Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Швајцарија е едно од најголемите разочарувања во досегашниот дел од Лигата на Нации, откако оваа селекција е последна во својата група со само еден освоен бод, зад Шпанија со 10, Данска со 4 и Србија со четири бода на своите салда. Швајцарците синоќа против Данска ремизираа 2-2 со скандинавската селекција, но капитенот Гранит Џака не крие дека најмногу од се го боли поразот во Лесковац од Србија претрпен пред неколку дена. „Ќе бидам искрен, ...
Социјалната мрежа Тик Ток во сопственост на BiteDance соопшти дека укинува стотици работни места бидејќи се фокусира на зголемена употреба на вештачка интелигенција во модерирање на содржината. Отпуштањата најмногу се однесуваат на персоналот во Малезија, каде првично беа пријавени повеќе од 700 работни места, но Тик Ток подоцна соопшти дека помалку од 500 вработени ќе бидат отпуштени, јави South China Morning Post. Вработените, од кои ...
Како што известуваат од Фудбалската федерација на Македонија, претседателот на УЕФА, Александер Чеферин го повикал првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини на итен состанок кој се одржал во седиштето на УЕФА во Нион. Еве што соопштуваат од ФФМ: „Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Муамед Сејдини денес престојуваше во Европската куќа на фудбалот во Нион (Швајцарија) на покана на првиот човек на УЕФА. Физичкиот напад врз нашиот ...
Манчестер јунајтед го има најлошиот почеток на сезоната во Премиерлигата, па поради тоа се очекуваше газдите да го избркаат тренерот Ерик Тен Хаг, но тие направија шокантен потег и му ја прекинаа соработката на легендарниот Сер Алекс Фергусон. Тренерот кој им донесе дури 38 титули, од кои 13 во Премиерлигата, остана без договор затоа што Сер Џим Ретклиф реши дека Фергусон повеќе не треба да биде амбасадор на клубот. Познатиот новинар Фабрицио ...
Утре наутро постудено, а преку денот сончево и релативно топло време со појава на локална облачност. Од четврток ќе има зголемена облачност и утринските температури ќе бидат малку повисоки, а по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во петок и сабота ќе има повремени локални врнежи од дожд и дневните температури ќе бидат пониски за 5 до 7 степени. Прогноза за 17.10.2024 Минимална температура: 4°C до 14°C Максимална температура: ...
Македонскиот ракометен гигант Вардар вечерва гостува кај германскиот бундеслигаш Мелсунген во второто коло од новата сезона во Лигата на Европа на ЕХФ. Вардарци имаа убедлив триумф во првото коло против исландски Валур со 33-26, но сега ги чека пеколно гостување кај Мелсунген чиј тренер е Роберто Гарсија Парондо, кој во минатото работеше и во скопскиот гигнат. Мелсунген на стартот на натпреварувањето веднаш го покажа својот квалитет и го ...
Екипата на Вардар утре, на гости кај бундеслигашот Мелсунген, ќе го одигра вториот меч од новата сезона во Европската лига, во кој ќе се обиде да дојде и до втората победа по неодамнешниот триумф дома против исландски Валур. Овој меч носи дополнителна возбуда, со оглед што на клупата на противникот на македонскиот состав ќе биде Роберто Парондо, поранешен тренер на црвено-црните, кој беше дел од тимот што во 2019 година стана европски ...
Генерациите 2014, 2015 и 2016 на српските клубови Црвена звезда, Партизан и Земун демонстративно го напуштија фудбалскиот турнир кој деновиве се одржува во Охрид, откако сфатија дека ќе се натпреваруваат против екипи од Косово. Нашите момци успешно стигнаа до нокаут фазата на натпреварувањето, 2012 и 2013 година претрпеа порази во четвртфиналето, додека за 2014 година натпреварувањето во Македонија заврши во полуфиналето. Не, нашите момци не ...
Македонската фудбалска репрезентација освен што победи вечерва испиша и фудбалска историја. Трет натпревар во низа, нашиот голман Столе Димитриевскија сочува својата мрежа, па така влезе во историјата на Македонија, нешто што не му успеало на никому досега. Честитки до нашиот Димитриевски кој не прими гол против Ерменија на два пати и против Летонија пред неколку денови. Дека се работи за класа голман покажуваат овие бројки. Сепак, да ја ...
