Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Бранителот на титулата на Австралија опен во Мелбурн, Италијанецот Јаник Синер денеска се пласираше во финалето на тој турнир, откако по три сета го совлада 20-от светски играч Американецот Бен Шелтон со 7:6, 6:2, 6:2. Тенисерот број еден во светот победи по два часа и 36 минути и по третпат во кариерата се пласираше во финалето на Грен слем турнир. Шелтон направи брејк во првиот гем од првиот сет, а Синер го врати брејкот во четвртиот и израмни ...
Германските медиуми тврдат дека трансферот е договорен, Елиф Елмас до крајот на сезоната ќе игра на позајмица во Валенсија. Македонскиот фудбалер конечно ќе замине од Лајпциг каде не добиваше речиси никаква минутажа оваа сезона. Елмас оди на позајмица во клубот кај Димитриевски. Веста ја објавуваат „Билд“ и „Скај Спорт Германија“, клубот од Местаља одлучил да го позајмица Елмас, а не Енцисо од Брајтон кој исто така бил во комбинација. Наскоро се ...
На прашање што може да очекуваме од последниот натпревар во групата против гигантот Франција, кој може да не однесе и до евентуално четвртфиналет, Митев без размислување. „Па, на Светското првенство сме дојдени да победуваме, а не да губиме. Да, Франција е голем фаворит, но ние ќе се обидеме да изненадиме. Зошто да не? Од сите очекувам да бидат фокусирани од почетокот до крајот, па зошто да не се обидеме да приредиме изненадување за фаворитите и ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го заврши настапот Австралија Опен откако во полуфиналето го предаде мечот со Александар Зверев. Ѓоковиќ по крајот на првиот сет кој го загуби со 7:6 се доближи до мрежата и му соопшти на Зверев дека ќе мора да го предаде мечот поради повредата со која има проблеми одреден период. Првиот сет Зверев го освои по тај-брејк, а му беа потребни 81 минута. Пред да се одлучи да го предаде мечот Ѓоковиќ и со таблети се ...
Ѕвездата на „YouTube“ и „TikTok“, „MrBeast“, размислува да го купи „TikTok“ како дел од група инвеститори, додека има рок од 75 дена да се најде сопственик кој не е кинески за да избегне трајна забрана на социјалната мрежа. „Во ред, ќе го купам „TikTok“ за да не биде забранет“, објави „MrBeast“, со вистинското име Џими Доналдсон, на платформата X на 13 јануари. Иако тонот беше хумористичен, Доналдсон е сериозен, потврди неговиот адвокат за „CNN“ ...
Иако имаше понуди од Шпанија, капитенот на македонската репрезентација Енис Барди по се изгледа ќе остане во турското првенство до крајот на оваа сезона. Тамошните медиуми тврдат дека тој е пред договор со Бодрум, екипа што се бори за опстанок во турскиот шампионат и во моментов се наоѓа во зоната за испаѓање. Наводно, двете страни постигнале устен договор, но во следните денови тоа треба да се официјализира. Тренер на Бодрум е долгогодишниот ...
Репрезентацијата на Македонија денеска славеше победа над Катар во вториот натпревар од втората фаза на Мундијалот, а со овој триумф и си ги зголемивме шансите за добар пласман. По натпреварот изјава даде и првиот човек на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов. „Апсолутно сум задоволен и со двете нерешени ги имаме. Но најзадоволен сум од пристапот и желбата за победа која ја имаа момците. Тие се вистински пример како треба да се ...
Новак Ѓоковиќ утре игра полуфинале на Австралија опен против Александер Зверев, а на ден пред мечот го откажа закажаниот тренинг. Тој требаше да тренира во 14 часот по локално време (4 по средноевропско), но непосредно пред терминот, тренингот беше тргнат од распоредот. Голем број навивачи се собраа пред теренот број 16 каде Ѓоковиќ требаше да тренира, но си заминаа разочарани и во паника дека нешто сериозно се случува со нивниот миленик. Од ...
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во полуфинале на Австралијан опен, откако славеше со 3-1 во сетови (4-6, 6-4, 6-3 и 6-4) против Карлос Алкараз. Ѓоковиќ го почна мечот на добар начин и водеше со 2-0 откако Алкараз го загуби гемот на свој сервис, меѓутоа Шпанецот експресно се врати во игра и потоа ја презема контролата. Србинот се пожали и на повреда по деветтиот гем (4-5), по што Шпанецот го освои сетот со 6-4. Почетокот на ...
Македонија и Австрија одиграа исклучително изедначен натпревар во кој со гол на Кузмановски во последната секунда дојдовме до реми 29-29. Македонскиот голман, Никола Митревски, кој само неколку часа пред средбата имал (пре)висока температура, смета дека ремито против Австрија е најреалниот резултат на мечот со оглед на сите случувања, иако и нему му е јасно дека можевме и да победиме. „На крајот извлековме реми. Натпреварот беше изедначен во ...
