Меѓународната агенција за енергија (IEA) објави низа препораки за ублажување на последиците од можна голема енергетска криза предизвикана од конфликтот на Блискиот Исток. Меѓу предложените мерки се работа од дома каде што е можно, намалување на користењето гас во домаќинствата и построги ограничувања на брзината на автопатиштата. Агенцијата истакнува дека се работи за кризна ситуација без преседан на глобалниот пазар на нафта. Според ...

Екстремниот пораст на цените на нафтата на локалните пазари на Блискиот Исток може да им даде на инвеститорите увид во насоката на движење на цените во САД и Европа, доколку Ормутскиот теснец наскоро не се отвори. Цената на суровата нафта во Дубаи надмина 166 долари по барел, достигнувајќи нов рекорд во четврток, според податоците на компанијата „Platts“. Датирана нафта Брент и западно-тексашката нафта (WTI) се тргуваат околу 100 долари по ...

Според проценките на Светската Трговска Организација (СТО), нарушувањата во синџирите на снабдување и поскапениот транспорт дополнително ги забавуваат глобалните текови на стоки како последица на воените случувања ширум светот. По силното закрепнување во 2025 година, кога трговијата порасна за 4,6 отсто, темпото на раст оваа година значително слабее. СТО проценува дека во 2026 година зголемувањето ќе изнесува само 1,9 отсто, што укажува на ...

Елон Маск ги довел во заблуда инвеститорите на Твитер со лажно претставување на компанијата во 2022 година, во обид да ја купи платформата за помалку од неговата првична понуда од 44 милијарди долари, заклучи поротата на судењето. Поротата на федералниот суд во Сан Франциско во петокот утврди дека Маск намерно ги довел во заблуда акционерите на Твитер кога напишал во објава дека социјалната мрежа – сега наречена X – имала премногу лажни ...

По повод 20 март – Светскиот ден на оралното здравје, Општина Центар континуирано реализира бесплатни стоматолошки прегледи за деца од предучилишна и училишна возраст, како и за пензионерите, како дел од посветеноста на превенцијата и унапредувањето на оралното здравје. Во таа насока, беше одржан работен состанок со Проф. д-р Соња Апостолска, декан на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, на кој беше ...

Сметаме дека последните измени на Законот за извршување се катастрофални за граѓаните и очекуваме тие да се повлечат, како и да се свика состанок на кој ќе учествуваме и ние, граѓанските асоцијации, за конечно да се донесе закон кој ќе стави крај на овој грабеж што се врши врз граѓаните. Сѐ уште има предмети од 1990 година, а свесни сме какви криминали застаруваат, вели во интервјуто за „Локално“ Марјан Ристески претседател на Конфедерацијата ...

„Вчера по вторпат, собраниското мнозинство покажа дека нема ни волја, ни храброст, ни совест кога станува збор за заштита на жените. Без збор. Без аргумент. Без срам. Повторно го одбија предлогот за воведување електронски нараквици за следење на насилниците, мерка што значи превенција, што значи спасени животи, што значи вистинска заштита“, изјави денеска претседателката на Либерално-демократска партија (ЛДП) и пратеничка, Моника Зајкова. ...

Запрашан за тоа дали постапката за исклучување на Петре Шилегов од партијата треба да иде преку општинската организација СДСМ Карпош, лидерот на СДСМ, Венко Филипче тврди дека во партијата, суштината е да се изгради консензус и политики врз основа на различни мислења од многу луѓе. Според него, така ќе биде и тоа е суштината на градење на добри политики. Филипче потенцира дека нема да дозволи, како што вели, некој да одработува за ВМРО-ДПМНЕ. ...

Трагедија се случила вчера во Скопје. 26-годишник си го пронашол другарот починат. – На 18.03.2026 во 19:42 часот во СВР Скопје, Н.Г.(26) од Скопје пријави дека во 19:40 часот го пронашол во бессознание неговиот другар М.С.(24) од Скопје. Според пријавеното, другар му дошол кај него околу 10:00 часот и набргу тој легнал да спие, а откако се разбудил го пронашол М.С. во бессознание. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи ...

Регистриран е инцидент во автобус на ЈСП откако возач бил нападнат од патник. -На 18.03.2026 во 09:45 часот во СВР Скопје, С.Д.(58) од Скопје пријави дека на подрачјето на Чаир, додека управувал автобус на ЈСП, бил физички нападнат од П.В.(43) од Скопје, велат од полицијата. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Прочитајте повеќе: Регистриран е инцидент во автобус на ЈСП откако возач бил нападнат од патник. ...