Македонската фудбалска репрезентација со 2-0 победи на гостувањето кај Ерменија и практично го освои првото место во групата со кое ќе се качиме во Б дивизијата на Лигата на нации. Македонија врза три победи по ред и тоа три без примен гол што е учинок кој го постигнуваме првпат во нашата историја. Со оваа победа Македонија го обезбеди првото место во групата и пласман во Б дивизијата каде што ќе има исклучително квалитетни противници. ...
Новак Ѓоковиќ денеска не успеа да дојде до 100. титула во кариерата откако беше поразен во финалето на мастерсот во Шангај од Јаник Синер со 2-0 во сетови (7-6, 6-3). Српскиот тенисер денеска не беше на нивото на кое играше Италијанецот кој сосема заслужено дојде до трофејот во Кина. По поразот Ѓоковиќ се огласи на социјалните мрежи и имаше пофални зборови за противникот. „Тешко е да се поднесе пораз на турнир кој ми е толку важен, но денес ...
Канаѓанецот со руско потекло Артур Бетербиев е нов апсолутен светски првак во бокс во полутешка категорија, откако во рано утрово во Саудиска Арабија го победи рускиот ривал Дмитри Бивол на поени. Двајца од тројцата судии му донесоа предност на Канаѓанецот (115-113, 116-112), додека третиот судија ја прогласи борбата без победник (114-114). И двајцата боксери беа непоразени пред борбата во Ријад, во сопственост на 33-годишниот Бивол беше ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека е задоволен од својот настап на Мастерсот во Шангај, додавајќи оти Италијанецот Јаник Синер бил подобар во денешното финале и заслужено ја освоил титулата. „Задоволство е да се биде во Шангај, имав многу успеси на кинеско тло во текот на мојата кариера, не сум играл овде веќе пет години и ми недостигаше тоа. Му честитам на Јаник, беше предобар. Имаше исклучителна година и го заслужи ова“, изјави ...
Фудбалската репрезентација на Србија одигра феноменален дуел и со победа над Швајцарија (2-0) се доближи до ривалите кои се на врвот во групата 4 од Лигата А во Лигата на нациите на УЕФА. Мечот се одигра во Лесковац, а започна со неспортски потег на српската публика која ја исвирка химната на Швајцарија и сигурно ќе добие санкција од УЕФА за потегот. Околу головите, двете полувремиња понудија по еден гол. Швајцарците немаа шанси во првото ...
Ураганот Лесли над Атлантикот се приближува до западниот брег на Европа. Се очекува да влијае на времето во Португалија и Шпанија на почетокот на следната недела. Циклонот е стациониран над северна Европа, а упадите на нестабилен влажен воздух од атлантско потекло во силен млазен поток се движат северно од алпската пречка и само мали количини повремено стигнуваат до Балканот преку Виенската порта, поточно најсеверните делови од внатрешноста ...
Наутро променливо облачно со услови за слаб локален дожд, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен до северозападен правец. Времето и метеоролошки параметри за Скопје: наутро променливо облачно, во текот на денот сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. T= 25 °C, P= 981 hPa, U= ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 25 степени. Според најавите од ...
Новак Ѓоковиќ по триумфот во полуфиналето на Шангај над Тејлор Фриц истакна дека имал цел да стигне до финалето. Новак по натпреварот истакна дека мора што поскоро да се опорави пред финалето на турнирот. – Имав разни проблеми, но успеав да се поправам. Фриц игра добро на оваа подлога, не сакав да одам во трет сет, драго ми е што завршив тука“, изјави Ѓоковиќ по триумфот. Ривал на српскиот тенисер во финалето на мастерсот во Шангај ќе му биде ...
Превртени и пречкртани албански знамиња, како и скандирање „Косово е Србија“ го одбележаа мечот Чешка-Албанија, чии репрезентации ги одмеруваа силите како во Прага како дел од Лигата на нации. Чешка победи на натпреварот со 2-0, а допрва ќе се знае дали и како репрезентацијата ќе биде казнета поради овие потези на навивачите. ...
