Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
На 20.08.2026 во 15:05 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Т.Б.(82) од село во велешко, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 78-годишна сопруга, информира МВР. Според пријавеното, ваквите настани се случувале подолг временски период. Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес и по документирање на настанот против Т.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава. ...
Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго одзеде повеќе од 2.500 животи и се шири експоненцијално на област поголема од површината на Франција, изјави денеска високиот координатор за борба со ебола на ОН, Жилиен Харне. „Финансирањето за помош ги покрива само следните неколку недели и може да истече доколку не се обезбедат повеќе пари“, рече Харне. Функционерот на Светската здравствена организација, Тиерно Балде, претходно оваа ...
Подготвена е нацрт-одлуката за воведување на училишна кошничка, која во консултациите со трговците на големо и мало кои продаваат училишен прибор била прифатена како соодветен и практичен модел за намалување на трошоците за родителите пред почетокот на новата учебна година – информира денеска Министерството за економија и труд. Согласно предлогот, ќе се понуди училишна кошничка до 15 проценти попуст, а составот и крајната цена на кошничката, ...
Овој трик да има најдобар ефект, треба да не ја преполнувате машината за перење алишта. Имено, ако пеглањето не ви е омилена домашна работа,постои едноставен трик кој би можел да ви ја олесни работата. Се што ви треба е алуминиумска фолија од која ќе направите две или три топчиња и ќе ги вметнете во барабанот на машината за перење. Иако тоа нема да направи облеката да излезе совршено испеглана, многумина тврдат дека може да го намали ...
Американската и јужнокорејската војска ги завршија своите годишни воени вежби денеска, шест дена порано од првично планираното, во знак на помирување со Северна Кореја, иако Пјонгјанг рече дека тој потег не е доволен за враќање на разговорите. Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно одеднаш му нареди на Пентагон „значително да го намали“ опсегот на вежбата „Штитот на слободата Улчи“ (Ulchi Freedom Shield), непосредно пред да започне во ...
На 20.08.2026 во 22:31 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на ул.„Филип втори“ во Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ светиниколски регистарски ознаки управувано од Љ.Д.(68) од Свети Николе и мотоцикл „хонда“ со светиниколски регистарски ознаки, управуван од С.П.(30) од с.Преод, светиниколско. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, додека со телесни повреди неговата ...
Македонските пингпонгари Амелиа Николов (кај жените) и Кристијан Станојковски (кај мажите) ќе ја претставуваат Македонија на Европското првенство во Љубљана, Словенија, што ќе се одржува од 11 до 18.октомври годинава. На најпрестижното континентално првенство ќе настапат учесници од 40 земји, а учеството на македонските претставници треба да биде убаво искуство и предизвик да се прикажат во најдобро издание. Пред настапот на Европското ...
Стресот сè почесто станува дел од секојдневието, а доколку трае подолг период, може да остави сериозни последици врз физичкото и психичкото здравје. Работните обврски, финансиските проблеми, семејните грижи и брзиот начин на живот се само дел од причините поради кои луѓето се соочуваат со постојана напнатост. Краткотрајниот стрес е природна реакција на организмот и му помага на човекот да реагира во ситуации кои ги доживува како опасни или ...
Во јуни годинава просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 48 381 денар и е повисока за 6,4 проценти во однос на јуни лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 10.6 проценти, Земјоделство, шумарство и рибарство за 8.1 проценти и Транспорт и складирање за 8 ...
Свесното жртвување на обвинението за трагедијата во модуларната болница во Тетово претставува повторно жртвување на 14-те настрадани, на нивното достоинство и на болката на нивните најблиски, велат во партиското соопштение од ВРЕДИ. Али Ахмети и обвинителството раководено од Ислам Абази должат одговор пред јавноста: како е можно по 14 изгубени животи на крајот да излезе дека „виновен“ е кабелот? Овој случај ризикува да остане запаметен како ...
Вкупно десет пожари се регистрирани на отворен простор до 13 часот, од кои шест се активни, еден е под контрола и три се изгаснати. Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека активни во моменов се пожарите во општина Прилеп – во атарот на село Чаниште, на кракот кон селата Крушевица, Лопатица и Дуње, како и на кракот кон Црна Река, каде што гори ниска вегетација; во општина Студеничани – на потегот село Моране – село Вртекица – село ...
