Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денес ќе го има првиот настап на годинашниов УС опен. Таа во квалификациите ќе игра против Маи Хонтама од Јапонија. Хонтама има 26 години, таа е рангирана на 171. место на ВТА ранг-листата. Ривалката на Ѓорческа најдобриот ранг го имала, кога била на 105. место (5 август 2024 година). Мечот се игра како втор според денешната програма на теренот број 16, а почетокот на првиот меч е во 17 часот. (МИА) ...

Општина Ѓорче Петров продолжува со инвестициите во подобрување на условите за престој, воспитување и развој на најмладите. По цели 40 години, целосно се реконструирани три занимални во клонот „Детелинка“, со што децата и вработените добиваат значително подобри, побезбедни и посовремени услови. Во рамки на реконструкцијата, поставени се околу 200 квадратни метри нов под, целосно се обновени ѕидните површини, а изведена е и нова електрична ...

Соединетите Американски Држави влегуваат во „завршната фаза“ од војната со Иран, изјави министерот за финансии Скот Бесент, додека се подготвува да ги објави, како што ги нарече, најстрогите санкции во историјата против Техеран. – В зори почнува економски „Д-ден“ – најголемата поединечна финансиска офанзива воспоставена против некој противник – напиша Бесент на Х. Предвидено е денеска да ги презентира новите мерки на прес-конференција. Бесент ...

Во врска со објавите во повеќе медиуми во кои се пласираат информации и се создава впечаток дека Собранието на Република Македонија обезбедува и плаќа приватно здравствено осигурување за пратениците и за вработените во Собраниската служба, ја информираме јавноста дека станува збор за неточно и манипулативно претставување на фактите, се наведува во соопштение од прес-службата на Собранието. Собранието на Република Македонија не плаќа и не ...

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска почна судењето за предметот против поранешниот вицепремиер Артан Груби и седум други лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“. Основното јавно обвинителство Скопје на 13 август годинава поднесе обвинителен предлог против Артан Груби и седум други лица, кои во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејства со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности, со намера да му ...

Со прогласување на најуспешните риболовци, вчера заврши „Маврово Опен 2026“ Светскиот крапски куп. Овој натпревар во спортски риболов на крап кој се одржа викендов (од 20 до 23 август), беше во организација на Македонската риболовна федерација и со поддршка на локалнта самоуправа и ЈУНП „Маврово“. На натпреварот на Мавровското Езеро учествуваа 33 екипи од повеќе држави, а во текот на натпреварувањето беа изловени вкупно 495 парчиња крап, со ...

Рано утринава е извршен детален увид на теренот во село Бигла, Општина Делчево, каде што вчера избувна голем пожар. Уште од 5 часот наутро на терен биле присутни дежурни екипи на ТППЕ Делчево, Дирекцијата за заштита и спасување, МВР, Граничната полиција, Црвениот крст – Делчево и „Македонски шуми“. Како што информира градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, заедно со стручните лица бил направен детален увид во состојбата на теренот. ...

Не ви е потребна никаква комплицирана или скапа алатка – сепак е многу ефикасна против овој напад. Лебарките се меѓу најнепосакуваните домашни штетници, познати по нивната отпорност и способност за брзо размножување. Иако се достапни разни хемиски средства за нивна контрола, многумина претпочитаат да користат природни методи кои се побезбедни за луѓето и домашните миленици. Еден од најпопуларните рецепти е мешавина од сода бикарбона и шеќер, ...

По цели 33 години, за првпат се врши целосна реконструкција и обновување на горниот кат од објектот „Буба Мара“ во Ново Лисиче. Најмладите од септември ќе ги пречекаат нови и значително подобри услови за престој. Денеска, градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и претседателката на Советот, Сузана Павловска, го посетија објектот и извршија увид во текот на работите. На горниот кат се врши замена на подовите во сите занимални и ...

Топлотниот бран што ја зафати Грција донесе високи ноќни температури во областа Атика, поширокиот регион на Атина, што во одредени делови, синоќа, кусо пред полноќ достигнаа и до 32-33 степени – јави дописничката на МИА од Атина. Според податоците од метеоролошката служба „Метео“ на Националната опсерваторија во Атина, високите ноќни температури во комбинација со високата влажност на воздухот во грчката метропола создадоа услови на спарнина и ...

НУ Драмски театар Скопје со претставата „Гидионовиот јазол“ вечерва (24 август) ќе гостува на Бриони во Хрватска каде што театарот „Улисис“ е домаќин на фестивалот на Регионалната унија на театри (РУТА). Претставата ќе биде изведена во Летното кино во 21 часот. „Гидионовиот јазол“ на режисерката Драгана Милошевски-Попова е претстава работена по текст на авторката Џона Адамс. Драматург на претставата е Викторија Рангелова-Петровска, а улогите ...

