MacBook Neo на Apple – лаптопот што компанијата го најави пред само две недели и со цена од 499 долари за студенти – е најлесниот лаптоп што компанијата го издаде од 2012 година, според анализата на iFixit. iFixit објавува водичи за поправка и продава делови и алатки за потрошувачка електроника, но исто така дава оценки за тоа колку е лесно да се поправат и одржуваат производите, објави Ројтерс. Производителите на лаптопи како што се Dell ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се наоѓа во Кочани на годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“, поради што се запиша во книгата на жалоста. Притоа Мицкоски се поздрави со родителите и семејствата на загинатите. Мајката на загинатата Надица Наунова, Габриела Наунова, му закачи на реверот беџ со скршено срце на кое пишуваше „Кочани 16.03.2025“. Утрово со минута молк, точно во 2 часот и 32 минути, моментот што засекогаш го промени ...

Министрите за надворешни работи на ЕУ денес ќе разговараат за зајакнување на мала поморска мисија на Блискиот Исток, но не се очекува да одлучат за проширување на нејзината улога во Ормутскиот теснец, изјавија дипломати и официјални лица. Мисијата на ЕУ „Аспидес“ е основана во 2024 година за да ги заштити бродовите од нападите на бунтовничката група Хути од Јемен во Црвеното Море. Моментално има италијански и грчки брод под своја директна ...

Британската влада размислува за испраќање беспилотни летала во Ормутскиот теснец за чистење на мините на оваа важна рута за превоз на нафта блокирана од Иран, објави британскиот весник „Гардијан“. Техеран го блокираше теснецот како одговор на нападите на САД и Израел, што предизвика зголемување на цените на нафтата. Велика Британија се одлучи за беспилотни летала поради загриженоста дека испраќањето бродови во Ормутскиот теснец, во ...

Многу е можно Русите да извршат напад врз нас, Русија е подготвена да употреби помеѓу 7 и 9 милиони дронови оваа година, предупреди комесарот за одбрана на ЕУ, Ендрус Кубилиус, во говорот пред учесниците на настан во Брисел организиран од Форум Европа. Војната во Иран може да нè погоди не само со повисоки цени на енергијата, туку и со ракетни напади, додаде тој, цитиран од БТА. Кубилиус истакна дека минатата недела генералниот секретар на ...

Комесарот за енергетика Дан Јоргенсен изјави пред состанокот на министрите за енергетика на земјите-членки дека Европа мора да се подготви за ситуација на продолжување на конфликтот во Иран, како и со краткорочни мерки за помош на земјите-членки поради наглото зголемување на цените на горивата. Сепак, тој категорично ја отфрли идејата за враќање на увозот на руски горива. „Ние во Европа не можеме индиректно да помогнеме во финансирањето на ...

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека албанската влада се подготвува да воведе нов државен механизам за регулирање на домашниот пазар на горива поради кризата на Блискиот Исток и блокадата на Ормутскиот теснец, објави АТА. Во поткаст вчера, Рама коментираше за ефектот од воените акции на Израел и САД против Иран, за кои рече дека „Албанија целосно ги поддржува“, врз цените на горивата на светските пазари, наведувајќи: „Нема да стоиме ...

Новото германско законодавство наметнува строги ограничувања на трговците со нафта и го префрла товарот на докажување при зголемување на цените, но конзервативните германски експерти предупредуваат на потенцијални стапици. Во обид да ги заштити потрошувачите од ненадејни флуктуации на цените на горивата, германската влада подготви нацрт-закон со кој драстично се ограничува слободата на бензинските пумпи да ги одредуваат цените, објавуваат ...

Суровата нафта Брент денес достигна цена од речиси 105 долари за барел, што претставува пораст од повеќе од 40 проценти од почетокот на војната во Иран. Цената на барел Брент, кој важи за меѓународен стандард, порасна за 1,6 проценти и денес изнесува 104,73 долари, пренесува AП. Американската референтна сурова нафта порасна за еден процент, на 99,68 долари по барел, што претставува пораст од речиси 50 проценти од почетокот на војната. ...

Крајнодесничарската партија Национален собир и радикалнолевичарската Непокорена Франција постигнаа пробив во првиот круг од вчерашните локални избори во државата, објавија локалните медиуми. Следната недела, до вториот круг од изборите закажан за 22 март, ќе биде обележана со неизвесност бидејќи можните сојузи меѓу партиите се непознати, а тоа кратко пред трката за Елисејската палата во 2027 година, кога завршува вториот мандат на ...

Александар Наунов, таткото на Надица која го загуби својот живот во дискотеката во „Пулс“ и претседател на Здружението на граѓаните 16-ти март 2025, денеска преку социјалните мрежи се сеќава на својата ќерка на годишнината од големата трагедија. Со емотивни зборови, кои го кинат срцето, Александар ѝ се обрати на својата ќерка. „Ќерко моја, ѕвездо моја која сјае на небото… Денес помина точно една година откако те нема, а болката е иста како ...

Специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и надворешна економска соработка и раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев верува дека цените на нафтата ќе надминат 150 долари за барел во наредните недели поради прекини во снабдувањето поврзани со конфликтот на Блискиот Исток. „Минатиот јуни предвидовме пораст на цените на нафтата на 100 долари и повеќе. Сега сме на добар пат цените да се зголемат на ...

Судбината на ТикТок во САД добива нов, многу конкретен финансиски пресврт. Според „Engadget“, администрацијата на претседателот Доналд Трамп би можела да собере дури 10 милијарди долари во брокерски такси за продажба на платформата. Иако деталите сè уште не се официјално потврдени, извори блиски до преговорите сугерираат дека државата би ја презела улогата на „брокер“ во трансакцијата помеѓу кинеската компанија „ByteDance“ и потенцијалните ...

„Да не се повтори, нека им е вечна славата“, се зборовите што можат да се слушнат за време на комеморацијата за починатите кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Како дел од одбележувањето на годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“, во Паркот на револуцијата во Кочани беа поставени 63 бели столчиња како симболичен спомен на жртвите. На столчињата се напишани името, годината на раѓање на секој починат и бела роза. ...

Поранешниот претседател, Стево Пендаровски во интервју за косовска телевизија зборувал за статусот на албанскиот јазик и предизвиците во неговата практична примена. Тој потсетил дека албанскиот јазик е службен јазик бидејќи Албанците сочинуваат околу 20 проценти од населението, додека неговата употреба е регулирана со Законот за јазиците, кој е изменет неколку пати за подобрување на правата на албанската заедница. Пендаровски посочил дека ...

Големата потрошувачка на ракети воздух-воздух „MICA“, кои француските пилоти на авионите „Рафал“ ги користат за пресретнување на иранските дронови „Шахед“ над Обединетите Арапски Емирати, создава сериозни тензии во Париз, додека се бараат решенија за зачувување на долгорочните воени капацитети. На небото над Обединетите Арапски Емирати , француските борбени авиони „Рафал“ работат неуморно за да ги неутрализираат ракетите и беспилотните летала ...

Руските власти денес соопштија дека Украина ја нападнала Москва со повеќе од 100 беспилотни летала за време на викендот. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека повеќе од 100 беспилотни летала биле соборени во текот на два дена. Министерството за одбрана на Русија соопшти дека 145 беспилотни летала биле уништени преку ноќ, вклучувајќи 53 во Московскиот регион. Прочитајте повеќе: Нападите доведоа до ограничувања на сообраќајот ...

Во вторник, 17 март, Црна Гора треба привремено да затвори уште едно преговарачко поглавје во процесот на пристапување кон ЕУ. Станува збор за Поглавје 14 – „Трансевропски транспортни мрежи“, кое се однесува на усогласувањето на националната транспортна инфраструктура со европските транспортни коридори. Меѓувладината конференција на која ќе биде затворено поглавјето е планирана за вторник во Брисел, по состанокот на Советот за општи работи на ...

На лондонскиот пазар, цената на барелот порасна за околу 10% минатата недела, на 103,14 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот порасна за околу 8%, на 98,70 долари. Така, продолжи силниот раст на цената на „црното злато“, кое скокна за повеќе од 40% од нападот на САД и Израел врз Иран пред две недели. На почетокот на минатата недела, цените се приближија до границата од 120 долари, но подоцна се лизнаа од тоа ниво. Ова е ...

Денес Кочани повторно го преживува пеколниот ден на трагедијата во „Пулс“. Скоро и да нема човек во градот што не е погоден од најголемата трагедија до сега. Тагата ќе остане засекогаш, но постојат техники начини да се живее со неа, велат психолозите. Стручна поддршка за секој што минува низ тежок период значи и превенирање на здравствени проблеми во иднина. Во Кочани постои Центар за ментално здравје во рамки на Црвениот крст. Достапноста на ...

Еден од повредените во тешкиот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ се обрати до јавноста по повод едногодишнината од трагедијата. Иван Стојменов порача дека е благодарен што добил втора шанса за живот, опишувајќи како поминало неговото лекување и третман. „Помина една година од нокта што засекогаш ми го промени животот. Нокта кога во дискотеката „Пулс” избувна пожар и се за неколку секунди се претвори во хаос, чад и страв. Ноќта кога животот ...

Вознемирувачки инцидент ја наруши безбедноста во скопската општина Аеродром, откако група малолетници на улица пресретнале и физички нападнале три лица. Нападот не застанал само на физичка пресметка, туку малолетниците кон жртвите фрлале и јајца, предизвикувајќи дополнителен хаос и вознемиреност кај случајните минувачи. МВР информира декa вечерта 14-ти кон 15-ти март во 00:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на општина ...

