Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Индустриското производство во септември 2026 година бележи зголемување од 2,4 проценти во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Растот се должи пред сè на зголеменото производство во преработувачката индустрија, каде што е регистриран пораст од 4,2 проценти. Наспроти тоа, во секторот Рударство и вадење камен е забележано намалување на производството од 7,7 проценти, а во секторот ...
Народната банка континуирано го следи работењето на сите банки, нивната ликвидност, капиталната позиција и изложеноста на ризици. Квалитетот на супервизијата е потврден и со оцената на Европската комисија за еквивалентност на домашната со европската регулаторна и супервизорска рамка. „Домашниот банкарски систем е стабилен и отпорен. Народната банка континуирано, на секојдневна основа, го следи работењето на банките, нивната ликвидност, ...
АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со редовно и непречено работење, соопштија од банката. Сите експозитури и банкомати во вообичаениот режим, а клиентите имаат непречен пристап до своите средства. Клиентите можат слободно да располагаат со своите депозити, да подигнуваат готовина и да ги извршуваат сите банкарски трансакции, согласно вообичаените услови на работење. Настаните поврзани со банката во Србија не значат автоматски ...
Народната банка на Република Македонија воведе привремена администрација во „АЛТА банка“ АД Битола исклучиво поради случувањата поврзани со нејзиниот акционер со квалификувано учество, „Алта банка“ АД Белград. Важно е да се нагласи дека воведувањето привремена администрација не значи затворање на „АЛТА банка“ АД Битола, ниту активирање на механизмот за исплата на депозитите преку Фондот за осигурување депозити. Напротив, целта на оваа ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,55% во однос на одлуката од 26.10.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек кај бензините за 0,793%, кај дизелот има ...
Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ) забранила влез на пратка јаболка од Македонија, откако лабораториските анализи покажале нивоа на остатоци од пестициди повисоки од максимално дозволените граници. Пратката, со вкупна тежина од 19.350 килограми, ќе биде вратена во Македонија. Како што соопшти БАБХ, лабораториските анализи утврдиле нивоа на остатоци од пестициди над законски пропишаните максимално дозволени граници, поради што ...
Владата денеска на седница го усвои Дополнетиот Предлог-ребаланс на Буџетот за 2026 година во кој се вградени одредени реалокации. Дополнетиот предлог се усвојува по завршување на расправата во матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет и повторно ќе се достави во Собранието за усвојување на пленарна седница. Со Дополнетиот ребаланс се направени реалокации помеѓу буџетските корисници со цел усогласување на реализацијата со ...
Членките на еврозоната имаат рок до петок да предложат кандидат кој ќе ја наследи Кристин Лагард на чело на Европската централна банка (ЕЦБ), за министрите за финансии веќе во следниот понеделник да ги разгледаат номинациите, изјави денеска портпарол на Еврогрупата за „Евроњуз“. Еврогрупата ги обединува министрите за финансии на земјите од еврозоната. По минатонеделното писмо на Кристин Лагард до претседателот на Европскиот совет, Антонио ...
Во еден момент во мојот настап во емисијата „Топ тема“ на Телма во минатиот понеделник изнесов став околу една од можните причини за брзото пропаѓање на Алта банка од Белград. Спомнав дека „Медиумите ја урнаа банката …“, мислејќи на мноштвото шпекулации и непроверени информации кои циркулираа во медиумскиот простор во Србија неколку дена пред одлуката на НБС за одземање на дозволата за работа на банката, се посочува во соопштението од ...
Авионската компанија „Флајдубаи“ (Flydubai) од 1 април 2027 година повторно ќе ги воспостави летовите меѓу Меѓународниот аеродром во Дубаи и Меѓународниот аеродром „Скопје“. Предвидени се ти лета неделно – понеделник, четврток и сабота. Со обновувањето на линијата патниците повторно ќе добијат директна воздушна врска меѓу Скопје и Дубаи, како и можност за поврзување со стотици дестинации преку партнерството за заедничко користење летови ...
Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Гоце Димовски, денеска во Ашафенбург, Германија, оствари средба со менаџментот на компанијата Џојсон Сејфти Системс, која е присутна и во Македонија со своите производствени капацитети во ТИРЗ Кичево. На средбата, како што соопшти Дирекцијата за ТИРЗ, биле разгледани досегашната соработка, тековните активности на компанијата и можностите за нејзин понатамошен развој. ...
Во Извештајот за нашата земја за 2026 година Европската комисија го оценува банкарскиот сектор како отпорен, со солидна капитализираност, квалитет на кредитното портфолио и профитабилност. Воедно, се нотираат активностите на Народната банка за зајакнување на финансиската стабилност и усогласување со европските стандарди. Во Извештајот се истакнува дека Народната банка останува посветена на водењето на монетарната политика во рамките на ...
Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и регулиран со најстроги закони. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Централниот дневник на МРТ. -Банкарскиот сектор во Република Македонија е стабилен и ова не е првпат да го зборувам. Ова е резултат на едно долгогодишно искуство и работење во банкарскиот сектор. Законите во Македонија се најстроги кога станува збор за овој дел или финансискиот систем ...
Народната банка најостро ги отфрла денешните обвинувања на СДСМ во врска со назначувањето на еден од администраторите на АЛТА банка АД Битола. Од таму велат дека станува збор за повторување на веќе демантирани тврдења, со кои свесно се извртуваат фактите и се создава погрешна слика во јавноста. -Овие наводи беа објавени вчера во неколку медиуми, по што Народната банка веднаш реагираше и ги демантираше. Демантот беше професионално објавен од ...
Извозот на стоки од земјава во периодот јануари – септември 2026 година достигнал 6,62 милијарди евра и бележи раст од 10,8 проценти во споредба со истиот период лани. Истовремено, увозот изнесувал 9,18 милијарди евра, што претставува зголемување од 7,9 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во овој период е остварен трговски дефицит од околу 2,56 милијарди евра. Според производите, во извозот најголемо учество ...
Во однос на наводите во јавноста за трансфер на поголеми износи на средства во/кон Србија и Русија преку „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка информира дека врз основа на детално анализирани податоци, вакви трансакции во текот на 2025 година и заклучно октомври 2026 година не се забележани, информира Народната банка во соопштение што го пренесуваме интегрално. „Податоците покажуваат дека трансакциите на клиентите на Банката со Србија се во ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ги демантира денешните обвинувања од СДСМ за јавниот долг. – Најодговорно тврдам дека никогаш не сум била дел од какви било незаконски или противправни постапки. Обвинувањата поврзани со јавниот долг се целосно неосновани и претставуваат обид за манипулација со јавноста – вели министерката за финансии во објава на „Фејсбук“. Димитриеска-Кочоска вели дека податоците за јавниот долг на ...
Винаријата „Попова кула“ од Демир Капија доби сертификат за органско винско производство по четири години работа на преминот кон органско производство. На промоцијата, одржана на 5 ноември, беше истакнато дека ваквото производство отвора можности за производи со повисока додадена вредност и подобра позиција на македонското вино на меѓународните пазари. Извршниот директор Јордан Трајков го оцени добивањето на сертификатот како значајно ...
Пред две и пол години реков дека треба да го запреме слободниот пад на образованието, затоа што тоа беше реална ситуација. Тоа го направивме. Образованието е еден од столбовите на државата и затоа е значаен напредокот што го бележи и Европската комисија, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на Панел-дискусијата „Извештајот на Европската комисија за 2026 – напредок и реформи“ што денеска се одржа во Владата. Извештајот ги ...
Скопското средно училиште „Димитар Влахов“ од денес има модерен фризерско козметички кабинет, наменет за практична настава на учениците од струката – лични услуги. Постојните простории се целосно обновени и опремени со инвестиција од околу 3,5 милиони денари која ја обезбедија Министерството за образование и наука, Градот Скопје и училиштето. На пуштањето во употреба на кабинетот за практична настава, присуствуваше државниот секретар во МОН, ...
