Аплицирањето за студентски оброк е во тек веќе десетина дена, а заинтересираните студенти ќе можат да поднесат документи до 5 септември. МОН објави дека овој повик се однесува на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година. Рокот за пријавување за тековните и студентите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2025/2026 година е до 5.9.2025 година. Аплицирањето се спроведува електронски преку ...

Скопје на 5 октомври ќе биде центар на спортскиот дух – се одржува Виз Ер Скопски маратон 2025, најмасовната атлетска манифестација во земјата. На стартната линија ќе има место и за младите од Штип – студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“. Организаторите на УГД ги покриваат котизациите и превозот, а секој студент може да избере колку километри ќе издржи: „Се гледаме на старт“ – велат од Универзитетот, најавувајќи дека пријавувањето е ...

Студентските екипи од Македонија покажаа извонредни резултати Европскиот универзитетски combat шампионат во Варшава, Полска, кој се одржа од 22 до 25 август 2025 година (combatsports2025.eusa.eu, eusa.eu). Овој настан собра над 1 400 студенти – спортски таленти од 385 универзитети од цела Европа – вистинска симфонија на младост, енергија и дисциплина (eusa.eu). Младите шампиони од УГД Од УГД учествуваа двајца истакнати млади студенти–спортски ...

Астрологијата (хороскоп) со децении има огромна популарност во Македонија и пошироко. Хороскопите редовно се присутни во весници, списанија и на интернет, а многу луѓе ги читаат како дел од својата секојдневна рутина. Иако за многумина тоа претставува забава и начин за релаксација, проблемот настанува кога верувањето во астрологија преминува во сферата на одлучување и влијае врз секојдневниот живот, па дури и врз односот кон фактите и науката. ...

Серијалот документарни видео стории посветени на сајбер насилството, емитуван на goce.mk покажа дел од опасностите кои ги носи сајбер просторот. Злоупотреба на идентитет, хакирање на профил, објавување на приватни фотографии, педофилија…се само дел од сајбер насилството и криминалот на кои се подложени најчесто младите. Како сево ова е третирано од Министерството за внатрешни работи, како функционира и кои се предизвиците на Секторот за ...

MrBeast, чие вистинско име е Џими Доналдсон, е сè уште највлијателниот креатор на содржини на интернет во 2025 година. Според Forbes, тој заработил дури 85 милиони долари во последната година, што го става далеку пред конкуренцијата. Фото: Tubefilter Колку заработуваат највлијателните креатори на содржини на интернет? На второто место е Dhar Mann, познат по своите мотивациски и кратки видео приказни, со проценета заработка од 56 милиони долари. ...

Често се прашуваме како вестите што ги читаме на нашите телефони се толку усогласени со нашите преокупации или интереси. Одговорот лежи во фактот дека апликациите на нашите телефони собираат податоци за нас. Дали имаме причина да се грижиме? Петте најдобри апликации за собирање податоци од нивните корисници се: Facebook на прво место, проследено со TikTok, Instagram, потоа Google Maps и WhatsApp. Што собираат овие апликации? Photo by Panos ...

Младите луѓе во Македонија сè уште живеат во реалност исполнета со системски предизвици, ограничени можности и несигурна иднина. Од високото ниво на невработеност, неквалитетно образование, недостаток на младински пријателски здравствени услуги, па сè до слабата институционална поддршка и недостигот на безбедни јавни простори, корупција, младите се принудени да бараат перспектива надвор од сопствената држава. Ова го потенцира ХЕРА во своја апел ...

Најтешките последици од секое насилство, па и од она во сајбер просторот, доаѓаат од случаите кои остануваат непријавени. Огромен број на деца, млади, кои поради невнимание, незнење, наивност, поминале низ пеколот кој го носи сајбер булингот. Исто така голем дел од нив не го ни пријавиле случајот – дали од срам, дали од незнаење каде можат да се обратат… Последиците се тешки и оставаат рани во младите души, рани кои тешко заздравуваат. Токму на ...

12 август — Меѓународен ден на младите. Ден кога светот зборува за младите, но младите тука… ретко имаат време да го слушнат светот. Зашто некои од нив се на работа што не ја сакаат, други на факултет што едвај го издржуваат, а трети — на аеродром, со билет во еден правец. Да си млад во Македонија и да си млад во странство е како да трчате иста трка — едниот во патики, другиот во папучи од пазар. Таму, младоста се буди со мирис на свежо кафе и ...

