Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
„Денес не сме собрани само да одбележиме уште еден празник во календарот на нашата држава. Денес сме собрани да го одбележиме споменот за времето кое не се мери со години, туку со идеали, жртви, соништа и луѓе кои знаеле дека има мигови во историјата кога човекот повеќе не живее само за себе, туку за својот народ, за својата татковина и за генерациите што допрва ќе дојдат“, вели премиерот Христијан Мицкоски во својот говор за Илинден. ...
„Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ повторно се обидуваат да се вметнат во историјата каде што не припаѓаат. ВМРО-ДПМНЕ (денес ОКГ) нема никаква организациска, идејна ниту кадровска врска со АСНОМ. Напротив – историското ВМРО на Ванчо Михајлов соработувало со фашистичките сили и бугарскиот окупатор. Тоа е факт“, стои во реакцијата на СДСМ на говорот на премиерот по повод Илинден. „СДСМ е политички наследник на АСНОМ и на антифашистичката борба. ...
„Од Илинденците мораме конечно да ја научиме најважната лекција: во историјата никогаш не постоел ‘идеален момент’, туку постоеле луѓе со храброст да донесат одлуки! Борбата и жртвите од 1903 година го запалија огнот, АСНОМ во 1944 година ја создаде македонската држава, а генерацијата од 1991 година ја запечати независноста“, вели во своето обраќање Моника Зајков, Претседателка на ЛДП. „Ниту една од овие генерации не одлагаше, не калкулираше ...
2 Август нѐ потсетува на еден од најблагородните идеали на нашата заедничка историја – уверувањето дека слободата не се гради врз надмоќта на едните над другите, туку врз еднаквоста, почитта и соживотот. Духот на Крушево беше повик за држава во која Албанците, Македонците и сите заедници ќе ја споделуваат одговорноста и заедничката судбина, соопшти првиот човек на ДУИ, Али Ахмети по повод празникот. „За жал, повеќе од еден век подоцна, ...
Актерот Винсент Пасторе, најпознат по улогата на Салваторе Бонпенсиеро во култната серија „Сопранови“, почина на 81-годишна возраст. Неговото тело го пронајде сосед во саботата во неговиот дом во Бронкс. Пасторе го пронашол неговиот долгогодишен пријател и асистент Стивен Вилано, кој се загрижил откако актерот не одговарал на повиците неколку дена. Неговото семејство соопшти дека точната причина за смртта засега е непозната, а некои ...
„За мене, 2 Август, Илинден, е најсветиот македонски ден, денот на којшто во 1903 година, македонската републиканска идеја се отелотвори во Крушевската Република и денот кога во 1944 година, на АСНОМ, по вековна борба, се реализира правото на македонскиот народ на национална држава, во којашто се гарантираат правата на малцинските заедници“, стои во честитката на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на ...
„Во име на вработените во Министерството за одбрана и во мое лично име, упатувам искрени честитки по повод 2 Август – Илинден. Нашиот најголем празник и најсветлиот датум во националната историја нè потсетува на највозвишените идеали – слобода, самобитност, патриотизам и љубов кон татковината“, стои во соопштението на Министерството за одбрана. „Илинден е темелот врз кој е изградена современата македонска држава. Од херојството на илинденците ...
Поранешниот учесник на австриското реално шоу „Forsthaus Rampensau“ Маноел Мано Машинек го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи во Италија. Машинек имаше 37 години, а веста за неговата смрт потресе многу пријатели, колеги и гледачи кои го запознаа преку реалното шоу. Тажната вест ја потврди австриската телевизија АТВ, која се прости од него со објава на официјалниот инстаграм-профил. Од нашата мрежа Повеќе од една четвртина од ...
„Христијан Мицкоски денеска изјави: „Верувам дека за првпат по многу години граѓаните ќе користат вода која е целосно бактериолошки исправна.“ За првпат? Значи две и кусур години, додека ВМРО-ОКГ има апсолутна власт, водата во Гостивар не била исправна“, реагираат од СДСМ. „Значи две години знаеле. Две години молчеле. Две години ги труеле сопствените граѓани. А водата сѐ уште не е исправна. Мицкоски самиот призна дека по хиперхлорирањето се ...
