Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) отвори дисциплинска постапка против репрезентациите на Романија и Косово поради однесувањето на навивачите за време на петочниот натпреварот од Лигата на нации, јавува „Би-би-си“. Фудбалската федерација на Косово (ФФК) на крајот од средбата ги обвини романските навивачи за дискриминација, поради што нивните фудбалери биле принудени да го напуштат теренот во Букурешт. Романските навивачи скандираа „Косово е ...

Шокантни сцени беа сведоци на гледачите во арената Јохан Кројф во Амстердам оваа сабота. Натпреварот од групата 3 од Лигата на нации А меѓу Холандија и Унгарија беше прекинат во осмата минута бидејќи му се слоши на Адам Салаи, помошник на унгарскиот селектор Марко Роси. Салаи е легендарен унгарски напаѓач, за нивната репрезентација настапил 86 пати и постигнал 26 гола. Пред еден месец тој стана член на стручниот штаб на Унгарија. Се струполи на ...

Поранешниот апсолутен светски шампион во бокс во тешка категорија, Мајк Тајсон, ги сподели своите емоции по поразот во борбата со блогерот Џејк Пол ноќеска во Арлингтон (Тексас, САД). Борбата имаше официјален статус и траеше осум рунди. Дваесет и седумгодишниот Пол победи со едногласна одлука (80:72, 79:73, 79:73). -Не сум изненаден што се случи ова. Не се обидував никому ништо да докажам, само мило ми е што успеав да се борам. Пол е добар ...

Колку само е суров фудбалот доколку работите не се „тераат“ како што треба, и колку знае истиот да врати „мило за драго“. Пред само неколку сезони Шкупи беше нашиот топ клуб, играше во Европа, имаше шанса да влезе во групната фаза, го делеа деведесет минути од „елитата“. Ги имаше најдобрите стрелци, најдобрите играчи во тимот, се беше како што треба во Шкупи. Е ама повеќе не е така. Титулата од пред три години и тие „златни“ времиња на Шкупи ...

Мајк Тајсон, еден од најлегендарните боксери во историјата, по 21 година повторно се врати во рингот, но доживеа пораз во ноќешната пресметка од Џејк Пол, триесет години помлад јутјубер, во меч одржан пред 72.000 гледачи во САД и тоа по едногласна одлука на судиите. Две години љубителите на боксот од целиот свет го очекуваа враќањето на Тајсон, откако се појавија вести за негов дуел со популарната интернет ѕвезда. Подготовките траеја долго, а ...

Натпреварот од Ц-лигата на нации, меѓу Романија и Косово не го дочека својот крај откако на почетокот од судиското продолжение, гостинските фудбалери го напуштија теренот. Причина за нивниот револт беа скандирањата од трибините „Србија, Србија“ што за нив претставувало провокација и расизам. Еден од фудбалерите го искажа својот гнев со тоа што ја шутна топката кон трибините, а потоа заедно со соиграчите и судиите замина во соблекувална. ...

Париз останува најголема сензација во Евролигата оваа сезона, а силата на францускиот шампион вечерва ја почувствува и лидерот во елитното натпреварување Барселона. На гостувањето во Каталонија, Париз славеше со 103-87 на крилјата на македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс. Клулна беше последната четвртина која Французите ја добија со 30-17, но и претходно Париз најчесто беше во водство. Барселона последен пат беше во игра на околу минути пред ...

На сите досегашни прволигашките натпревари на Чаир 2030 сезонава на домашен терен, не можеше да не се забележи знамето на терористичката организација УЧК на средина од салата „Шабан Трстена“, но дури по четвртиот меч се најде храбар делегат за да реагира и да го пријави ова во својот извештај до Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ). Најхрабра од сите свои колеги излезе единствената дама која ја извршува делегатската функција, Елена ...

Скијачката Јана Атанасовска на само 18 години го оствари најголемиот успех – да стане првата Македонка која ќе учествува на Светскиот скијачки куп во дисциплината слалом и тоа на трка што ќе се одржи утре во Леви (Финска). Нејзиното учество на ова натпреварување ја става на иста сцени со некои од најдобрите скијачки во светот, вклучувајќи ја и легендата Микаела Шифрин. Заедно со нејзините тренери – Александар Атанасовски и Игор Загерник, Јана е ...

Брачната двојка Мауро Икарди и Ванда Нара повторно е во центарот на вниманието на аргентинската јавност, а причина за ова е нивната нова кавга која ќе резултира со појавување на славниот фудбалер на суд. Мауро Икарди и Ванда Нара со години ги полнат страниците на италијанските и аргентинските таблоиди. Веќе не се знае бројот на нивните кавги и помирувања, а откако неколку месеци беа „тивки“, во јавноста повторно испливаа нивните домашни ...

