
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Израел се согласи на прекин на огнот со Иран, но предупредува, ќе одговори на секое прекршување. Од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху велат дека се постигнати целите на операцијата и отстранети заканите поврзани со иранското нуклеарно и балистичко вооружување. Американскиот претседател Доналд Трамп прв објави дека официјално е во сила примирјето и побара да не се прекршува, откако околу полноќ соопшти дека 12-дневната војна е завршена, ...
Канцеларијата за човекови права на ОН во вторникот соопшти дека употребата на храна како оружје во Газа претставува воено злосторство, во својата најостра критика досега кон новиот модел на дистрибуција на помош што го води организација поддржана од Израел. Повеќе од 410 луѓе се убиени од огнено оружје или гранати испукани од израелската војска додека се обидувале да стигнат до местата за дистрибуција управувани од Хуманитарниот фонд за Газа ...
На крајот на првиот квартал од 2025 година, бруто надворешниот долг изнесува 12.117 милиони евра и забележа квартално намалување од 203 милиони евра, соопшти Народната банка. Бруто надворешните побарувања се намалија за 204 милиони евра и изнесуваат 7.487 милиони евра. При истовремено намалување на обврските и побарувањата во речиси идентичен обем, кај нето надворешниот долг бележиме минимално квартално зголемување, така што на крајот на март ...
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во вторникот изјави дека ѝ наредил на армијата да го нападне Техеран откако Иран лансираше ракети кон Израел, што го нарече кршење на примирјето прогласено по 12 дена конфликт. „Во позадина на јасното кршење на примирјето прогласено од претседателот на Соединетите Американски Држави од страна на Иран, со лансирање ракети кон Израел, и во согласност со политиката на израелската влада за енергично ...
Лидерот на Македонски Концепт Петар Богојевски заминува од функцијата директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност „Еразмус“. Информацијата за брзото заминување од оваа функција ја објави објавија од неговата партија Македонски концепт по денешната средба со премиерот, Христијан Мицкоски. „Согласно Одлуката на Претседателството на политичката партија Македонски Концепт од 23.06.2025 година, денес остварена е ...
Дин Хујсен станува ново големо име во редовите на Реал Мадрид, а впечатокот што го остави во првите натпревари од Светското клупско првенство е толку силен што клубот веќе зборува за тоа како еден од најдобрите трансфери во последните години. По ремито против Ал Хилал (1:1), Реал Мадрид славеше против Пачука со 3:1 во вториот натпревар, а Хујсен беше еден од клучните играчи на теренот. Иако тимот остана со играч помалку рано поради исклучувањето ...
Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ оценува дека меѓуетничките односи во земјава зависат од предизборната камања за локалните избори. Според него, штом се доближувааат било какви избори, секој се обидува да земе поени играјќи на некакви карти кои се надвор од нормално однесување. -Од тој аспект е очекувано. Во моментов, меѓуетничките односи се стабилни, постои стабилно владино мнозинство и од тој аспект, ...
Џеф Безос, основачот на „Амазон“ и еден од најбогатите луѓе во светот, наскоро ќе ѝ го каже судбоносното „Да“ на Лорен Санчез на неговата импресивна суперјахта „Кору“. Оваа јахта, долга 127 метри и проценета на 500 милиони долари, веќе беше местото на нивната свршувачка минатата година, а сега ги поминуваат своите денови на неа по должината на хрватскиот брег пред нивната свадба во Венеција. Но, „Кору“ не е само статусен симбол, туку и ...
Со правилен избор на снабдувач и практикување енергетски ефикасни навики, можно е да се намалат трошоците и до 30% годишно. Ова не само што значи директна заштеда, туку и одговорен пристап кон животната средина. Според најновите анализи, промената на снабдувачот може да донесе годишна заштеда од 10% до 30%, особено ако се избере модел кој е прилагоден на реалната потрошувачка. Една таква компанија е ЕДС која нуди стабилност, иновации и поддршка ...
Шведскиот напаѓач Виктор Ѓекереш (27) го информирал претседателот на Спортинг за својата одлука да замине и дека повеќе нема намера да игра за клубот, објавуваат португалските медиуми. Имено, Ѓекереш сака ново поглавје во својата кариера и не се очекува да се врати на тренинзите. Се додава дека Арсенал сè уште преговара со Ѓекереш и дека „топџиите“ се најблиску до доведување на одличниот напаѓач. Да ве потсетиме дека договорот на Швеѓанецот со ...
