
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој ја освои олимписката титула во тенис на Игрите во Париз, најави дека сака да учествува на следната Олимпијада, која ќе се одржи во 2028 година во Лос Анџелес. Ѓоковиќ во олимпиското финале го совлада Шпанецот Карлос Алкараз со 7:6, 7:6 и на 37-годишна возраст стана највозрасниот победник на олимпискиот тениски турнир. Сè уште сакам да одам во Лос Анџелес. Сакам да ја претставувам мојата земја на Олимпијадата и ...
Еуроспорт ТВ направи голема грешка, но потоа му се извини на Новак Ѓоковиќ поради тоа. Еуроспорт преку објава на социјалните мрежи му честиташе на Новак Ѓоковиќ за златниот медал со хрватското знаме. Бројни српски фанови одговорија со коментари, а објавата подоцна беше избришана. Ден подоцна дојде извинување од Еуроспорт. „Длабоко жалиме за грешката при изборот на симболот на знамето за објавата. Уште еднаш му честитаме на Новак за историскиот ...
Денеска (05.08.2024) полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје околу 14:40 часот на територија на општина Гази Баба во Скопје го лишија од слобода Л.Т. (20) од Скопје, лице барано со централна потерница по наредба од Основен кривичен суд-Скопје за казна затвор од три години и шест месеци, за кривично дело во врска со чл.300 ст.2 в.в. член 297 ст.1 од КЗ. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа. ...
– Денеска (05.08.2024) во 00:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.С.(50), С.И.(48), Д.И.(27) и С.И.(53), од една страна, Е.А.(22), И.И.(36), С.А.(39), Е.А.(51), Ф.К.(18) и М.К.(20) од друга страна, како и С.Д.(30) и Ч.Д.(25), сите од Скопје, при што биле употребени и тврди предмети, информираат од МВР. По целосно документирање на случајот ќе следуваат ...
Вчера во 11:10 часот на улица ,,Наум Наумовски-Борче” во Велес 28-годишник со возило „пасат“ удрил во 63-годишниот Ѓ.П. кој се здобил со тешки повреди и бил пренесен во болницата во Велес. „На 04.08.2024 во СВР Велес било пријавено дека околу 11.10 часот на улица ,,Наум Наумовски-Борче” во Велес, патничко возило „фоксваген пасат” со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(28) од Велес, удрило во пешакот Ѓ.П. (63) од Велес. Во несреќата со ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. На 17 јули, во вечерните часови во Чаир, осомничениот со мотор со голема брзина поминал покрај оштетениот и уште едно лице кои се движеле пеш и ги испрскал со вода насобрана на асфалтот. Застанал и ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност, а во планинските подрачја со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. UV индексот ќе изнесува 8. Највисоката температура ќе се искачи до 37-от степен. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Во периодот што претстои се ...
Два полициски хеликоптери, еден на македонското МВР и еден српски од утрово продолжуваат да гаснат во непосредна близина на Охрид кај селото Косел. Пожарот над Косел, Охридско, повторно се разгорува иако повремено локалните власти со поддршка на хеликоптери на МВР и на Република Србија успеваат да воспостават контрола. Сепак, пожарот се уште не е изгаснат, како изјави синоќа директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. ...
Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките игри (ОИ) во Париз совладувајќи го Карлос Алкараз во финалето со 7:6 (3), 7:6 (2), пренесува „Спорт клуб“. Српската влада великодушно ги наградува олимпијците кои ѝ носат медали за земјата, поточно Ѓоковиќ ќе добие 200.000 евра за златото. Србија на Ѓоковиќ ќе му исплатува и спортска пензија која ќе му биде активирана од 40-от роденден. Србија е меѓу најдарежливите земји, а само две земји даваат ...
Имав свои шанси, но не ги искористив. Од друга страна, Новак го заслужи ова, одигра одлично, изјави шпанскиот тенисер Карлос Алкараз по поразот од Новак Ѓоковиќ во финалето на Олимписките игри во Париз. Тој нагласува дека иако моментално е разочаран, теренот ќе го напушти со крената глава. Дадов се од себе, тврди Шпанецот. Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го освои златниот медал на олимпискиот турнир победувајќи го шпанскиот тенисер ...
По два брејка и речиси три часа борба, Новак Ѓоковиќ го освои олимпиското злато, откако во финалето на натпреварувањето во Париз го совлада Карлос Алкараз. Српскиот тенисер на тој начин го освои единствениот трофеј што му недостигаше во кариерата, потврдувајќи го епитетот најголем во историјата на овој спорт и дека повредата на коленото која му направи големи проблеми на Вимблдон сега е зад него. Победничкиот поен дојде во тај-брејк. Алкараз ги ...
Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ го освои одличјето кое што му недостигаше во кариерата – златниот медал на Олимписките игри! Тој славеше во финалето против Шпанецот Карлос Алкараз со 2-0 (по сетови 7-6 и 7-6), во меч кој траеше без малку три часа. Двајцата тенисери прикажаа одличен тенис. Алкараз одигра одлично, но искуството на Србинот беше пресудно во финалето. Ѓоковиќ во првиот сет изгледаше дека игра малку посигурно. Имаше четири брејк ...
До крајот на денот ќе преовладува сончево со умерена облачност. Во западните и југозападните делови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и услови за изолирано краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови наместа повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 37 степени. УВ=8 Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ...
Две жени кои пешачеле се здобиле со тешки повреди во одделни сообраќајни незгоди вчера во Скопје. Од МВР информираа дека вчера околу 10 часот на улицата Васил Ѓоргов во Капиштец, автомобил управуван од Т.А.(44) удрил во 74-годишна жена (Н.Ј.) од Скопје. Шест часа подоцна, на улицата Бранко Заревски во Драчево, автомобил управуван од Г.С.(51) удрил во 64-годишната С.Л.од Скопје. Двете жени биле пренесени на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и ...
