Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека е задоволен од својот настап на Мастерсот во Шангај, додавајќи оти Италијанецот Јаник Синер бил подобар во денешното финале и заслужено ја освоил титулата. „Задоволство е да се биде во Шангај, имав многу успеси на кинеско тло во текот на мојата кариера, не сум играл овде веќе пет години и ми недостигаше тоа. Му честитам на Јаник, беше предобар. Имаше исклучителна година и го заслужи ова“, изјави Ѓоковиќ ...

Фудбалската репрезентација на Србија одигра феноменален дуел и со победа над Швајцарија (2-0) се доближи до ривалите кои се на врвот во групата 4 од Лигата А во Лигата на нациите на УЕФА. Мечот се одигра во Лесковац, а започна со неспортски потег на српската публика која ја исвирка химната на Швајцарија и сигурно ќе добие санкција од УЕФА за потегот. Околу головите, двете полувремиња понудија по еден гол. Швајцарците немаа шанси во првото ...

Ураганот Лесли над Атлантикот се приближува до западниот брег на Европа. Се очекува да влијае на времето во Португалија и Шпанија на почетокот на следната недела. Циклонот е стациониран над северна Европа, а упадите на нестабилен влажен воздух од атлантско потекло во силен млазен поток се движат северно од алпската пречка и само мали количини повремено стигнуваат до Балканот преку Виенската порта, поточно најсеверните делови од внатрешноста на ...

Наутро променливо облачно со услови за слаб локален дожд, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен до северозападен правец. Времето и метеоролошки параметри за Скопје: наутро променливо облачно, во текот на денот сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. T= 25 °C, P= 981 hPa, U= 48 ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 25 степени. Според најавите од УХМР, ...

Новак Ѓоковиќ по триумфот во полуфиналето на Шангај над Тејлор Фриц истакна дека имал цел да стигне до финалето. Новак по натпреварот истакна дека мора што поскоро да се опорави пред финалето на турнирот. – Имав разни проблеми, но успеав да се поправам. Фриц игра добро на оваа подлога, не сакав да одам во трет сет, драго ми е што завршив тука“, изјави Ѓоковиќ по триумфот. Ривал на српскиот тенисер во финалето на мастерсот во Шангај ќе му биде ...

Превртени и пречкртани албански знамиња, како и скандирање „Косово е Србија“ го одбележаа мечот Чешка-Албанија, чии репрезентации ги одмеруваа силите како во Прага како дел од Лигата на нации. Чешка победи на натпреварот со 2-0, а допрва ќе се знае дали и како репрезентацијата ќе биде казнета поради овие потези на навивачите. ...

Најдобриот француски фудбалер, Килијан Мбапе, повторно го навлече гневот на фудбалската јавност во својата татковина. Тој му најави на селекторот Дидие Дешан дека поради повреда нема да настапи на дуелите од Лигата на нации против Израел и Белгија, а потоа одигра два натпревари за Реал Мадрид – против Лил и Виљареал), а сега дополнително ги налути своите сонародници. Причина за тоа се папарацо-слики од ноќно излегување на Мбапе и тоа во ...

Функцијата Smart replies (паметни одговори) е достапна за Gmail од 2017 година, а сега доаѓа и за Gemini. Новите паметни одговори генерирани од Google Gemini ја земаат предвид целата содржина на е-пораката, со цел подобро да го доловат контекстот. Иако можеби ќе треба малку да ги уредите ако сакате да бидат што е можно поблиску до нешто што би го напишале, тие се подетални од претходно. Откако ќе ја добиете оваа функција, ќе видите неколку опции ...

Денес како и во недела поради продор на малку посвежа воздушна маса од север, во Македонија ќе има опаѓање на температурите за околу 5 степени за разлика од оние кои ги имаме сега. Времето ќе биде стабилно, суво и сончево, со појава на мала до умерена локална облачност. Во сабота, особено долж Повардарието повремено ќе дува засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени. Во Скопскиот регион, ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Попладне во северните и источните делови врнежите ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. Во Скопје променливо облачно, попладне со повремен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека лично ќе присуствува на последниот турнир во кариерата на неговиот голем ривал Рафаел Надал. -Ти посакувам најдобро збогум во Малага со Дејвис куп тимот. Ќе бидам таму лично да оддадам почит на твојата блескава кариера, напиша Ѓоковиќ на својот профил на социјалните мрежи. Во четврток, 10 октомври, 38-годишниот Шпанец објави дека ќе се повлече од професионалниот тенис по финалето на Дејвис купот во 2024 ...