Конечно ќе се одржи спектаклот меѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол во боксерскиот ринг, а цел свет со нетрпение ја чека борбата која е закажана за ноќта меѓу петок и сабота. Меѓу навивачите постојат различни прогнози за тоа како ќе заврши борбата, а букмејкерите веќе предвидуваат дека Тајсон би можел да го гризне Пол за пенисот. Според обложувалниците, Пол е фаворит во борбата и има коефициент од 1,7, додека коефициентот за Тајсон е 3,00. Еден од ...

„Со нетрпение го oчекував доаѓањето во Скопје. Се запознав со ракометарите и веќе ги одработевме првите тренинзи. Морам да кажам дека како тим со кој ќе раководам имам вистински професионалци кои ми оставија одличен впечаток. Првите впечатоци се одлични и очекувам дека ќе напредуваме на секое поле. Имаме период полн со натпревари, но верувам дека сите заедно ќе успеме во исполнување на поставените задачи“, изјави Милано. Дел од ракометарите кои ...

Екипата на Лос Анџелес лејкерс ноќеска на домашен терен го победи Торонто со 128:123. За домаќините, Леброн Џејмс го постигна третиот трипл-дабл во последните натпревари. Џејмс натпреварот го заврши со 35 поени, 12 скока и 14 асистенции. Претходно, 39-годишниот Американец стана најстариот кошаркар кој забележал два трипл-дабл по ред. Лејкерси ја забележаа седмата победа и се наоѓаат на 6. место во поредокот на Западната конференција од ...

Олимпија Милано доживеа уште еден шокантен пораз во Евролигата откако испушти +13 во дуелот со Алба во Берлин, по продолжение. Еден од најинтересните моменти се случи пред крајот на основниот дел. Алба го имаше последниот напад, Спањоло ја презеде одговорноста да решава, но не беше прецизен и остана 94-94. Еторе Месина изгледа не знаеше точно што се случува, односно мислеше дека неговиот тим има водство и дека по тој промашен шут е победник. ...

Времето утре ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), информираат од УХМР. Во петок и до сабота наутро ќе има врнежи од дожд кои на планините и на некои повисоки места особено во западните делови од земјата ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено изразен во петок. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури. ...

Ракометната федерација на Македонија донесе одлуки по повод натпреварот помеѓу Скопје и Гевгелија, по срамниот Куп натпревар во кој ракометарките си даваа автоголови, и наводно намерно промашувале на меѓусебниот натпревар. Така ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје се исклучени од сите натпреварувања под капата на Ракометната федерација на Македонија. Суспензии добија и официјалните лица на двата клуба, како и делегатот. Валентина Радуловиќ како ...

Легендарниот италијански стручњак Клаудио Раниери многу веројатно по трет пат во кариерата ќе седне на клупата на Рома. Медиумите на Апенинскиот полуостров тврдат дека тој синоќа бил на состанок со раководството на клубот и во моментов се договараат детали за неговото враќање на Олимпико. Приказната не би била чудна ако не се знае дека на крајот од минатата сезона, откако го спаси Каљари од испаѓање, тој објави крај на својата тренерска кариера, ...

Извршниот директор на Мајкрософт Сатја Надела го преполови својот паричен бонус, соопштувајќи дека тоа го прави поради неодамнешните пропусти во сајбер безбедноста кои влијаеја на операциите на Мајкрософт. Надела според пресметките на компанијата требаше да добие бонус од 10,66 милиони долари, а по намалувањето ќе добие 5,2 милиони долари. Тој годинава треба да земе вкупен надоместок од 79,1 милиони долари, што претставува зголемување од 63% во ...

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до петок времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од променлив интензитет. Во вечерните часови, ноќта и утре, локални врнежи од дожд се очекуваат во јужните делови на земјата, додека по одделни котлини ќе има појава на магла. Во четврток, на некои места врнежите ќе бидат пообилни, над 20 литри на метар квадратен. Поради продор на постудена воздушна маса од север, во ...

Репрезентацијата на Србија вчера за првпат во својата ракометна историја претрпе пораз од селекцијата на Италија во квалификациите за Европското првенство (30-31), а во српската јавност веќе одреден период се шпекулира за селекторска смена. Поразот од Италија е дополнителна причина да се пишува за смена на сегашниот селектор „Борис Ројевиоќ“, но како што пренесува „Моцартспорт“ уште пред дуелот со Италијанците во Ракометниот сојуз на Србија се ...

Натпреварот од ракометниот Куп на Македонија во женска конкуренција меѓу Скопје и Гевгелија го одбележа скандал, откако ракометарките на двете екипи си постигнуваа автоголови, а Ракометната федерација на Македонија (РФМ) реши да ги санкционира. РФМ донесе одлука со која двете екипи се исклучени од системот на натпреварување за сезоната 24/25 во сите женски категории, а исто така се очекуваат казни и за одговорните лица во тимовите. Во текот на ...

