Европската комисија ги објави официјалните датуми за почеток и крај на летното сметање на времето до 2031 година. Според важечките правила на Европска Унија, летното сметање на времето започнува последната недела од март и завршува последната недела од октомври секоја година. Оваа година, зимското сметање на времето ќе почне на 25 октомври, додека летното сметање на времето во 2027 година ќе започне на 28 март и ќе заврши на 31 октомври. ...

Петок, 28 август е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед поради верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). За време на продолжениот викенд температурите ќе бидат до 39 степен. Во петок и сабота минималните температури ќе се движат од 13 до 22 степени, а дневните од 32 до 39 степени. Времето ќе биде сончево. Според прогнозите во недела се очекуваат за некој степен пониски температури, а ќе има и услови ...

Англискиот фудбалер Рахим Стерлинг, минува низ најтешкиот период во кариерата и животот. Поранешната ѕвезда на Манчестер сити, Челси и Арсенал се соочува со сериозна закана од затворска казна, откако официјално е обвинет за три тешки прекршоци. Стерлинг е обвинет за опасно возење, одбивање да даде примерок за алкотест и поседување на забранет азотен оксид, познат како „гас за смеење“. Случајот е поврзан со сообраќајната несреќа во мај, кога ...

Центар за дневен престој на стари лица со активно стареење е отворен денеска во Гевгелија, што е уште еден важен чекор кон создавање подобри и подостапни социјални услуги во заедницата. -Центарот е наменет за лица над 65 години, особено за оние кои живеат сами, се соочуваат со осаменост и социјална изолација или имаат потреба од дневна поддршка, дружење и активности. Со капацитет за 50 корисници, Центарот ќе биде место за дружење, одмор, ...

Ален Рустемовски ја загуби полуфиналната борба и нема да може да се бори за златниот медал на Медитеранските игри. Македонскиот боксер беше поразен во полуфиналето од Марин Хернандез од Шпанија, во меч кој предизвика големо незадоволство во нашиот табор. Судиите му ја доделија победата на шпанскиот претставник, одлука која беше пречекана со разочарување од македонската делегација. Хернандез е боксер со кубанско потекло, кој во изминатите ...

Четириесет и две годишна жена од Штип вчера пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 4.713 евра. Во СВР-Штип измамата ја има пријавено вчера во 15 часот, а според пријавеното измамникот се претставил како директор на финансиско друштво и таа контактирала со него преку мобилна апликација за да ѝ помогне за подигнување кредит во име на нејзин пријател. -Како што е пријавено, со прикажување на лажни факти, од неа барал по разни ...

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 14. седница едногласно ги донесе одлуките и упатствата за спроведување на предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври. Претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ, информираше дека за организацијата и спроведувањето на изборите е предвиден вкупен финансиски план од 21,1 милион денари. Средствата, како што посочи, вчера биле одобрени од Владата. Од вкупната ...

Бројот на активното население во второто тримесечје од 2026 година е зголемен за 0,8 проценти во однос со истото тримесечје од минатата година, додека бројот на невработени лица е намален за 1,5 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) активното население во земјава е 798 718 лица од кои 708 698 се вработени, а 90 020 се невработени. При тоа стапката на активност изнесува 52,5, стапката на вработеност 46,6, а стапката ...

Автомобил стар 98 години ќе биде дел од изложбата на олдтајмери, во рамки на годинашниот „Тиквешки гроздобер“, соопштија на денешната прес-конференција, посветена на традиционалната стопанско-туристичка и културна манифестација што ќе се одржи на 4, 5 и 6 септември во Кавадарци. Организаторите најавија богата програма, што започнува со гроздоберска трпеза, па продолжува со други настани како промоција на монографија „50 години – Музеј ...

Лице во холандската покраина Утрехт почина во болница по заразување од вирусот западен нил – објави денеска холандскиот јавен радиодифузен сервис НОС повикувајќи се на Националниот институт за јавно здравје и животна средина (РИВМ). Ова е прв регистриран смртен случај од овој вирус во Холандија по шест години. РИВМ годинава го детектира вирусот западен нил во покраините Утрехт, Северен Брабант и Јужна Холандија, а уште двајца заразени ...