Денеска (01.08.2026) во 08:00 часoт во с. Кондово, општина Сарај, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.А.(35) од с.Кондово. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен врз основа на судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, биле пронајдени и одземени револвер и ловна пушка. Од нашата мрежа Повеќе од една четвртина од Европејците не можат да си… 3 часа biznisinfo.mk Фич: Политичката нестабилност ќе го ...
Денес во Дебар се одржа свечената церемонија за доделување на клучевите од 47 социјални станови, наменети за граѓаните кои ги исполниле условите согласно јавниот повик и законски утврдените критериуми. На настанот присуствуваа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, министерот за транспорт, Александар Николоски, генералниот директор на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен ...
Приватни компании и понатаму го чистат Градскиот парк во Скопје од последиците од невремето кое го зафатија главниот град пред десетина дена. Во јавноста се уште не е јасно зошто ЈП Паркови и Зеленило не се ангажирани, или барем не во целост, за расчитување на откорнатите дрва и останатите паднати гранки. Од нашата мрежа Повеќе од една четвртина од Европејците не можат да си… 2 часа biznisinfo.mk Фич: Политичката нестабилност ќе го отежни ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека очекува финализирање на договорот за продажба на рускиот удел во Српската нафтена индустрија (НИС) на унгарската компанија МОЛ во наредните денови, додавајќи дека веројатно ќе разговара за тоа со рускиот претседател и унгарскиот премиер, Владимир Путин и Петар Маѓар. „Се надевам дека ќе можеме да го завршиме, но котациите се пеколни. Можете да ни кажете дека цената на нафтата падна од 100 на ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека огромното мнозинство од оние што нелегално пристигнале во шпанската енклава Сеута се вратиле во Мароко, покажувајќи колку е важно да се контролираат надворешните граници на ЕУ. Фон дер Лајен напиша на платформата X дека одржала конференциски повик со европскиот комесар за внатрешни работи Магнус Брунер и комесарката за Медитеранот Дубравка Шуица за да разговараат ...
Завршена е изградбата на новата водоводна и канализациона мрежа на улицата Фаик Коница (поранешна Дижонска 15) во Општина Чаир, проект реализиран со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање во вредност од 6,9 милиони денари. На теренскиот увид по повод завршувањето на проектот присуствуваа министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа и претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамет ...
Либерално-демократската партија (ЛДП) го соголува новиот голем скандал во авиосообраќајот и бара итна одговорност од Владата за над половина милион евра народни пари завршени во сeфот на странска компанија. Претседателката на ЛДП и пратеничка, Моника Зајкова, поднесе официјално пратеничко прашање до министерот за транспорт Александар Николоски, откривајќи како германската „Луфтханза” ги зеде државните субвенции за линијата Скопје-Франкфурт, ...
Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, одржа брифинг со претставници на медиумите, на кој ги претстави главните насоки за функционирањето на Министерството во претстојниот период. На средбата се разговараше за актуелната институционална состојба, потребата од зајакнување на внатрешните капацитети, подобрување на координацијата меѓу секторите и зголемување на ефикасноста во креирањето и спроведувањето на политиките поврзани со ...
На 31.07.2026 во 16:30 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршија претрес во дом и помошни простории кај Л.М. (36) во Тетово. При претресот е пронајдена и одземена кеса со бела прашкаста материја. На 31.07.2026 во 18:00 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршија претрес во дом и помошни простории кај Р.Т. (37) во с. Требош, тетовско. При претресот е пронајдена и ...
На 31.07.2026 во ПС Струмица, полициски службеници од СВР Струмица извршија службен разговор со З.П. (37) од Струмица, постапувајќи по пријава дека на 31.07.2026 околу 12:40 часот, во угостителски објект во Струмица со остар предмет ја нападнал неговата поранешна 34-годишна сопруга и и нанел повреда во пределот на лицето, по што се дал во бегство, но по кратко време самиот се пријавил во Полициската станица Струмица. При извршено мерење со ...
Она што беше јавно потврдено од самите претставници на Владата претставува невиден скандал и сериозен аларм за правецот во кој се турка државата. Владата, во која ВЛЕН беше избран од ВМРО-ДПМНЕ како најсоодветен и најпослушен партнер, додели околу 90 проценти од средствата од програмата за спроведување на Охридскиот договор на организации на српската заедница, соопштија од ДУИ. „Охридскиот договор, постигнат по жртвата и политичката борба на ...
