Тенискиот сојуз на Италија подготви голема понуда и планира да го организира петтиот гренслем во сезоната, односно целосно да го промени светот на тенисот, со оглед на тоа дека во моментов постојат само четири гренслем-турнири, и тоа Австралијан опен, Ролан Гарос, Вимблдон и Ју-Ес Опен. Италијанскиот медиум „Ла Стампа“ објави дека тенискиот сојуз на Италија има големи планови и наводно понудил 550 милиони долари за лиценцата на мастерсот во ...

Легендарниот стопер на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд упати сериозно предупредување до клубот од Олд Трафорд дека може да испадне од Премиер лигата ако не се преземе нешто. Некогашниот англиски репрезентативец кој сега работи како аналитичар и има свој поткаст, загрижен е дека тешкиот распоред до крајот на сезоната е огромен проблем и покрај тоа што Јунајтед има 12 бода предност во однос на Ипсвич кој е на 18. место на табелата. „Манчестер ...

Леден бран ја зафати Европа. Јадрото на оваа воздушна маса се наоѓа над северна Русија, а над источна и североисточна Европа и Скандинавија, како и Балтикот, продрела сè до централна Европа. Ледено ќе биде и во наредните денови, а сите со нетрпение чекаат информации дали овој леден бран ќе стигне до нашиот регион. Утринава температурата низ Полска и Германија е-15 степени, во Скандинавија и на истокот на Европа е под-20°C, а на север од ...

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ на прес-конференцијата пред ол-стар натпреварот зборуваше на разни теми, а една од нив беше неговиот најтежок пораз во кариерата. Јокиќ призна дека поразот од САД на Олимписките игри со Србија (95-91) за него е најтешкиот во кариерата. „Секогаш велам, тоа е најтешкиот пораз во мојата кариера. Натпреварот беше интересен, чувствував како публиката навива за нас бидејќи сме мала земја. Не сум сигурен дали сакаа САД да ...

Вардар загуби уште еден натпревар на домашен терен, овојпат од составот на Шкендија со 1-2, не користејќи ја одличната атмосфера што ја создадоа домашните навивачи на националната арена. Комити се јавија со соопштение со кое јасно ставија до знаење дека се задоволни од својата бројка и очекуваат уште поголема посета на наредните натпревари. „За нас откажување нема. Не дозволивме капитулација ниту во околности кога се боревме клубот да преживее, ...

Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, многу ја изненади американската спортска јавност. Тој дошол во Сан Франциско и таму во Чејс центарот каде се игра Ол-стар натпреварот и присуствувал на презентацијата на играчите, но само еден час пред натпреварот да објави дека најголемите НБА ѕвезди нема да играат. Со тоа заврши серијата на Леброн од рекордни 20 настапи (2005-2024) на најпрестижното кошаркарско шоу. „Сè уште ...

Во декември имавме можност да го проследиме дуелот меѓу легендарниот боксер Мајк Тајсон и Јутјуберот Џејк Пол, кој на поени го победи својот триесетгодишен ривал. Сега Пол тврди дека на Тајсон пред борбата му била дијагностицирана Паркинсонова болест. Паркинсоновата болест е прогресивно невродегенеративно нарушување кое примарно влијае на движењето поради намалување на допаминот во мозокот. Главните симптоми вклучуваат тремор, вкочанетост на ...

Компанијата Мета почна да испраќа известувања за отпуштања на вработени во САД, што може да доведе до укинување на илјадници работни места до крајот на месецот. Ова е дел од процесот за време на кој американскиот технолошки конгломерат сака да создаде услови за поефикасни операции и „да најде нови таленти кои ќе доминираат во трката за побрза вештачка интелигенција (ВИ), објави Блумберг. Работниците во САД беа известени за отпуштањата преку ...

Под влијание на Руски поларен, но сув воздух, од среда 19 февруари, па во деновите потоа ќе имаме разведрување на времето, како и исклучително ниски температури на воздухот, особено наутро кога тие насекаде ќе се спуштаат под нулата, а на повеќе места тие ќе се спуштаат до близу, па и под -10 степени, додека во Беровскиот регион, на повисоките населени места, планините, како и на Скијачките центри, тие ќе се спуштат до, па и под -15 степени, ...

Утре уште од утринските часови се очекува повремен дожд, а на планините слаб снег, особено во северните и источните делови од државата, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи – дожд во пониските предели, додека на планините и повисоките места врнежите ќе бидат од снег, кој повремено може да се спушти и на пониските места. Во ноќните часови слаб снег е можен ...

