Конечно ќе се одржи спектаклот меѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол во боксерскиот ринг, а цел свет со нетрпение ја чека борбата која е закажана за ноќта меѓу петок и сабота. Меѓу навивачите постојат различни прогнози за тоа како ќе заврши борбата, а букмејкерите веќе предвидуваат дека Тајсон би можел да го гризне Пол за пенисот. Според обложувалниците, Пол е фаворит во борбата и има коефициент од 1,7, додека коефициентот за Тајсон е 3,00. Еден од ...

„Со нетрпение го oчекував доаѓањето во Скопје. Се запознав со ракометарите и веќе ги одработевме првите тренинзи. Морам да кажам дека како тим со кој ќе раководам имам вистински професионалци кои ми оставија одличен впечаток. Првите впечатоци се одлични и очекувам дека ќе напредуваме на секое поле. Имаме период полн со натпревари, но верувам дека сите заедно ќе успеме во исполнување на поставените задачи“, изјави Милано. Дел од ракометарите кои ...

Екипата на Лос Анџелес лејкерс ноќеска на домашен терен го победи Торонто со 128:123. За домаќините, Леброн Џејмс го постигна третиот трипл-дабл во последните натпревари. Џејмс натпреварот го заврши со 35 поени, 12 скока и 14 асистенции. Претходно, 39-годишниот Американец стана најстариот кошаркар кој забележал два трипл-дабл по ред. Лејкерси ја забележаа седмата победа и се наоѓаат на 6. место во поредокот на Западната конференција од ...

Олимпија Милано доживеа уште еден шокантен пораз во Евролигата откако испушти +13 во дуелот со Алба во Берлин, по продолжение. Еден од најинтересните моменти се случи пред крајот на основниот дел. Алба го имаше последниот напад, Спањоло ја презеде одговорноста да решава, но не беше прецизен и остана 94-94. Еторе Месина изгледа не знаеше точно што се случува, односно мислеше дека неговиот тим има водство и дека по тој промашен шут е победник. ...

Времето утре ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), информираат од УХМР. Во петок и до сабота наутро ќе има врнежи од дожд кои на планините и на некои повисоки места особено во западните делови од земјата ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено изразен во петок. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури. ...

Ракометната федерација на Македонија донесе одлуки по повод натпреварот помеѓу Скопје и Гевгелија, по срамниот Куп натпревар во кој ракометарките си даваа автоголови, и наводно намерно промашувале на меѓусебниот натпревар. Така ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје се исклучени од сите натпреварувања под капата на Ракометната федерација на Македонија. Суспензии добија и официјалните лица на двата клуба, како и делегатот. Валентина Радуловиќ како ...

Легендарниот италијански стручњак Клаудио Раниери многу веројатно по трет пат во кариерата ќе седне на клупата на Рома. Медиумите на Апенинскиот полуостров тврдат дека тој синоќа бил на состанок со раководството на клубот и во моментов се договараат детали за неговото враќање на Олимпико. Приказната не би била чудна ако не се знае дека на крајот од минатата сезона, откако го спаси Каљари од испаѓање, тој објави крај на својата тренерска кариера, ...

Извршниот директор на Мајкрософт Сатја Надела го преполови својот паричен бонус, соопштувајќи дека тоа го прави поради неодамнешните пропусти во сајбер безбедноста кои влијаеја на операциите на Мајкрософт. Надела според пресметките на компанијата требаше да добие бонус од 10,66 милиони долари, а по намалувањето ќе добие 5,2 милиони долари. Тој годинава треба да земе вкупен надоместок од 79,1 милиони долари, што претставува зголемување од 63% во ...

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до петок времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од променлив интензитет. Во вечерните часови, ноќта и утре, локални врнежи од дожд се очекуваат во јужните делови на земјата, додека по одделни котлини ќе има појава на магла. Во четврток, на некои места врнежите ќе бидат пообилни, над 20 литри на метар квадратен. Поради продор на постудена воздушна маса од север, во ...

Репрезентацијата на Србија вчера за првпат во својата ракометна историја претрпе пораз од селекцијата на Италија во квалификациите за Европското првенство (30-31), а во српската јавност веќе одреден период се шпекулира за селекторска смена. Поразот од Италија е дополнителна причина да се пишува за смена на сегашниот селектор „Борис Ројевиоќ“, но како што пренесува „Моцартспорт“ уште пред дуелот со Италијанците во Ракометниот сојуз на Србија се ...

Натпреварот од ракометниот Куп на Македонија во женска конкуренција меѓу Скопје и Гевгелија го одбележа скандал, откако ракометарките на двете екипи си постигнуваа автоголови, а Ракометната федерација на Македонија (РФМ) реши да ги санкционира. РФМ донесе одлука со која двете екипи се исклучени од системот на натпреварување за сезоната 24/25 во сите женски категории, а исто така се очекуваат казни и за одговорните лица во тимовите. Во текот на ...

