
Скопје
4ᴼ /
4ᴼ



Како воопшто Realme успеа да смести батерија од 15.000 mAh во толку тенко тело на телефон? Realme на неодамнешниот 828 Fan Festival во Кина претстави два концепт телефони, а еден од нив импресионира со исклучително голема батерија од 15.000 mAh, која овозможува гледање 25 филмови или 30 часа играње со само едно полнење. Она што особено го издвојува овој уред е тенкото куќиште од само 8,89 mm, што е реткост кај телефони со толку голема батерија. ...
Со Буквар за финансиска писменост и училиштен прибор, Халкбанк им посака топло добредојде на првачињата од општините Кисела Вода, Прилеп и Берово. Активноста е дел од иницијативата „Среќно прваче“, која банката ја спроведува шеста година по ред, со цел да ја поддржи едукацијата на децата уште од најмала возраст. Годинава, првачињата на училишните клупи ги пречека пакетче со ликот на слончето Халки, кое е симбол на детското штедење на Халки и ...
Првата мала модуларна нуклеарна електрана во Полска, односно SMR ќе биде изградена во Влоцлавек, соопшти во четвртокот енергетската компанија Orlen. Станува збор за прв проект од ваков вид во Европа. Полска ќе изгради прв мал модуларен нуклеарен реактор (SMR) во Европа – BWRX-300, што претставува голем чекор во преминот на земјата од јаглен кон почиста енергија, соопшти енергетскиот гигант Orlen. „Првата мала нуклеарна електрана BWRX-300 во ...
Стопанска банка АД – Скопје ја информира јавноста дека по добивање на сите потребни одобренија од Народната банка, Хрисула Кутуди е назначена за генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје. Кутуди е признат банкарски професионалец со над 30 години искуство, од кои најголемиот дел во рамки на НБГ Групацијата. Нејзината кариера е обележана со врвни резултати, признанија за иновативност во 2022 и 2024 ...
Apple и Google преминуваат на телефони кои исклучиво користат eSIM, додека одредени пазари пружаат отпор затоа што корисниците ги кочат високите трошоци и комплицираната процедура за активација. Последниве години eSIM станува сè поважна тема меѓу корисниците кои често патуваат во странство, бидејќи овозможува брза активација на мрежата без замена на физичка картичка. Apple и Google веќе извесно време имаат план целосно да ги отстранат класичните ...
Google Photos добива функција за издвојување објекти од фотографии на iOS, која Apple ја воведе уште во 2022 преку Visual Look Up. Google ги изненади корисниците со тоа што во апликацијата Google Photos за iOS додаде можност за креирање стикери со едноставно допирање и задржување на прстот врз објектот на фотографијата. Оваа опција им беше позната на корисниците на апликацијата Apple Photos уште од воведувањето на функцијата Visual Look Up со ...
По успешниот прв дел од фестивалот во август, кој ја опфати скопската општина Кисела Вода, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола, Охрид и Тетово, Баскерфест 2025 продолжува со своето 15. јубилејно издание низ Македонија. Од 1 до 6 септември, фестивалот ќе гостува на шест локации во три градови, односно од 1 до 4 септември, домаќини на баскерџиите ќе бидат четири скопски општини. На 1 септември, уметничкиот караван ќе се претстави на плоштадот во ...
Xiaomi го претставува Redmi 15C кој ги спојува елегантниот дизајн и прекрасниот екран од 6,9 инча за врвно визуелно доживување во секојдневната употреба. Опремен со голема батерија и технологија за брзо полнење, Redmi 15C е дизајниран да обезбеди сигурни перформанси во текот на целиот ден. Поседува тенко и елегантно куќиштe со 3D четирикратно закривен заден дел, што обезбедува пријатно чувство во раката, со „floating crater“ кој додава ...
Популарната платформа TikTok ја унапреди својата функција за директни пораки со тоа што овозможи испраќање на кратки гласовни пораки, фотографии и видеа. Истото важи и за групните разговори. Како што е веќе познато, функцијата за испраќање директни пораки е достапна само за профили на корисници кои имаат 16 години и повеќе, а токму тие корисници ги добиваат новите можности, кои подразбираат испраќање на кратки гласовни пораки и фотографии преку ...
iOS 26 донесува побрзо безжично полнење, адаптивен режим на напојување и проценка на времето за полнење. Со новото ажурирање iOS 26, Apple воведува неколку практични функции за полнење кои ќе се појават во наредните недели. Една од најкорисните новини е проценката на времето за полнење. Кога ќе го поврзете вашиот iPhone на полнач, било преку кабел или безжично, телефонот ќе пресмета колку време е потребно да достигне 80% и таа информација ќе ја ...