Откако 5 години предметот за модуларната болница во Тетово се чуваше во фиоките на Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО, во која животите ги изгубија 14 лица, Венко Филипче, како тогашен министер за здравство, не беше повикан ниту на разговор, соопшти ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение кое ви го пренесуваме во целост. „За да биде појасно што се случувало, треба да се потсетиме дека модуларните болници биле поставувани без соодветен ...

Братислав ДИМИТРОВ Што значи овој наслов? Ништо. Се правам интересен. Сакам да бидам писател. Не страдам од вишок скромност, ама никогаш не сум се претставил како таков. Веднаш пред очи ми излегуваат Достоевски, Џојс и Кафка. И многу ми станува незгодно. Добро, лажам. Малку ми е незгодно, ама и тоа е доволно. Од друга страна, пак, гледам како насекаде и секој прави разни трилогии и шиба накај собрани дела. Па што сум јас покусо од нив? Одма ...

Украина никогаш не учествувала во операција поврзана со саботажата на гасоводот „Северен поток 2“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Зеленски тоа го изјави во Киев на средбата на врвот на Украина и Северно-балтичката осумка, во која членуваат Финска, Шведска, Норвешка, Данска, Исланд, Литванија, Латвија и Естонија. „Украина никогаш официјално не учествувала во каква било операција поврзана со разнесувањето на „Северен поток ...

Септемвриската програма на Кинотеката на Македонија повторно ја потврдува нејзината суштинска улога како простор во кој филмот не е само средство за гледање, туку и начин на паметење, преиспитување и откривање на различните лица на кинематографијата. Програмата обединува дела од македонската продукција, филмови од поширокиот балкански простор, класици на светската кинематографија, неми и класични филмови, како и посебни програмски целини ...

Со најостро несогласување ја отфрламе изјавата на бугарската претседателка Илијана Јотова дека Македонија и Бугарија имаат „заедничка историја“ и дека Софија ќе продолжи да се „грижи“ за Бугарите во Македонија, наведува Социјалистичката партија на Македонија (СПМ). -Македонската историја има свој континуитет и свој развој и не може денес да биде прекројувана според бугарски национални претензии. Македонија има свој историски, духовен и ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре ќе престојува во посета на Државата Израел. Во рамките на посетата, предвидено е министерот Муцунски да оствари средба и разговори со својот израелски колега, министерот за надворешни работи, Гидеон Саар (Gideon Sa’ar). Во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните односи, можностите за нивно натамошно унапредување и продлабочувањето на соработката меѓу ...

Денес „пеењето“ на Бујар Османи добива поинакво значење: Артан Груби е пред правдата, а Бујар сè уште го чека моментот да направи чекор кон лидерската позиција во ДУИ, велат од ВРЕДИ. -Со месеци Бујар молчи за Груби, иако некогаш двајцата беа на врвот на ДУИ. Денес се однесува како никогаш да немале заедничка политичка историја. Наместо мандатот како министер за надворешни работи да го користи во интерес на државата, Бујар го искористи и за ...

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), во соработка со Министерството за внатрешни работи, општинските совети за безбедност на сообраќајот и други партнери, ја започна сообраќајно-превентивната кампања „Безбеден град – за безбедни учесници во сообраќајот“, насочена кон информирање и едукација на граѓаните за функционирањето на системот „Безбеден град“. Кампањата има за цел да ги запознае сите учесници во ...

Резултатите од првите седум месеци од 2026 година се уште една потврда дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на подобра поврзаност и развој на Македонија.Двата македонски аеродроми од јануари до јули опслужиле 2.414.892 патници, што е 535.697 повеќе од истиот период лани. Реализирани се и 16.280 летови, односно 1.295 повеќе во споредба со 2025 година, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Особено значаен е месец јули, кога и Скопје и Охрид бележат ...

Конзервативната Влада на Нов Зеланд денеска ќе поднесе во Парламентот предлог-закон со кој се предвидува забрана за користење социјални мрежи за лица помлади од 16 години. Предлогот ќе ги обврзе платформите на социјалните мрежи да преземат разумни мерки за проверка на возраста на корисниците. Меѓу можните алатки се користење на веќе достапни податоци за корисничките сметки, технологија за препознавање лица и документи за дигитален идентитет. ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 17.08.2026 до 21.08.2026 зема 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје. ...