Центарот за јавно здравје Тетово денеска одлучи да ја прекине состојбата на епидемија во Гостивар, истакна на прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски. Според нивните епидемиолошки податоци, посочи министерот, нема веќе случаи на ентероколитис или стомачни проблеми поврзани со водата за пиење. Вчера заврши и триесетдневната кризна состојба во Гостивар што беше прогласена од страна на Владата на 20 јули, поради загадување на ...
Од денеска почна да работи ПЕТ-скенот, закажани се девет пациенти. Денеска е донесена неопходната количина на радиоизотопот од Истанбул. Комуницираме и со Софија, бидејќи Истанбул работи од понеделник до четврток, сакаме да обезбедиме и алтернатива на Истанбул за да можеме ПЕТ-скенот да работи во сабота, изјави министерот за здравство Сашо Клековски. ПЕТ-скенот, појасни министерот, во изминатите години работел приближно 2.100 до 2.200 снимања ...
Преку разни програми од Министерството за транспорт инвестираме над 9,5 милиони евра во Прилеп, во нови улици, канализациони и водоводни системи и урбан развој. Паралелно со инвестициите во општината, забрзно се работи на изградба на автопатот Прилеп -Битола, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски при работната посета во Прилеп. Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот Дејан ...
Претседателот Володимир Зеленски потпиша четири декрети со кои се спроведуваат одлуките на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина. Меѓу санкционираните се претпријатија од рускиот воено-индустриски комплекс, компании поврзани со „Русал“, како и анимираната серија „Маша и медо“. Ограничувања се воведени за студиото „Анимакорд“, кое ја создаде серијата, и за пет руски државјани. На листата се наоѓаат основачот и извршниот ...
По екстремниот топлотен бран, Европа ја погоди страшен олуен фронт кој во Словенија однесе еден живот по удар на гром, додека во Австрија и Франција незапаметени поројни води носеа автомобили. По топлотниот бран, силно невреме зафати делови од Европа, а Франција, Австрија и Словенија се соочуваат со бури, поплави и голема материјална штета. Во Франција, поради силните бури, беа откажани бројни летови од Корзика, додека поплави го погодија ...
На денешната прес конференција на министерот за здравство, Сашо Клековски, на која информираше за актуелната епидемија со западнонилска треска, присуствуваа и повеќе градоначалници од скопскиот регион, претставници на градот Скопје и Институтот за јавно здравје и Центар за јавно здравје. – Досега имаме регистрирано 43 случаи на западнонилска треска, од кои 40 се дефинитивно потврдени, а 3 случаи се потврдени со еден тест. Исто така, различно ...
Општина Карбинци обезбеди субвенции за граѓаните кои ќе набават пелети за огрев за претстојната зимска грејна сезона. Градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов на денешната прес-конференција рече дека ова е нова мерка и за првпат се воведува за граѓаните на Општината - Се работи за субвенционирање за набавка на пелети за домаќинствата на жителите на Општина Карбинци кои се со жителство и со адреса од Општина Карбинци. Принципот на ...
Нежен, кремаст и ароматичен тарт со богата рикота, крцкава бадемова подлога и свежи смокви прелиени со мед. Совршен летен десерт кој изгледа прекрасно, а се подготвува едноставно. Состојки: 70 г бадеми 90 г брашно 70 г путер 1 лажичка вода ¼ лажичка сол За кремот: 4 жолчки 50 г шеќер 1 ванилин шеќер 425 г рикота (урда) 1 лажичка екстракт од ванила За декорација: 3–4 лажички мед свежи смокви Подготовка: Ако рикотата е многу влажна, оставете ја ...
Поп-пејачката Дуа Липа деновиве ужива со семејството покрај море – на шпанските острови, но и со пријателките во Портофино. „Нејзиниот живот е еден голем одмор“, често се шегуваат обожавателите на пејачката Дуа Липа, која, кога не е на турнеја, ужива во животот, патувањата и разновидната храна. И самата во неколку наврати признала дека ужива во таквиот начин на живот, а тоа го покажуваат и најновите фотографии на кои ужива со семејството во ...
Хрватска од 1 март 2027 година воведува нов дигитален систем за наплата на патарини, со кој класичните наплатни рампи и долгите колони на автопатите треба да станат минато. Системот „Crolibertas“ ќе овозможи возилата да минуваат без запирање, а патарината ќе се пресметува според изминатата делница и категоријата на возилото. Во тек е поставувањето на 212 електронски портали со камери и сензори долж околу 1.400 километри автопатишта. Новиот ...