Европската комисија во Извештајот за напредокот на земјата нотира позитивни движења во макроекономските показатели, како и активности за унапредување на управувањето со јавните финансии, спроведувањето на Законот за буџети и зајакнувањето на системите за финансиска контрола. Во делот на макроекономските движења, Извештајот посочува, дека eкономскиот раст се забрза во 2025 година, поттикнат од силните инвестиции и приватната потрошувачка. ...
Народната банка продолжува со постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, со цел да им се овозможи полесен пристап до нивните средства и непречено користење на банкарските услуги. Денеска гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески и соопшти на јавноста три нови олеснувања, кои се однесуваат на проширување на мрежата за исплата на готовина, зголемување на лимитите за користење ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот наЕвропската комисија за напредокот за 2026 година. Соговорниците се согласија дека се постигнати очигледни конкретни резултати. Обајцата го поздравија препознавањето на државата како една од најуспешните во исполнувањето на Реформската агенда и Планот за раст на Западен Балкан. Амбасадорот ...
Министерството за образование и наука објави нов Конкурс за доделување 3000 студентски стипендии за студиската 2026/2027 година, со кој се воведува значајно унапредување на досегашниот модел на студентско стипендирање. МОН соопшти дека со новиот модел поинаков е пристапот во распределбата на државната поддршка. – Пристапот истовремено ја препознава социјалната ранливост, го вреднува академскиот успех и го поттикнува образованието на кадар во ...
Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп, Охрид и Ресен, кои имаат платежна сметка во „АЛТА банка“ АД Битола, а не располагаат со платежна картичка, дека утре, сабота, 7 ноември, ќе биде организиран превоз од овие градови до филијалата на Банката во Битола и назад. На овој начин ќе им се овозможи полесно да пристапат до средствата на своите сметки и да подигнат готовина. Враќањето до местото на живеење ќе биде откако сите клиенти на ...
Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, ја коментираше темата за Алта банка и случувањата во земјава, за што кажа дека Народната банка веќе најавила сет мерки и како независно регулаторно тело работи да го заштити интересот на граѓаните, додека како што вели, лидерот на СДС повторно се обидува да создаде паника од случување на домино ефект. „Народната банка претставува една посебна независно ...
Антонио Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во Дневникот на телевизија Алсат, каде говореше за актуелни теми поврзани со Извештајот од Европската комисија, а за кој смета дека е реален приказ на состојбите во земјава, и се осврна на пофалбите и слабостите од истиот. „По однос на собранието, ние сме задоволни од проценките на овој Извештај, затоа што, прво, се оценува дека Собранието работи ефикасно. Второ, по однос на Реформската ...
Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на седница усвои заклучок за објавување конечност на резултатите од вториот круг предвремени избори во Брвеница, врз основа на записникот добиен од Општинската изборна комисија на Брвеница, во кој се констатира изборот на Аркин Јахији од Националната алијанса за интеграција. Со усвоениот заклучок на ДИК, Аркин Јахији од НАИ е градоначалник на Брвеница. – Во рок од 24 часа од приемот на решението по ...
Претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, порача дека ЗНАМ нема да отстапи од ставот дека правосудниот испит се полага само на македонски јазик, ниту ќе прифати Македонија повторно да прави отстапки во однос на уставните измени. За овие прашања нема политички пазарења, нема импровизации и нема отстапување од државните интереси, наведува ЗНАМ во соопштение кое го пренесуваме интегрално. „Во однос на ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва, заедно со градоначалникот на Општина Есенлер, Турција, Мехмет Тевфик Гоксу, свечено го пуштија во употреба новото декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост. На настанот присуствуваа и амбасадорот на Турција, Н.Е. Алпер Акташ, извршниот директор на Халк Банка, Фатих Шахбаз и почесниот конзул, Ајдован Адемоски. – Постојат места на кои секогаш им се враќаме, затоа што во ...