Основачот на „Мета“ Марк Цукерберг го престигна францускиот магнат за луксузни стоки Бернар Арно и стана трета најбогата личност во светот, откако акциите на „Мета“ пораснаа додека акциите на LVMH паднаа. Богатството на Цукерберг сега е околу 175,5 милијарди долари, по зголемување од околу 8,6 милијарди долари (5,1%), според листата на милијардери во реално време на Форбс. Арно, претседател и извршен директор на LVMH – конгломератот кој вклучува ...

Споменот за мајка е вечен спомен! Нема стара или млада мајка – има само една МАЈКА! Христијан Трајчески не е атлетичар и никогаш не трчал маратон. Од спортот кошарката е неговата љубов. Тој е ученик во четврта година во СОУ „Ристе Ристески Ричко“ . Но, денеска од љубов и во спомен на својата прерано почината мајка Соња беше еден од учесниците на маратонската трка во Прилеп „Че трчаме“ заедно со своите 10 другари. Нејзината слика ја имаше на ...

Ливерпул е позрел тим од Манчестер Јунајтед и има предност на сплотен тим на етаблирани играчи, изјави менаџерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг, пред денешниот натпревар во Премиер лигата меѓу големите ривали на „Олд Трафорд“. -Ливерпул е во нова фаза на развој. Тие се зрел тим со играчи кои играат заедно долго време и се многу искусни. Допрва треба да изградиме нов тим, изјави Тен Хаг. Јунајтед не го победил Ливерпул по успехот со 2-1 на „Олд ...

Во Прилеп се одржа второто издание на уличната атлетска трка „ЧЕ ТРЧАМЕ“ на која учество зедоа над 1.400 учесници од повеќе градови на Македонија. Трката се одвиваше низ прилепските улици во централното градско подрачје, поделена во 2 рути на 5 и 10 километри. Првото место на 5 километри кај мажите му припадна на Григоријан Никовски кој забележа свој личен рекорд истрчувајќи ја трката за одлични 16 минути и три секунди. Трка на 10 километри: ...

Фудбалската суперѕвезда Кристијано Роналдо (39) брзо стигна до еден милион претплатници на Јутјуб, со што по којзнае кој пат докажа дека е еден од најпопуларните луѓе во светот. Славниот португалски фудбалер во средата го лансираше својот официјален канал на Јутјуб и за само 90 минути доби над милион следбеници, поставувајќи нов рекорд на оваа платформа за најбрзо зголемување до милион! Роналдо, кој моментално игра за Ал-Наср во Саудиска ...

Ракометниот клуб Тиквеш го отпушти тренерот Драган Марковиќ, кој требаше да биде замена за Раде Стојановиќ, но не издржа долго на кормилото. Тиквеш разочара на турнирите во Струга и Прилеп, а Марковиќ на меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“ се појави и со влечки. Освен што се појави во влечки, екипата на Марковиќ разочара и загуби против вториот тим на Пелистер. „Ја известуваме ракометната спортска јавност дека Драган Марковиќ повеќе ...

По вчерашниот дебакл од Воска Спорт, екипата на Вардар ја напушти тренерот Горан Петрески кој си заминува заедно со неговиот стручен штаб. Петрески во изјава за клупскиот сајт ја потврди својата оставка. “Јас и мојот стручен штаб ја превземаме одговорноста за двата порази во низа и од денес повеќе нема да ја извршуваме тренерската функција во клубот. За Вардар секогаш сум го давал целото свое срце, така беше и овој пат, жалам што сета таа љубов ...

Дербито на третото коло од новата сезона во Серија А, меѓу Лацио и Милан заврши без победник (2-2). Двете екипи имаа свои шанси за триумф, Милан водеше, Лацио направи пресврт, но по сето прикажано, ремито е најреален исход. Српскиот репрезентативец Павловиќ го отвори резултатот во осмата минута со својот прв гол за Милан и „росонерите“ ја задржаа предноста до 62. минута. За краток период потоа Лацио направи пресврт преку Кастеланос и Диа, но ...

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, даде изјава за новинарите по поразот од Алексеј Попирин во третото коло на УС Опен. Австралиецот победи со 6:4, 6:4, 2:6, 6:4 и така првпат во четвртиот обид го совлада Ѓоковиќ. „Честитки за него и неговиот тим, одигра подобро и заслужено победи. Од моја страна, како што се чувствувам и играм од стартот на овој турнир, успех е и третото коло. Убедливо најлошиот сервис досега, на толку брза ...

