Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Извидникот Драган Дончески, член на Извидничкиот одред „Еквинокс„ од Штип, неодамна ја доби престижната награда „Извидник на годината“ од Сојузот на извидници во Македонија. Наградата на Драган му ја донеле бројните активности во текот на годините во кои тој активно учествувал давајќи придонес за развој на извидништвото. Извидникот Драган Дончески „Извидник на годината е една од најпрестижните награди со кој еден извидник може да се стекне , тоа ...
„Точка, а не круг“ е изложба на слики на Бојана Тошевска, млада уметничка од Ликовната академија при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип. Изложбата ќе биде отворена на 28.12.2024 (сабота), во просториите на Дом на култура „Наум Наумовски-Борче“ во Крушево со почеток од 15:00 часот. Според Тошевска, изложбата претставува кулминација на нејзиното академско творештво, со големо емотивно значење .Целта на изложбата е и да да понуди увид во дел од ...
Генерацијата З е се понесамостојна – по одењето на интервју за работа со родителите, сега и на работа одат со придружба на родител. Пo неодамна објавените резултати од новата студија која покажа дека генерацијата Z (родена помеѓу 1997 и 2012 година) често ги носи родителите на интервјуа за работа и загрижи многу експерти со овие информации, сега младите започнаа нов тренд на TikTok во кој се фалат дека нивните родители ги возат на работа ...
Декорирањето на новогодишната елка е традиција која ги обединува луѓето ширум светот, но ретко се запрашуваме од каде потекнува овој обичај и што всушност значи. Историскиот пат на оваа традиција е фасцинантен и покажува како културите се преплетуваат преку вековите. Украсувањето елка за првпат е забележано во германските земји во 16 век. Германија се смета за татковина на украсената новогодишна елка. Легендата вели дека реформаторот Мартин ...
Шахот долго време се смета за игра на интелект, стратегија и, за некои, опсесија. Но, се поставува прашањето: Дали шахистите се „чудни“? Ова прашање е често поставувано и допира до подлабоки анализи на шаховската култура. Ќе се обидеме да видиме дали има вистина во идејата дека шаховските ентузијасти поседуваат уникатни или, за останатите луге, чудни особини. За да одговориме, треба да се нурнеме во светот на шахистите – што ги мотивира, како се ...
Во новата учебна година, над 500 компании се вклучија во дуалното образование, овозможувајќи практична настава за речиси 4000 ученици од 62 средни стручни училишта. Ова го истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска, за време на денешната посета на швајцарската компанија „Ронтис“ во Велес. Дуално образование – модел што создава идни кадри Јаневска објасни дека дуалното образование помага да се намали јазот меѓу потребите на ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека е во тек исплатата на образовниот додаток за првиот мерен период од учебната година 2024/2025. Што претставува образовниот додаток? Образовниот додаток е финансиска поддршка за учениците и семејствата, која има за цел да ги поттикне младите на редовно образование. Исплатата се организира во четири мерни периоди годишно, со цел да се обезбеди континуитет во поддршката. Кога ...
Мрежата за заштита од дискриминација, во допис до медиумите, изрази сериозна загриженост за предложените измени на Законот за основно образование и новиот Закон за средно образование, изготвени од Министерството за образование и наука (МОН). Според Мрежата, овие измени претставуваат директна закана за правата на децата, особено на ЛГБТИ младите и другите маргинализирани групи. Во предлог-законите, кои веќе ја поминаа првата фаза во Собранието, ...
На 18.12.2024 (среда) од 17:00 до 20:00 часот на новогодишниот базар во Штип ќе бидат изложени за продажба новогодишни изработки од децата со посебни потреби од ДСУ „Искра“- Штип. Ваквата иницијатива потекнува од студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Универзитетското студентско собрание(УСС), кои претходно учествуваа со самиот процес на изработка на новогодишните украси и честитки. „На ден 11.12.2024 година имавме чест да ги ...
“Сѐ започна со блокади на ФДУ (Факултет за драмска уметност-Белград), и додека тие траеа 4-5 дена, дојдовме до информации дека некои од нашите колеги се претепани. Од човечност и солидарност, застанавме до нив и го блокиравме Ректоратот 12 часа..”-вели Катерина Драгоњиќ, студент на Филозофскиот Факултет во Белград. Изминатиот период сведоци сме на масовните протести кои се случуваат во регионот, особено во Србија, по падот на настрешницата во ...