Некогашниот голгетер на Вардар со новото писмо само ја продолжи својата верзија на приказната за проблемите и финансиските долгови на Вардар. Писмото до медиумите на Дарко Панчев: „Четврт-век вардарови „лудории“. Најпрво да им заблагодарам на сите што изминатата недела ми се јавуваа и даваа поддршка, информации, податоци и одредени материјали. Го ценам тоа, ми значи. И советите и предупредувањата исто така. Дел од нив ќе ги има во текстов (моите ...

Македонија во следниот период ќе се соочи со Летонија и Фарски Острови во Лигата на нации, а македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов ги кажа неговите очекувања. Чурлинов сака со две победи да го завршат овој циклус на натпревари, а притоа посочи дека очекува голема поддршка од публиката. „Играме на домашен терен и тоа е голема мотивација за нас. Ќе ги анализираме противниците и ќе се фокусираме на задачите кои ќе ни ги даде селекторот. Сите ...

Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Муамед Сејдини, ќе си замине од функцијата по завршувањето на двата ноемвриски дуели на А-тимот против Летонија на 14 ноември и против Фарски Острови три дена подоцна, дознава Спорт1 од извори блиски до Куќата на фудбалот. Според информациите, Сејдини веќе ја ковертирал оставката и ќе ја обелодени по завршувањето на двата меча, со цел да нема нарушување на атмосферата во А-тимот, кој го ...

Во продолжение ви го пренесуваме цело соопштение на Комити: „Групата го известува членството, како и целокупната јавност, дека денес беше одржано Собрание на акционери на ФК Вардар АД Скопје, а со цел избор на нови членови во одборот на директори. На истото присуствуваа и претставници на групата, во својство на застапници на 15% од акциите на клубот кои по договор ги поседува здружението ,,35 години Вардарци Скопје”. На Собранието беа избрани ...

Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс постави нов рекорд во НБА-лигата. Лејкерси рано утрово ја извојуваа шестата победа сезонава победувајќи го Торонто со 123:103. Леброн постигна трипл-дабл 19 поени, 10 скока и 16 асистенции за 35 минути. Џејмс, кој во декември ќе наполни 40 години, стана најстариот играч во историјата на НБА кој забележал трипл-дабл во два последователни натпревара. На претходната средба со Филаделфија, Џејмс постигна ...

Македонската ракометна репрезентација го доживеа првиот пораз во квалификациите за Европското првенство, „црвено-жолтите“ вечерва загубија на гостувањето кај Литванија со 29-27. Македонија не успеа со 100% учинок да го почне новиот квалификациски циклус, вечерва важевме за благ фаворит во пресметката против Литванија, но во драматична завршница загубивме со 29-27. По нашето водство од 0-1 и 1-2, Литванија наметна игра и во 18. минута стигна до ...

„Со оглед на многуте гласни коментари на повеќето клубови од Првата и Втората фудбалска лига, ние како ФК Вардар започнуваме иницијатива за ИТНА смена на комесарот за делегирање на судии, Марјан Ристески. Воедно како клуб за неуспесите и поразите вината прво ја гледаме во сопствените редови, но по консултација со стручни лица и со оглед на фактите од изминатите тринаесет кола, може да се констатира дека Вардар е најоштетен во однос на судиските ...

Нема веќе непоразени екипи во Првата македонска фудбалска лига, откако досегашниот лидер Работнички попладнево загуби на гостувањето кај шампионот Струга. Вардар ја прекина четиригодишната серија без победа против Шкупи во ефикасен и натпревар со резултатски пресврти одигран на „Тодор Проески“. Резултати натпреварите во 14. коло на ПМФЛ одиграни попладнево: Гостивар – Воска 4:0 Шкендија – АП Брера 4:3 Силекс – Пелистер 1:0 Струга ТЛ – Работнички ...

Скандалозна сцена беше забележана денес во натпреварот од ракометниот Куп на Македонија во женска конкуренција помеѓу Скопје и Гевгелија. Последните пет минути од овој натпревар се вистински пример како не треба да се однесуваат едни спортисти на теренот. Двете екипи во тој период си постигнуваа автоголови и намерно не постигнуваа голови на противничката страна. Збунети од ситуацијата беа и судиите на средбата кои го прекинаа натпреварот, ...

Без разлика што Вардар го дочека натпреварот како последен тим на табелата, средбите со Шкупи секогаш привлекуваат големо внимание, а денес на Арената „Тодор Проески“ во првиот натпревар на Гоце Седлоски се радуваа црвено-црните во ефикасен натпревар со 3-2, а херој беше Горан Закариќ кој одигра одличен натпревар. Со оглед на формата Шкупи влезе како фаворит во дуелот и така тргнаа работите кога Канда во 10. минута го отвори резултатот. Тој гол ...