Од утре следува период на претежно стабилно време, освен во планинските подрачја каде ќе има ретка појава на претежно попладневен пороен дожд и ретки грмежи, информира УХМР. Дневните температури ќе бидат повисоки за околу 2 до 3 степени. Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во Скопје претпладне ќе ...

Од УХМР јавуваат дека времето дееска ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 34 степени. УВ=6 Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде ...

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, е поразен во третото коло на УС Опен од Алексеј Попирин, австралиски тенисер со руско потекло со резултат 6:4, 6:4, 2:6, 6. :4. На почетокот на мечот немаше индикации дека Новак Ѓоковиќ ќе го дозволи најголемото изненадување на овогодинешниот УС Опен, но како одминуваше сетот, јасно беше дека Попирин ќе прави се посериозни проблеми. Новак Ѓоковиќ по три и пол часа борба доживеа елиминација во ...

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, стана првиот играч со најмалку 90 победи на сите четири Грен слем турнири. Новак Ѓоковиќ со пласманот во третото коло на УС Опен успеа да собори уште еден рекорд. До мечот со Ласло Џере беше изедначен по бројот на победи на УС Опен со Роџер Федерер, двајцата имаа по 89, а кога најдобриот на сите времиња го совлада српскиот колега, го престигна големиот ривал, но не само тоа! Новак со таа победа ...

Времето утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, наместа засилен ветер од североисточен правец. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност и со умерен североисточен ветер. ...

И покрај интересот од Челси и ПСЖ, нигерискиот репрезентативец Виктор Осимен одлучи да ја напушти Европа и кариерата ќе ја продолжи во саудискиот прволигаш Ал Ахли. Фабрицио Романо утринава објави дека Наполи и Ал Ахли го договориле трансферот кој ќе изнесува меѓу 75 и 80 милиони евра плус бонуси, а Осимен ќе добие плата која не можеше да му ја понуди никој во Европа. Ќе потпише четиригодишен договор за 25-30 милиони евра, а она што е најважно, ...

Долгогодишниот македонски ракометен репрезентативец со 155 настапи во националниот дрес, голманот со богата интернационална кариера Борко Ристовски, од пред два месеци, е во комплетно нова професионална улога. Тој е на чело на новото Министерство за спорт. Ќе го вратиме спортот каде што му е местото во македонското општество, обезбедени се пари за ваучерите, со Даниел Димевски немам намера да комуницирам, спортисти и спортски работници не смее ...

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 35 степени. УВ=7 Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена ...

Поранешниот македонски репрезентативец, Илија Несторовски е блиску до враќање во хрватскиот фудбал, тврди „Јутарњи лист“. Според информациите на хрватскиот портал, Несторовски започнал преговори со Славен Белупо и тие оделе во добра насока, па наскоро се би можело да биде и потврдено. Несторовски во Хрватска го носеше дресот на Интер Запрешиќ и во сезоната 2014/2015 со 25 постигнати гола беше прв стрелец во хрватскиот шампионат. Во редовите на ...

Во Монако вечерва се одржа жрепката за главната фаза во Лигата на шампионите на УЕФА. На турнирот кој првпат ќе се одржи во нов формат ќе настапат 36 клубови. Во главната фаза, секоја екипа ќе одигра осум натпревари, четири дома и четири на гости. Сите 36 клубови се рангирани во вкупната табела. Екипите кои ги заземаат првите осум места директно напредуваат во осминафиналето. Екипите од 9. до 24. место ќе играат баражи за плејофот. За екипите од ...

Ромелу Лукаку прво доби пречек во Неапол налик на тој на легендарниот Диего Армандо Марадона, а потоа и официјално го потпиша договорот со Наполи каде што доаѓа од Лондон. Белгиецот парафира тригодишен договор со Наполи, што значи дека ќе заигра и за шести европски гигант од почетокот на кариерата. Најдобриот стрелец во историјата на Белгија е уште еден во низата фудбалери кои го „олеснија“ платниот список на Челзи, кој од наполитанците инкасира ...

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери за престојните натпревари од Лигата на нации против Фарски острови и Ерменија. Ништо ново кога е во прашање Милевски. Езѓан Алиоски упорно добива повик за настап, а официјален натпревар нема одиграно долго време. Истото важи и за Дарко Велковски. Штоперот е се уште без клуб и е надвор од натпреварувачки ритам од минатата сезона. Во ...