Пет лица се здобија со повреди во сообраќајка што се случи вчера на патот Струмица-Радовиш кај „Василевска крстосница“. Во несреќата учествуваа патничко возило „опел корса“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.С.(58) од Штип, патничко возило „фолксваген“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.Џ.(75) од село Раклиш, радовишко и патничко возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, управувано на Т.Г.(28) од село Иловица, ...
Денеска (03.08.2024) во 08.00 часот во Куманово полициски службеници го лишиле од слобода Н.З.(58) од Куманово поради тоа што околу 06:30 часот на автобуска постојка во с.Пезово, со уште едно женско лице со употреба на физичка сила од С.П.(84) од с.Пезово, кумановско, одзеле пари. По кражбата го напуштиле местото на настанот со патничко возило „форд галакси“ со кумановски регистарски ознаки, кое на 02.08.2024 околу 16:30 часот го одзеле пред ...
На 02.08.2024 во 17.15 часот во с.Говрлево,скопско на место викано „Илино брдо” полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода, ги привеле С.М.(46) од Скопје и И.Ј.(73) од с.Говрлево, скопско, поради тоа што по претходна вербална расправија С.М. физички ги нападнал И.Ј. и Ј.Б.(77), двајцата од Скопје, а потоа И.Ј. агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе ...
Откако на социјалните мрежи се прошири апел за пронаоѓање на младата Клара, се огласи и Министерството за внатрешни работи. „На 02.08.2024 околу 23.45 часот И.Т. (33) од н.Илинден, Скопје пријавила дека на 02.08.2024 околу 18 часот нејзината малолетна ќерка К.Р. (14) се оддалечила од домот. К.Р. имала здравствени проблеми, а причина за оддалечувањето била претходна расправија помеѓу К.Р. и И.Р.. Се преземат мерки за пронаоѓање на лицето“, велат ...
На 02.08.2024 во 22:05 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш-Штип, моторцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од С.М.(35) од с.Василево, струмичко, излетал надвор од коловозот. По несреќата, мотоциклистот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош, каде од страна на лекар констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна ...
Времето денеска во државата претпладне ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. UV=9 Во Скопје претежно сончево и многу топло, попладне со мала до умерена ...
Петдневната потрага по 85-годишниот Томе Божиновски заврши несреќно. Како што соопшти неговото семејство, вчера пронајдено е неговото безживотно тело. Драги соседи, пријатели, познаници огромна благодарност што изминатите 5 дена бевте овде со нас, не бевме сами сите кој го баравме неуморно. Денес на 02.08.24 Нашиот родител, сопруг, ваш пријател и сограѓанин Томе Божиновски беше пронајдено неговото безживотно тело, се вели во објавата од ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1, а во врска со член 22 од Кривичниот законик. Во стан во кој престојувал уапсениот 25-годишник на булеварот “Партизански одреди” во Скопје, ...
Во деновите од викендот, особено утре во попладневните и вечерните часови, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Како што информираат од УХМР, во недела нестабилно ќе биде повеќе во западните делови од земјата, а потоа следува период на претежно стабилно и топло време со слаб до умерен северен ветер. Времето утре претпладне ќе биде ...
На 01.08.2024 во 09.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје бил пронајден во безсознание Ж.Ј.(61) од с.Марена, кавадаречко, на кого му била пружена лекарска помош и по кратко време починал. Од страна на лекар констатирана била смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради сомненија дека сторил кривично дело – Тешка кражба според член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Сомненијата укажуваат дека делото го сторил во соизвршителство со уште едно лице кое е идентификувано и по кое се трага. На 23 јули, во временски период меѓу 12 и 13 часот, двајцата со провалување насилно влегле во стан на булеварот “Трета македонска бригада” и ...
Од УХМР јавуваат дека времето денес ќе биде сончево и топло со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 38 степени. UV=9 Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево и топло со слаб променлив ветер. T= 38 °C, P= 976 hPa, U= 20 %, V= 2 m/s. (Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер) Попладне претежно во северните делови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и ...
Основното јавно обвинителство Тетово соопшти дека донело наредба за спроведување истражна постапка против 30-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Полов напад и силување. Како што стои во соопштението од ЈОРМ, во близина на бензинска пумпа на влезот од Тетово, на 30 јули во вечерните часови, осомничениот нападнал жена со која до неодамна бил во врска. Ја следел додека од работа се враќала дома и започнал да ја ...
Две лица од Радовиш заработија кривични пријави откако нападнале сограѓанин. Додека едниот го избодел, другиот го прскал со солзавец. СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.Ј.(30) од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ по член 123 став 1, а во врска со член 19 од Кривичниот закон и Д.С.(31) од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ по чл. 22 од Кривичниот закон. На 31.07.2024 ...
На 31.07.2024 полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода М.Ј.(31) од Свети Николе затоа што на 31.07.2024 околу 13.30 часот кај место викано “Крушки” во атар на Свети Николе предизвикал пожар во руинирана куќа, кој се проширил на сувата трева околу куќата, информира МВР. Пожарот е локализиран од пожарникари од Територијалната противпожарна единица-Свети Николе и локалните жители. По насоки од ОЈО Свети Николе М.Ј. е задржан во ...
Кривична пријава заработија 26-годишна кумановчанка и нејзина врсничка од Кичево поради предизвикување општа опасност и поттикнување. „Првопријавената со намера да биде префрлена од женското затворско одделение во Казнено поправна установа Идризово Скопје во болницата во Демир Хисар, поттикната од второпријавената, на 21 мај, со запалка предизвикала пожар во собата во која престојувала“, објави МВР. Со пожарот зафатен бил и ходникот од женскиот ...