Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Изучувањето на македонскиот јазик надвор од границите на државава претставува одлична прилика странските студенти подобро да ја запознаат македонската култура и традиција. Веќе четири децении, македонистика се изучува на Шлезискиот универзитет во Катовице во Република Полска. Студентката Марија Бигорска од Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип во рамките на Еразмус+ програмата имала можност да предава македонски јазик во ...
Во периодот на 23 до 27 март на Медицинскиот Факултет во Гданск, Полска се одржа школа за претприемништво. Во рамки на Европската Алијанса која брои девет универзитети-членки, учество зедоа и студенти од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Студентите имаа можност во реално време да работат и да креираат иновативни медицински решенија користејќи познавања од претприемништвото и медицината. Предуслов за учество на оваа програма беше студентите ...
Иако културата се смета за важен дел од општеството, податоците покажуваат дека младите сè поретко учествуваат во културни активности како посета на театар, музеј или изложби. Според податоци на Eurostat, учеството во културни активности кај младите (16–29 години) е во опаѓање во повеќе европски земји, при што во некои случаи падот изнесува и над 10 процентни поени во споредба со претходните години. Photo by Elizabeth George on Unsplash Овој ...
Ирена Ралева-Најдевска е основач на иницијативата „Органодарителство.мк“ и организатор на јавни трибини за органодарителство сочинети од врвни професионалци и еминентни доктори во оваа област од Македонија. Последната организирана јавна трибина се одржа во Штип пред студентите на Факултетот на медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип и во ко-организацијата со студентската медицинска организација СОМА. Ирена Ралева – Најдовска ...
Младите во Македонија формално имаат право да учествуваат во политиката, но реалноста покажува дека нивното влијание е ограничено. Според анализа на Westminster Foundation for Democracy, лицата на возраст од 18 до 29 години сочинуваат само 2.5% од пратениците во Собранието на Република Северна Македонија. Иако нивната застапеност е минимална, младите се појавуваат како кандидати. Истата анализа покажува дека 14.6% од кандидатите биле на ...
Семејното насилство постојано е во пораст, а системот е нем за пријавите и спроведувањето на правдата. Одговорноста припаѓа на сите нас, а често и „вртиме глава“ на случувањата, несфаќајќи дека последиците од насилната средина, директни или индиректни, се секаде околу нас и нѐ засегаат сите нас. Според м-р Давид Тасевски, во пракса многу често и сторителите на насилство, но и жртвите потекнувале од насилна средина. М-р Тасевски е психолог и ...
Во услови на растечки трошоци за живот и ограничени можности на домашниот пазар на труд, сè поголем број млади луѓе од Македонија ги користат летните месеци за сезонска работа во европските туристички центри. Овој тренд станува особено изразен меѓу студентите, кои во ваквиот ангажман гледаат шанса за финансиска стабилност, но и за стекнување практични вештини и животно искуство. Стефани Димитрова Една од нив е Стефани Димитриеска, студентка ...
Најновите истражувања од 2024 и 2025 година покажуваат загрижувачки тренд: младите сè почесто спијат помалку поради прекумерна употреба на социјални мрежи, особено во доцните вечерни часови. Според извештај на World Health Organization од 2024 година, проблематичната употреба на социјални мрежи е директно поврзана со пократок сон и подоцнежно легнување кај адолесцентите, што негативно влијае на нивното здравје и училишен успех. Image by ...
Месец март е посветен за превенција, едукација и зголемување на свесноста за колоректалниот карцином. Моментално, тој е еден од најчестите малигни тумори во светот, а бројот на дијагностицирани случаи постојано е во пораст. Според проф. д-р Марија Караколевска Илова, специјалист онколог во Клиничка болница Штип, колоректалниот карцином по инциденца е на трето место во светот, додека по морталитет е на второ. Статистичките податоци се ...
Јована Конеска од Битола е апсолвентка на Факултетот за медицински науки, но воедно таа е и дипломиран бизнис-менаџер, а моментално се усовршува и на своите магистерски студии од оваа област. На половина од своите студии по медицина, Јована одлучува да се надополни во својата едукација и ги запишува студиите по бизнис и менаџмент. Внатрешниот конфликт со кој се соочуваат студентите во текот на студиите е дали го одбрале вистинкиот пат и дали ...
