
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Претседателот на Интер, Бепе Марота потврди дека нивниот најважен фудбалер, Лаутаро Мартинез го ставил потписот на новиот договор. Долго време се одолговлекуваше продолжувањето на соработката меѓу Интер и Лаутаро, фановите на нероазурите конечно може да здивнат. „Лаутаро Мартинез потпиша нов договор со клубот, се е завршено. Официјално ќе биде објавено во текот на следната недела“, рече Марота за „Скај Италија“. Новиот договор на Лаутаро е до ...
Карлос Алкараз одговори на неколку кратки прашања, а во неколку наврати го повтори името на Новак Ѓоковиќ, како кога го прашаа кој е најдобриот тенисер на сите времиња. Иако Новак Ѓоковиќ не е главниот идол на Карлос Алкараз кој секогаш го става Рафаел Надал на прво место, сепак младиот шпански тенисер го почитува сето она што српскиот ас го направил во текот на кариерата. На прашањето кој е најдобриот на сите времиња, Алкараз мораше да ...
Во текот на изминатата вечер (19/20.07.2024) во периодот од 18.00 до 02.00 часот полициски службеници од СВР Скопје продолжија со преземање на зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба на територија на СВР Скопје, преку превентивно присуство на полицијата. При тоа приведено е едно лице поради нарушување на јавниот ред и мир, а била спроведена и сообраќајна контрола при што санкционирани биле 28 возачи, 14 возила ...
На 19.07.2024 во 12.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода Д.Р.(31) од Скопје поради сомнение дека извршил кривично дело „разбојничка кражба” по член 238 од Кривичниот законик. Тој бил фатен веднаш по извршување на делото во продажен објект на подрачјето на Драчево во Скопје, од каде со употреба на сила од вработената одзел производи. Откако бил приведен во полициска станица агресивно се однесувал и ...
На 19.07.2024 во 15.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје и Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода Г.С.(43) од Скопје. при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја и дигитална вага со остатоци од наркотична дрога. Лицето било ...
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде претпладне сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. UV=8 Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на ...
Во новата сезона на голот на Вардар како засилување доаѓа искусниот Мигел Еспиња Фереира (30) кој потпиша договор со клубот на една година со можност за продолжување. Фереира доаѓа од АСОБАЛ лигата, а ќе му биде колега на Васил Гогов кој исто така останува меѓу „црвено-црните“. Фереира потекнува од Бенфика и долго време беше дел од првиот и вториот тим на клубот од Лисабон, а бранеше и во Мануел Пасос и Белененсес, пред да стане интернационалец. ...
Глобалниот хаос го предизвика проблеми во компјутерското работење ширум светот, во најразлични дејности, а „виновник“ за тоа е компанијата „Crowdstrike“. Што точно е „Crowdstrike“ и како ги збрка институциите ширум светот? „Crowdstrike“ е компанија за сајбер безбедност основана во 2011 година, со цел да ги заштити најголемите светски компании од сајбер закани и други пропусти. Тие се специјализирани за безбедносна заштита на крајните корисници и ...
Репрезентативците на Аргентина неконтролирано ја прославија титулата по победата над Колумбија (1:0) во финалето на Копа Америка. Меѓу другото, додека славеа во автобусот пееја и расистичка песна која ги дискриминира Французите чии родители емигрирале од африканските земји. Видеото го објави играчот на Челси, Енцо Фернандез, кој набргу се покаја и се извини. Поради објавувањето на видеото, Французите во тимот на Челси го избришаа Фернандез од ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 40 степени. УВ зрачењето изнесува осум. Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е информирано дека вчера во попладневните часови во близина на населеното место Палојце се случила сообраќајна незгода во која животот го загубило едно лице, додека три лица се повредени, се наведува во соопштението. „Согласно информациите од амбасадата, лицето кое го загубило животот е државјанин на Република Северна Македонија, ...
Вчера во 18.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово-Скопје, патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.Џ.(22) од Скопје, удрило во запрено патничко возило „фолксваген голф“ со светиниколски регистарски ознаки, паркирано од Л.С.(20) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а двајца сопатници од запреното возило, М.М.(20) и М.Т.(20), двајцата од ...
Повредениот Златко Димов во пожарот кај росоманското село Сирково, се опоравува од изгорениците. Кога МИА денеска го контактираше, тој повторно беше на Клиниката за пластична хирургија во Скопје. Во телефонски разговор ни рече дека најважно од се е што останал жив и што се спасени селото и природните убавини околу него. Димов има неполни 40 години. Во моментов невработен, сопруг и татко на три малолетни деца. Ни рече дека никогаш нема да го ...
Ог УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. UV=9 Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на ...
Претпладнево во 10:10 часот во СВР Струмица било пријавено дека во Дојранско Езеро се удавил маж. Според информацијата од полицијата, машкото лице скокнало во водата од чамец, пливало неколку метри, по што се удавило. Полициски службеници од ОВР Гевгелија се на местото на настанот. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес, а повикани се нуркачки екипи за пронаоѓање на лицето, информираа од СВР Струмица. Засега не се ...