Апликациите за престижните стипендии Чивнинг за студирање во Обединетото Кралство се отворени од 5 август до 7 октомври 2025 година. Програмата нуди целосно финансирани магистерски студии на универзитети во Обединетото Кралство за поединци кои се подготвени да предводат позитивни промени во своите матични земји и во светот. Повеќе од 40 години, Чивнинг привлекува стотици илјади апликации низ целиот свет. Успешните кандидати се поединци кои јасно ...

Државна матура во вториот испитен рок (12 и 14 август) ќе полагаат 1118 ученици, кои во јуни не полагале или не положиле во целост. Двата екстерни испита во августовската испитна сесија од државната матура, за матурантите кои во јуни не ги положиле или не во целост, ќе се полагаат на 12 и на 14 август. Во вторник (12 август) ќе биде тестирањето по мајчин јазик (македонски, албански, турски, српски) и литература, а два дена подоцна (14 август) е ...

Загадувањето различно ги погодува младите во зависност од месото на живеење, социоекономскиот и етничкиот идентитет. Над 1.200 млади луѓе од сите осум плански региони учествуваа во акциско истражување кое покажува дека еколошката (не)правда кај младите во Македонија е длабоко поврзана со нивниот социо-економски и етнички идентитет, како и со местото на живеење. Анализата „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива ...

Младите секогаш имаат место во предизборните ветувања, но реализацијата изостанува – малку отворени младински канцеларии, институционални игнорирање, разочараност. Ова е дел од заклучоците кои ги нуди вештачката интелигенција на прашањето што ветуваат и што реализираат македпонските политичари за младите. За да ги придобијат младите гласачи на локални избори, политичарите треба да понудат конкретни и релевантни политики, програми и пристапи што ...

Државната матура даде подобри резултати од лани – просечната оценка е зголемена од 3.26 на 3.69, а намалени се и обидите за препишување. Просечната оценка на успехот од полагањето на двата екстерни испита од државната матура во јуни е 3.69. Министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска на прес-конференција ги соопштија резултатите од јунскиот испитен рок во кој ...

Со приближувањето на новата академска година, бруцошите се соочуваат со големи предизвици и стравови кои ги носи неизвесноста од високото образование и првиот академски час. Слушајќи искуства од постарите колеги може да се охрабрат и мотивираат, преку имплементација на нивните совети и што ним им помогнало за да го надминат стравот од првите колоквиуми и испити. Нешто што студентите го имаат заедничко како совет за бруцошите е дека секогаш треба ...

На 2 август, Илинден сите стануваме патриоти – за еден ден. А после? Се враќаме на поплаки, апатија и статуси. Илинден е симбол на борба, ама ние одамна се откажавме од неа. Даница Среткоска На Втори август, Македонија станува. Не од љубов кон историјата, туку затоа што е неработен ден. Се облекуваат кошули со етно мотив, се постираат слики од Крушево и Пелинце, некој ќе ја пушти „Едно име имаме“ со драматичен филтер, и сите стануваат патриоти – ...

Запишувањето на факултет е еден од најголемите предизвици со кои секоја година се соочуваат илјадници средношколци. Високото образование не е само надоградување на веќе постоечките знаења, туку ново поглавје во животот од кое во најголема мера зависи иднината на младата индивидуа. Неретко се поставуваат илјадници прашања и нејаснотии поврзани со „реалната слика“ на високото образование, предизвиците со кои се соочуваат студентите, студентскиот ...

Младинските политики се соочуваат со инстиитуционален застој, а младите со институционални игнорирање и бирократија, смета НМСМ. Во јуни 2024 година започна процесот на воспоставување на Министерството за социјална политика, демографија и млади – институција која беше најавена како системско решение за подобрување на младинските политики и унапредување на положбата на младите во Република Северна Македонија. Една година подоцна, тие надежи се ...

Пандемијата COVID‑19 значително ја зголеми зависноста од смартфоните – скоро 60 % од корисниците во категоријата 18‑24 години сметаат дека премногу користат паметни телефони (DemandSage). Генерацијата Z (родени од 1997 до 2012 година) поминува во просек дури 6 часа и 37 минути дневно пред екран – двапати повеќе од бумерите (3ч 38мин) и значително повеќе од младите од генерацијата X и милиенијалците(DemandSage). Aлармантни бројки Според најнови ...

Зависноста од социјалните медиуми е сериозно присутна, а оние кои се обидуваат да бидат исклучок изгледаат дури чудно во сајбер џунглата во која живееме. Во свет каде што споделувањето на секое кафе, секоја совршена облека и секое мислење на социјалните медиуми стана норма, има нешто тивко моќно кај луѓето кои избираат да не учествуваат во оваа практика. Тие не објавуваат селфиња, фотографии од прилозите што ги добиле со ручекот и не ...

