Еден од најдобрите македонски Р&Б ДЈ-и, радио водител и дел од дуото ДНК, текстописец, композитор, татко на малиот Андреја, иден сопруг на Маја. така би го опишале Владимир Блажев ака Панчо. Искрено и отворено ни проговори за музицирањето, за соработката со Лазар Цветкоски, за идните планови… Пред еден месец го промовиравте новиот албум „Срце“. Песните се навистина многу слушани, а ти веќе имаш изјавено дека омилена од овој албум ти е ...

Летово го започна подарувајќи ѝ ја на својата публика темата „Месечина“ со која го најави долгоочекуваниот деби албум што треба да излезе во септември. Фин, непосреден, искрен, вистински битолчанец, Димитар Андоновски нѝ позборува за новиот албум, за страста кон музиката и виолината, но и за приватниот живот. Летово го започна со нумерата „Месечина“, која е многу поразлична од она што публиката е навикната да го слуша во летниот период. Песната ...

Денес имаме особена чест да Ви претставиме три млади, но мошне амбициозни и успешни девојки – основачи на туристичката агенција „Стаф“. Ана Марија за себе вели дека е решителна и одговорна, Елена се опишува со зборовите перфекционист и емотивец, а пак, Љупка е преокупирана со својата работа и повеќе отколку што е потребно. Љупка Алексич – Ангова Љупка: Здраво, супер сме, фала на прашање. Мислам дека ќе биде позабавно секоја од нас да каже за ...

Филмското студио „Paramount Pictures“ го објави трејлер за петтиот дел од познатата акциона франшиза „Mission: Impossible“, преку Фејсбук страната и Твитер профилот на главната ѕвезда на филмот – Том Круз, кој ја толкува улогата на Итан Хант. Филмот беше најавуван како „Mission: Impossible 5“, но со официјалниот трејлер доаѓа друг наслов – „Mission: Impossible – Rogue Nation“. Во овој дел, агентот Итан Хант заедно со остатокот од тимот ќе се ...

Првиот трејлер за догоочекуваниот филм „Batman V Superman: Dawn of Justice“ беше закажан за наредниот понеделник, но денеска на интернет се појави лоша снимка од истиот. Од она што може да го видиме и слушнеме од трејлерот, Супермен е соочен со критики и осуда од страна на јавноста, а Лекс Лутор е еден од најголемите противници на овој „бог“. Бетмен, како што кажува и самиот наслов, ќе застане против херојот од Криптон, во одбрана на луѓето на ...

„Јас и ти“ е насловот на ова интересно видео во кое е раскажана реалната љубовна приказна на еден млад пар. Во 7-минутниот филм ќе ги видите сите фази на љубовта низ кои минуваат луѓето: од моментот на меѓусебно запознавање и пријатните почетоци, преку убавите утрински ритуали, па до појавата на првите конфликти и самиот крај на врската. Видеото е снимено само со една камера, која била централно позиционирана во симулираната спална соба на ...

„Магнет“ е насловот на најновиот сингл на младата пејачка Антониа Гиговска. Судејќи по коментарите и реакциите, несомнено е дека таа има нов хит! Музиката и аранжманит се дело на Лазар Цветкоски, кој уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите продуценти на овие простори, а текстот е на Тајзи. Видеото, како и за претходниот музички проект „Магла“, го потпишува Даниел Јовески. Антониа, по повод новиот проект, на социјалните мрежи напиша: Се ...

Алекс Мински има 24 години, а неговиот живот е полн со трауми и разочарувања. На 21 година ја загубил едната нога во војната во Авганистан, по што бил во кома 47 дена. Потоа, следел тежок период на опоравување во кој тој се соочувал со голема депресија. Но, после 3 години, 24-годишното момче прераснува во вистинска муза за модните фотографи и во моментов е еден од најбараните модели на американскиот пазар. Алекс е активен на социјалните мрежи, ...