Металниот кристал може да ослободува и апсорбира кислород на ниски температури, отворајќи нови можности за примена во областа на чистата енергија и паметните технологии. Научници од Јужна Кореја и Јапонија открија нов тип кристал кој се однесува речиси како жив организам – може да „вдишува“ и „издишува“ кислород. Овој метален оксид, изработен од стронциум, железо, кобалт и кислород (SrFe0.5Co0.5O2.5), е способен да ослободува кислород кога ќе се ...
Компанијата Google го користи Gemini AI за да ја зголеми моќта на Google Translate, кој сега им овозможува на корисниците да вежбаат нови јазици преку креирање персонализирани сесии за вежби за слушање и говор на нивниот посакуван јазик. „Без разлика дали сте почетник кој сака да вежба конверзација или напреден познавач на јазик кој сака да го освежи вокабуларот за претстојното патување, Google Translate сега може да креира прилагодени сесии за ...
LG телевизорите, како поновите така и постарите модели, го воведуваат сервисот Gallery+ на OLED и QNED телевизорите, нудејќи повеќе од 4.000 уметнички и фото содржини. LG телевизорите добиваат голема надградба на функциите за OLED и QNED моделите, вклучувајќи ги и постарите. Новиот сервис под име Gallery+ носи повеќе од 4.000 визуелни содржини: од уметнички дела и филмски сцени до фотографии и сцени инспирирани од видео-игри. На овој начин, кога ...
Научниците од вселенската агенција NASA предупредуваат дека брзо растечката Јужноатлантска аномалија (SAA) сè посериозно претставува закана за вселенските мисии, комуникациските системи и глобалната технолошка инфраструктура. Најновите истражувања на NASA повторно го свртеа вниманието на светската научна заедница кон Јужноатлантската аномалија (SAA) – огромна зона на ослабена магнетна заштита на Земјата што се простира над Јужниот Атлантик и ...
Google заклучил 3,5 GB RAM на Pixel 10 уредите исклучиво за вештачка интелигенција, оставајќи им на корисниците помалку меморија за апликации. Серијата Google Pixel 10 доаѓа со најмалку 12 GB RAM за да ги исполни растечките барања на вештачката интелигенција, но поединечни корисници откриле дека околу 3,5 GB меморија Google однапред ја заклучува и ја резервира само за AI функции, па корисниците не можат слободно да ја користат. Истражување на ...
Word добива автоматско зачувување во облак, што спречува губење на податоци при ненадејно „паѓање“ на системот и овозможува полесна соработка на повеќе уреди. Microsoft најави дека Word наскоро ќе добие функција за автоматско зачувување на документите, која значително ќе го намали ризикот од губење податоци во случај на „рушење“ на компјутерот или ненамерно затворање на фајлот. Ова е честа мака за студентите и вработените, па затоа компанијата ...
Уште еден голем Android играч ја напушта функцијата на обратно полнење во корист на вградување на Qi2 функцијата за безжично полнење. Најавата дека тоа ќе го стори Samsung S26 предизвикува поделени реакции кај корисниците. Google со својата нова Pixel 10 серија донесе значајна иновација – воведување на Qi2 магнетната безжична технологија за полнење. Благодарение на вградените магнети, овозможено е искуство слично на Apple MagSafe системот, и тоа ...
Lenovo се подготвува следната недела на европскиот технолошки саем IFA да ги претстави своите најнови производи, но еден уред привлекува особено внимание. Најзначајниот уред што го сподели познатиот типстер Еван Блас прикажува фотографија од лаптоп со концепт-дизајн и екран кој ротира помеѓу пејзажна и портретна ориентација, а кој Lenovo наводно го нарекува „Project Pivo“. Оваа компанија има историја на изработка на необични концепти на лаптопи, ...
Xiaomi официјално го претстави HyperOS 3.0 базиран на Android 16, наменет за мобилните телефони на компанијата, а исто така ја објави и листата на уреди што ги исполнуваат условите за бета тестирање. Веднаш на почеток треба да се нагласи дека најавата се однесува на кинескиот пазар, па функциите може да се разликуваат, а веројатно и датумите на лансирање ќе бидат различни. Новиот HyperOS 3.0 носи мало визуелно освежување со нови икони, нова ...
Новите батерии за електрични возила се изработени од арамидни амфифили – нов електролитен материјал чија хемиска структура и стабилност го имитираат кевларот. Инженерите од MIT развијаа иновативен електролит за батерии на електрични возила, кој може брзо и целосно да се распадне, овозможувајќи полесно рециклирање на батериските компоненти. За разлика од постојните методи, каде што искористените батерии мора да се дробат или да се обработуваат со ...