Репрезентацијата на Катар испушти сензационална победа против Холандија во првото коло од главната рунда на Светското ракометно првенство. Катарците водеа речиси цел меч, но во последните секунди примија гол и останаа дури и без бод. Селекторот Веселин Вујовиќ беше разочаран од епилогот и поради начинот на кој што загуби неговата репрезентација, ѝ дава предност на Македонија за меѓусебниот дуел кој се игра в четврток. „Ја следам Македонија веќе ...
Американското Министерство за правда соопшти дека ќе биде потребно време за спроведување на законот за забрана на ТикТок во САД, освен ако кинескиот сопственик не ја продаде платформата. Заменик-јавниот обвинител Лиза Монако ја поздрави одлуката на Врховниот суд со која се потврди законот со кој ќе се забрани ТикТок. Таа додаде дека „следната фаза од тој напор – спроведување и обезбедување усогласеност со законот откако ќе стапи на сила на 19 ...
Македонската ракометна репрезентација со ново реми го почна настапот во втората фаза на СП 2025, откако со голот на Филип Кузмановски од 15 метри буквално го „украде“ ремито во последната секунда во пресметката со Австрија (29-29). Нашите момци добро почнаа и ја имаа иницијативата и водството во првите 20 минути од мечот и тоа во два наврати со по три гола разлика (7-4 и 10-7). Но, противникот тогаш направи драстична промена во играта и почна да ...
Опозицијата во македонската политика, денес испрати обвинувања на сметка до Министерството за спорт и работата на првиот човек од оваа институција, Борко Ристовски. На прес-конференција, од СДСМ излегоа со став дека ,,Со последните исплати на субвенции кон спортските клубови од страна на Министерството за спорт, фудбалот е клекнат на колена, а корупцијата во спортот е дигната до облаците”. Одговор на опозициските напади испрати Ристовски. ...
Светската ракометна федерација во соработка со домаќинот Хрватска ги објави цените за втората фаза на Мундијалот, а најскапи се токму во „Вараждин Арената“ каде што ќе игра Македонија. Македонија со победата против Гвинеја обезбеди место во втората фаза каде што пренесовме еден бод од ремито со Унгарија. Цените на билетите за Арената во Вараждин пораснаа и место 50 и 70 евра за двете опции сега ќе се плаќа 80 и 100 евра. Билетите може да се ...
Новак Ѓоковиќ објави видео во кое објасни зошто не даде интервју на теренот по денешната победа на Австралија опен против Јиржи Лехечка. Ѓоковиќ релативно лесно со 3-0 го доби мечот и се пласираше во четвртфиналето, но српскиот тенисер одби да го даде вообичаеното интервју на теренот со Џим Куриер. Тој само ги поздрави фановите и замина. Брзо потоа Ѓоковиќ објави видео на социјалните мрежи и објасни зошто го направил тоа. Причината е тоа што ...
Времето претпладне ќе биде студено со појава на магла по одделни котлини, со температури под нулата. Преку денот сончево и тивко со мала до умерена локална облачност, со максимални температури од 3 до 12 степени. Во Скопје, претпладне студено со појава на магла, а преку денот сончево и тивко со мала до умерена облачност. Утринската температура се спушти до минус 6 степени, а максималната ќе достигне 3 степени. Од утре облачноста ќе се зголеми, а ...
Обвинителството во Удине почна истрага против голманот на Удинезе, Мадуке Окоје по пријава на Фудбалскиот сојуз на Италија дека бил вмешан во нелегално обложување. Главниот обвинител на основа на доставените материјали, во кои се наведува дека биле уплатени огромни суми на натпревар меѓу Лацио и Удинезе во март 2024 година, веднаш почнал истрага. Најмногу пари биле вложени дека чуварот на мрежата ќе добие жолт картон, а такво нешто и се случило ...
Македонските навивачи се собираат во нашата фан зона во Вараждин, почна загревањето за натпреварот против Холандија кој стартува од 18 часот. Македонската Фаланга ќе доминира и на денешниот натпревар против Холандија, се најавува и зголемување на бројот на наши навивачи на натпреварите. Ракометарите ќе се чувствуваат како да играат на домашен терен, а ќе им даде ветер во грб за дуелот со силниот противник. Македонците веќе се собраа во Пештерата ...
Ова нас не боли, и тоа многу. Толк многу што е несфатливо за Ларс Кој, репрезентативецот на Холандија, пивотот кој минатото лето дојде токму во мак-ракометот облекувајќи го дресот на Вардар. Запрашан околу вчерашниот дуел, ракометот во Вардар и воопшто Македонија како тема, Кој имаше интересен одговор. „Тоа е сосема поинаков свет и култура. Се што прават, прават со голема страст, дури и во некои разговори ќе помислите дека се бесни едни на ...