Денеска (01.08.2026) во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани, по претходно добиена судска наредба, извршија претрес во дом на А.Р. во Кочани, при што пронајдени и одземени се над 160 грама кокаин, хашиш и марихуана. А.Р. е лишен од слобода, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка по член 215 од Кривичниот законик. Од нашата мрежа „И здравје и работа“: ...
Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар е полесно повредена во сообраќајна несреќа во петокот и денес ќе биде пуштена од болница откако ја поминала ноќта во болница. Несреќата се случила во тунелот Кастелец на крајбрежниот автопат. Пирц Мусар се здобила со полесни повреди и била однесена во болница во Изола, каде што е под надзор, објави денес Словенечката радиотелевизија. Од нашата мрежа РБ Лајпциг не се откажува, трансферот на ...
Локалната иницијатива „И здравје и работа“ најостро ги осудува сè почестите јавни напади и обиди за дискредитација на универзитетските професори, геолозите, рударските инженери и другите стручни лица кои јавно ги презентираат научните факти и современите технолошки решенија што денес се применуваат во рударството. Во последниот период сме сведоци на организирани обиди од една мала група луѓе да се наруши кредибилитетот на луѓе кои целиот свој ...
Обиди за измама на граѓани и преку апликаци за карго транспорт на производи при купување на интернет огласи се почести во овој период, а зголемен број пријави има и до Министерството за внатрешни работи. Граѓанин кој деновиве бил мета на измамниците при продажба преку интернет оглас, бил намамуван да ги даде податоците од неговата банкарска сметка. Измамниците му понудиле плаќањето да оди преку апликација за карго транспорт на купените ...
На 63-годишна возраст почина Стојан Здравевски – Столе, долгогодишен член и еден од основачите на битолската музичка група „Боеми“. „Почитувани пријатели, со неизмерна тага ја споделуваме веста дека нè напушти нашиот Столе. Замина нашиот долгогодишен другар, музичар и дел од семејството на групата ‘Боеми’. Зад себе остави безброј спомени, песни, настапи и моменти кои засекогаш ќе останат во нашите срца. Столе, ти благодариме за сè што ...
„Додека функционерите од власта без срам нѐ убедуваат дека сме биле ‘најдобра економија во Европа’, излезе официјалниот извештај на Евростат кој со ладен туш го соголи целиот нивен популизам: Македонија е на самото дно, со најнизок животен стандард и најслаба куповна моќ во цела Европа“, вели претседателката на ЛДП, Моника Зајкова. Според неа, крајно време е да ги извадат розовите наочари во Белата палата и наместо евтини ПР-приказни, на ...
Економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ потсетува дека не е првпат власта да прави вакви финти, како што се случи со позајмицата на Владата од М-НАВ за да им префрлат средства на Јавното претпријатие за државни патишта за исплата на кредитот од кинеската банка. -Пред месец дена отприлика излезе вест дека доцнат со исплатите на придонесите кон приватните пензиски фондови, земјоделците постојано се жалат дека доцнат субвенциите, фирмите дека ...
Русија во текот на летото со дронови и бомби гаѓаше стотици бензински пумпи во Украина, пишува британскиот весник „Фајненшел тајмс“. Украинските официјални лица за британскиот весник оценија дека нападите, кои последните недели станаа пожестоки, имаат за цел да го отежнат животот во областите каде што руските сили се обидуваат да напредуваат, за жителите да ги напуштат, а тензиите во украинското општество да станат поголеми. Од нашата мрежа ...
Венко Филипче, претседател на СДСМ, на обвинувањата на премиерот Христијан Мицкоски дека во времето кога тој бил министер за здравство имало над 400 анализи за неисправна вода и дека за нив знаело Министерството за здраство, но ништо не направиле, вели дека не знае за што се тие документи за кои обвинува премиерот Христијан Мицкоски. -Во мое време труење на водата немаше, а немаше ни епидемија. Не знам што се тие документи со кои мафта ...
Истражувањето на дигиталниот регулатор за интернет „АјСејфти“ (eSafety) покажува дека од десет австралиски тинејџери, повеќе од осум продолжиле да користат социјални мрежи и три месеци по стапувањето на сила на забраната за помлади од 16 години, бидејќи технолошките компании не спровеле ефикасна проверка на возраста. „АјСејфти“ наведе дека мнозинството деца на возраст меѓу десет и 15 години ги користеле социјалните мрежи исто толку често во ...