Запрашан за случувањата во СДСМ, поранешниот функционер и адвокат, Петре Шилегов вели дека е жално тоа што ѝ се случува на партијата. Според него, партијата е кадровски испразнета и дека на нож се дочекани луѓето кои што можеа да помагаат. Шилегов потенцира дека СДСМ стана петта партија во Скопје, трета во Битола, Прилеп, Штип, Куманово… -Кога барате одговорност за таа работа, велат дека ВМРО ве платило или ве уценувало. Кандидатката за ...

Една година подоцна, а болката сè уште е жива. Една година од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани – трагедија што однесе 63 млади животи и остави неизбришлива празнина во нивните семејства, пријатели и во целата држава. Град што некогаш беше исполнет со младост и музика, за миг се претвори во симбол на тага и сеќавање. Денес, Кочани застана во тишина – со свеќи, солзи и спомени за оние што прерано заминаа. Во знак на почит и ...

Рак Имате многу сериозен пристап кон работата, и тоа ќе почне да дава резултати веќе денес. Освен пофалбите и можностите за напредување, можен е и поголем финансиски прилив. Периодот кој следи ќе треба да го искористите на најдобар начин и да направите јак темел за некои идни проекти. Вие сте многу романтични, и поради тоа често доаѓате во ситуација да ја губите главата по некоја личност што воопшто не го заслужува тоа. Рак Партнерот утре ...

Претседателот на Републиката Зоран Милановиќ учествуваше на отворањето на првиот меморијален шаховски турнир „Сањин Шпановиќ“ во Загреб. По отворањето, тој даде и изјава за медиумите, пренесе N1. На почетокот, тој коментираше за вооружувањето на Србија. „Набавка на ракети? Тоа е нивна суверена одлука. Морам да признаам дека не знам што сакаат да постигнат со тој вид вооружување. Трошат многу. Не дај Боже од каде доаѓаат сите тие средства и ...

Во истото интервју за NBC News во кое американскиот претседател Доналд Трамп рече дека не е сигурен дали новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е воопшто жив и дека најизненадувачката работа во врска со војната со Иран е одлуката на Иран да ги нападне американските сојузници во регионот, Трамп зборуваше и за украинскиот претседател Володимир Зеленски. Трамп ја оправда својата одлука за привремено укинување на некои санкции врз руската ...

Вчера (14.03.2026) полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Ш.(26) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени марихуана, кокаин, амфетамин, таблети екстази, дигитална вага и банкноти. Лицето било приведено во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Прочитајте повеќе: Вчера (14.03.2026) полициски службеници од СВР ...

„Десетина илјади работници вчера излегоа на голем работнички протест заесно со Сојузот на синдикатите на Македонија за зголемување на минималната плата и за зголемување на работничките плати. Работниците покажаа дека не потпаѓаат под притисокот, заканите и уцените за да бидат спречени во нивната борба за зголемување на нивните работнички плати“, соопштија од ССМ. „Наместо да ја зголемат минималната плата тие го зголемуваат притисокот кон ...

Џенифер Лопез имала мал паничен момент за време на нејзиниот настап во Лас Вегас, додека го изведувала легендарниот хит од 2011 година, „On The Floor“. Пејачката се сопнала за време жешкиот танц на сцената, но 56-годишната ѕвезда реагирала со брзина на молња: ѝ се насмевнала на публиката и го продолжила шоуто како ништо да не се случило, потврдувајќи зошто таа е сè уште кралица на сцената. Несреќата се случила на сцената на „Колосеумот“ во ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
77%
1017
weather icon

Белград

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
72%
1019
weather icon

Загреб

14ᴼ / 10ᴼ
1.54
74%
1021
weather icon

Софија

11ᴼ / 9ᴼ
2.06
54%
1018
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
0.88
74%
1018
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 8ᴼ
0.51
95%
1022
weather icon

Атина

18ᴼ / 17ᴼ
8.75
50%
1010
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
77%
1013
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
7.2
40%
1015
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
2.06
57%
1018
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 13ᴼ
2.24
65%
1020
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
6.17
72%
1015
Currency

61.645

Currency

52.3356

Currency

70.8925

Currency

37.5536

Currency

38.1565

Currency

66.8106

Currency

7.6758

Currency

0.68664

Currency

0.32902

Currency

0.52527

Currency

1.16916

Currency

0.56119

Рутениум

56199.51

Паладиум

50508.82

Злато

154701.23

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Платина

68995.50

Бакар

12.22

Родиум

319899.93

Калај

50.19

Цинк

0.00

Сребро

2561.63

Алуминиум

3.64