Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски го анализира својот избор и зборуваше за предизвиците кои следат. „Што се однесува до списокот, за жал пак имаме некои повреди кои беа непланирани. Трапановски нема да игра поради повреда на тренинг. Ќе мора да паузира четири до шест седмици. Се надевам Трајковски ќе биде фит и ќе ни биде на располагање. За жал Дарко Велковски нема клуб и жалам што не е во посакуваната форма. ...

Новак Ѓоковиќ во Шангај доби добредојде достојно за секој крал од кинеската публика, за која се знае дека многу го сака српскиот тенисер. Ова можеше да се заклучи од реакцијата кога тој зачекори на теренот. Од сите страни се слушаа врисоци, а на пат кон клупата Ѓоковиќ реши да се поздрави со неколку навивачи, кои беа веднаш до оградата. На него беа забележливи знамето на Србија, тробојката на која се гледа златото на Новак од Олимписките игри, ...

Меѓу гостите на синоќешниот меч меѓу Интер и Црвена Звезда кој се одигра на „Џузепе меаца“ во рамките на 2. коло од Лигата на шампионите беше и нашиот Горан Пандев. Нашиот најдобар фудбалер имаше можност да се види со дел од своите соиграчи од златните денови на „нероаѕурите“ кога ја освоија европската титула. Пандев срдечно се поздрави со Милито, а меѓу гостите беа и Киву, Матераци и други. ...

Како што дознаваме регионалниот ТВ гигант Арена Спорт ќе го раскине договорот со ФФМ и веќе нема да биде присутна во фудбалска Македонија. Ова доаѓа поради се она што досега се случуваше во мак – фудбалот, посебно во ПМФЛ каде досега се изнагледавме “циркус“ а не фудбал. ТВ куќа од Србија се гледа како оштетена страна и затоа ќе го раскине постоечкиот договор кој го има со нашата Фудбалска федерација. Интересно е тоа што и во изминатите осум ...

Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки на ЕУ (Корепер) минатата недела донесе одлука Албанија на 15 октомври да ги започне преговорите по Кластерот 1 – „Основни вредности“, со што преминува во следната фаза од преговарачкиот процес за членство во Унијата и се раздвојува на европскиот пат од земјава. Сепак, и покрај ваквата одлука, како што наведува „Еуроњуз“, Брисел се надева дека новите власти во Скопје ќе останат ...

Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава, септември се карактеризира како просечно топол месец со просечни количества врнежи на ниво на државата во споредба со многугодишните просечни вредности 1991/20, но со поизразено количество врнежи во северозападот на државата. Како што информира УХМР, средномесечната температура се движела од 11,8 степени во Лазарополе до 21,9 во Гевгелија. Споредено со просечните ...

Фудбалерите на Интер и Црвена звезда вечерва во Милано ќе играат во рамките на второто коло во Лигата на шампионите. На навивачите на Црвена звезда италијанските власти им збранија да присуствуваат на натпреварот. И покрај забраната ултрасите на клубот од Блеград синоќа имаа свој перформанс низ улиците на Милано. Група од 50 навивачи прошетаа низ улиците на Милано, пеејќи ги песните на Звезда, а крајната дестинација беше хотелот во кој беа ...

Легендарниот кошаркар Дикембе Мутобо почина на 59-годишна возраст. Мутомбо почина по борбата со тумурот на мозокот. Славниот центар доминираше во НБА лигата во текот на 90-тите и 2000-тите години. Во тој период четири пати беше прогласен за дефанзивец на годината, осум пати настапи на Ол-стар натпреварот и трипати беше член на првиот тим на лигата. Исто така тој е втор по вкупниот број блокади и трет по блокадите по натпревар. „Дикембе Мутобо ...

Есента во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 14:43 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта. Првиот есенски ден е 266-иот ден во годината и ќе трае 12 часа и девет минути. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 21 минута, а ќе зајде во 18 часот и 30 минути. До карјот на годинава остануваат уште 100 дена. Есента ќе трае 89 дена, до 21 декември во 10 часот и 20 минути, кога календарски започнува ...

Ако сте некој есенски тип, тогаш септември ќе биде вашиот месец. Според најавите и прогнозираните температури, десеттиот месец од годината ќе ни донесе есен во вистинска смисла на зборот. Првата недела од месецот кој почнува утре ќе биде нешто слично на она што го имавме во изминатите неколку дена, со малку пониски температури. Особено посвежо ќе биде наутро кога ќе имаме температури кои се околу 3 до 5 степени кои ќе растат до крајот на ...