Лидерот на синдикалците, Слободан Трендафилов со порака до надлежните дека ако се срамат од сиромаштијата на својот народ, треба да зголемуваат плати, а не да се борат против податоците за сиромаштијата на својот народ. Трендафилов потсетува дека 1/3 од работниците во Македонија работат и добиваат плата за својата работа, а се сиромашни затоа што платата им изнесува под 30.000 денари или под прагот на сиромаштија во Македонија кој изнесува ...

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, денеска излезе на прес-конференција за да го брани ставот на пратеничката група на најезината партија која гласаше против предлогот да се применат електронски нараквици за семејни насилници. „Предлогот на опозицијата за воведување електронски алки за насилници на прв поглед може да звучи како одлична идеја. Но, предложената иницијатива е недоработена, без сериозна правна и институционална основа“, ...

„Од пет пријавени кандидати за нов член на Антикорупциска комисија еден кандидат донирал пари за ДПМНЕ, а еден кандидат е брат на директорот на Фондот за здравство“, реагира на социјалните мережи пратеничката Јована Мојсоска од Левица по денешниот распит јавно интервју спроведено од Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Според неа овие информации фрлаат сенка врз кредибилитетот на процесот за избор на член на тело кое треба да се ...

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, по повод празникот Рамазан Бајрам упати честитки до сите граѓани, посакувајќи им здравје, мир и благосостојба во секое семејство. Тој истакна дека овој празник доаѓа по еден месец посветеност, жртва и размислување, како момент со посебна духовна и општествена вредност. „Рамазан Бајрам е повик за зајакнување на вредностите што нè обединуваат – солидарноста, разбирањето и грижата за еден со друг. ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник – Рамазан бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. „Почитуван реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху, Вам, лично, на членовите на Ријасетот, на муфтиите и имамите, како и на сите верници од исламска вероисповед во Македонија, Ви упатувам најсрдечни честитки ...

Граѓаните имаат чувство дека се оставени без заштита и дека институциите не се грижат доволно за нив, особено поради нискиот животен стандард. Владата, според заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, не посветува доволно внимание на секојдневните проблеми на луѓето, истакна таа во „Само интервју“ на Канал 5. Таа во разговорот нагласи дека веќе две недели нема конкретни чекори од страна на власта за намалување на цените на ...

На 19 март 2026 година, по наредба од Основниот суд во Кочани, полициски службеници од ОВР Берово спровеле претрес во помошен објект во Берово, во сопственост на Д.П. (38) од Скопје, кој живее во Берово. При контролата биле откриени и одземени ловечка пушка „ТОЗ 63“ со калибар 16 мм, 53 ловечки патрони од ист калибар, како и пиротехнички средства, куршуми и реденик за муниција. По целосно расчистување и документирање на случајот, против ...

Мисајловски: Безбедносната состојба во Македонија е стабилна но како што кажавме и на самиот Совет за Безбедност мора да внимаваме на потенцијалните економски индикатори поради проблемот со Ормутскиот теснец и тоа што се случува таму, 1/5 од нафтата поминува од таму, изјави вчера Министерот за одбрана Владо Мисајловски во емисијата „ClickPlus“ на ТВ21. „Гледате веќе сега станува многу сериозно во околината на сите овие земји не можеа да ...

Зголемувањето на цената на горивата за нови 7 денари по литар, вторпат во рок од една недела, дополнително го засилува притисокот врз животниот стандард на граѓаните. Во услови кога поскапувањето на енергенсите директно се прелева врз цените на храната, транспортот и услугите, велат во соопштението на политичката партија Левица додавајќи дека обидите на премиерот Христијан Мицкоски да ја минимизира ситуацијата се обид за избегнување ...

Финансиската состојба на земјоделците е директно погодена од корупција во институциите, при што се посочува на нов случај поврзан со високи функционери блиски до ВМРО-ДПМНЕ. Медиумите објавија дека директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, бил затекнат при примање поткуп од околу 50.000 евра, се вели во соопштението на најголемата опозициска партија СДСМ. „Ова само уште еден скандал во низата кој покажува дека ...

Четири лица се лишени од слобода поради случаи на семејно насилство, додека во последните 24 часа се евидентирани вкупно осум пријави на подрачјата на Скопје, Тетово и Струмица. Во Струмица, утринава во 03:30 часот, полициски службеници од СВР Струмица го привеле 23-годишниот Е.Д., осомничен дека претходниот ден во семејниот дом физички ја нападнал својата 20-годишна сопруга. Во Скопје, нешто по полноќ, во 00:10 часот, полицијата го лишила ...