Репрезентативецот Андреј Маслинко беше најдобриот стрелец во редовите на МЗТ Скопје на патот до трофејот во Купот на Македонија, откако постигна 17 поени во финалниот натпревар против Кожув со шут 8/12 од поле. Тој блескаше и во полуфиналето, кога во триумфот над Пелистер постигна 29 поени без ниту едно промашување (10/10), поради што заслужено го доби признанието за најкорисен играч (МВП) на турнирот. Маслинко по триумфот над Кожув дека тимот ...

Утрово на Попова Шапка и во Марови Анови е најстудено со измерени -2 степени Целзиусови, додека најтопло е во Гевгелија со измерени 5 степени. Во Крива Паланка, Крушево и Лазарополе се измерени -1 степен, 0 во Виница, 1 во Берово, 2 степени во Тетово, Охрид, Претор, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци и Прилеп, 3 Скопје-Петровец, Битола, Велес и Штип и 4 степени во Демир Капија и Струмица. Висината на снежната покривка во 07 часот е 31 сантиметар на ...

Некогашниот голем бразилски талент Нејмар неодамна се врати во матичниот клуб Сантос и многумина во тоа видоа план за завршување на кариерата таму, но изгледа дека тоа не е баш така. Зад сето тоа, стои големата желба на Нејмар да се врати во Барселона и во Сантос ќе се обиде да ја достигне посакуваната форма која ќе му обезбеди нов трансфер во Каталонија. Самиот си поставил задача да направи се што е можно за да заигра повторно во клубот каде ...

Претпладне денеска по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а преку денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб северен ветер. Минималната ...

Наутро со услови за магла и ниска облачност. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди, а наместа и претежно попладне со услови за појава на повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје претежно облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а ...

За време на викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и локална појава на слаб краткотраен дожд, наутро со услови за магла. Утре, како што информира УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5 степени, а максималната температура од 5 до 13 степени. На почетокот на работната недела ќе преовладува претежно облачно и постудено време со повремени врнежи, на планините и понекаде на повисоките места од снег, а во ...

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар се враќа во акција по зимската пауза во Првата лига, а прв предизвик ќе му биде Шкендија на 16 февруари од 14 часот. Влезот на стадионот ќе биде слободен. Навивачите на Вардар, „Комити“ на оригинален начин од Крстот на Водно го најавија стартот на пролетниот дел од сезоната. „СО ГОСПОД НАПРЕД – НАШ Е ВАРДАР! Наближува втората полусезона, второто полувреме од борбата за клубот! Седењето дома или на ...

Изборното собрание на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ќе се одржи на 1 март 2025 година, со почеток во 12:00 часот, во просториите на Советот на Град Скопје, објавија денеска од Куќата на ракометот. Овој собир е исклучително важен за македонскиот ракомет, со оглед што ќе треба да се избере човек кој ќе го продолжи исклучително успешниот пат на се уште актуелниот предводник, Живко Мукаетов, кој сам ја напушта функцијата поради ...

Работнички претрпе еден од најтешките порази во своето 33-годишно ривалство со МЗТ Скопје во домашните натпреварувања, откако во вечерашното четвртфиналето од Купот на Македонија загуби со огромни 35 поени разлика (63-97). Тренерот на центарци, Горан Самарџиев, беше брутално самокритичен по средбата. „Срам ми е, дојдовме како туристи во Гевгелија, без жар и желба за победа. Ја преземам одговорноста за поразот, можеби јас не ги тренирам и ...

Фудбалскиот клуб Пелистер ги информираше навивачите дека нема да можат да внесат сончоглед и семки за грицкање на неделниот натпревар против Брера. Престојниот викенд се враќа фудбалот во Македонија, почнува пролетниот дел од сезоната, а Пелистер ова коло е домаќин на Брера. Битолскиот тим во информацијата за билетите за натпреварот има и една важна напомена за навивачите која гласи: „Во договор со ФФМ, одлучено е дека нема да биде дозволено ...

Претстојните три дена, Гевгелија ќе биде домаќин на 33. издание на Купот на Македонија кој последните години го носи името „Благоја Георгиевски Буштур“. Најјужниот град во земјава последен пат беше организатор на ова натпреварување пред шест години кога триумфираше Работнички што воедно е и последен трофеј воопшто за клубот од Градски парк. Пехарот го брани МЗТ Скопје кој е најуспешен во Купот на Македонија со 12 пехари, два повеќе од ...