Најдобриот француски фудбалер, Килијан Мбапе, повторно го навлече гневот на фудбалската јавност во својата татковина. Тој му најави на селекторот Дидие Дешан дека поради повреда нема да настапи на дуелите од Лигата на нации против Израел и Белгија, а потоа одигра два натпревари за Реал Мадрид – против Лил и Виљареал), а сега дополнително ги налути своите сонародници. Причина за тоа се папарацо-слики од ноќно излегување на Мбапе и тоа во ...
Функцијата Smart replies (паметни одговори) е достапна за Gmail од 2017 година, а сега доаѓа и за Gemini. Новите паметни одговори генерирани од Google Gemini ја земаат предвид целата содржина на е-пораката, со цел подобро да го доловат контекстот. Иако можеби ќе треба малку да ги уредите ако сакате да бидат што е можно поблиску до нешто што би го напишале, тие се подетални од претходно. Откако ќе ја добиете оваа функција, ќе видите неколку ...
Денес како и во недела поради продор на малку посвежа воздушна маса од север, во Македонија ќе има опаѓање на температурите за околу 5 степени за разлика од оние кои ги имаме сега. Времето ќе биде стабилно, суво и сончево, со појава на мала до умерена локална облачност. Во сабота, особено долж Повардарието повремено ќе дува засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени. Во Скопскиот регион, ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Попладне во северните и источните делови врнежите ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. Во Скопје променливо облачно, попладне со повремен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека лично ќе присуствува на последниот турнир во кариерата на неговиот голем ривал Рафаел Надал. -Ти посакувам најдобро збогум во Малага со Дејвис куп тимот. Ќе бидам таму лично да оддадам почит на твојата блескава кариера, напиша Ѓоковиќ на својот профил на социјалните мрежи. Во четврток, 10 октомври, 38-годишниот Шпанец објави дека ќе се повлече од професионалниот тенис по финалето на Дејвис купот во ...
„Задоволство ми е да ја информирам македонската јавност дека од 7.10.2024 година, според претходно потпишан договор, 85% од акциите на АД ФК Вардар – Скопје се преземени со управувачкиот пакет на компанијата. Со нашето повеќегодишно искуство во менаџирање на фудбалски гиганти и соработка со десетици познати фудбалски клубови во Европа, ние ќе овозможиме брза финансиска, организациона и резултатска консолидација на овој најголем спортски бренд ...
Македонската фудбалска репрезентација со убедливи 3-0 ја победи Летонија во Рига и додаде три нови бода на контото во Лигата на нации со кои ќе го задржиме првото место и по третото коло. Головите ги постигнаа Јани Атанасов, Лирим Ќамили и Елиф Елмас. Македонските фудбалери можеби и не блескаа, но дадоа дури три гола и ја остварија целта по која отидоа во Летонија. Натпреварот беше изедначен, двете селекции имаа свои можности, ние ги ...
Македонската фудбалска репрезентација во 34. минута стигнува до предност со голот на Јани Атанасов. По една одлична акција во која учествуваа Барди и Миовски, Атанасов само беше егзекутор за наше водство. ...
Грчката полиција и официјално потврди дека причината за смртта на фудбалерот на Панатинаикос Џорџ Балдок кој почина изминатата вечер е давење. Според изворите на „News247“ обдукцијата била завршена во текот на денешниот ден и токсиклошките наоди се очекуваат за неколку дена. Направената обдукција ги потврди претходните сомнежи на медицинскиот вештак. Кога полицијата го пронашла Балдок од неговото тело излегувала вода што е вообичаена појава ...
Maкедонската фудбалска репрезентација денеска од 18:00 часот го игра натпреварот во Рига против Летонија, а на нешто повеќе од еден час познат е и стартниот состав. Од стартниот состав на Милевски отпадна Бојан Димовски поради вирус и тој е на клупата за резерви. Македонија стартува вo стандардната формација; На голот е Димитриевски, Алиоски, Муслиу, Манев и Ашковски во последната линија. По страничните позиции во средниот ред место добија ...
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва од 18 часот го игра третиот натпревар од Лигата на нации, против Летонија во Рига. По првите два меча, нашиот национален тим има биланс од една победа и едно реми и се наоѓа на првото место на табелата во групата. Македонија влезе како фаворит за првото место во ова издание на Лигата на нации и засега ја оправдува улогата, но октомвриските дуели ќе бидат вистинско мерило за нашиот квалитет. ...