„Сè е исто, ништо не е сменето. Вардар секогаш бил дома, еднаш вардарец – засекогаш вардарец! Многу сум среќен што повторно сум тука. Ова е сосема нова екипа, ја водат мои двајца поранешни соиграчи. Се трудиме да држиме ниво и да бидеме конкуренти за титула, да ја освоиме и конечно Македонија пак да има вистински претставник во Лигата на шампионите. – Бонус видео ТУКА. Во ракометот некогаш даваш десет, некогаш еден гол, тоа зависи од ситуацијата ...

Голема трагедија била избегната на вчерашниот меч од Третат лига помеѓу Речица и Доброште, откако судијата Дарко Радески му го спасил животот на еден од домашните фудбалери. Инцидентот се случил кога на статот од второто полувреме дефанзивецот на Речица по удирање на топката со глава незгодно паднал на тревата и останал да лежи. Неговата ситуација веднаш беше проценета како опасна од делителот на правдата, кој со спринт стигна до повредениот и ...

На вчерашниот дерби натпревар меѓу Баерн Минхен и Баер Леверкузен кој заврши нерешено 1-1, Хари Кејн заработи повреда. Кејн беше изваден од игра во текот на второто полувреме со болки во зглобот. Баерн Минхен денеска излезе со соопштение за неговата повреда. „Хари Кејн заработи болен удар во неговиот зглоб вчера. Тестовите денеска покажаа позитивен развој. Кејн ќе продолжи да добива интензивен третман“, стои во соопштението на Баварците. Баерн ...

Низ македонската територија се забележа промена на температурите, откако потпадна под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север. Во утринските часови во северните делови на земјата имаше повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Во текот на денот се очекува да дува силен ветер, на некои делови и над 70км/ч. Силни ветрови се очекува да дуваат и в понеделник. Дневната температура значително ќе се намали (во недела за 6 до 8, ...

Фудбалерите на Шкендија беа подобри од скопскиот ривал Вардар со 4-0 во осмото коло од македонската Прва лига. Шкендија по само три минути игра ја затресе мрежата на Гачевски преку Трумчи, по што Вардар не успеа да го возврати ударот, а набрзо прими уште два погодоци. Ибраими и Ахмеди беа стрелци на погодоците за тетовскиот тим до крајот на првото полувреме, додека во вториот дел домаќините стрелаа преку Рамадани за триумф од 4-0 на Шкендија. По ...

Teнзично беше денес во натпреварот помеѓу Шкендија и Вардар во Тетово кој домаќините го добија убедливо со 4:0. Атмосферата започна да се вжештува на десетина минути пред крајот кога голманот Филип Гачевски по неколку турканици со фудбалерите влезе во судир и со навивачите на Шкендија. Гачевски сакаше да одговори на провокациите од трибините, а во тие моменти беше погоден и со предмет од трибините. Не се смири голманот на Вардар ниту по ...

Ракометното дерби меѓу Вардар и Пелистер заврши со победа на скопскиот гигант од 27-24, а тренерот на „црвено-црните“, Владо Недановски кажа дека овој триумф би можел да биде пресвртница на сезоната за поранешниот македонски шампион. Недановски посочи дека е задоволен од играта на неговиот тим во првото полувреме, но исто така имаше пофални зборови за играчите кои покажале карактер, иако Пелистер се доближи на еден гол негатива (19-2) во вториот ...

Македонската таеквондистка Ведрана Тунески освои златен медал на на Е2 Тирана Опен Кадети во конкуренција до 41 килограм. До златото, таа стигна со четири убедливи победи, вклучувајќи го триумфот против актуелната светска кадетска шампионка Вирџинија Ламптис од Италија. Покрај неа, ги победи уште Милјана Јовичиќ од Црна Гора, Аурора Парисела од Италија и Дијаз Гомес од Шпанија. Ведрана Тунески е освојувач и на бронзен медали од Европско ...

Минатата недела во продавниците на Apple пристигнаа новите телефони iPhone 16. Сепак, се покажа дека новиот модел не претставува значаен чекор напред од претходниот модел. Иако моделите на iPhone 16 носат одредени подобрувања како AI технологија, нов чип и копче за камера, тие не се покажаа како значаен чекор напред во однос на минатогодишниот модел, како што забележаа многу корисници на социјалните мрежи. Ова е причината зошто некои се ...

Најниска темепратура од 9 степени Целзиусови утрово се измерени во Берово и Попова Шапка, додека 16 степени во Дебар, Охрид, Велес, Скопје-Зајчев Рид и Кавадарци. Во Лазарополе измерени се 10 степени, 11 во Маврови Анови, 12 во Крива Паланка, 13 Струмица, Крушево, 14 Битола и Демир Капија, 15 степени Целзиусови во Штип, Скопје-Петровец, Куманово, Претор, Прилеп, Гевгелија и Виница. УХМР соопшти дека за изминатите 24 часа до 08 часот (во l/m2) ...

