Кол Палмер е едно од најзвучните имиња кои изостанаа од списокот на англиската репрезентација за претстојните натпревари против Хрватска и Шпанија во Лигата на нациите, а селекторот Томас Тухел објасни зошто не сметал на офанзивецот на Челзи. Палмер сезонава е во добра форма и на 11 натпревари забележа пет гола и три асистенции, но тоа не беше доволно за повик во националниот тим. Германскиот стратег истакна дека има доволно опции на ...
Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Томас Тухел, го објави денеска списокот со 25 фудбалери за претстојните натпревари во Лигата на нации, на кој не се најде офанзивниот играч за врска на Челзи, Кол Палмер, а дебитантски повици добија Џоб Белингам од Борусија Дортмунд и Џош Кинг од Фулам. Изоставањето на Палмер го отвори повторно прашањето за неговиот статус во националниот тим, особено откако мораше да го откаже доаѓањето во ...