Фармерките се есенцијален дел од машката гардероба – лежерни, шик или пак во спортска варијанта. Дизајнирана за да ги задоволи потребите на купувачите, нивниот вкус и очекувања, новата колекција на фармерки од Celio* нуди голем број на модели и посветеност на детали која го движи брендот веќе 30 години. Класични и модерни кроеви кои доаѓаат во голем број нијанси, доработени со беспрекорни детали, од материјал кој е издржлив и отпорен на кинење. ...

Шпанскиот бренд MANGO повторно соработува за новата сезона со фотографот Марио Соренти, а како ѕвезди во кампањата се појавуваат топ моделите Ана Еверс, Амбер Валета и Фреја Беха Ериксен. Во истата се појавува и француски глумец Оливие Мартинез, кој освојува со својот шарм и таинственост. Снимена на различни скриени места во Париз, рустичниот изглед на старите градби и големите градини, даваат автентичност и мистичност на кампањата. Есенските ...

Timberland, бренд со богато наследство, кој секогаш се стреми кон иднината и иновациите, оди уште еден чекор напред со колекцијата Flyroam – обувки специјално создадени за истражување на урбаниот пејзаж. Со авантуристичка природа, Timberland го носи духот на природата во градската средина преку современо дизајнирани обувки направени за оние кои не се плашат да одат по најпредизвикувачките патеки. Flyroam ја комбинира минималистичката естетика ...

SPRINGFIELD го претставува новиот моден филм во кој можеме да го откриеме секојдневниот живот на актерот Мигел Анхел Силвестер познат по своите улоги во сериите Sense8 и Narcos, кој заедно со актерката Андреа Молина ги претставуваат клучните парчиња за сезоната. „A Common Life“ – секојдневниот живот е мотото на кампањата за оваа сезона каде што се претставува автентичноста на секоја индивидуа, спонтаноста и едноставноста, вредности кои се дел од ...

Етаблираниот македонски бренд Елена Лука се најде на страниците на ноемвриското издание на престижниот магазин, британскиот Вог! Во рубриката во која магазинот ја запознава својата милионска публика со профили на дизајнери вредни за светско внимание, со право се најде и профилот на нашиот луксузен моден бренд Елена Лука. Откако ја презентираше својата колекција посветена на Њујорк и истата се промовираше токму во центарот на светските случувања, ...

Без разлика дали имате 18 или 78 години, некои стилски совети се универзални и вредат за сите жени. Во продолжение ги издвојуваме најважните. 1.Пронајдете парфем кој совршено ви одговара. Луѓето ќе Ве запомнат по тоа како мирисате. 2.Чанти и ремени. И наједноставен ремен или чанта можат да направат чудо за вашиот изглед, а нема да ве чинат цело богатство. 3. Грижете се за стапалата и носете удобни чевли, но за вечерни излегувања ќе мора малку да ...

Префинети, романтични и нежни – со овие зборови би ги опишале венчалните фустани на македонскиот дизајнер Прокопие. Неговата дебитантска колекција носи уникатни и модерни венчаници со рачно изработени впечатливи детаљи, збогатени со многу кристали, монистра и бисери. Погледнете повеќе на неговиот Инстаграм профил. View this post on Instagram A post shared by Prokopie (@prokopie.kaev) View this post on Instagram A post shared by Prokopie ...

Калуѓерот што го продаде своето Ферари Тоа е вистинска приказна за тоа како да ги остварите своите соништа и да ја преземете судбината во ваши раце!!! Џулиен Ментлу, познат, успешен и врвен адвокат преживеал инфаркт за време на едно судење. Брзиот начин на живот како и стресните денови во судницата допринеле кон тоа. Токму тоа, што го преживеал инфарктот, допринесува тој да почне да размислува за досегашниот начин на живот. Одлучен да го ...

