Листата на лекови ќе биде ревидирана два пати годишно и ќе имаме нови лекови. При крај е една од процедурите и се надевам дека набрзо ќе има ревидирање на листата на лекови, истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција. Тој посочи дека веќе има прв чекор, има нов информациски електронски модул „Систем за евиденција и управување со барањата за Листата на лекови” и преку него ќе се знаат ...

И премиерот Христијан Мицкоски и градоначалничката на Скопје во заминување Данела Арсовска, денеска еден по друг ѝ се извинија на јавноста што на претходните локални избори си верувале и се поддржале, пишува Мета.мк. Најпрво премиерот Мицкоски во одговор на новинарско прашање изјави дека жали што во 2021 година застанал зад независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска. „Чувствувам одговорност што тогаш ја поддржав ...

Властите во Хамбург најавија локален референдум на 31 мај 2026 година, во врска со кандидатурата за Летните олимписки игри во 2036, 2040 или 2044 година. Ова ќе биде второ јавно гласање во Германија за овие Игри. Жителите на Минхен ќе гласаат на 26 октомври 2025 година. Берлин и регионот Северна Рајна-Вестфалија исто така учествуваат во националната кандидатура, иако официјалното гласање сè уште не е планирано. Референдумот во Хамбург ќе чини ...

Новинарот Љупчо Златев, на поткастот „Утринско еспресо“ зборуваше за локалните избори во Општина Центар, истакнувајќи дека актуелниот градоначалник Горан Герасимовски влегува во трката како фаворит. „Центар е многу интересна приказна. Јас би рекол дека во Центар на овие избори фаворит е Горан Герасимовски, актуелниот градоначалник, затоа што доаѓа од еден мандат којшто го помина релативно без скандали. Значи, може да кажете што сакате, но тој ...

Кинеските истражувачи открија 41 свлечиште на Месечината од 2009 година досега, користејќи сателитски снимки со висока резолуција. Истражувачите пронајдоа докази за одрони на површината на нашиот природен сателит и велат дека овие свлечишта најверојатно се предизвикани од месечевите подземни потреси, а не од удари од астероиди, како што се сметаше претходно. Одроните, инаку, се откриени со споредување на 562 пара сателитски снимки од вкупно 74 ...

Францускиот претседател Емануел Макрон во во обраќањето пред Генералното собрание на ОН повика на „ефикасен мултилатерализам“ и предупреди дека не смее да се дозволи да „надвладее себичноста на малкумина“. – Живееме во парадоксален момент во кој повеќе од кога било ни е потребно да го обновиме духот на соработката кој преовладуваше пред 80 години, рече францускиот претседател, мислејќи на времето на создавањето на ОН. Во дебатата на Генералното ...

Пишува: ЈАНИ МАКРАДУЛИ Четири години од денот кога се судрија со рацете во медот. Градот Скопје е свесно парализиран од Центарот на немоќ и уцена, сместен во Белата палата. Нема еколошки автобуси, но има загадување за сите. Нема мега парк, но има мега лаги. Центарот на немоќ и уцена, како се ближат изборите, така кулминира со казнувањето на цело Скопје. Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, свесно, намерно, не го чистат градот, создаваат сообраќаен ...

Европа и САД ќе работат заеднички за да ги вратат дома исчезнатите деца од Украина и да ја ублажат нивната тешка положба, изјави доцна синоќа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Њујорк. – Имав добра дискусија со претседателот Трамп на маргините на Генералното собрание на ОН. Разговаравме за агресијата на Русија врз Украина. Се согласивме за потребата од брзо ...

По минатонеделниот протест „Ниту една повеќе“, движењето кое го организираше повторно повикува на блокада овој четврток (25 септември) на раскрсницата кај „Жена Парк Борец“ од 18 часот. „Преку размена во јавен простор да го канализираме нашиот колективен гнев и заедно да дискутираме за решенија наспроти институциите кои ги загрозуваат нашите улици“, напишаа организаторите на социјалните мрежи, повикувајќи ги граѓаните да се придружат во ...

Роџер Федерер објасни зошто организаторите на турнирите ги забавуваат терените. – Разбирам зошто организаторите ги забавуваат терените. За нив, тоа е полиса за осигурување. За послаб играч, да се победи Синер на бавна подлога е многу потешко, мора да игра многу добро, додека на брза подлога, неколку силни удари во вистинскиот момент понекогаш се доволни. Организаторите на турнирот размислуваат вака: „Финалето Синнер-Алкараз изгледа совршено. ...

Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ вечер ќе настапи во Културниот центар „Матија Петар Катанчиќ“ во градот Валпово во Хрватска, со што ќе ја почне големата балканска турнеја насловена „Ритамот на душата-бојата на традицијата“, која е уште еден чекор во мисијата за негување и промоција на нашето културно наследство. Од Националната установа-ансамбл за народни игри и песни „Танец“ соопштија дека турнејата претставува исклучителна можност за ...

Со претставата „Грабеж на диамантот” во режија на Ќазмедин Нуредини а во изведба на членовите на албанската драма при Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово, синоќа во Центарот за култура во Дебар почна 24. издание на фестивалот „Албански театар во Македонија“. Публиката, која ја преполни концертната сала актерите ги награди со бурен аплауз. Пред претставата се обрати директорот на фестивалот Илбер Нуредини, кој, како што рече со ...

Третманот на депонијата во Кочани што Министерството за животна средина го вршеше минатиот викенд, ќе ги чини граѓаните близу пет милиони денари, соопштуваат од Општина Кочани. Вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани Венко Крстевски упатува на скандалозна јавна набавка на Министерството за животна средина, посочувајќи податоци од договорот. „Во Кочани порамнување на отпад чини 3 250 денари по кубик, а во Никуштак (Липково) само ...

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека Будимпешта нема да се откаже од руската нафта и покрај барањата од Белата куќа. Тој го истакна ова во интервју за британскиот весник „Гардијан“ на маргините на 80-тото заседание на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп ги повика земјите-членки на НАТО и Европа да го запрат увозот на руска нафта. Како одговор, ...

Џими Кимел се врати во етерот и зборуваше за луѓето што го контактирале во последните шест дена, вклучувајќи ги колегите водители на доцноноќни ток-шоуа, обожавателите на емисијата и оние кои не го поддржуваат она во што тој верува, но сепак го поддржуваат неговото право да ги споделува тие верувања. Во првата емисија по враќањето, Кимел ја бранеше слободата на говорот и се осврна на своите коментари за убиството на Чарли Кирк во емотивно ...

Техеран нема да преговара директно со САД за својата нуклеарна програма, а врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи ги нарече разговорите со Вашингтон „ќорсокак“, додека во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации (ГС на ОН) во Њујорк во моментов има дипломатски преговори на оваа тема, пишува Ал Џезира. Коментарите на Хамнеи на иранската државна телевизија вчера следеа по состанокот на шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, со ...

Тендерот на Министерството за внатрешни работи за набавка на нови полициски униформи предизвика нова жестока полемика меѓу политичките партии во земјата. Во сржта на спорот е прашањето – дали униформите ќе ги содржат симболите и натписите само на македонски јазик или, согласно Законот за употреба на јазиците, ќе бидат двојазични. Од Демократската унија за интеграција остро реагираа, барајќи повлекување на тендерот. Според Арбер Адеми, ваквиот ...

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА Во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридните закани (ЦХТМ) Фејсбук објава на социјалните мрежи во Северна Македонија тврди дека заокружениот човек на двете фотографии е истото лице, Адолф Хојзингер – „шефот на Генералштабот на Хитлер,“ кој подоцна станал „претседател/командант на НАТО,“ и со тоа се инсинуира дека денешните НАТО/ЕУ се обележани со нацизам. Дополнително, објавата го поврзува овој наратив со ...

Југословенскиот и хрватскиот тенисер и тренер Никола Пилиќ почина во Риека во 87 година од животот објавија хрватските медиуми. Пилиќ ја освои титулата во двојки на Отвореното првенство на САД во 1970 година. Во текот на својата кариера освои четири титули во поединечна и шест титули во двојки. Како тренер, Пилиќ работеше со Србинот Новак Ѓоковиќ, Хрватот Горан Иванишевиќ и Германецот Михаел Штих. -Пилиќ беше таткото на Новак Ѓоковиќ во тенисот. ...

Општина Центар не чека од градската власт да го среди хаосот со сметот, туку самата интервенира. Градоначалникот Горан Герасимовски, во својата објава на Фејсбук информираше дека заедно со директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ Душко Коцевски, потпишале договор за изнајмување на дополнителна механизација за поефикасно чистење на центарските улици. „Граѓаните на Центар не смеат да бидат заложници на нечија негрижа. Затоа обезбедивме ...

Кина евакуираше речиси два милиона луѓе од јужната покраина Гуангдонг, бидејќи супертајфунот Рагаса се приближува, пренесува Би-би-си. Денес се очекуваат дождови колку еден месец во градот Жухаи, додека се приближува кон „Кралот на бурите“, известува дописничка Лаура Бикер. Супертајфунот Рагаса уби најмалку 14 лица во Тајван откако се излеа езеро, предизвикувајќи силни поплави на исток – геолозите го опишуваат како „цунами од планините“ ...

