска иднина. БИК Денеска играјте на сигурно и не експериментирајте непотребно. Ќе се стремите кон повеќе мир и удобност, а овој ваш став ќе ги води и ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена ...

До 7:30 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се под контрола, а 20 пожари се изгаснати, информира утрово Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот во местото Стојанова Населба во село Грешница во општината Македонски Брод, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под контрола е пожарот на депонијата во Делчево и пожарот во ...

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати критики кон претседателот на СДС, Венко Филипче, обвинувајќи го дека додека бил министер за здравство, не биле преземени соодветни мерки за случаите со небезбедна вода за пиење во повеќе населени места низ државата. Од партијата тврдат дека, според документи од извршени испитувања кои биле презентирани во јавноста, и за време на владеењето на СДС биле евидентирани случаи на небезбедна вода за пиење, меѓу кои ...

На 06.08.2026 во 17:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.А.Л.(34) од Скопје. Претходно, во 15:10 часот на ул.„Пролет“ во Скопје, со патничко возило „матиз“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(20) од Скопје, при што била причинета материјална штета. При преземање мерки и вршење на ...

На 06.08.2026 во 17:35 часот во с.Стрезовце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишија од слобода К.И.(77) од Куманово поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик. При претрес во негови простории во с.Стрезовце, извршен со судска ...

Сонувањето е можеби еден од најмистериозните аспекти на природното човечко искуство. Луѓето секогаш се обидувале да толкуваат какви пораки им испраќа потсвеста преку одредени соништа. Таков мистериозен природен феномен честопати може да изгледа паранормално, а многу луѓе се прашуваат дали духовите можат да ве контактираат во сон? Се разбира, дури и ако не верувате во духови, сепак е интересно да се знае што значи да се сонува дух. Нашата ...

Навикнати сме собните растенија да ги третираме како универзален начин да го оживееме ентериерот на домот и да го направиме поудобен. Но покрај тоа, малкумина знаат дека според древните верувања и учења, од истите може да имаме и многу други ползи. Така, се верува дека доколку ги поставиме следните 3 растенија во домот, поточно во кујната, ќе успееме да привлечеме многу пари, успеси и богатство: 1. Нане Се смета дека силната арома и енергија ...

Културата на пиење кафе во секоја земја е различно, но вообичаено, речиси секаде, шолја кафе се служи придружена со чаша ладна вода. Но, имајте предвид: Има и места каде што, ако нарачате вода со кафето – и таа ќе се најде на сметката. Занимливо е што чашата вода до кафето првично не била за пиење. Пиењето кафе се појавило во 16. век. Турците и народите во Отоманскиот Султанат наскоро го прифатиле, но во Западна Европа оваа секојдневна навика ...

Кога станува збор за нервоза, импулсивни реакции и краток фитиљ, астролозите најчесто го издвојуваат еден знак како апсолутен рекордер. Според астролошките толкувања, Овенот важи за најнервозен хороскопски знак, бидејќи реагира брзо, бурно и без многу размислување. Овенот е познат по својот силен темперамент и нетрпеливост. Ако нешто не оди според планот, може лесно да се изнервира и да каже работи за кои подоцна ќе зажали. Добрата страна е ...

Кога се фотографираме за приватните албуми, обично се смешкаме за да изгледаме поубаво. Но дали знаете зошто е забрането смеење на фотографиите за пасош? Имено, чипот на пасошот содржи биометриски податоци за вас кои се добиваат од фотографиите. Таа фотографија се скренира, се смета оддалеченоста меѓу очите, врвот на носот и брадата, за да се добие математичка „мапа“ или алгоритам на лицето. Се што може да го поремети или спречи сметањето на ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.34
49%
1018
weather icon

Белград

23ᴼ / 23ᴼ
6.5
52%
1018
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
1.76
74%
1022
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
0.38
54%
1018
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
0.63
55%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.5
90%
1022
weather icon

Атина

26ᴼ / 25ᴼ
3.83
38%
1011
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.82
50%
1014
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
4.13
39%
1016
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
5.36
63%
1018
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 17ᴼ
0.89
53%
1022
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
2.9
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3095

Currency

71.9016

Currency

37.6328

Currency

38.2957

Currency

65.7252

Currency

7.903

Currency

0.64661

Currency

0.3348

Currency

0.52421

Currency

1.11625

Currency

0.55894

Кобалт

56.29

Злато

141498.65

Родиум

278103.96

Калај

56.16

Платина

56328.11

Алуминиум

3.34

Бакар

13.36

Сребро

2102.98

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00

Паладиум

43853.62

Рутениум

53852.50