02/09/2023 01:15 - ILike

А ништо од Николас Спаркс не би смеело да се пропушти и да не се прочита. Џон Тајри живее со татко му бидејќи мајка му ги напуштила уште додека тој бил многу мал. Гледајќи ги вака, сè додека не ја добиете конечната слика за татко му, сфаќате дека тие двајца се тотално спротивни. Додека Џон е во постојано движење, секогаш нешто работи, татко му е доста повлечен и живее во една рутина. Единствено има време само за неговата колекција на монети. ...

“Бескраен ум” Новото книжевно јавување на Костовска насловено “Бескраен поглед” е англиско – македонска збирка на мисли (второ продолжение на Бескраен ум) проследено со немиот крик упатен кон осаменоста и отуѓеноста на современиот човек, опишан низ кратки мисли. Станува збор за љубовта, уметноста, креативноста, соништата, пријателството, почитта и другите вистински вредности. Со еден збор “Бескраен поглед” исто како и првата збирка на авторката ...

Николас Спаркс е познат американски писател, автор на романите “Страници за нашата љубов”, “Одлука”, “Драги Џон”, “Порака во шише” и многу други популарни наслови. Тој едноставно го освои светот со неговите приказни кои се опишани на прекрасен начин. Сите имаме време да прочитаме убав пишан збор, па iLike.mk со вас споделува неколку од неговите цитати. Уживајте! “Не сум посебен, за ова сум сигурен. Јас сум обичен човек со обични мисли и со ...

1. “Држава” – Платон 2. “Комунистичкиот манифест” – Карл Маркс и Фридрих Енгелс 3. “Правата на човекот” – Томас Пејн 4. “Здрав разум” – Томас Пејн 5. “Демократијата во Америка” – Алексис де Токвил 6. “Принцот” – Николо Макијавели 7. “Колибата на чичко Том” – Хариет Стов 8. “За слободата” – Џон Стјуарт Мил 9. “Капиталот” – Карл Маркс 10. “Богатството на народите” – Адам Смит 11. Дневникот на Че Гевара 12. “Кантербериски приказни” – Џефри Чосер ...

Пауло Коељо е бразилски писател, еден од најпознатите писатели во светот. Доколку сте обожавател на романи сигурно сте прочитале едно од неговите дела како што се “Брида”, “Единаесет минути”, “Вештицата од Портобело”, “Алхемичарот” или “Вероника реши да умре”. Неговите книги се преведени на повеќе од педесет јазици. Ние со вас споделуваме некои од неговите познати цитати. Уживајте! “Чекањето е болно. Заборавот е болен. Но, незнаењето е ...

Игор Исаковски беше еден од најеминентните македонски поети, преведувачи и издавачи. Роден е на 19 септември 1970 година во Скопје. Работел како радио и ТВ водител, а е основач и директор на културната установа „Блесок“. Дипломирал на катедрата за Општа и компаративна книжевност во Скопје, а магистрирал на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта. Автор е на „Писма“ и „Пливање во прашина“, „Црно Сонце“, „Вулкан – Земја“, „Небо“, „Длабоко во ...

Есента е сезона во која поголем број часови поминуваме во нашиот дом. Па, затоа искористете го времето поминато меѓу 4 ѕидови за да ги прочитате овие 3 книги: „Бејбивил“ – Џејн Грин Бебиња – слатки мали суштества (но, за кого како). Некои очајнички ги посакуваат, а не ги добиваат, некои ги посакуваат, ама ги добиваат сосема случајно, некои пак, воопшто не ги ставаат во агендата на својот живот, а сепак ги добиваат. Ех… Како и да е, планирани или ...

Овен Ќе прифатите некоја работа која ќе ви донесе добра заработка. Избегнувајте некои расправии и не трудете се постојано да бидете во центарот на вниманието. Ќе ви годи активен одмор и креативна изолација. Бик Се е добро се додека некој од вас не побара некоја услуга. Не сакате да ве третираат како подредена личност и да ви диктираат како да се однесувате. Избегнувајте некои лоши навики. Ќе ви годи прошетка во шума. Близнаци Некој е на ваша ...