Првата презентација на iPhone беше одржана на 9 јануари 2007 година на конференцијата Macworld Expo во Сан Франциско. Домаќин на настанот беше тогашниот извршен директор на Apple, Стив Џобс, а презентацијата брзо стана една од најпознатите во историјата на технологијата. Џобс го направи овој момент незаборавен со својата харизма и впечатлив стил на презентација. Тој ја започна презентацијата со легендарната реченица: „Денес Apple повторно ќе го ...
На најпознатиот настан за технолошки иновации во светот, ЦЕС 2025 (CES 2025), во Лас Вегас, во центарот на вниманието беше фасцинантна иновација:Арија, робот со вештачка интелигенција, дизајниран да биде придружник. Роботот Арија ги остави посетителите и онлајн гледачите заинтригирани од „нејзините“ човечки квалитети и напредните карактеристики. Со своите реални изрази на лицето, приспособлива личност и со футуристички дизајн, Арија создава ...
Во Берово утрово е најладно со измерени – 9 степени Целзиусови, најтопло е во Охрид и Претор со 0 степени. На Попова Шапка се измерени – 8 степени, -6 Дебар, -5 Штип и Крива Паланка, -4 степени во Струмица, Демир Капија, Кавадарци, Виница и Тетово, -3 Прилеп и Куманово, -2 Скопје-Петровец, Битола, Гевгелија, Маврови Анови и Крушево, -1 Скопје-Зајчев Рид и Велес. Во изминатите 24 часа има наврнато 8 литра на метар квадратен дожд во Кавадарци, 8 ...
Додека навивачите на Манчестер Сити се подготвуваат за нови засилувања, откриено е дека најдобриот стрелец Ерлинг Халанд потпишал нов договор, пренесе „Атлетик“. Според информациите, тој е за цели 9,5 години – т.е. до летото 2034 година. Доколку го исполни, тогаш напаѓачот ќе има 34 години. Претходниот договор на Халанд беше до 2027 година, но имаше откупна клаузула од 175 милиони евра. Токму тоа го загрижи раководството, а во новиот договор ...
Новак Ѓоковиќ убедливо го совлада чешкиот тенисер Томаш Махах (6:1, 6:4, 6:4) во третото коло на Австралија опен и се пласираше во осминафиналето каде ќе игра против Јиржи Лехечка. По победата над Махача, Ѓоковиќ ги сподели своите впечатоци: Се обидов да бидам ладен и дипломатски. Јас сум многу среќен. Изненаден сум од овој резултат, бидејќи победив во три сета. Се тепав физички со себе. Играта и услугата добро ме послужија. Се започна добро во ...
првенство. Ова е уште една селекција која е фаворит во нашата група. Холандските ракометари имаа полесна задача на отварањето на Мундијалот, без проблем го совладаа дебитантот Гвинеја. Иако во Краков пред две години доминираа во пресметката со Македонија, сепак гледаат поинаку на нашата репрезентација. „Добро беше што отворивме така лесно и рутински. Секогаш е незгодно на првите средби, особено против селекции кои се дебитанти на големи ...
Дана Вајт ги отфрли гласините за потенцијален боксерски меч меѓу Конор Мек Грегор и Логан Пол, или КСИ. Според Вајт, нема ништо точно за Мек Грегор да зачекори во боксерскиот ринг против кој било од двајцата во Индија. Вајт истакна дека Мек Грегор е фокусиран на кариерата во УФЦ и дека други планови не се достапни. Дана изрази надеж дека Конор Мек Грегор ќе се врати во октагонот есента 2025 година. Ова ќе биде негова прва борба по неколку години ...
Наутро ќе преовладува многу студено време со услови за магла по одделни котлини, а преку ден ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во Скопје наутро студено со појава на магла, преку денот со ниска облачност која попладне ќе ослабне. Утринските температури насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштат и под -8 степени. По котлините ќе има појава на магла и во долините со магла дневните температури ќе остануваат пониски. Од ...
Наутро времето ќе биде студено со појава на слаба магла по одделни котлини. Преку денот променливо облачно наместа со услови за провејување на слаб снег. Во Скопје наутро студено со појава на слаба магла, преку денот претежно облачно и тивко. Од петок ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. По котлините ќе има појава на магла и ...
Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер Сити и неговата сопруга Кристина Сера решија да тргнат секој по својот пат по 30 години заеднички живот. Парот поголемиот дел од последните пет години го поминал на различни адреси. Веста за нивниот развод прв ја објави шпански Спорт, кој откри дека тие ја донеле оваа одлука во декември минатата година. Според овој извор, за разводот знаеле само блиските пријатели и семејството, а останатиот дел од јавноста ...