Сообраќајот на граничниот премин Табановце се одвива непречено и без задржувања, а возилата со странски регистарски ознаки кај кои е евидентиран сообраќаен прекршок за плаќање се задржуваат најмногу до пет минути за регулирање на обврската, информираат деенска од МВР. Нагласуваат дека благодарение на воведениот систем и можноста за електронско регулирање преку апликацијата „Безбеден град“, постапката е значително олеснета и забрзана. ...

Ѓакон во Катана Сицилиска. Царот Диоклецијан испрати во Сицилија некој војвода Пентагур за да ги уништи христијаните, зашто оние малку што ги имаше се криеја од гонителите и не се објавуваа себеси. Тогаш некој го обвини Свети Евпл дека оди со некоја книга кај некои потајни христијани и им ја чита таа книга. Книгата беше Светото Евангелие. Откако го изведоа на суд, по малку време незнабожците му ја обесија онаа книга на вратот и го одведоа во ...

Копретседателката на ултрадесничарската „Алтернатива за Германија“ (АфД), Алис Вајдел, изјави дека доколку партијата влезе во федералната Влада, ќе бара Германија да ја напушти еврозоната и Шенгенскиот договор, затворање на националните граници и значително заострување на миграциската политика. Вајдел тоа го изјави во интервјуто за германската телевизија „Зе-Де-Еф“ емитувано вчера. „На Германија и беше значително подобро пред воведувањето на ...

Во рамки на програмата на „Карпошово културно лето“, на локацијата „Фонтана“ во населбата Карпош 3, се реализираше проектот „Нашето Маало – детска интерактивна просторна инсталација“, организиран од архитектката Ружица Ивановиќ. Во рамки на интерактивната работилница, најмалите карпошани имаа можност преку игра, цртање и креативно изразување да изработуваат макети и да создаваат сопствени замисли за просторот што ги опкружува. На овој начин, ...

Овен (21.03 – 20.04) Ќе изнаоѓате разни начини да неработите, а наскоро можно е и да ја промените работата. Ви здосадило секој ден да правите исти работи. Во љубовта одлично напредувате, секој ден сте се поблиски со партнерот. Приредете му некакво изненадување. Бик (21.04 – 21.05) Денот ќе ви биде одличен на деловен план, шефот ќе го забележи вашиот позитивен придонес. Некој колега ќе ви побара помош, па помогнете му колку што можете. Денов ...

Поради интензивните дождови властите на Тајван наредија затворање на училиштата и канцеларии во јужниот дел на земјата, во исчекување на тајфунот што се очекува подоцна оваа недела да помине покрај северниот дел на островот. Обилните врнежи предизвикаа проблеми и во железничкиот сообраќај. Експресните возови ќе бидат запрени, додека сообраќајот на останатите возови ќе се одвива зависно временските услови. Во некои делови на Тајван упатен е ...

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 4 се под контрола, а 25 се изгаснати, соопшти утрово Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општините Студеничани и Зелениково – кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер со кракот кон селата Палиград и Вражале во Општина Зелениково, во Општина Македонски Брод – кај месноста Видуш и селата Драгов Дол и Локвица, во ...

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска ќе оствари работна посета на општина Струга. Во Струга Николоски со градоначалникот Менди Ќура ќе извршат увид во реализација на инфраструктурни проекти во општината. Како што информираат од Министерството за транспорт, предвидени се изјави за медиуми. Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска ќе оствари работна ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
2.06
37%
1018
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
6.0
33%
1018
weather icon

Загреб

28ᴼ / 25ᴼ
2.06
36%
1019
weather icon

Софија

30ᴼ / 28ᴼ
5.14
44%
1019
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
2.73
37%
1018
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
1.03
61%
1020
weather icon

Атина

37ᴼ / 34ᴼ
8.75
33%
1014
weather icon

Тирана

35ᴼ / 32ᴼ
2.06
47%
1015
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
0.51
35%
1015
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 28ᴼ
5.14
43%
1018
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 24ᴼ
2.06
34%
1021
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 29ᴼ
6.69
51%
1017
Currency

61.525

Currency

52.6372

Currency

71.756

Currency

37.7346

Currency

38.0657

Currency

65.6895

Currency

7.83813

Currency

0.63317

Currency

0.33092

Currency

0.52394

Currency

1.09574

Currency

0.55035

Калај

56.14

Алуминиум

3.25

Рутениум

53852.50

Злато

149009.07

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Родиум

282926.57

Сребро

2214.40

Паладиум

42824.79

Цинк

0.00

Бакар

13.17

Платина

60379.10