Овен Многу Овнови ќе бидат поврзани со јавниот живот. Иако постигнувате успех, тремата и внатрешната напнатост се неминовна цена за постигнатото. Доколку се јават емотивни проблеми и судири, најдете поповолен момент за расчистување. Задоволството најдете го во работата, или занимавањето со спорт. Бик Можни се проблеми во комуникацијата со соработниците, предизвикани од вашата нервоза и пречувствителност. Доколку не сакате да правите шеги на ...

Почина Горан Стефановски, еден од најпознатите македонски драмски автори. Тој почина на возраст од 66 години, по кратко и тешко боледување. Стефановски престојуваше во Велика Британија, од каде што вчера пристигна веста за неговата смрт. Стефановски завршил Филолошки факултет во Скопје, англиски јазик и книжевност. Студирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград каде што и магистрирал. Тој работел во драмската ...

Пред неколку дена фотографот Мајкл Салисбери го збогати своето фото-портфолио со фантастични фотографии од Чикаго обвиен во магла. Второто име на Чикаго е „Градот на ветровите“, па оттаму појавата на магла е навистина несекојдневие. Тој вели: Маглата се појави во вечерните часови, но траеше повеќе од 24 часа. Дали некогаш сте виделе град „загушен“ во густа магла? Сега имате можност да видите како големите облакодери „тонат“ во магла. Суптилно и ...

Русокосите Самуел и Хилдегун се авантуристички пар чија приказна започнала пред неколку години на една венчавка на Хаваите. По извесно време, ја официјализирале својата љубов со свадбена церемонија во Нормандија. Симпатичниот Самуел работи како професионален фотограф, а Хилдегун е негов верен придружник на сите патувања ширум светот. Своите авантури секојдневно ги споделуваат на заедничкиот профил на „Инстаграм“, кој поминува број од 130 илјади ...

Децата чии родители се фотографи по професија се постојан предмет на експериментирање, но воедно и највредни модели за пред објективот. Секој родител сака да има многу фотографии од своето дете кои ќе сведачат за секој миг од неговото детство, па фотоапаратот станува неопходна алатка, исто како и цуцлата. Овие родители, Валуда и Зајер, решиле да се обидат да направат интересни фотографии со нивната едномесечна ќеркичка, но без фотомонтажа. Пред ...

Овој 102-годишен брод се наоѓа во заливот Хоумбуш во Австралија. Станува збор за р’ѓосан брод тежок 1.140 тони на чија површина расте бујна вегетација. Бродот наречен „пловечка шума“ бил изграден во далечната 1911 година, а за време на Втората Светска војна се користел за снабдување на американсите војници со храна кои биле стационирани во делот на Пацификот. Денес, бродот е туристичка атакција. Првата фотографија е дело на Steve Dorman* Фото: ...

Првата

1 ден - МРТ
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
93%
1020
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
3.09
89%
1018
weather icon

Загреб

3ᴼ / 0ᴼ
2.57
87%
1019
weather icon

Софија

5ᴼ / 2ᴼ
1.03
89%
1021
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
0.85
74%
1019
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 1ᴼ
2.06
95%
1019
weather icon

Атина

15ᴼ / 14ᴼ
3.13
76%
1021
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
81%
1018
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
3.09
93%
1017
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 5ᴼ
2.57
85%
1020
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.34
88%
1020
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
71%
1024
Currency

61.525

Currency

59.0494

Currency

73.4228

Currency

36.7864

Currency

40.9235

Currency

65.0647

Currency

8.23148

Currency

0.59468

Currency

0.38019

Currency

0.52474

Currency

1.64882

Currency

0.68145

Алуминиум

2.58

Кобалт

30.86

Никел

15236.00

Рутениум

15850.32

Калај

29.76

Сребро

995.04

Злато

88706.52

Бакар

8.51

Паладиум

30478.91

Платина

30913.44

Родиум

149500.97

Цинк

2.75