Семејното насилство има континуиран и ескалирачки карактер и претставува сериозен и долготраен процес на виктимизација. Последиците не мора да се изразуваат како физички повреди за да постои семејно насилство, напротив тие се длабоки психолошки и социјални проблеми со кои се бори жртвата. Институциите чија примарна работа е превенцијата и спречувањето на насилство, во реалноста својата работа не ја вршат ефективно со што предизвикуваат ...
Во време кога често се тврди дека младите сè помалку читаат, Јулијана Величковска, писателка, уредничка, преведувачка и организаторка на поетски фестивали, нуди поинаква перспектива. Таа е основач на „ПНВ Публикации“, коосновач и директор на „Скопскиот поетски фестивал“ и програмски директор на „Поетска ноќ во Велестово“, со богато авторско и преведувачко искуство зад себе. Photo by: Фросина Насковиќ „Од моето искуство како главен и ...
Медицинската студентска организација СОМА организира јавна панел-дискусија насловена „Органодарителство во Македонија“ во соработка со органодарителство.мк. Јавната трибина ќе се одржи на 27.3.2026 (петок) во просториите на Мултимедијален центар на Економски Факултет при Универзитет „Гоце Делчев“-Штип со почеток од 17:00 часот. На настанот се предвидени 20 панелисти, меѓу кои врвни експерти и доктори засегнати со соодветната област, ...
„Светот на аутизмот (Патувањето на Леон)“ и Ангелот по име аутизам“ , две книги посветени на борбата и животот со аутизам беа промовирани во Штип. Промоцијата се одржа во НУ-УБ „Гоце Делчев“ , а пораката од Амела Мемиш Апостоловска, мајка на Леон, дете со аутизам, беше едноставна. Да престанеме да ги гледаме дијагнозите, а да почнеме да ги гледаме луѓето. -Делата напишани од животот во Македонија се исклучително моќни, затоа што ние живееме ...
Свесноста и практикувањето на методологии за справување со стрес и поттиснатите емоции, е чекор напред кон превенција на менталното здравје кај младите. Студентите на медицина во Штип денес имаа можност да бидат дел од отворената јавна трибина насловена „Зошто си толку зафатен, а не среќен?“, во организација на студентската организација СОМА. Предавач на овој настан беше Теодора Костовска, национален координатор на Art of Living Foundation ...
Инфлуенсерите повеќе не се само луѓе што снимаат видеа за забава. Во Македонија, тие официјално влегуваат во медиумскиот систем – и тоа отвора голема дебата. Со измените на медиумската легислатива, државата за првпат формално ги призна инфлуенсерите, влогерите и креаторите на дигитални содржини како дел од медиумскиот екосистем. Тоа значи дека во одредени случаи тие се третираат како даватели на аудиовизуелни медиумски услуги, слично како ...
„Сајбер безбедноста е практично ‘дигитална безбедност’ – начин на кој ги штитиме нашите телефони, компјутери, профили и лични податоци од злоупотреба“, вели Севдали Селмани, раководител на Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти – MKD-CIRT при Агенцијата за електронски комуникации. Со сè поголемата употреба на интернет за комуникација, банкарство, купување и образование, растат и ризиците од сајбер измами. Според Селмани, ...
Oбука за млади креатори на содржини насловена како „Размолчени гласови:Нераскажаните приказни од Источна Македонија“ инспирираше 20-тина млади од источниот регион. Обуката, во организација на Види Вака и Гоце.мк, успеа да мотивира млади од Источниот регион заинтересирани за креирање на содржини, приказни, фотографии и видео записи. Основци, средношколци и студенти заедно учествуваа и се едуцираа за квалитетно креирање на содржини, ...
Ораторски вечери традиционално во склоп на активностите коишто се организираат по повод патрониот празник на Универзитетот „Гоце Делчев“, ќе се одржат на 26 март во Мултимедијалниот центар на Економскиот факултет. Оваа година ќе учествуваат 12 оратори во две категории, категорија на студенти и категорија на средношколци за кои стручната комисија и публиката заеднички ќе одлучат кои ќе бидат најдобрите оратори. Настан каде младите имаат ...
Лолита Спирова е дипломиран инженер прехранбен технолог и магистер по безбедност на храна, но на социјалните мрежи таа е позната по нејзиниот бренд и програмите за исхрана и тренинзи. Своето образование, Лолита го користи за креирање на посебни рецепти и совети со цел балансирана исхрана со квалитетни нутритивни вредности и соодветна физичка активност. „Љубовта кон спортот и здравиот начин на живот ги развив уште од најрана возраст. ...