Мозес Рајт ја комплетираше процедурата за добивање на македонски пасош, по што се стави на располагање на зелекторот Берокал за претстојниот меч со Австрија што ќе се одигра на 30 август во Виена. Рајт веќе одржа неколку тренинзи со новите репрезентативни колеги и делува задоволно што адаптацијата минува без апсолутно никакви проблеми. „Работиме заеднички за средбата која ни следи. Ми се допаѓа тимот и начинот на кој сум прифатен во ...

Во 2025 година во Македонија биле произведени 130.174 тони бакарен, оловен и цинков концентрат, при што рударството учествувало со 10,9 проценти во индустриското производство и со 2,8 проценти во вкупниот извоз на државата – истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на одбележувањето на Денот на рударите. Таа посочи дека во истата година приходите од концесиски надоместоци достигнале над 1,22 милијарда ...

На 25.08.2026 во 19:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го лишија од слобода М.Б.(61) од село во општинa Маврово и Ростуше, постапувајќи по претходна пријава дека во семејната куќа ја затворил неговата 49-годишна сопруга, физички ја нападнал и ѝ се заканувал, информираат од СВР Тетово. Околу 19:30 часот полициски службеници ја ослободиле жената, а тој бил приведен и задржан во полициска станица. По целосно ...

На 25.08.2026 во 06:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во водите на реката Вардар на подрачјето на Гази Баба има човечко тело. -Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје телото е извлечено од реката, а по извршено препознавање од семејството било утврдено дека се работи за Т.Г.(83) од Скопје за кого на 24.08.2026 неговиот син Г.Г.(46) пријави дека се оддалечил од домот, информира МВР. Извршен е увид, а по наредба на јавен ...

На неделно ниво веќе има тренд на намалување на бројот на заболени од западнонилска треска – истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски. На прес-конференцијата присуствуваше и Драган Кочински од Институтот за јавно здравје, кој рече дека во 33-тата недела имало пик со 11 случаи, а оттогаш во 34-тата недела бројот се намалува. – Во Драчево има јасна причинско-последична врска со земјеното прскање на критичните ...

Пороен град на француските Пиринеи предизвика прекинување на третата етапа од велосипедската грантур-трка Вуелта, пишува агенцијата „Ројтерс“. Со преостанати 15 км од 174-километарската етапа, велосипедистите се приближуваа до врвот на Кол де Мон-Луис, кога огромни зрна град почнаа да отскокнуваат од асфалтот и да ги погодуваат велосипедистите. Во тие моменти Матс Венцел и Лоренцо Фортунато беа 25 секунди пред другите натпреварувачи, а ...

Клеј Томпсон официјално потпиша двегодишен договор со Мајами Хит вреден околу 11,5 милиони долари. „Знам дека овде има високи барања и токму тоа ме привлече. Веќе сум почувствувал како изгледа да се победува и нема ништо слично на тоа. Можноста повторно да се борам за највисоки цели беше многу важна за мене“, изјави Томпсон. Тој претходните две сезони ги мина во Далас Маверикс додека пред тоа цели 13 години беше дел од Голден Стејт со кои ...

Манчестер Сити го комплетираше трансферот на еден од најталентираните млади фудбалери во Европа. „Граѓаните“ официјално го договорија Ајуб Буади од Лич за вкупен пакет од 100 милиони евра. Англискиот гигант ќе плати фиксни 95 милиони евра, додека дополнителни пет милиони евра се предвидени преку бонуси. Буади веќе го потпиша договорот со Сити, кој ќе важи до јуни 2031 година. Манчестер Сити го комплетираше трансферот на еден од ...

Турските царинарници открија и конфискуваа приближно 3000 килограми марихуана на граничниот премин со Бугарија Хамзабејли/Лесово. Дрогата била откриена во камион. Возачот, чија националност не е соопштена, е приведен. Марихуаната била спакувана во 255 пакети, кои биле скриени на различни места во камионот. Турските царинарници открија и конфискуваа приближно 3000 килограми марихуана на граничниот премин со Бугарија Хамзабејли/Лесово. Дрогата ...

Нова веб-страница http://www.healthalert.mk/, на која има податоци за состојбата со западнонилската треска, ризичните подрачја и преземените активности, промовира денеска на прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски. Опфатени се податоци од Клиниката за инфективни болести, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, а во иднина ќе има податоци и од Агенцијата за храна и ветеринарство. – Со цел да обезбедиме ...