Некогашниот голгетер на Вардар со новото писмо само ја продолжи својата верзија на приказната за проблемите и финансиските долгови на Вардар. Писмото до медиумите на Дарко Панчев: „Четврт-век вардарови „лудории“. Најпрво да им заблагодарам на сите што изминатата недела ми се јавуваа и даваа поддршка, информации, податоци и одредени материјали. Го ценам тоа, ми значи. И советите и предупредувањата исто така. Дел од нив ќе ги има во текстов (моите ...

Македонија во следниот период ќе се соочи со Летонија и Фарски Острови во Лигата на нации, а македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов ги кажа неговите очекувања. Чурлинов сака со две победи да го завршат овој циклус на натпревари, а притоа посочи дека очекува голема поддршка од публиката. „Играме на домашен терен и тоа е голема мотивација за нас. Ќе ги анализираме противниците и ќе се фокусираме на задачите кои ќе ни ги даде селекторот. Сите ...

Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Муамед Сејдини, ќе си замине од функцијата по завршувањето на двата ноемвриски дуели на А-тимот против Летонија на 14 ноември и против Фарски Острови три дена подоцна, дознава Спорт1 од извори блиски до Куќата на фудбалот. Според информациите, Сејдини веќе ја ковертирал оставката и ќе ја обелодени по завршувањето на двата меча, со цел да нема нарушување на атмосферата во А-тимот, кој го ...

Во продолжение ви го пренесуваме цело соопштение на Комити: „Групата го известува членството, како и целокупната јавност, дека денес беше одржано Собрание на акционери на ФК Вардар АД Скопје, а со цел избор на нови членови во одборот на директори. На истото присуствуваа и претставници на групата, во својство на застапници на 15% од акциите на клубот кои по договор ги поседува здружението ,,35 години Вардарци Скопје”. На Собранието беа избрани ...

Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс постави нов рекорд во НБА-лигата. Лејкерси рано утрово ја извојуваа шестата победа сезонава победувајќи го Торонто со 123:103. Леброн постигна трипл-дабл 19 поени, 10 скока и 16 асистенции за 35 минути. Џејмс, кој во декември ќе наполни 40 години, стана најстариот играч во историјата на НБА кој забележал трипл-дабл во два последователни натпревара. На претходната средба со Филаделфија, Џејмс постигна ...

Македонската ракометна репрезентација го доживеа првиот пораз во квалификациите за Европското првенство, „црвено-жолтите“ вечерва загубија на гостувањето кај Литванија со 29-27. Македонија не успеа со 100% учинок да го почне новиот квалификациски циклус, вечерва важевме за благ фаворит во пресметката против Литванија, но во драматична завршница загубивме со 29-27. По нашето водство од 0-1 и 1-2, Литванија наметна игра и во 18. минута стигна до ...

„Со оглед на многуте гласни коментари на повеќето клубови од Првата и Втората фудбалска лига, ние како ФК Вардар започнуваме иницијатива за ИТНА смена на комесарот за делегирање на судии, Марјан Ристески. Воедно како клуб за неуспесите и поразите вината прво ја гледаме во сопствените редови, но по консултација со стручни лица и со оглед на фактите од изминатите тринаесет кола, може да се констатира дека Вардар е најоштетен во однос на судиските ...

Нема веќе непоразени екипи во Првата македонска фудбалска лига, откако досегашниот лидер Работнички попладнево загуби на гостувањето кај шампионот Струга. Вардар ја прекина четиригодишната серија без победа против Шкупи во ефикасен и натпревар со резултатски пресврти одигран на „Тодор Проески“. Резултати натпреварите во 14. коло на ПМФЛ одиграни попладнево: Гостивар – Воска 4:0 Шкендија – АП Брера 4:3 Силекс – Пелистер 1:0 Струга ТЛ – Работнички ...

Скандалозна сцена беше забележана денес во натпреварот од ракометниот Куп на Македонија во женска конкуренција помеѓу Скопје и Гевгелија. Последните пет минути од овој натпревар се вистински пример како не треба да се однесуваат едни спортисти на теренот. Двете екипи во тој период си постигнуваа автоголови и намерно не постигнуваа голови на противничката страна. Збунети од ситуацијата беа и судиите на средбата кои го прекинаа натпреварот, ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
87%
1025
weather icon

Белград

8ᴼ / 5ᴼ
3.09
84%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
82%
1029
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
6.17
87%
1024
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
8.0
72%
1023
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 0ᴼ
0.51
92%
1029
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
1.34
85%
1018
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
100%
1020
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
5.66
47%
1023
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
3.6
82%
1021
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
2.24
75%
1027
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
0.0
100%
1020
Currency

61.6117

Currency

53.4226

Currency

70.1451

Currency

34.8307

Currency

38.0029

Currency

66.1692

Currency

7.50631

Currency

0.66019

Currency

0.34662

Currency

0.52533

Currency

1.27069

Currency

0.60225