Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Македонија блеска досега на Европското училишно првенство во баскет 3х3 што се одржува во Белград, Србија. Нашите натпреварувачи редат победи, а последната ја остварија над домаќинот Србија 1. Во еден супер драматичен и неизвесен натпревар, македонските кошаркари покажаа карактер, ладнокрвност и огромно срце, славејќи против силниот српски состав со 17:16. Дамјан Данев, Григориј Ѓорѓевиќ, Дамјан Стојановски и Филип Алексовски продолжуваат да ...
Цените на гасот во Европа значително паднаа откако Иран и САД се согласија за текстот на меморандумот за разбирање за ставање крај на војната и најавија отворање на Ормутскиот теснец по потпишувањето на документот. Мегават-час гас за испорака во јули се тргуваше за 43,55 евра попладне на холандската дигитална берза TTF, што е пад од 7,4 проценти во однос на крајот на минатата недела. Тоа беше и најниската цена од почетокот на мај. ...
Бугарската Фондација „Македонија“ најави дека в недела ќе ги блокира трите гранични премини помеѓу Бугарија и Македонија. Блокадата, како што соопштија од Фондацијата, е координирана со Министерството за внатрешни работи на Бугарија и ќе трае два часа, од 11 до 13 часот. Целта на блокадата, како што посочуваат од Фондацијата во објава на Фејсбук, е на премиерот Христијан Мицкоски демонстративно да му се покаже дека не може да продолжи со ...
Европскиот парламент денеска, со 411 гласа „за“, 120 против и 120 воздржани го усвои Извештајот на известувачот Томас Вајц за напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија. Амандманот 3, предложен од Вајц, со кој се бараше да се избрише ставот 73 од идната резолуција, беше отфрлен. 338 пратеници гласаа против бришењето на текстот, а само 126 го поддржаа неговото бришење. Ако амандманот беше усвоен, текстот немаше конкретно да го ...
Петок и сабота почнуваат преговорите на владините коалициски партнери околу раконструкцијата на владата . И денеска од Илинденска посочија дека очекуваат конструктивни разговори на кои ќе се дојде до решение и за испразнетите министерски места но и за евентуалните рокади Влада на Р.М: Во петок и во сабота се закажани средбите со коалициските партнери од Вреди и од ЗНАМ . Сега не е време на предвремени избори туку се наоѓаме во втората ...
Видео снимка која деновиве кружи на социјалните мрежи, според Левица, покажува масовна сеча на планината Лопушник, со голини наместо шума, искршени стебла, ровови од тешка механизација и предели оставени во состојба на целосно уништување. Од партијата наведуваат дека граѓани алармираат за масовна нелегална сеча на шума во повеќе предели низ Македонија, додека директорите на ЈП „Македонски шуми“, Здравко Трајанов и Кире Михаилов, молчат и ...
Салим Курто, македонски државјанин по потекло од долнореканското село Скудриње, Општина Маврово и Ростуше, кој живее и работи во Италија, е вториот македонски државјанин кој обезбеди место во совет на една италијанска општина. На конституивната седница на Советот на Општината Видор, тој е избран за претседател на мнозинската советничка група што ќе ја води општината. Победничката советничка група ја предводеше актуелниот градоначалник на ...
Десетици лица протестираа пред канцеларија на иранското Министерство за надворешни работи во североисточниот град Машхад, изразувајќи незадоволство од најавите за можен мировен договор меѓу Иран и САД. Според снимките објавени на социјалните мрежи, демонстрантите скандирале пароли против шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи, нарекувајќи го „предавник“. На видеата се гледаат жени облечени во црни чадори кои носат црвени и црни знамиња и ...
ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ Третата моја монографија е под наслов „Семејството Јановци“ (2002), Македонска искра“, на 232 страници, на македонски и англиски јазик. Семејството Јановски потекнува од село Велушина, Битолско, иселено во Канада, сопственици на успешна фирма во Торонто. Рецензенти на публикацијата се Алексо Јоновски и прота-ставрофот Јован Босеовски. Во неа e истакнато следното: „Можеби оваа книгакога ќе ...
Македонија уште еднаш се зацврстува како една од најсигурните дестинации на ракометната мапа кога станува збор за организација на големи натпреварувања. Ракометната федерација на Македонија (РФМ) со големо задоволство и гордост ја информираше јавноста дека Европската ракометна федерација (ЕХФ) официјално ја потврди и ја прифати кандидатурата на нашата држава за организација на Европското првенство за мажи до 18 години – EHF EURO 2028. ...