Huawei е подготвен на 4 септември да го претстави својот следен тројно преклопен телефон – Mate XTs, наследникот на минатогодишниот модел Mate XT Ultimate Edition. Компанијата веќе ги отвори резервациите во Кина, а на сајтот VMall е потврдено дека уредот ќе биде достапен во три варијанти на меморија: 16 GB + 256 GB, 16 GB + 512 GB и 16 GB + 1 TB. Купувачите ќе можат да изберат помеѓу четири бои – Dark Black, Hibiscus, Ruihong и White. Според ...
Сертификацијата ја потврдува моќта на Samsung во безбедноста на уредите и заштитата на податоците, исполнувајќи го европскиот IoT безбедносен стандард Samsung Electronics Co., Ltd. денес објави дека Bespoke AI фрижидерите добија IoT безбедносна сертификација од TÜV Nord, глобална сертификациска организација со седиште во Германија. Ова го означува првиот пат кога дигиталните апарати на Samsung добиваат безбедносна сертификација од TÜV Nord, ...
Некои трки не се мерат во километри. Се мерат во одлуки, во преземање иницијатива и во храброст да излезеш од комфорната зона и да започнеш промена. Трчањето за првпат е токму таква одлука – најважниот круг што ќе го истрчаш, бидејќи тој не започнува на стартната линија, туку во тебе. Одлука дека е време да се грижиш за себе, дека сакаш промена, дека си подготвен да се соочиш со предизвик и да го надминеш тоа што досега си го сметал за граница. ...
Подготовките за новата учебна година секогаш носат динамика и потреба за внимателно планирање на шопингот. Халкбанк им овозможува на своите клиенти да уживаат во безгрижно и паметно пазарување со специјалната Back to school кампања, во рамки на која сите корисници на кредитни картички на Халкбанк добиваат 3% поврат од секоја трансакција направена при онлајн купување во избраните е-commerce продавници. За сите ученици и родители, но и за оние кои ...
Регионалната акција на Плазма и Роса доби силна поддршка од партнерските маркети, кои се приклучија во мисијата првачињата да добијат подарок-пакетчиња на почетокот на учебната година. Пивара Скопје со брендот Роса и компанијата Бамби со брендот Плазма се цврсто посветени на својата мисија да придонесуваат за заедницата и да ги поддржуваат најмладите генерации. Акцијата на Плазма и Роса, во која првачињата на стартот на учебната година ќе ...
Сите вработени во компанијата и оваа година добија парични награди за нивниот придонес во успехот на компанијата, а на 24 најдобри вработени им беа доделени бонуси како признание за нивниот труд и посветеност. Со свеченост во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, соработници и претставници на локалната заедница, рудниците Бучим и Боров Дол го одбележаа Денот на македонските рудари – 28 август, празник кој е симбол на трудот, ...
Samsung Galaxy настанот закажан за 4 септември се очекува да ги донесе Galaxy S25 FE и новата Tab S11 серија таблети со моќни AI функции и врвни спецификации Samsung официјално најави голем Galaxy настан кој ќе се одржи на 4 септември 2025 година (еден ден пред официјалниот почеток на IFA 2025 саемот во Берлин), каде се очекува претставување на нови уреди од Galaxy S25 FE и Galaxy Tab S11 серијата. Настанот ќе се одржи онлајн и ќе се пренесува ...
Apple и понатаму ќе остане најголем приоритет за компанијата TSMC, додека Qualcomm го зазема второто место меѓу најголемите купувачи, а останатите следат. Се очекува Apple да го користи 2nm процесот на TSMC за својот идни A20 чипсет, кој најверојатно ќе биде вграден во моделите од серијата iPhone 18. TSMC веќе подолго време работи на подобрување на производниот принос, бидејќи преминот кон 2-нанометарските процесори се очекуваше одамна. ...
Градот Тојоаке официјално би можел оваа есен да донесе правила за ограничување на користењето мобилни телефони, со цел подобрување на психофизичкото здравје на своите жители. Но, за прекршителите не би биле предвидени казни. Во јапонскиот град Тојоаке, во префектурата Аичи, градоначалникот најави дека градската управа наскоро ќе гласа за еден необичен предлог – новите правила би им го ограничиле користењето на мобилните телефони на граѓаните на ...
Qualcomm Snapdragon X го освежува пазарот на буџетски лаптопи со осумјадрени, енергетски ефикасни процесори, надминувајќи ги Intel и AMD. Пазарот на буџетски лаптопи долго време беше под доминација на Intel и AMD, но најновите трендови покажуваат сè поголем јаз во технологијата, кој Qualcomm сега успешно го користи. Многу пристапни лаптопи сè уште користат постари x86 процесори, оставајќи простор новајлиите да заблескаат. Поевтините лаптопи ...