12 август — Меѓународен ден на младите. Ден кога светот зборува за младите, но младите тука… ретко имаат време да го слушнат светот. Зашто некои од нив се на работа што не ја сакаат, други на факултет што едвај го издржуваат, а трети — на аеродром, со билет во еден правец. Да си млад во Македонија и да си млад во странство е како да трчате иста трка — едниот во патики, другиот во папучи од пазар. Таму, младоста се буди со мирис на свежо кафе и ...

Апликациите за престижните стипендии Чивнинг за студирање во Обединетото Кралство се отворени од 5 август до 7 октомври 2025 година. Програмата нуди целосно финансирани магистерски студии на универзитети во Обединетото Кралство за поединци кои се подготвени да предводат позитивни промени во своите матични земји и во светот. Повеќе од 40 години, Чивнинг привлекува стотици илјади апликации низ целиот свет. Успешните кандидати се поединци кои јасно ...

Државна матура во вториот испитен рок (12 и 14 август) ќе полагаат 1118 ученици, кои во јуни не полагале или не положиле во целост. Двата екстерни испита во августовската испитна сесија од државната матура, за матурантите кои во јуни не ги положиле или не во целост, ќе се полагаат на 12 и на 14 август. Во вторник (12 август) ќе биде тестирањето по мајчин јазик (македонски, албански, турски, српски) и литература, а два дена подоцна (14 август) е ...

Загадувањето различно ги погодува младите во зависност од месото на живеење, социоекономскиот и етничкиот идентитет. Над 1.200 млади луѓе од сите осум плански региони учествуваа во акциско истражување кое покажува дека еколошката (не)правда кај младите во Македонија е длабоко поврзана со нивниот социо-економски и етнички идентитет, како и со местото на живеење. Анализата „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива ...

Младите секогаш имаат место во предизборните ветувања, но реализацијата изостанува – малку отворени младински канцеларии, институционални игнорирање, разочараност. Ова е дел од заклучоците кои ги нуди вештачката интелигенција на прашањето што ветуваат и што реализираат македпонските политичари за младите. За да ги придобијат младите гласачи на локални избори, политичарите треба да понудат конкретни и релевантни политики, програми и пристапи што ...

Државната матура даде подобри резултати од лани – просечната оценка е зголемена од 3.26 на 3.69, а намалени се и обидите за препишување. Просечната оценка на успехот од полагањето на двата екстерни испита од државната матура во јуни е 3.69. Министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска на прес-конференција ги соопштија резултатите од јунскиот испитен рок во кој ...

Со приближувањето на новата академска година, бруцошите се соочуваат со големи предизвици и стравови кои ги носи неизвесноста од високото образование и првиот академски час. Слушајќи искуства од постарите колеги може да се охрабрат и мотивираат, преку имплементација на нивните совети и што ним им помогнало за да го надминат стравот од првите колоквиуми и испити. Нешто што студентите го имаат заедничко како совет за бруцошите е дека секогаш треба ...

На 2 август, Илинден сите стануваме патриоти – за еден ден. А после? Се враќаме на поплаки, апатија и статуси. Илинден е симбол на борба, ама ние одамна се откажавме од неа. Даница Среткоска На Втори август, Македонија станува. Не од љубов кон историјата, туку затоа што е неработен ден. Се облекуваат кошули со етно мотив, се постираат слики од Крушево и Пелинце, некој ќе ја пушти „Едно име имаме“ со драматичен филтер, и сите стануваат патриоти – ...

Запишувањето на факултет е еден од најголемите предизвици со кои секоја година се соочуваат илјадници средношколци. Високото образование не е само надоградување на веќе постоечките знаења, туку ново поглавје во животот од кое во најголема мера зависи иднината на младата индивидуа. Неретко се поставуваат илјадници прашања и нејаснотии поврзани со „реалната слика“ на високото образование, предизвиците со кои се соочуваат студентите, студентскиот ...

Младинските политики се соочуваат со инстиитуционален застој, а младите со институционални игнорирање и бирократија, смета НМСМ. Во јуни 2024 година започна процесот на воспоставување на Министерството за социјална политика, демографија и млади – институција која беше најавена како системско решение за подобрување на младинските политики и унапредување на положбата на младите во Република Северна Македонија. Една година подоцна, тие надежи се ...

Пандемијата COVID‑19 значително ја зголеми зависноста од смартфоните – скоро 60 % од корисниците во категоријата 18‑24 години сметаат дека премногу користат паметни телефони (DemandSage). Генерацијата Z (родени од 1997 до 2012 година) поминува во просек дури 6 часа и 37 минути дневно пред екран – двапати повеќе од бумерите (3ч 38мин) и значително повеќе од младите од генерацијата X и милиенијалците(DemandSage). Aлармантни бројки Според најнови ...