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -5 степени, -4 било во Крушево, -3 во Битола, Маврови Анови, -2 во Прилеп, -1 во Берово и Кавадарци, 0 во Крива Паланка, 1 во Тетово, Охрид, Претор и Виница, 2 во Струмица и Куманово, 3 во Скопје-Зајчев Рид, Велес и Штип, 4 во Скопје-Петровец, во Демир Капија и Гевгелија. Висината на снежната покривка во 7 часот утрово изнесувала 33 на Попова Шапка, 12 во Маврови Анови, 1 во Крива ...

Египетскиот репрезентативец Мохамед Салах повторно беше клучна фигура во составот на Ливерпул и покрај тоа што „црвените“ не успеаја да ја продолжат победничката серија во Премиер лигата. На Гудисон парк, против Евертон, Ливерпул одигра само 2-2 и сега има седум бода предност во однос на Арсенал. Салах постигна еден од двата гола за својот тим и постави нов рекорд во Премиер лигата. Тој сега има 22 бода во системот гол/асистенција на гостински ...

Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со повремен локален снег претежно во планинските региони, а на повисоките места во западните и северните делови понекаде со повремен дожд кој ќе преминува во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарие. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 8 степени. Во Скопје утрото студено, во текот на ...

Пеп Гвардиола е разочаран по поразот на Манчестер Сити од Реал Мадрид, англискиот шампион ќе има исклучително тешка задача да победи на Сантијаго Бернабеу. Манчестер Сити двапати водеше, но на крајот загуби од Реал Мадрид со 3-2 и тоа со гол во 92. минута од натпреварот. „Ќе се обидеме да се вратиме во Мадрид се разбира, но емоционално ова е тежок удар за нас“, вели Пеп Гвардиола. „Ова ни се случи многу пати оваа сезона, многу пати. Лоши одлуки. ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на Попова Шапка и на планинскиот превој Буково, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година. ...

Наутро студено, преку ден умерено до значително облачно. Попладне и кон крајот на денот претежно во западните и источните планински региони ќе има повремени локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 8 степени. Во Скопје, утрото ќе биде студено, во текот на денот променливо ...

На 36-годишна возраст, по долго и тешко боледување, почина српскиот ракометар Никола Лазиќ, поранешен член, меѓу другите, на Партизан и Црвена Звезда. Во својата татковина играше и за Раднички Крагуевац, Динамо Панчево, Уб и Пролетер Зрењнин, а беше и печалбар во Шпанија, Унгарија, Романија, Турција, Тунис, Либија и Израел. „Ракометниот клуб Партизан упатува последен ппздрав до својот поранешен играч Никола Лазиќ. Весте за неговата прерана смрт ...

Република Македонија го одреди државниот буџет со кој ќе се помага спортот во новата календарска година. Утврдено е дека како средства ќе бидат распределени 440.000.000 денари, преку Министерството за спорт. Информацијата е објавена во Службен весник, а во продолжение прочитајте ја објавата на државните органи во целост. ПРОГРАМА ЗА СУБВЕНЦИИ ОД ОБЛАСТА НА СПОРТОТ ЗА 2025 ГОДИНА I. Со оваа програма се распределуваат средства за партиципација во ...

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа девет натпревар, а најубедлив беше Денвер кој пред своите гледачи го декласираше Потланд со 146-117 и така стигна до својата седма победа во низа. Денвер во овој момент има најдолга низа на победи од сите 30 екипи во НБА лигата и се наоѓа на третото место на Западот со скор од 35 победи и 19 порази. Најдобар поединец и во овој натпревар беше Никола Јокиќ кој постигна 40 поени, додавајќи седум скокови и ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
55%
1018
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
8.23
67%
1018
weather icon

Загреб

14ᴼ / 12ᴼ
4.12
70%
1021
weather icon

Софија

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
51%
1018
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
1.53
59%
1017
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
0.45
68%
1021
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
2.57
71%
1019
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
53%
1017
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
77%
1018
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
2.68
71%
1017
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 9ᴼ
9.26
84%
1016
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
4.12
77%
1018
Currency

61.6038

Currency

53.109

Currency

69.9353

Currency

34.7637

Currency

37.8005

Currency

66.4259

Currency

7.46382

Currency

0.6608

Currency

0.34499

Currency

0.52573

Currency

1.26453

Currency

0.59844