Натпреварот Скопје – Гевгелија од В-групата во Купот на Македонија за ракометарки го одбележаа скандалозни сцени. Во финишот од натпреварот ракометарки на двете екипи си постигнуваа автоголови и намерно промашуваа кога беа во напад за да не победат. Судиите прво го прекинаа натпреварот, но по консултација со делегат дозволија истиот да заврши. На крајот Гевгелија победи со 17:16. Министерот за спорт, Борко Ристовски, во вечерашното гостување на ...

Брајтон со пресврт во второто полувреме го победи Манчестер Сити со 2-1, ова е четврти пораз по ред за актуелниот шампион на Англија. Статистиката вели дека ова е најлошиот период за Пеп Гвардиола на кормилото на Манчестер Сити, првпат има четири порази по ред. Ова му е втора ваква серија во кариерата, првата е како тренер на Баерн Минхен. Манчестер Сити добро го почна натпреварот, со гол на Ерлинг Халанд водеше по првото полувреме во кое беше ...

Србија и Албанија заеднички ќе го организираат Европското фудбалско првенство за играчи до 21 година, потврди Бранко Радујко, генерален секретар на Фудбалскиот сојуз на Србија. Ваквата одлука е логична поради повлекувањето на Белгија и Турција како кандидати за домаќини.Радујко потврди дека УЕФА организацијата на турнирот што ќе се игра во 2027 година ќе им ја додели на Србија и Албанија. – Најверојатно тоа ќе се случи во најголема мера кај нас. ...

Сопругата на британскиот крал Чарлс, Камила Паркер не се чувствува добро. Според Скај њуз, поради инфекција во пределот на градниот кош и се слошило на кралицата Камила, поради што таа се повлекла од сите свои должности оваа недела, според Бакингемската палата. Нејзиното височество Кралицата моментално не е добро поради инфекција на градниот кош, поради што нејзините лекари ја советуваа да направи кратка пауза. Со големо жалење затоа Нејзиното ...

Борко Ристовски, министерот за спорт во „Дејли Клик“ на ТВ21 одговори на прашањето зошто се одлучил да влезе во политиката, наместо да продолжи како тренер, скаут, спортски директор… „Одлучив да направам промена. Се одлучив наместо да седам пред компјутер и да коментирам, што го правев порано, директно да се вклучам во политиката. Товарот кој што го носам како министер е голем, затоа што сето она кое сум го критикувал во минатото, сега треба да ...

Утринските температури во голем дел од Македонија беа во минус. Најстудено беше во Берово каде беа измерени -8 степени, а Битола беше на второто место со -5 степени. Минусни температури имаше и во Демир Капија каде беа измерени -3, во Тетово, Скопје и Гевгелија беа измерени -2, Во Куманово, Штип и Прилеп -1, Крива Паланка, Маврово и Кавадарци беа со нула степени. Времето преку ден сончево со мала до умерена облачност. Температурите ќе достигнат ...

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, го одигра својот најдобар натпревар досега во Евролигата, откако синоќа постигнува 22 поени во победата на Олимпија Милано над Реал Мадрид (85-76) во меч од 8. коло од најсилното европско клупско натпреварување. Популарниот Нено особено блескаше во првото полувреме, кога запиша 15 поени, од кои 10 беа во втората четвртина, надополнети со една асистенција. Неговата извонредна игра во оваа фаза се ...

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе се мачи на почетокот на новата сезона во дресот на Реал Мадрид, односно не е во посакуваната голгетерска форма, па затоа францускиот селектор Дидие Дешам реши да го одмори во ноемвриските натпревари од Лигата на нации. Дешам во разговор со француските медиуми откри дека Мбапе сакал да биде дел од репрезентацијата, меѓутоа тој решил да не го повика и да му даде простор да се одмори поради напорниот распоред на ...

Со нокаут пред крајот на првата рунда, македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски го заврши полуфиналниот меч на Европското сениорско првенство во Атина и обезбеди пласман во финалето за одбрана на шампионската титула и златниот медал од пред две години. Илиоски, во категоријата лоу кик до 86 килограми беше убедливо подобар од грчкиот репрезентативец Христос Филис и борбата ја реши уште пред да заврши првата рунда, откако при водство со 3-0 го ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
51%
1017
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
50%
1015
weather icon

Загреб

24ᴼ / 21ᴼ
1.54
68%
1013
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
3.09
48%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
1.24
27%
1017
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
90%
1015
weather icon

Атина

26ᴼ / 25ᴼ
5.66
33%
1014
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
77%
1016
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
53%
1016
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
2.06
53%
1018
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
2.06
45%
1014
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
5.66
68%
1016
Currency

61.535

Currency

52.8448

Currency

71.2376

Currency

34.3325

Currency

38.1999

Currency

65.7438

Currency

7.39336

Currency

0.65695

Currency

0.35855

Currency

0.52523

Currency

1.28847

Currency

0.60303