Премиерот на Унгарија, Петер Маѓар потпиша документ за насоки за работата на унгарската делегација во Генералното собрание на ОН, во кој Русија е прогласена за закана. – Унгарија ја осудува руската воена агресија и целосно го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во рамките на нејзините меѓународно признати граници, се наведува во документот. Исто така, се нагласува дека Унгарија „го признава правото на Украина на ...

Најмалку 17 луѓе загинаа, а 384 лица се водат како исчезнати во поплавата што го погоди пограничниот регион помеѓу Непал и Тибет. Помеѓу исчезнатите лица 105 се индиски државјани, 12 Британци, а на 111 човек сè уште не е утврдена националноста. Надојдената вода оштети села и патишта, а непалските власти побараа помош од Кина и од Индија. Реката Боте Коши извира во Тибет и се влева во непалската река Тришули, која на крајот се влева во Индија ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска објави метеоаларм за утре, 27 август, врз основа на кој одредени делови на државата се во портокалова фаза. Времето утре ќе биде сончево и топло со мала со умерена локална облачност и услови за краткотрајна нестабилност во попладневните часови. Во Скопје и Демир Капија се предвидува температурата да достигне до 39 степен, во Гевгелија 38, додека во Велес и Штип до 37 степени. Во почетокот на ...

Германската регионална банка „Волксбанк Келн Бон“ е под истрага бидејќи во 2021 година одобрила кредит на кинески бизнисмен Ху Јинг за купување на еден од најголемите бордели во Европа, „Паша“ во Келн. Во Германија проституцијата е легална, но се истражува дали еден од членовите на управата на банката можеби имал корист од одобрениот кредит. „Волксбанк Келн Бон“ не ги коментира наводите на германскиот финансиски регулатор „БаФин“, кој побара ...

Општина Илинден реализираше проект за реконструкција и модернизација на водоводната мрежа долж улица „9“, со цел да се обезбеди посигурно, поефикасно и поквалитетно водоснабдување за жителите од овој дел на општината. Во рамки на проектот е изградена нова главна водоводна линија со вкупна должина од околу 1.200 метри, со која ќе се обезбеди постабилен воден притисок, намалување на хидрауличките загуби и поголема сигурност во водоснабдувањето, ...

До 13:00 часот денеска се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, три се под контрола, а шест се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има: во општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер и кракот кон с. Палиград, како и над с. Вражале – Општина Зелениково, мешана шума, во општините Гостивар и Македонски Брод – с. Трново (Општина Гостивар), со ...

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, пропушти уште еден тренинг поради болест, објавува „Marca“. Според шпанскиот портал, 26-годишниот Аргентинец не се чувствува добро. На 23 август, Алварез беше исвиркан од навивачите на Атлетико Мадрид за време на ремито 2:2 против Виљареал во второто коло од шпанската Ла Лига. Напаѓачот влезе како замена во второто полувреме. По натпреварот, Алварез не им се придружи на соиграчите во ...

За три лица се чека потврда дали се заразени со вирусот Западен Нил, додека шестмина се на интензивно лекување. На Клиниката за инфективни болести се лекуваат 21 лице, а кај 18 од нив веќе е потврдено присуството на западнонилска треска, изјави денеска на прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски. – Во моментов имаме 53 пациенти кои прележале, имаат или се сомнителни за западнонилска треска. Од тоа 50 се потврдени, три се ...

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска го обвини лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека се фали со одлуката на обвинителството да не покрене обвинение во случајот со 19-те модуларни болници, од кои една беше зафатена од пожар во кој животот го загубија 14 пациенти. „Венко Филипче се фали што обвинителството не покренало обвинение за 19 модуларни болници, а во една од нив изгореа 14 пациенти“, изјави Лефков на ...

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денес присуствуваше на поставувањето на камен-темелникот на автопатот Скопје–Блаце, еден од најзначајните инфраструктурни проекти кој ќе овозможи побрзо и поефикасно поврзување меѓу Скопје и Приштина, олеснувајќи го движењето на граѓаните и развојот на економската соработка меѓу Македонија и Косово. На поставувањето на камен-темелникот присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, премиерот на Косово ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Цинк

3.76