Доделувањето на Оскарите годинава може да биде во сенка на војната на Блискиот Исток, за што наводно веќе имало размислувања за промени во церемонијата. Организаторите на овогодинешните Оскари наводно разгледуваат различни сценарија за да се прилагодат на актуелните настани на Блискиот Исток, што би можело да влијае на црвениот тепих. Иако засега не се објавени официјални промени, зад кулисите се разгледуваат опции за да се избегнат ...
Денеска, на 4 март, во светот се одбележува Светски ден против дебелината – ден посветен на подигнување на свеста за дебелината како сериозен здравствен проблем кој ги погодува милиони луѓе ширум светот. Photo by Christopher Williams on Unsplash Според податоците на Светската здравствена организација, дебелината претставува еден од најголемите јавноздравствени предизвици на современото општество. Организацијата предупредува дека стапката на ...
Кочани ќе одбележи една година од најголемата трагедија која минатата година го погоди овој град и регионот, пожарот во дискотеката „Пулс“ кој однесе 63 животи. Trридневна програма ќе ја одбележи годишнината од трагедијата во „Пулс“, во која животот го загубија 62 млади лица. Настаните се ппоместени во деновите 14,15 и 16 март. Градот најавува денови на тишина, благодарност и достоинствено сеќавање. На 14 март, под мотото „Молитвен шепот“, ...
На 29 (28) февруари секоја година се одбележува светскиот ден на ретките болести. Целта е да се подигне свеста и едукацијата за ретките болести, но и да се даде поддршка на лицата кои се дијагностицирани со нив. Според проф. д-р Тодор Арсов, генетичар, честотата на лица заболени со ретка болест е под 1 на 2000 луѓе, додека бројот на ретки болести е над 8000 и повеќето од нив се со генетска етиологија. „Заклучно со 2025 год во Регистарот за ...
Разговор со доц. д-р Мила Митрева-Пандева од Економскиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип Вештачката интелигенција станува сè поприсутна во светот на финансиите. Од апликации што „оптимизираат“ портфолио до алгоритми што тргуваат наместо вас – прашањето е: дали ВИ е најголемата револуција во историјата на финансиите или само нова алатка во рацете на човекот? Доц. д-р Мила Митрева Според доц. д-р Мила Митрева-Пандева, одговорот е ...
Од седумгодишна возраст, Столе Ефтимов од Кочани активно тренира борење. Низ годините зад себе има бројни настапи на државни и меѓународни натпревари, со значајни пласмани што го вбројуваат меѓу успешните млади спортисти. Во 2019 година го освои првото место на Државното првенство во борење – слободен стил. „Желбата се појави уште од најмали нозе, најмногу поради тоа што мојот дедо исто така активно се занимавал со овој спорт и тоа беше моја ...
Работењето за време на студирањето повеќе не се доживува како дополнителна активност, туку како составен дел од академскиот живот и подготовката за идната кариера. Во последните неколку години сѐ повеќе се забележува пораст на студенти кои го балансираат студирањето и работењето и на таков начин стекнуваат работен стаж уште во 20-тите години, но воедно претставува и предизвик со организацијата на времето. Сандра Ташкова Сандра Ташкова е ...
Вештачката интелигенција не ги ослободува вработените, туку може да доведе до зголемување на обемот на работа и намалување на ефикасноста. Ова го покажа едно американско истражување, а и германски истражувач дошол до слични забелешки. Многу претприемачи се надеваа дека вештачката интелигенција ќе ја зголеми ефикасноста на вработените и во исто време ќе ги ослободи од нивното работно оптоварување. Сепак, според нова студија од Калифорнија, ...
Иван Петров е млад човек, кој одлучил животниот пат да го минува како свештено лице. Да инвестира во духовно образование и практична служба. Неговиот пат не е само теолошки, туку и длабоко животен. Обликуван преку лични одлуки, предизвици и истрајност уште од најраните години. Роден и израснат во Штип, Иван Петров уште по завршувањето на средното образование чувствува јасна насока дека неговиот живот треба да биде посветен на духовниот раст и ...
Рекорден број претставки до СЕММ беа поднесени во 2025 година – дури 244, од нив голем дел за известувањето за трагедијата во Кочани. До Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) во текот на 2025 година беа поднесени 244 жалби за медиумски содржини. Тоа е рекорден број претставки за една година. Од нив, 96 се разгледани од Комисијата за жалби и се донесени 47 одлуки (за членови на СЕММ) и 43 мислења (за медиуми што не се членови на ...