Полициски службеници од Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги, во рамки на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, на 20 март 2026 година го привеле 41-годишниот В.А. од Кочани. Против него до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ согласно член 357 од Кривичниот законик. Според ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство остро реагира и го осудува секое незаконско и противправно однесување, вклучително и најновиот случај поврзан со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство. Од ресорното министерство велат дека очекуваат Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство целосно да го истражат случајот и да постапат во согласност со важечките закони и прописи. Оттаму ...

Вчера (20.03.2026) во 17:20 часот на булевар “Гоце Делчев” во Штип, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи со помош на специјално возило пресретнувач на Министерството за внатрешни работи измерена е брзина на движење на патничко моторно возило „голф” со штипски регистарски ознаки од 105 километри на час во населено место каде што максималната дозволена ...

„Директорот на државниот инспекторат за земјоделие, Васе Анакиев, е уапсен за примање поткуп од 50.000 евра. Ова е уште еден доказ за делувањето на организираната криминална група – ВМРО“, обвинија утрово од СДСМ преку соопштение. Од најголемата опозициска партија потсетуваат дека пред само неколку месеци се случи исто така корупциски скандал во кој директор на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството исто така беше уапсен за мито ...

Зголемувањето на цената на горивата за дополнителни 7 денари по литар, вторпат во рок од само една недела претставува директно продлабочување на притисокот врз животниот стандард, особено во економија во која секое поскапување на енергенсите се прелева во цените на храната, транспортот и основните услуги, порачуваат од Левица. Токму затоа, стои во партиското соопштение, секој обид на премиерот Христијан Мицкоски ваквата состојба да ја прикаже ...

Горчината кај оревите не е ретка појава, но тоа не значи дека треба да ги фрлите веднаш штом ќе ја почувствувате. Напротив, постојат неколку едноставни начини да го вратите нивниот пријатен, благо сладок вкус и без проблем да ги искористите во подготовката на колачи и торти. Многу луѓе барем еднаш се нашле во ситуација кога подготвуваат десерт, а дури откако ќе ги исчистат оревите забележуваат дека имаат горчлив вкус. Наместо да се откажете ...

По две апсења во еден месец, холивудскиот актер Шаја Лабаф предизвика метеж и во Италија. Лабаф бил снимен како талка низ хотелско лоби во Рим, облечен само во долна облека, со цигара во уста, додека бара запалка или кибрит за да ја запали, објави американскиот портал ТМЗ. „Ајде, брате, дај ми едно кибритче. Имаш ли кибрит?“, прашувал Лабаф во хотелското лоби, додека носел само боксерки. Прочитајте повеќе: Наводно, актерот отпатувал во ...

Познатиот пејач Даниел Кајмакоски беше киднапиран пред повеќе од еден месец кај Бетон Хала во Белград. Драматичниот напад ја шокираше јавноста во регионот. По повеќе од еден месец откако Кајмакоски беше киднапиран, деталите од овој случај продолжуваат да ја шокираат јавноста. Иако киднаперите сè уште се во бегство, најновите информации добиени од истражните органи се застрашувачки – се сомнева дека киднапирањето е нарачано од лице кое ...

Чудни пораки доаѓаат од Србија, особено од одредени тамошни политичари кои се дел од власта. Членот на претседателството на Српската напредна партија (СНП) и пратеник во српското Собрание, Владимир Ѓукановиќ изјавил дека, според негова проценка, „може да избие конфликт на Балканот во одреден момент“. Тој предупредил на создавање на воен сојуз меѓу Загреб, Приштина и Тирана, на кој во одреден момент би можела да му се придружи и Бугарија со, ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1016
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
0.45
78%
1019
weather icon

Загреб

11ᴼ / 6ᴼ
1.54
83%
1021
weather icon

Софија

11ᴼ / 4ᴼ
1.54
54%
1018
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
0.82
84%
1018
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
94%
1022
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
7.2
51%
1012
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
76%
1013
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
5.14
42%
1015
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
1.54
71%
1019
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
2.68
79%
1020
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
6.69
76%
1015
Currency

61.645

Currency

52.3356

Currency

70.8925

Currency

37.5536

Currency

38.1565

Currency

66.8106

Currency

7.6758

Currency

0.68664

Currency

0.32902

Currency

0.52527

Currency

1.16916

Currency

0.56119

Иридиум

253540.09

Платина

68995.50

Бакар

12.22

Сребро

2561.63

Паладиум

50508.82

Калај

50.19

Родиум

319899.93

Злато

154701.23

Рутениум

56199.51

Алуминиум

3.64

Цинк

0.00

Кобалт

45.39