„Задоволство ми е да ја информирам македонската јавност дека од 7.10.2024 година, според претходно потпишан договор, 85% од акциите на АД ФК Вардар – Скопје се преземени со управувачкиот пакет на компанијата. Со нашето повеќегодишно искуство во менаџирање на фудбалски гиганти и соработка со десетици познати фудбалски клубови во Европа, ние ќе овозможиме брза финансиска, организациона и резултатска консолидација на овој најголем спортски бренд во ...

Македонската фудбалска репрезентација со убедливи 3-0 ја победи Летонија во Рига и додаде три нови бода на контото во Лигата на нации со кои ќе го задржиме првото место и по третото коло. Головите ги постигнаа Јани Атанасов, Лирим Ќамили и Елиф Елмас. Македонските фудбалери можеби и не блескаа, но дадоа дури три гола и ја остварија целта по која отидоа во Летонија. Натпреварот беше изедначен, двете селекции имаа свои можности, ние ги ...

Македонската фудбалска репрезентација во 34. минута стигнува до предност со голот на Јани Атанасов. По една одлична акција во која учествуваа Барди и Миовски, Атанасов само беше егзекутор за наше водство. ...

Грчката полиција и официјално потврди дека причината за смртта на фудбалерот на Панатинаикос Џорџ Балдок кој почина изминатата вечер е давење. Според изворите на „News247“ обдукцијата била завршена во текот на денешниот ден и токсиклошките наоди се очекуваат за неколку дена. Направената обдукција ги потврди претходните сомнежи на медицинскиот вештак. Кога полицијата го пронашла Балдок од неговото тело излегувала вода што е вообичаена појава при ...

Maкедонската фудбалска репрезентација денеска од 18:00 часот го игра натпреварот во Рига против Летонија, а на нешто повеќе од еден час познат е и стартниот состав. Од стартниот состав на Милевски отпадна Бојан Димовски поради вирус и тој е на клупата за резерви. Македонија стартува вo стандардната формација; На голот е Димитриевски, Алиоски, Муслиу, Манев и Ашковски во последната линија. По страничните позиции во средниот ред место добија Барди ...

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва од 18 часот го игра третиот натпревар од Лигата на нации, против Летонија во Рига. По првите два меча, нашиот национален тим има биланс од една победа и едно реми и се наоѓа на првото место на табелата во групата. Македонија влезе како фаворит за првото место во ова издание на Лигата на нации и засега ја оправдува улогата, но октомвриските дуели ќе бидат вистинско мерило за нашиот квалитет. Пред ...

Вимблдон е еден од најпопуларните турнири во светот, а се одржува дури од 1877 година, но раководството на турнирот се реши за еден необичен потег во 2025 година. Управата на турнирот соопшти дека Вимблдон од следното лето ќе употребува вештачка интелигенција, односно автоматска контрола на линиите за време на натпреварите. Технологијата зема сè поголем замав во светот на спортот, па Вимблдон реши да се ослободи од линиските судии со цел да се ...

Кон Европа се движи ураганот „Кирк“, кој најверојатно ќе предизвика штета и нарушување во делови од Европа кога ќе пристигне оваа недела. -„Кирк“ првично беше моќен ураган, кој се движеше помеѓу Бермудите на Карибите и Азорските Острови во централниот дел на Атлантикот во текот на викендот. Накратко стигна до категоријата 4 на скалата Сафир-Симпсон. Сега ќе остане многу силен бидејќи ќе се развие во моќна атлантска бура каква што често ја ...

Атила Бижен Жалили е турски државјанин кој живее во Унгарија. Жалили откупи 85 проценти од акциите на Вардар, го доби управувачкиот пакет и наскоро ќе следува целосна трансформација на клубот. Новиот сопственик на Вардар е генерален директор на „СолСервисис Лтд.“, унгарска компанија која се занимава со имплементација на производство на енергија од обновливи извори. Тие се пионери во развојот на соларни паркови во Унгарија и се лидери на пазарот ...