Ждрепката одлучи македонскиот фудбалски шампион Вардар во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите за сезоната 2026/27 да ги одмери силите со првакот на Финска – КуПС Куопио. Волјата на топчињата во Швајцарија сакаше „црвено-црните“ првиот натпревар да го одиграат пред својата публика на домашен терен во Скопје. Овој дуел е закажан за 7 или 8 јули. Реваншот на северот на Европа ќе се одигра една недела подоцна, односно на 14 или 15 ...
Фудбалерите на Саудиска Арабија и Уругвај ги поделија бодовите на стадионот „Хард Рок“ во Мајами во натпреварот од првото коло на Светското првенство, одигрувајќи нерешено 1:1. Првото полувреме беше доста изедначено, со неколку добри шанси на двете страни. Сепак, четири минути пред паузата Саудијците дојдоа до водство со голот на Ал Амри. Во второто полувреме Уругвај целосно ја презеде иницијативата против безопасните Саудијци, кои беа ...
ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ Моето дело „Македонците во САД и во Канада” (2002) „Македонска искра”, на 382 страници на македонски и на англиски, претставува своевиден рубин камен кој ја осветлува библиската вистина за постоењето и вековните страдања на македонската нација во срцето на Балканот и на македонските иселеници во САД и Канада. Рецензенти на ова значајно дело се: почитуваниот митрополит Кирил и академикот Блаже ...
Македонската одбојкарска репрезентација го претрпе вториот пораз во Европската лига, откако на гостувањето кај Грција загуби со максимални 3-0 во сетови (25-19, 25-20, 25-23). Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски имаа свои добри моменти во текот на натпреварот, но не успеаја да приредат изненадување против домаќинот, кој од самиот почеток го наметна својот ритам и ја контролираше играта. Грците без поголеми проблеми го добија првиот ...
САД и Иран се согласија за рамка за мировен договор по повеќе од три месеци војна, а се очекува страните да го потпишат првичниот договор во следните 24 часа, изјави во неделата пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф. Премиерот, кој посредува во војната, рече дека Пакистан се подготвува за електронски потпис, по што ќе следат разговори на техничко ниво следната недела. САД и Иран вчера сигнализираа дека е блиску до договор за завршување на ...
„Мораме да научиме дека без оглед дали се работи за мултикултурно општество, кога има избори победникот е еден, но со оглед на нашата политичка и партиска структура, победникот дури и кога имал двотретинско мнозинство посегнувал по коалицирање, што е многу одговорен чин“, оцени денеска претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова. Во одговор на новинарско прашање во врска со изјавата на лидерот на опозициската Демократска унија за ...
Македонија ќе го добие првиот центар за вештачка интелигенција „Везилка“, кој ќе биде промовиран идната недела, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Центарот ќе има клучна улога во развојот на македонски јазичен модел и во создавањето домашна дигитална база која ќе овозможи македонскиот јазик, култура и идентитет да бидат соодветно застапени во современите технологии. „ ‘Везилка’ е проект насочен кон дигитализација ...
Македонија се соочува со сериозни еколошки и економски закани, при што ризикот од суша е најизразен во Скопската и во Штипската котлина, како и во Овчеполието. Центарот за климатски промени на седумнаесетти јуни 2026 година алармираше дека континуираниот пораст на температурите директно го загрозува домашното производство на храна. Експертите бараат итна стратегија и поголеми финансиски средства за адаптација кон екстремните климатски промени ...
Небулози и обид за манипулација на граѓаните – вака од Министерството за транспорт ги оценуваат денешните обвинувања од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) кои се противат на потенцијалната изградба на дата-центри во земјава. Од Министерството нагласуваат дека инвестициите во дата-центри изнесуваат милијарди евра во сите развиени држави во Европа и Америка, и дека развојот на технологијата и вештачката интелигенција се клучни ...
Владата на предлог на Министерството за здравство денес го усвои предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечко тело заради лекување. Со предложените измени, секој полнолетен граѓанин, при посета на својот матичен лекар, ќе даде изјава дали се согласува или не по неговата смрт да биде дарител на органи и ткива заради лекување, а таа изјава ќе се евидентира во листата во националниот систем за ...