Случајот со проблематичниот ученик од ОУ „Лазо Ангеловски“ се уште не може комплетно да се реши, во моментов следи настава онлајн. – Се уште постојат одредени пречки за овој случај комплетно да се реши, но и покрај тоа случајот е под контрола, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање дали стручните и социјалните служби работат со проблематичниот третоодделенец од ОУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром ...
Кои се предизвиците во високото образование поврзани со користењето на ВИ алатки, потребата од воспоставување баланс помеѓу иновацијата и академскиот интегритет, како и важноста од меѓусекторска соработка во креирањето на политиките за вештачка интелигенција – ова беа темите во рамки на настанот „Етичка употреба на вештачката интелигенција: Кој ја има контролата – луѓето или алгоритмите?“. Овој еднодневен настан се одржа во просториите на „Инокс ...
Во услови на глобална климатска криза, индустријата која се занимава со производство на кафе се соочува со сериозни предизвици во снабдувањето со кафе и стабилноста на цените. Зголемените трошоци за набавка на кафе, како резултат на климатските промени, ги потикнува компаниите од индустријата за кафе да се адаптираат на новата економска реалност, која е обременета со високи цени на зрната на кафе и логистички проблеми. Компаниите кои што работат ...
Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почнува со спроведување засилени, вонредни контроли кај операторите со храна. Со цел заштита на здравјето на најмладата популација потрошувачи – децата, акцент со контролите ќе се стави на новогодишните пакетчиња и нивната безбедност. Photo by freestocks on Unsplash -Како одговорна институција за безбедноста на храната, заштита на здравјето на граѓаните и ...
Обединување на жените во медиумите, новинарки и медиумски работнички во одбрана на нивните професионални и работнички права е главната цел на женската медиумска мрежа „Еднаква“ која што беше промовирана во Скопје. „Еднаква“ е неформална мрежа создадена од самите новинарки и медиумски работнички во процес на повеќе месечни средби, консултации и обуки и ќе дејствува во рамките на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници. Како што ...
Периодот на адолесценција претставува период кога младите минуваат низ многу психички и физички промени и преоди. Се опишува како период на транзиција од дете кон возрасен и со самото тоа се изразени и чувства на конфузија, несигурност и одредување на “сопственото јас“. Според лиценцираниот психолог, Гордана Манева, дигиталната ера и социјалните мрежи со сигурност играат улога кај развојот на младите: Гордана Манева Балансирањето помеѓу времето ...
Единаесет деца се повредени и се примени во градската болница во Скопје по новиот предизвик на социјалната мрежа „Тик ток“, а двајца од нив се со скршеници на рацете, потврди за МИА в. д. директор на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, д-р Небојша Настов. Како што посочи, децата се на возраст од 10 до 16 години и сите се од Скопје. Photo by Solen Feyissa on Unsplash -Единаесет деца се примени во болницата заклучно со вчерашниот ...
Инклузивното образование во последните четири години во Макеоднија напредува – двојно зголемен бројот на ученици со попреченост кои посетуваат настава. Во овие четири години – по усвојувањето на Законот за основно образование во 2019 година, бројот на ученици со попреченост кои редовни ги посетуваат македонските основни училишта е двојно зголемен. Во учебната 2019 / 20 година имало четири ученици по училиште во просек – на девет ученици по ...
1. Grand Theft Auto VI Развивач: Rockstar Games Платформи: PC, PlayStation 5, Xbox Series X/S Датум на издавање: 2025 (се очекува) После години на шпекулации и очекувања, Grand Theft Auto VI конечно ќе се појави. GTA VI се очекува да понуди огромен отворен свет, со акција, криминални авантури и беспрекорна сатирична приказна. Играчите ќе се преселат во нови, детално изработени градови, со фокус на повеќе локации низ САД. Rockstar се очекува да ...
Упад во системот на електронскиот дневник, кој се случил викендов, беше причина надлежните во Министерството за образование и наука (МОН) да побараат сите корисници (околу 140.000 наставници, професори и родители) да ги променат лозинките за да можат да се најават во системот. Фото: Мета.мк Како што дознава Мета, ученици во училиштето „Коле Неделковски“ во Велес, искористиле ситуација на веќе вклучена професорска е-сметка, па пишувале недолични ...