Претседателот Володимир Зеленски потпиша четири декрети со кои се спроведуваат одлуките на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина. Меѓу санкционираните се претпријатија од рускиот воено-индустриски комплекс, компании поврзани со „Русал“, како и анимираната серија „Маша и медо“. Ограничувања се воведени за студиото „Анимакорд“, кое ја создаде серијата, и за пет руски државјани. На листата се наоѓаат основачот и извршниот ...
Фолирантите од ДУИ, пред да отворат уста за избори, нека кажат зошто по поразот на локалните избори никој кај нив не понесе политичка одговорност. Али Ахмети продолжи да продава магла со старата финта за повлекување, Бујар Османи го изгуби Чаир и остана потпретседател и главен играч за тронот на ДУИ, Бајрам Реџепи го изгуби Тетово и остана во партиското претседателство, а Фатон Ахмети за изборниот пораз беше награден со две нови партиски ...
Фолирантите од ДУИ, пред да отворат уста за избори, нека кажат зошто по поразот на локалните избори никој кај нив не понесе политичка одговорност. Али Ахмети продолжи да продава магла со старата финта за повлекување, Бујар Османи го изгуби Чаир и остана потпретседател и главен играч за тронот на ДУИ, Бајрам Реџепи го изгуби Тетово и остана во партиското претседателство, а Фатон Ахмети за изборниот пораз беше награден со две нови партиски ...
Околу 150 шахисти, спортисти и членови на екипите од утре до 29 овој месец ќе учествуваат на Првата екипна шаховска лига, во машка и женска конкуренција, што ќе се одржи во Струга, во организација на шаховскиот клуб „Фламуртари“. – Општина Струга го поддржува овој настан, со уверување дека вложувањето во спортот е вложување во луѓето, талентот и иднината. Секој спорт, секој талент и секој граѓанин кој придонесува за активен живот во ...
Активноста на приватниот сектор во еврозоната се искачи на деветмесечен максимум во август, покажа прелиминарната проценка на SiP Global. Композитниот индекс на менаџери за набавки се искачи на 52,1 од 52 во јули, дополнително оддалечувајќи се од прагот од 50 поени што го раздвојува растот од падот. Главен двигател на растот беше индустријата. PMI во производствениот сектор се зголеми од 51,9 на 52,8, што е највисоко ниво за повеќе од четири ...
Општина Илинден започна со реализација на проектот за пренамена на постојната кујна во детската градинка „Гоце Делчев“, со што ќе се обезбедат дополнителни простории за престој и згрижување на дечињата. По изградбата на новата централна кујна, чија реализација е во завршна фаза, постојниот кујнски простор ќе биде целосно реконструиран и пренаменет во две нови занимални. Во рамки на градежните активности е предвидена изведба на нови преградни ...
Енергетската поврзаност е клучна за поголема сигурност на снабдувањето и за интеграција на регионот. Тоа го истакнаа вршителката на должноста амбасадор на САД во Северна Македонија, Никол Варнс, и директорот на МЕПСО, Бурим Љатифи, при денешната посета на Трафостаницата (ТС) Охрид. Варнс, во присуство на дел од менаџментот на МЕПСО, се запозна со динамиката на реализација на проектот за енергетско поврзување на Северна Македонија со Албанија. ...
Шеснаесет пливачи од осум држави утре ќе застанат на стартот на 39. Охридски пливачки маратон, што ќе се одржи на традиционалната 25-километарска патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Охридското пристаниште. На маратонот ќе настапат пливачи од Македонија, Србија, Турција, Канада, Италија, Шпанија, Португалија и од Аргентина, од кои 11 во машка и пет во женска конкуренција. Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на денешната ...
Единицата за брзо распоредување – ЕБР при Министерството за внатрешни работи утре ќе одбележи 25 години од формирањето. Одбележувањето на големиот јубилеј ќе започне во 18 часот пред Офицерскиот дом во Битола. Во рамки на одбележувањето, припадниците на ЕБР ќе изведат атрактивна тактичко-показна вежба, во која ќе ги демонстрираат своите професионални вештини и оперативна подготвеност, а ќе имате можност одблизу да ја погледнете и опремата ...