Зависноста од социјалните медиуми е сериозно присутна, а оние кои се обидуваат да бидат исклучок изгледаат дури чудно во сајбер џунглата во која живееме. Во свет каде што споделувањето на секое кафе, секоја совршена облека и секое мислење на социјалните медиуми стана норма, има нешто тивко моќно кај луѓето кои избираат да не учествуваат во оваа практика. Тие не објавуваат селфиња, фотографии од прилозите што ги добиле со ручекот и не ...

Хирургијата е повеќе од вештина, хирургот треба да носи тешки одлки, и да се носи тежината наместо некој друг, вели Д-р Димитар Споа, специјалист за спортски повреди. Спец. д-р. Димитар Споа е ортопед со над 15 години искуство во хирургија, со специјален фокус на спортски повреди, реконструктивна ортопедија и индивидуализиран пристап кон секој пациент. Работи во приватен здравствен систем и е познат по изведбата на високо-специјализирани ...

Најновото истражување на Европската комисија – Специјален Евробарометар 557 покажува поразителни резултати за научните знаења на македонците. Истражувањето, спроведено меѓу септември и октомври 2024 година, ги анализира ставовите на граѓаните во 27 ЕУ држави и осум земји од соседството, вклучително и Северна Македонија. На квизот за научна писменост, само 1 од 5 Македонци точно одговорил на повеќе од половина прашања. Особено загрижувачки е што ...

Иако Министерството за образование и наука минатата година најави дека „студентите следната академска година би требало да влезат во реновираните домови во Скопје“, конкурсот за сместување за 2025/2026 година покажува нешто сосема друго: студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу” повторно го нема на листата, објави денес Студентарија. Од Студентарија истакнуваат дека и по повеќе од две години затворени врати, студентите нема да можат да се ...

Секоја втора девојка на 15 години во Македонија покажува знаци на депресивно расположение, додека истото важи за речиси секое петто момче од истата возраст. Ова го покажуваат резултатите од ХБСЦ студијата (Health Behaviour in School-aged Children) за однесувањата поврзани со здравјето кај децата на училишна возраст, кои ги пренесува ХЕРА – Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување. Податоците, според ХЕРА, треба да бидат сигнал за ...

МОН го објави Конкурсот за сместување на студенти во приватните и државните студентски домови за студиската 2025/2026 година. Во вкупно 11 студентски домови има слободни 4264 места, од кои 851 е за студенти од прва година, а 3413 за студентите од останатите студиски годин и и за апсоолвенти. 40 % од местата ќе бидат наменети за студенти за кои вкупните приходи во семејството се до нето минималната плата утврдена во Македонија. Овде спаѓаат: – ...

Македонската е-спорт репрезентација испиша уште една златна страница во дигиталната спортска историја! Нашите Dota 2 шампиони го освоија престижниот меѓународен турнир што викендов се одржа во Приштина, при што не загубија ниту еден натпревар до самото финале. Во групната фаза, македонските гејмери доминираа убедливо, совладувајќи ги ривалите од Хрватска, Грузија, Унгарија и Белорусија. Во елиминациската фаза, нашите момци продолжија во ист ...

Студентското здружение за молекуларна медицина (СЗММ) е ново формирано здружение од група студенти од Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“ Штип. Основано од пет ентузијасти Филип, Стојче, Сара, Ивона и Сара, здружението има за цел да ги обедини студентите со новите научни сознанија, но и да им ја доближи динамиката на научно-истражувачката дејност во медицината. „Идејата за создавање на СЗММ, се јави спонатно. Имено, ...

Кристина Арнаудова, пејачката која има свое завидно место на македонската музичка сцена, во последно време помалку време посветува на музиката, а повеќе на хуманитарната работа. Всушност, кога ја прашавме дали работи на некоја нова песна, кратко одговори „Не пеам веќе“. И вели, некако не го чувствувам тоа што треба, не дека не добивам понуди за песни, за снимање, не дека нема да снимам ако дојде нешто што ептен ќе ми се допадне, ама во моментов ...

Охридскиот регион повторно на чекор од ставање на листата на светски наследства во опасност на УНЕСКО , по предлог на над 50 организации. Триесет и девет организации и една европска мрежа од 15 организации доставија писмо до Комитетот за светско наследство на УНЕСКО со кое бараат да се усвои нацрт одлуката за впишување на Охридскиот Регион во листата на светски наследства во опасност. Во седиштето на УНЕСКО во Париз, оваа недела започна 47 ...