Во местото Велика, недалеку од Пожега во Хрватска, во познатиот Аквапарк Shhhuma се удави дете, објавуваат хрватските медиуми. Неофицијално се дознава дека се работи за 12-годишно момче. Полицијата соопшти дека денеска во 12 часот и 33 минути во Центарот за оперативни комуникации на СВР Пожега-Славонска е пријавено дека дете се удавило во базените во Велика. На местото на настанот, екипа на Заводот за итна медицинска помош на Пожешко-славонската ...
Македонскиот фудбалски клуб Вардар продолжи да го гради ростерот за следната сезона во ПМФЛ. Скопскиот тим е на подоготвки во Словенија, а таму потпис на договор стави и Николче Шаркоски. Прилепчанецот е засилување за офанзивниот дел од тимот на Горазд Михајлов. Неговата примарна позиција е десно крило, но може да игра на левата страна, а и како десен бек. 30-годишниот Шаркоски во Вардар доаѓа по настапите во Воска Спорт за која одигра 12 ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска ја потврди информацијата на косовското министерство за надворешни работи дека е уапсен косовски државјанин, поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), врз основа на потерница издадена од Република Србија. Од МВР соопштија дека вчера во 16 часот на граничниот премин „Јажинце“, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Б. Р. (47) од Косово. „На влез во ...
Претпладнево во 10:10 часот во СВР Струмица било пријавено дека во Дојранско Езеро се удавил маж. Според информацијата од полицијата, машкото лице скокнало во водата од чамец, пливало неколку метри, по што се удавило. -Полициски службеници од ОВР Гевгелија се на местото на настанот. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес, а повикани се нуркачки екипи за пронаоѓање на лицето, информираа од СВР Струмица. Засега не се ...
На 17/18.07.2024 во периодот од 23.30 до 05.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во ноќен клуб во тетовско Горно Седларце, каде управител е А.И.(27) од Горно Седларце. При контролата во објектот биле затекнати 32 странски државјанки на возраст од 20 до 40 години од Русија, Молдавија, Украина, Косово, Албанија, Србија, Словенија и Казахстан кои го злоупотребиле престојот, односно престојувале во РСМ спротивно на целта. ...
Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти синоќа дека е информирано за апсењето на косовски државјанин од страна на полицијата на Северна Македонија, врз основа на потерница издадена од Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Од косовското МНР информираат дека станува збор за Блерим Рамадани, поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК) во оперативната зона Неродиме. – Нашиот амбасадор во Северна ...
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 42 степени. УВ=10 Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од ...
Нов пожар избувна попладнево во кавадаречко во близина на селото Шивец известија пред малку од Центарот за управување со кризи. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, вели дека горат сува трева и трња, но ако продолжи, пожарот ќе се спушти во долот многу бргу. Предупреди дека во близина има и црква и други дрва кои нема да биде можно да се изгаснат. Ангелов вели дека постои опасност доколку не се интервенира ...
Царинската управа ги известува граѓаните дека поради пожар кој избувна на грчка страна, во моментов е отежнато движењето на излез и на влез во државата преку граничниот премин Богородица. Поради ова Царинската управа апелира до граѓаните да ги користат останатите гранични премини со Грција. Претходно денеска Министерството за внатрешни работи информираше дека поради пожар кој избувна на грчка страна, во моментов е во прекин сообраќајот преку ...
Спречен обид за нелегално изнесување на девизи на граничен премин Табановце во износ од 6.850 евра, откако македонски државјанин истите не ги пријавил. Девизите се одземени, а против лицето е поднесена и пријава за девизен прекршок. Лицето, инаку сопатник во товарно моторно возило и возачот на камионот на прашање на царинските службеници дали имаат нешто за пријавување одговорија дека немаат ништо. Поради сомневање возилото е селектирано на ...
Расчистен е случајот за обидот за убиство на градоначникот на Арачиново, што се случи на 1 април годинава, информира СВР Скопје. Оттаму велат дека е откриен идентитетот на сторителот на кривичното дело и против него до Основното јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава за убиство во обид. „Се работи за 36-годишен М.А. против кого вчера била поднесена пријава до ОЈО Скопје по целосно комплетирање на службените материјали и ...
Вчера во 19.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од пат кој води кон улицата „50“ во село Радишани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан“, управувано од 56-годишниот А.Л. и мопед „пијаџо“, управуван од 18-годишниот М.Н., двајцата од Скопје, а двете возила со скопски регистарски ознаки, извести МВР. dobivaj vesti na viber Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 порача дека не се откажале од моделот следниот претседател да биде избран во Собранието и истиот да биде Албанец. Тој додава дека Албанец претседател може да дојде во Вила Водно преку сегашниот модел, со избор на граѓаните. Според него, доколку тој е човек кој ја сака државата и работи во интерес на граѓаните, за него би гласале и Македонците. „За него можат да ...
Пожар избувна денеска и во росоманското село Сирково. Како што информираа од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, кавадаречките пожарникари интервенирале во гасење на пожар во село Сирково со две противпожарни возила. МИА се обрати до Територијалната противпожарна единица Кавадарци и оттаму ни беше кажано дека дополнителна екипа пожарникари со противпожарно возило се упатува на овој пожар што се уште не е локализиран. Засега не ...
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 36 до 42 степени. UV=10 Во Скопје: сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Денес и утре ќе биде активно ...