Хирургијата е повеќе од вештина, хирургот треба да носи тешки одлки, и да се носи тежината наместо некој друг, вели Д-р Димитар Споа, специјалист за спортски повреди. Спец. д-р. Димитар Споа е ортопед со над 15 години искуство во хирургија, со специјален фокус на спортски повреди, реконструктивна ортопедија и индивидуализиран пристап кон секој пациент. Работи во приватен здравствен систем и е познат по изведбата на високо-специјализирани ...

Најновото истражување на Европската комисија – Специјален Евробарометар 557 покажува поразителни резултати за научните знаења на македонците. Истражувањето, спроведено меѓу септември и октомври 2024 година, ги анализира ставовите на граѓаните во 27 ЕУ држави и осум земји од соседството, вклучително и Северна Македонија. На квизот за научна писменост, само 1 од 5 Македонци точно одговорил на повеќе од половина прашања. Особено загрижувачки е што ...

Иако Министерството за образование и наука минатата година најави дека „студентите следната академска година би требало да влезат во реновираните домови во Скопје“, конкурсот за сместување за 2025/2026 година покажува нешто сосема друго: студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу” повторно го нема на листата, објави денес Студентарија. Од Студентарија истакнуваат дека и по повеќе од две години затворени врати, студентите нема да можат да се ...

Секоја втора девојка на 15 години во Македонија покажува знаци на депресивно расположение, додека истото важи за речиси секое петто момче од истата возраст. Ова го покажуваат резултатите од ХБСЦ студијата (Health Behaviour in School-aged Children) за однесувањата поврзани со здравјето кај децата на училишна возраст, кои ги пренесува ХЕРА – Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување. Податоците, според ХЕРА, треба да бидат сигнал за ...

МОН го објави Конкурсот за сместување на студенти во приватните и државните студентски домови за студиската 2025/2026 година. Во вкупно 11 студентски домови има слободни 4264 места, од кои 851 е за студенти од прва година, а 3413 за студентите од останатите студиски годин и и за апсоолвенти. 40 % од местата ќе бидат наменети за студенти за кои вкупните приходи во семејството се до нето минималната плата утврдена во Македонија. Овде спаѓаат: – ...

Македонската е-спорт репрезентација испиша уште една златна страница во дигиталната спортска историја! Нашите Dota 2 шампиони го освоија престижниот меѓународен турнир што викендов се одржа во Приштина, при што не загубија ниту еден натпревар до самото финале. Во групната фаза, македонските гејмери доминираа убедливо, совладувајќи ги ривалите од Хрватска, Грузија, Унгарија и Белорусија. Во елиминациската фаза, нашите момци продолжија во ист ...

Студентското здружение за молекуларна медицина (СЗММ) е ново формирано здружение од група студенти од Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“ Штип. Основано од пет ентузијасти Филип, Стојче, Сара, Ивона и Сара, здружението има за цел да ги обедини студентите со новите научни сознанија, но и да им ја доближи динамиката на научно-истражувачката дејност во медицината. „Идејата за создавање на СЗММ, се јави спонатно. Имено, ...

Кристина Арнаудова, пејачката која има свое завидно место на македонската музичка сцена, во последно време помалку време посветува на музиката, а повеќе на хуманитарната работа. Всушност, кога ја прашавме дали работи на некоја нова песна, кратко одговори „Не пеам веќе“. И вели, некако не го чувствувам тоа што треба, не дека не добивам понуди за песни, за снимање, не дека нема да снимам ако дојде нешто што ептен ќе ми се допадне, ама во моментов ...

Охридскиот регион повторно на чекор од ставање на листата на светски наследства во опасност на УНЕСКО , по предлог на над 50 организации. Триесет и девет организации и една европска мрежа од 15 организации доставија писмо до Комитетот за светско наследство на УНЕСКО со кое бараат да се усвои нацрт одлуката за впишување на Охридскиот Регион во листата на светски наследства во опасност. Во седиштето на УНЕСКО во Париз, оваа недела започна 47 ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
5.14
66%
1019
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
0.0
93%
1020
weather icon

Загреб

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
93%
1020
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
5.66
71%
1018
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
5.0
73%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
86%
1019
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
3.09
62%
1015
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
67%
1018
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
88%
1018
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
2.24
89%
1015
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
89%
1019
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
6.17
94%
1013
Currency

61.5137

Currency

53.1707

Currency

70.0844

Currency

34.7749

Currency

37.9566

Currency

66.1215

Currency

7.47369

Currency

0.65487

Currency

0.34541

Currency

0.52507

Currency

1.25986

Currency

0.60028