Мобилно плаќање се повеќе е пракса за поголем број на граѓани, а очекувано, во таквиот тренд предничат младите. Според податоците од платежната статистика на Народната банка, и во првите три месеци од 2025 година граѓаните сѐ повеќе користат мобилни апликации и картички за да плаќаат, наместо да одат на шалтер и да користат хартиени налози. Photo by Clay Banks on Unsplash Во споредба со истиот период лани, бројот на плаќањата со платни налози ...

Статистиката покажува дека расте интересот за запишување на факултет, според податоците за академската 2024/25 година. Податоците исто така покажуваат дела интересот е најголем за студирање медицина, поголем дел од запишаните се студентки. Фото: Миа Во 2024/25 на додипломски (прв циклус) студии се запишале 53 535 студенти, што е зголемување за 2,3 проценти во однос на претходната 2023/2024 година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Над ...

Светската здравствена организација (СЗО) изјави дека зголемувањето на даноците за тутун, алкохол и безалкохолни пијалоци ќе помогне да се намали потрошувачката на овие производи, кои се поврзани со болести како дијабетес и некои видови рак. Во исто време, ќе се соберат средства во време кога помошта за развој се намалува, а јавниот долг расте. Photo by Souris on Unsplash „Даноците за здравје се едни од најефикасните алатки што ги имаме“, рече ...

Наставниците од цела Македонија се обучуваат како да користат нови, модерни методи на настава – и тоа не е само техничка обука. Станува збор за промена во начинот на размислување за учењето и наставата. Во Скопје се одржуваат работилници каде што советници од Бирото за развој на образованието (БРО) им пренесуваат на наставниците вештини за тоа како да создадат покреативна, подинамична и инклузивна училница. Темите се движат од развивање ...

Алпинистичкиот клуб „Астрајон“ од Штип беше дел од национална обука за планинско спасување, која се одржа во Влесетово од 27 до 29 јуни. Оваа обука беше организирана од страна на Националниот Сојуз за Планинско Спасување. Обуката собра повеќе од 30 спасители од клубови-членки од целата држава. Обуката беше насочена кон унапредување на знаењата и практичните вештини на учесниците, со посебен фокус на: Имобилизација и транспорт на повредени лица ...

Евроскептицизам и различни очекувања за ЕУ владејат помеѓу младите во Македонија, покажа онлајн анкета спроведена во јуни годинава. Резултатите од онлајн анкета спроведена на крајот на месец јуни 2025 година со учество на над 1.000 млади лица од земјава потврдуваат постоење на евроскептицизам помеѓу младите луѓе, различни очекувања за членството во ЕУ, како и голем број можности и активности кои можат да се преземат од страна на националните и ...

Да, вистина е дека Атнтартикот го зголемува нивото на мраз и тоа е добра вест, но дали тоа поедноставнено значи дека глобалното затоплување е „лажна теорија“? Веројатно не. За да се разбере сложен феномен, како климатските промени, работите мора да се стават во контекст, а не да се гледа само една поединечно селектирана информација. Според нова кинеска научна студија, Антарктичкиот лед (особено во Источен Антарктик) покажал привремено ...

Со доаѓањето на летото, кожата станува прва на линија на удар – од сончеви зраци, високи температури, потење до инфекции. Доц. д-р. Мирела Василева, раководител на Одделот по дерматовенерологија при Клиничката болница во Штип, предупредува на бројни дерматолошки предизвици кои не смееме да ги игнорираме. Летото не е само сезона на море, туку и на изгореници Најчестите дерматолошки состојби со кои пациентите се соочуваат во летниот период се ...

На редовното годишно собрание на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), одржано на 26 јуни 2025 година во Скопје, беше усвоена Декларација за одбрана на професионалното новинарство – важен документ со кој се испраќа јасна порака за потребата од почитување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите. Фото:znm.org.mk Во Декларацијата се повикува на прекин на навредите, притисоците и нападите врз новинарите, а се апелира до ...

weather icon

Скопје

36ᴼ / 36ᴼ
1.54
26%
1015
weather icon

Белград

33ᴼ / 30ᴼ
3.09
35%
1018
weather icon

Загреб

33ᴼ / 30ᴼ
2.57
32%
1018
weather icon

Софија

34ᴼ / 31ᴼ
4.12
26%
1017
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
4.62
26%
1018
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 29ᴼ
4.63
45%
1019
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
10.29
36%
1012
weather icon

Тирана

40ᴼ / 40ᴼ
4.12
22%
1012
weather icon

Подгорица

37ᴼ / 37ᴼ
4.12
20%
1012
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 28ᴼ
3.6
34%
1020
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 30ᴼ
2.57
30%
1020
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
11.83
100%
1017
Currency

61.54

Currency

52.8443

Currency

71.0488

Currency

34.4192

Currency

38.3484

Currency

65.0653

Currency

7.35348

Currency

0.66488

Currency

0.35714

Currency

0.52371

Currency

1.2986

Currency

0.60315