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, синоќа го посети скопското село Страчинце, каде што се сретна со жителите на ова населено место, кои протестираат против започнувањето со работа на каменоломот во нивната близина. Меџити, информираат од неговиот кабинет, ги информираше жителите дека министерството со кое раководи донело негативна одлука за барањето за отворање каменолом во регионот на Страчинце. ...

Новиот тендер кој го објави вчера Министерствотото за внатрешни работи (МВР), за како што велат, нови униформи за замена на старите, непрактични и нефункционални униформи со нови, модерни, квалитетни и функционални по терк на европските полиции, предизвика реакции кај дел од медиумите на албански јазик и кај опозициската ДУИ. – Министерството во процесот кој е целосно транспарентен и одговорен, оствари технички дијалог со дури 13 заинтересирани ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека украинските сили ги надминале сите очекувања во борбата против Русија. Неговите коментари беа дадени за време на состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, а потоа дополнително разјаснети во објава на неговата социјална мрежа Трут соушл. На состанокот, Трамп истакна дека Украина „врши многу добра работа“ во запирањето на „таа ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека верува оти Вашингтон ќе ја „потурне Русија кон мир“, кратко откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Кијив е „во позиција“ да ја поврати целата своја територија што ја изгуби од Москва. „Благодарен сум за овој состанок и очекуваме дека американските акции ќе ја турнат Русија кон мир. Москва се плаши од Америка и секогаш ѝ обрнува внимание“, рече украинскиот ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го започна своето обраќање на 80. Генерално собрание на ОН, истакнувајќи дека телепромптерот не функционира, што предизвика смеа меѓу присутните. – Можам само да кажам дека кој и да оперира со овој телепромптер е во големи проблеми“, рече Трамп, по што продолжи да зборува од хартиена копија на говорот. Како земја-домаќин, САД традиционално се втората земја што се обраќа на ГС на ОН.. Во обраќањето тој се ...

Владата на денешната 114. редовна седница ја разгледа и усвои информацијата за склучување на договор за соработка помеѓу Јавното претпријатие за железничка инфраструктура – Скопје и Јавното тело на Министерството за транспорт на Владата на Обединетото Кралство Кросрејл Интернешнал Лимитед. Како што стои во соопштението на Владата, со Договорот за соработка се воспоставува рамка со која страните ја потврдуваат својата подготвеност и посветеност ...

ФИФА размислува за одржување на Светското првенство во 2030 година со 64 екипи, објави „dailysports“. Според британскиот спортски портал, Светската фудбалска асоцијација го поддржала предлогот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) за проширување на бројот на екипи. Се очекува групната фаза да се одржи во 16 групи од по четири екипи, при што првите две ќе продолжат во нокаут фазата. ФИФА веќе го зголеми бројот на екипи што ...

Меѓународниот ден на знаковниот јазик е повеќе од симболика, овој ден е потсетник за целото општество дека вклученоста, комуникацијата и почитувањето немаат бариери кога постои волја и љубов кон другиот, порача претседателот на Собранието Африм Гаши во своето обраќање по повод 23 Септември, Меѓународниот ден на знаковниот јазик. Нагласи дека Собранието постојано се залага за вклучувањето и почитувањето на лицата со посебни потреби. -Во таа ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска најави дека во четврток ќе биде објавена драфт верзијата на Резолуцијата за црвените линии и преговори со ЕУ која партијата ја подготвуваше изминатиот период, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. „Многу внимателно пристапивме кон овој процес. Темата е чувствителна и бараше консултации со бројни експерти од правото и меѓународното право. Во четврток ќе ја презентираме ...

Повик

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1021
weather icon

Белград

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
93%
1021
weather icon

Загреб

1ᴼ / 1ᴼ
2.06
100%
1022
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
100%
1021
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
2.34
89%
1023
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 1ᴼ
2.06
100%
1022
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.68
74%
1017
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
0.0
58%
1018
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
71%
1018
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 2ᴼ
2.57
100%
1023
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
90%
1022
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
6.17
71%
1020
Currency

61.55

Currency

52.5458

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Сребро

2159.01

Алуминиум

2.95

Калај

43.93

Родиум

258813.51

Кобалт

58.42

Цинк

3.04

Бакар

11.07

Рутениум

29192.88

Паладиум

54591.97

Платина

64479.52

Злато

139515.92

Иридиум

145787.60