Управата за хидрометеоролошки работи најавува значителна промена на времето утре – дожд, засилен ветер и пад на температурата. Утре под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север ќе настапи позначителна промена на времето. Од утринските часови најпрвин во северните делови, ќе има повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува силен ветер (наместа над 70км/ч.) кој ќе продолжи и во понеделник. Дневната температура ...

УХМР информира дека утре ќе се задржи сончево и топло време, но задутре, недела, под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север, ќе настапи позначителна промена. Ќе има повремени врнежи од дожд со локална појава на грмежи и силен ветер. Во понеделник ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали, за 8 до 10 степени. Потоа, во следните два дена, времето ќе ...

Вчерашниот вторлигашки меч помеѓу Вардар Неготино и Охрид Лихнидос имал и трето полувреме, откако неофицијално лице физички го нападнал голманот на гостинската екипа, Андов. Инцидентот се случил по официјалниот крај на средбата на излегувањето кон соблекувалните, кога еден од присутните на стадионот со тупаници му се нафрли на чуварот на мрежата, кој заврши доле на теренот. Следуваше брза реакција на редарите и полицијата, со што беше спречен ...

„ Сè освен титула ќе биде неуспех за овој Вардар. Ова е храбра изјава, која ќе носи и одговорност, но сакам да биде запаметено. Располагаме со добри играчи, покриени сме на сите позиции и се надевам дека оваа година тоа ќе го оствариме без разлика на поразот во првото коло од Алкалоид. Веќе трета година сум на клупата. Првата година се соочивме со исфрлање од Европа и потоа следеа проблеми со играчкиот кадар. Наследив екипа со седум-осум искусни ...

Главна вест во турските медиуми е пукањето кон поранешниот репрезентативец на оваа земја Серхат Акин. Како што претходно беше објавено кон Акин било пукано по натпреварот помеѓу Фенербахче и Унион СГ во Лигата на Европа и тоа пред телевизиско студио во Бејкоз. Акин во телевизијата вил во улога на стручен коментатор. На социјалните мрежи сега се појави и видео од нападот кон него. На видеото се гледа како напаѓачот дотрчува од улицата и пука кон ...

Американскиот милијардер Дејвид Сакс верува дека планот на украинскиот претседател Володимир Зеленски да стави крај на конфликтот ќе доведе до избувнување на Третата светска војна. „Зеленски дојде во САД за да му го претстави својот рекламиран „план за победа“ на претседателот (САД Џозеф) Бајден“. Што предвидува? 1) Итно влегување (Киев) во НАТО. 2) Ракетни напади со долг дострел. Со други зборови, трета светска војна“, напиша Сакс на својот ...

До крајот на денот променливо облачно и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во вечерните часови претежно во северните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 30 степени. Во Скопје, променливо облачно со слаб југоисточен ветер. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд ...

Во убав амбиент, Вардар го пречека Силекс во Скопје каде натпреварот заврши со победа на гостите од Кратово во самиот финиш (0-1) кој го одбележа драма и неверојатен погодок кој беше поништен, па признат и вредеше три бода за избраниците на Александар Васоски. Единствената светла точка на Вардар во досегашниот тек од сезоната се дефинитивно навивачите на Вардар, Комитите и никој друг. Тие уште еднаш покажаа како се навива и во работен ден, па ...

Претстојното ракометно дерби помеѓу Вардар и Пелистер ќе донесе спектакл на теренот, но и на трибините, каде што повторно ќе се најдат две навивачки групи. На денешната прес-конференција беше потврдено дека гостинскиот тим ќе има поддршка од најмалку 200 фанови. „Минатата сезона немаше гостински навивачи на овие дуели бидејќи сакавме да ги смириме страстите по немилите сцени од пред две години. Наша цел е да се игра во максимална спортска ...

По пауза од еден меч, и тоа од оправдани причини, Вардар повторно ќе игра во вечерен термин. Имено дуелот со Силекс денес од 7.коло е закажан за од 20 часот под светлоста на рефлекторите и тоа на Арената “Тодор Проески“ во Скопје. Секако дека убава можност љубителите на фудбалот да уживаат во одличен натпревар меѓу две квалитетни екипи, меѓу клубови кои некогаш беа лути ривали во битката за титулата во ПМФЛ. Додека останатите мечеви од 7.коло во ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1024
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
2.57
66%
1026
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
51%
1027
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
6.17
81%
1024
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
6.94
61%
1023
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
2.57
66%
1026
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
2.68
68%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
68%
1018
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
7.72
36%
1021
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
88%
1023
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 13ᴼ
4.63
60%
1026
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 19ᴼ
6.69
68%
1020
Currency

61.6117

Currency

53.4226

Currency

70.1451

Currency

34.8307

Currency

38.0029

Currency

66.1692

Currency

7.50631

Currency

0.66019

Currency

0.34662

Currency

0.52533

Currency

1.27069

Currency

0.60225