Во нови мемоари, американската сенаторка Лиза Мурковски го опишува својот комплициран, но продуктивен однос со Трамп, за кого признава дека никогаш не гласала. „Никогаш не дозволив Доналд Трамп да ме вознемири. Никогаш не гласав за него и ги игнорирав неговите закани, гласајќи против него во клучни моменти“, напиша умерената републиканка во својата книга „Далеку од дома: Сенатор од Алјаска се соочува со екстремната клима на Вашингтон“. Таа рече ...
Бред Пит и Том Круз се појавија заедно на црвениот тепих во Лондон вчера за да присуствуваат на премиерата на филмот „Ф1“, во кој Пит игра главна улога. Пит му пријде на Круз да го поздрави и го прегрна цврсто пред да позира пред фотографите. Нивната срдечна средба ги воодушеви присутните обожаватели, како и медиумите, а многумина коментираа дека вака изгледа пријателство кое трае со години. View this post on Instagram A post shared by People ...
СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската народна партија (ЕПП), сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, е директен историски дипломатски пораз за Христијан Мицкоски и неговата партија. Нагласуваат дека предлог-амандманот за воведување на формулацијата „модерен македонски јазик“ не само што доаѓа од редовите на ЕПП, туку е поднесен токму од нејзиниот координатор Михаил Галер – член на германската ЦДУ, партија која ВМРО-ДПМНЕ со години ја ...
Западот сега нè моли за примирје во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го отфрли пред неколку години, изјави денес рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. „Се сеќавате ли како започна сè? Тие рекоа дека Русија мора да добие стратешки пораз на бојното поле. Тие гласно нè нападнаа, до точка на хистерија. По некое време, нивната интонација се смени. Сега тие бараат, бараат, молат за безусловно итно ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека европските сојузници не треба да се грижат за посветеноста на САД кон НАТО. „Постои целосна посветеност од претседателот на САД (Доналд Трамп) и високото раководство на САД кон НАТО“, рече Руте пред самитот на НАТО, додавајќи дека таквата поддршка доаѓа со очекување дека европските земји и Канада ќе трошат повеќе за одбрана. Денес во Хаг започнува дводневен самит на НАТО, каде што ...
Демократската унија за интеграција реагира на предложениот нацрт-закон за правична застапеност, кој, според нив, има за цел да го замени Балансерот – правен и обврзувачки инструмент за одразување на демографската реалност во јавните институции – со нејасна, неефикасна и политички стерилна структура како што е „координативно тело“. „Ова е обид уставната обврска да се претвори во административна фарса и да се демонтира една од најважните столбови ...
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, денес изјави дека е незадоволен од состојбата на терените што се користат за натпреварите од Светското клупско првенство, објавија денес американските медиуми. Фудбалерите на ПСЖ го победија Сиетл Саундерс со 2-0 во понеделник во третото коло од Групата Б и обезбедија место во осминафиналето на Светското првенство. Натпреварот се одигра на стадионот „Лумен Филд“ во Сиетл. „Сакам да нагласам дека, иако ...
Двајца бугарски европратеници Станислав Стојанов од Преродба и Ивајло Валчев од ИТН испратија писмо до Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) по повод Предлог-извештајот за напредокот на Македонија во ЕУ. Во него, тие го информираат Комитетот за, како што велат, загрижувачките неправилности што го придружуваат процесот на преговори за пристапување на земјава. „Во неколку наврати, премиерот на С. Македонија, г-дин Христијан Мицкоски, јавно се ...
Судењето против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, кој во јануари годинава, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, удри во пешакот Фросина Кулакова која почина на самото место се одложува за 3 септември 2025 година. Судењето кое требаше да започне денеска се одложи поради отсуство на обвинетиот Зоран Јованов, кој, како што информираше судијката Снежана Марковска, бил неуредно повикан за денешната расправа, што е ...
Граѓанското движење „Кој е следен?“ утрово сподели дека објавиле транспаренти и пораки во Владата и општеството по повод 100-тиот ден по трагедијата во Кочани. Транспарентите осамнаа на повеќе локации во Скопје. „Горевме ние, сега ќе горите и вие“, „Оставки“, „Луѓе во одела прават злодела“ беа дел од пораките поставени утрово. Со симболичен поклон и извинување до Кочани, од движењето порачуваат: „Веќе не молчиме. Не простуваме. Не забораваме. ...
Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент денеска со 40 гласови „за“, 19 „против“ и 10 „воздржани“ го усвои Предлог-извештајот за земјава подготвен од австрискиот европратеник Томас Вајц. По усвојувањето на документот, Вајц изрази задоволство бидејќи е изгласан со широко политичко мнозинство. – Денеска го усвоивме првиот извештај за земјата на Северна Македонија од 2022 година во Комитетот за надворешни работи. Горд сум на ...
„Изборот на Венко Филипче, Влатко Митовски да биде кандидат за градоначалник на општина Гази Баба од СДС е доказ дека СДС е партија којашто е заглавена во минатото. Тоа е показател дека СДС продолжува да нуди стари и истрошени кадри кои се верна сенка на Заев и продолжение на неговите политики“, велат од ВМРО-ДПМНЕ за предложениот кандидат на „Бихаќка“ за градоначалник на скопската општина. Според најголемата владеачка партија, наместо свежи ...
Првиот човек на САД, Доналд Трамп, објави на својата социјална мрежа „Truth Social“ дека е договорено примирје меѓу Иран и Израел, по она што тој го нарече Дванаесетдневна војна. Во исто време, Израел го таргетираше Иран, а Иран го градеше Израел. „Прекинот на огнот сега е на сила. Ве молам, не го прекршувајте! Доналд Џ. Трамп, претседател на Соединетите Американски Држави!“, напиша тој. Потоа повторно се огласи. „Под претпоставка дека сè ќе се ...
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари, фалсификувана стока, дрон, регистарска табличка и документи за камп-приколка. Во два одделни случаи на граничните премини Богородица и Дојран запленети се 22 штеки цигари без акцизни маркички. Во првиот случај запленети се 12 штеки цигари при контрола на камион-цистерна кој се пријавил за влез во државава ...
Kомитетот за надворешни работи на Европскиот парламент денеска гласа за Извештајот за напредокот на Македонија на известувачот за земјава Томас Вајц. Извештајот, првично требаше да биде ставен на гласање на 4-ти јуни, но беше одложен на барање на Вајц поради притисоците од бугарските европратеници, кои не се согласуваат со тоа што во документот децидно се наведуваат македонскиот јазик и идентитет. Вајц тогаш образложи дека бил сведок на ...
Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML4.5 сепени е регистриран изтринава во 5 часот и 04 минути. Епицентарот потекнува од Република Албанија, на околу 158 километри југозападно од Скопје. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван во југозападните делови на земјава со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Нема ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им наложил на членовите на неговата влада да не даваат јавни соопштенија за најновите случувања поврзани со Иран, по четиричасовната седница на политичко-безбедносниот кабинет. Според извештајот на израелскиот медиум „Ynet“, седницата на кабинетот завршила без официјално соопштение, по што Нетанјаху веднаш го свикал тесниот воен кабинет. Министерот за безбедност Израел Кац, министерот за стратешки прашања ...
Левица обелоденува сериозни индиции за криминал и непостапување на низа државни институции, каде се узурпира државен имот и незаконски се наплаќаат пари, кои завршуваат во приватни џебови. Се работи за Автокамп „Крани” (Ресен), кој согласно увидот во катастарски документи, е лоциран на земјиште во сопственост на на Р. Македонија. -Овој автокамп никаде формално-правно не постои, затоа што за овој субјект никогаш не е поднесено Барање за формирање ...
Државните медиуми на Иран утрово ја објавија веста за прекинот на огнот што го објави американскиот претседател Доналд Трамп меѓу Иран и Израел, тврдејќи дека примирјето всушност му било „наметнато на Израел“ по, како што велат, „успешниот воен одговор на Иран на американската агресија“. Како што потсетуваат, Иран вчера започна напад врз американската воена база во Катар, како одговор на воздушните напади на САД еден ден претходно врз иранските ...
Скопјанец заврши во притвор откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како со шлаканици ја удира својата четиригодишна ќерка. Видеото, објавено од мајката на детето, сега е клучен доказ во истрагата што ја води Основното јавно обвинителство Скопје. „Зарем вакво детство заслужува едно дете?Без причина, затоа што има болни умови и не размислуваат во моментот, нашле да покажуваат сила на деца. Ако возрасните имаат проблеми, што се ...