Нова инвестиција на компанијата „Џаво отомотив“ во ТИРЗ Тетово, која се очекува да отвори речиси 500 работни места, објавија денеска премиерот Христијан Мицкоски и министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Како што рекоа Мицкоски и Дурмиши на прес-конференцијата во Владата, инвестицијата вредна 20 милиони евра е уште една потврда за атрактивноста на Македонија како дестинација за странските вложувачи, но и за довербата што тие ја имаат ...
ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ Импресивната публицистичка продукција во 2001 година е збогатена со книгата „Моите патувања низ светот“, (2001). на 192 атраници, на македонски јазик, чиј рецензенти се д-р Томе Груевски и д-р Васил Тоциновски. Во делото се опфатени возбудливите импресии од престои во 20 држави на сите континенти, во кои живеат и македонски иселеници. Станува збор за Италија, Франција, Германија, Данска, ...
Фудбалската репрезентација на Германија, очекувано победничко го почна Светското првенство. Германците славеа против дебитантот Курасао со убедливи 7-1, во дуелот од Е групата одигран во Хјустон, САД. Фаворитската улога „панцирните“ ја најавија во шестата минута кога Нмеча донесе водство. Сепак, во 21-вата минута Курасао израмни преку Комененсија. Тој резултат беше актуелен до 38,минута кога Шлотербер повторно донесе водство на Германците, ...
Меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран е во завршна фаза на договор по неколку рунди ревизии, а се базира на предлогот од 14 точки на Иран, објави иранската државна новинска агенција ИРНА. Можно е тој да биде потпишан веќе во недела. Иако засега нема официјална потврда од Вашингтон и Техеран, иранските медиуми во последните часови објавуваат сè повеќе детали за содржината на привремениот договор што би можел да биде потпишан следната ...
Органодарителството е еден од највозвишените чинови што човек може да ги направи. Тоа е одлука која не носи корист за оној што дарува, туку спасува животи на оние кои со денови, месеци или години ја чекаат својата шанса. Тоа е најсилниот доказ дека човечноста продолжува да живее и тогаш кога животот на еден човек завршува, истакна премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на трибината „Органодарителството и дава највисока смисла на ...
Опозициската СДСМ тврди дека преку јавните набавки се создава затворен круг на компании кои добиваат милионски договори од институциите и општините под контрола на власта. Според партијата, компании како „Ленди Груп“, „Пирамид Билдинг Солушнс“ и „Масев“ постојано добиваат градежни проекти, додека за надзор и проектирање се повторуваат истите две фирми. -Овие компании, привилегирани за добивање владини тендери, имаат само две исто така ...
Човек подметнува пожар на дипломатско возило на бугарската амбасада, МВР го индентификува сторителот, Скопје го осуди вандалскиот чин, Софија тврди – ова е последица од агресивен политички говор против Бугарите. Според информаците возилата биле изгорени во делот на моторот и немало предизвикано штета на околните објекти. Лицето што беше уапсено од полицијата полило со течнот и запалило едно возило „сузуки витара“ по што огнот зафатил и друго ...
Официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречиле увоз на 23.685 килограми замрзнато пилешко месо по потекло од Бразил, информираа денеска од АХВ. Како што информира АХВ, поради непочитување на донесеното решение за забрана за увоз на живи животни, производи и нус производи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високопатогена авијарна инфлуенса (птичји грип) во земјава, пратката со ...
Шеесеттина матуранти се фатени како препишувале на државната матура. Ваква е статистиката по само двата екстерни испити – странски јазик и полагањето на мајчин јазик. Најголемиот дел од нив употребиле мобилен телефон којшто е најстрого забранет за време на полагањето на тестовите. „Оваа година за разлика од минатите каде имавме огромен број на ученици млади во Вибер групи и во телеграм групи, всушност од испитот се отстранети само двата дела ...
Њујорк е нов шампион во НБА. После 53 години чекање, Никси ги победија домашните Спарси со 94-90 во петтиот натпревар од финалето за конечни 4-1 во серијата. За Њујорк ова беше прва титула од 1973 година. Херој на победата беше неверојатниот Џејлен Брансон со 45 поени. Никсите влегоа во натпреварот со слаб шут, погодувајќи само четири од 22 шута во првата четвртина, која ја завршија со само 13 поени. Спарси, охрабрени од домашната публика и ...