Селекторот Горан Андреевски ова лето со многу успех ги водеше македонските јуниори (У-18) до титулата во „Б“ конкуренцијата на Европското првенство. „Црвено-жолтите“ одиграа 8 натпревари и остварија 8 победи. Сепак, Андреевски за порталот Sport1.mk открива шокантни информации за условите кои ги добиле од КФМ, заканите со кои се соочувале… „Не ми е јасно зошто иако како домаќини можевме да избираме, цело време трениравме и најголемиот дел од ...

Од ФК Брера излегоа со соопштение во врска со случувањата на последниот натпревар во Струмица одигран помеѓу Брера и Шкендија. Клубот со реакција од јавноста поради информациите дека навивачката група на Шкендија била избракана од стадионот поради албанско знаме. „Во врска со случувањата на последниот натпревар во Струмица одигран на 25 август помеѓу Брера Струмица и Шкендија и обидот да некој ја вмеша политиката таму каде не и е местото, сакаме ...

Под влијание на циклонска активност од исток следува период кога во попладневните и вечерните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Особено поинтензивни процесите ќе бидат в четврток и в петок кога на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Во Скопје од утре до петок ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи, а во делови од ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја оправда фаворитската улога и со победа го стартуваше САД Опен во Њујорк каде што беше подобар од Молдавецот Албот без изгубен сет. Но, во текот на одржувањето на последниот грен-слем во сезоната пристигна информација дека Ѓоковиќ нема да настапи на два големи турнири до крајот на годината. Според објавените списоци, Ѓоковиќ нема да игра на турнирите во Пекинг и Токио кои се одржуваат од 23 септември. Ваквиот ...

Екипата на Барселона со пресврт во второто полувреме ги освои трите бода на гостувањето кај Рајо Ваљекано (1-2), а херој на каталонскиот гигант беше новото засилување, Дани Олмо, кој имаше најубаво можно деби и го осигура триумфот за својот тим. Домашниот состав влезе многу мотивирано во мечот, прикажа солидна игра во првиот дел, а успеа и рано да поведе, со голот на Унаи Лопез уште во деветтата минута. Барса имаше две солидни прилики за ...

Фудбалерот на Ал-Наср и репрезентацијата на Португалија, Кристијано Роналдо не планира да оди во друг клуб пред завршување на кариерата. Договорот на 39-годишниот играч со саудискиот клуб е до летото 2025 година. – Не знам дали ќе се пензионирам наскоро или за две или три години, но веројатно ќе го сторам тоа во Ал-Наср. Среќен сум овде. Ми се допаѓа да играм на ова првенство, сакам да продолжам да го правам тоа, го цитира Роналдо новинарот ...

Неверојатна трансформација на младиот дефанзивец на Јувентус, Федерико Гати. Момчето чија што фудбалска кариера се споредува со модерна бајка пред неколку години играше во аматерските лиги додека работел разни други работи. Гати на мечот со Комо во 1 коло од Серија А беше капитен на Јувентус. Нешто што ни на сон не можел да го замисли. „Кога го напуштив домот за фудбалот имав 20 години, а не ни помислив дека ќе се вратам во Торино. Место тоа, ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, претежно во северозападните планински подрачја, ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне од 30 до 36 степени. УВ-индексот ќе има вредност 7, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје се очекува времето да биде сончево и топло, со мала до умерена облачност, ...

Македонската одбојкарска репрезентација вчера претпре пораз од Грција со 3-1 во сетови и не успеа да го обезбеди настапот на Европското првенство во 2026 година уште сега. Шансите за Македонија за настап на четвртиот континентален собир во низа не се загубени, меѓутоа сега ќе треба да го чекаме исходот на натпреварите идниниот август. Капитенот Никола Ѓорѓиев беше искрен и призна дека жали што не успеале да ја победат Грција во одличната ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
4.63
71%
1025
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
1.03
67%
1027
weather icon

Софија

10ᴼ / 7ᴼ
5.14
60%
1025
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
4.88
75%
1025
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
91%
1029
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
1.03
73%
1017
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
62%
1019
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
47%
1022
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
2.06
92%
1024
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
78%
1027
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
7.2
77%
1021
Currency

61.6117

Currency

53.5431

Currency

69.9606

Currency

34.8127

Currency

38.0334

Currency

66.1643

Currency

7.52102

Currency

0.66196

Currency

0.3488

Currency

0.52486

Currency

1.27263

Currency

0.60225