Врвните македонски спортисти кои досега рекламираа казина или обложувалници ставаат крај на ваквата соработка. Ова на денешната прес-конференција го откри министерот за спорт Борко Ристовски одговарајќи на новинарско прашање. -Немаме ништо против било која компанија да финансира клуб или федерација. Но, не сакаме истакнатите спортисти како личности да се истакнуваат во реклами за казина, за кладилници и брзи кредити. Нашата замерка е во таа ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ неодамна изјави дека нема план за иднината и дека најверојатно ќе игра само на Гренд слем турнири и на Мастерси и ќе се обиде што повеќе време да поминува со своето семејство. Со оглед на тоа што е во 38. година од животот, многумина помислија дека тука е крајот и дека полека се простува од тенисот. Сепак, Мастерсот во Шангај изгледа дека му ја врати желбата за игра, па пред своите фанови изјави нешто со што најави ...

Најстудено утрово е во Берово со измерени 4 степени Целзиусови, додека со 13 степени најтопло е во Демир Капија. Во Лазарополе утрово се измерени 5 степени, 7 Крива Паланка, 8 Тетово, Битола, Струмица и Попова Шапка, 9 степени во Скопје-Петровец, Охрид, Претор, Прилеп, Штип и Маврови Анови, 10Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Дебар, Велес и Кавадарци, 11 степени во Гевгелија, Крушево и 12 степени во Виница. Од УХМР информираат дека во изминатите 24 ...

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар на репрезентативна пауза оди при дното на табелата во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и тимот го чека битка за опстанок до крајот. И тоа немаше да биде толку болно да не беше лошата игра која не ветува. Последниот меч со Струга Трим Љум беше оној кој ја прели чашата, затоа што се примија четири гола, а Вардар беше непрепознатлив на теренот. Многумина имаа критика за актуелната ситуација во ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне во делови од котлината со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб јужен ветер. ...

Најдобриот македонски голман во последната деценија, Столе Димитриевски, летово го замени дресот на Рајо Ваљекано со тој на Валенсија, каде што се уште нема добиено шанса да застане на гол-линијата. Планот да биде замена за Мармадашвили пропадна, бидејќи Грузиецот и покрај тоа што потпиша за Ливерпул, сепак, остана уште една сезона на „Месталја“. Димитриевски во интервју за „Марка“ се осврна на тешката ситуација како резервен голман во која не ...

Утрото постудено, а преку денот, времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура се очекува да биде 2 степена, а максималната, 27 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје, времето се очекува да биде сончево со умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Според најавеното, во среда и петок ќе има услови за локален дожд и ретки ...

Дека во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) меѓучовечките односи одамна не се како што треба потврдува и оставката на спортскиот директор на репрезентацијата, Дени Масев. Тој на виделина извади многу проблеми во Куќата на фудбалот, особено начинот на кој претседателот Муамед Сејдини ја приватизирал федерацијата. „Жал ми што на ваков начин и пред почеток на подготовките на репрезентацијата се обраќам до јавноста, но веројатно за се треба ...

Миленко Неделковски е главен виновник за катастрофалните резултати на нашиот најтрофеен фудбалски колектив во државава, ФК Вардар на стартот од новата натпреварувачка сезона во ПМФЛ. Овој човек нема ни ,,Ф” од фудбалско познавање и во никој случај не треба да повлекува фудбалски потези во ниту еден единствен македонски фудбалски клуб, а најмалку во најтрофејниот. Еден тон еуфорични статуси и најави пред почетокот на сезоната од Неделковски на ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
3.09
64%
1034
weather icon

Белград

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
72%
1036
weather icon

Загреб

2ᴼ / -3ᴼ
1.03
70%
1037
weather icon

Софија

0ᴼ / -1ᴼ
4.12
72%
1035
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.5
67%
1033
weather icon

Љубљана

-1ᴼ / -2ᴼ
2.06
89%
1038
weather icon

Атина

7ᴼ / 5ᴼ
3.13
67%
1031
weather icon

Тирана

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
70%
1029
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
52%
1031
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -1ᴼ
2.06
74%
1034
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / -1ᴼ
2.68
75%
1036
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 1ᴼ
7.2
52%
1029
Currency

61.525

Currency

59.128

Currency

73.9234

Currency

37.0773

Currency

41.3151

Currency

65.5845

Currency

8.25069

Currency

0.58872

Currency

0.38396

Currency

0.52529

Currency

1.64773

Currency

0.68071

Алуминиум

2.63

Кобалт

30.86

Никел

15047.41

Рутениум

16011.07

Калај

30.30

Сребро

1041.10

Злато

92307.10

Бакар

8.77

Паладиум

3150.77

Платина

32467.40

Родиум

148697.20

Цинк

2.76