Оптимизацијата на училишната мрежа треба да обезбеди поквалитетно образование за сите ученици, вели министерката за образование и наука Весна Јаневска. Нови 23 општини се вклучуваат во процесот на оптимизација на училишната мрежа. Тој процес треба да обезбеди поквалитетно образование за сите ученици. Со раководствата на дел од овие општини, односно на Босилово, Делчево, Кавадарци, Струмица, Штип, Свети Николе, Старо Нагоричане и Чашка, во Штип ...
Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор” започна со спроведување на иницијативата „Активни, независни млади со попреченост подготвени за инклузивно вработување“, која предвидува опфат на повеќе од 100 лица со типичен и атипичен развој во Скопје, Тетово и Куманово. Како што информираат од Фондацијата, прва активност од оваа иницијатива е обуката за меки вештини за вработување за млади лица со попреченост која цели да ...
По два дена исполнети со многу возбуда, знаење и натпреварувачки дух, Македонија го доби шампионот на најголемиот натпревар по математика за средношколци – UltiMATH. Првата награда, 10.000 евра, 100% стипендија за студирање на факултетот Бреинстер НЕКСТ и бројни сертификати, му припадна на средношколецот Дамјан Давков. Дамјан не е непознат во светот на математиката. Со своето знаење и исклучителни математички вештини, тој досега има освоено ...
Министерството за образование и наука потсетува дека од 1 до 5 декември 2024 е отворен рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година. Сите студенти кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk. Во објавата на МОН се достапни информации за условите и критериумите за остварување на правото, а за ...
Најголем дел од младите рекле дека сметаат оти воопшто не се вклучени во носењето на одлуки во нивната локална заедница. Речиси 55 отсто не се запознаени дали постои Закон за младинско учество и младински политики. Австралија – казни за користење социјални мрежи од страна на млади под 16 години Речиси половина (49,6%) од младите никогаш не биле вклучени во некаква организација или клуб, а како причина ги наведуваат нивните веќе постоечки ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска попладнево во рамки на сендицата за пратеничкки прашања рече дека состојбата во поголем дел од ученичките и студетските домови е катастрофална и дека има сериозни индиции за криминал. Најави дека ќе бидат поведени соодветни постапки со кои ќе се побара одговорност од досегашните директори. – Ќе го посочам студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје, каде нема топла вода и храна, а вработените не ...
Претставничкиот дом на Австралија го усвои нацрт-законот со кој на децата помлади од 16 години им сѐ забранува пристап на социјалните мрежи, оставајќи му на Сенатот да го финализира законот, пренесува Асошиејтед Прес. Големите партии го поддржаа нацрт-законот со кој платформите вклучувајќи ги ТикТок, Фејсбук, Снепчет, Редит, Икс и Инстаграм ќе бидат одговорни за казни до 50 милиони австралиски долари (33 милиони американски долари) за системски ...
Додека Министерството за економија и труд во наредниот период развива системски пристап за усогласување на понудата и побарувачката на работната сила на домашниот пазар, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) со порака дека недостигот на работна сила е резултат на ниските плати и злоупотреби од страна на газдите од Стопанската комора. – Додека од една страна Северна Македонија се соочува со висока стапка на невработеност, од друга страна сѐ ...
Осмиот Медиумски фестивал Скопје ќе се одржува од денеска до 28 ноември во мултимедијалниот простор Котур, во организација на Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА. Оваа година, како што посочуваат организаторите, фестивалот е посветен на основната градбена клетка на новинарството – локалното известување. Фестивалот ќе започне со дискусија на тема „Моќта на локалните гласови и новинарството на локално ниво“, на која ќе се ...
Европската комисија во својот годишен извештај за напредокот на Македонија за 2024 година го насочува фокусот на младите, нивниот развој и улогата на образованието како клучен елемент за нивната иднина. Извештајот содржи јасни препораки и анализи за областите каде што се потребни промени за подобрување на квалитетот на животот на младите, средношколците и студентите. Photo by Ernesto Velázquez on Unsplash Младите и образованието: Потреба од итни ...