Феминистичкото движење за слобода и правда на жените, „Ниту eдна повеќе!“ најавува блокада која ќе се одржи денес (25 септември) од 18:00 часот пред паркот „Жена Борец“ во Скопје. „Се здружуваме за гласно и солидарно да зборуваме за еднаквост и живот без насилство. Движењето е резултат на нашиот гнев – затоа што жените во оваа држава не се заштитени – и нашиот страв за тоа уште колку жени живеат во насилство или под ризик од насилство, чии крици ...

На петката „Матка“ крај Скопје, на 26 и 27 септември (петок и сабота) ќе се одржат натпревари од 4. и 5. коло од Светскиот куп во кајак спуст на диви води. Организатор на ова меѓународно натпреварување Кајакарската федерација со техничкиот организатор Кајак Кану Клуб „Арка-Борец“. Како што информира за МИА, кајакарот и организатор на натпреварите, Љубомир Спасиќ од ККК „Арка – Борец“ – Велес, од македонските натпреварувачи, посебно внимание ќе ...

Во Битола синоќа на свеченост во чест на лауреатот на 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“, Дариус Конџи, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков му ја врачи наградата Златна камера 300 за животно дело. Првите честитки на кинематограферот Канџи му ги уптатија минисетерот Љутков и директорот на фестивалот Димитрија Доксевски. -Останав без зборови. Ви благодарам бескрајно. Среќен сум што сум во Битола да ја примам оваа прекрасна награда и ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го осуди синоќа признавањето на палестинска држава од страна на неколку западни лидери, нарекувајќи го „срамно предавање пред тероризмот“. „Признавањето на палестинска држава од страна на некои лидери нема да го обврзе Израел на никаков начин. Палестинска држава нема да биде создадена“, се наведува во соопштението од Кабинетот на израелскиот премиер на платформата X. Нетанјаху во Њујорк ќе се сретне со ...

Ограничувањето на буџетот на тимовите во Формула 1 ќе се зголеми драстично во 2026 година. Директорот на Светската автомобилистичка федерација (ФИА) за финансиски регулативи на Формула 1, Федерико Лоди, објави значително зголемување на ограничувањето на трошоците за тимовите од Формула 1. Ограничувањето беше 135 милиони долари годишно од 2023 до 2025 година, прилагодено за инфлација. Во 2026 година, ќе се зголеми на 215 милиони долари. Исклучок ...

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ одржа концерт во Валпово, Хрватска, со кој официјално ја започна својата балканска турнеја. Настапот, кој се одржа пред целосно исполнета сала, наиде на огромен ентузијазам и долготраен аплауз, поставувајќи висок стандард за сите претстојни концерти, соопштуваат од „Танец“. Публиката имаше можност да ужива во богатата програма која ги прикажа кореографиите и музиката од различни региони на ...

Повеќе од 80 Палестинци беа убиени од израелски оган низ Појасот Газа во среда, повеќето од нив во градот Газа, соопштија локалните болници, пренесува Би-би-си. Жени и деца беа меѓу најмалку 20-те кои загинаа кога нападот погоди зграда и шатори во кои се засолнуваа раселени семејства во близина на пазарот Фирас во централната населба Дараџ во градот Газа преку ноќ, според првите реагирачи. Израелската војска соопшти дека погодила двајца борци на ...

Денеска во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Од утре до понеделник нашето подрачје ќе биде под влијание на циклонска активност и ќе има позначителна промена на времето, соопшти УХМР. Ќе преовладува претежно облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 л/м2), проследени со грмежи и засилен ветер. Дневната ...

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, изрази целосна солидарност со нас и целосна поддршка и обете ги врза за нашите демократски чекори, особено за способноста за менаџирање на меѓуетничките односи, изјави претседателката Гордана Сиљановска – Давкова по средбата со Гутереш, што се одржа синоќа (по македонско време) во Њујорк, во рамки на учеството на 80.Сесија на Генералното собрание на ОН. – Тој рече дека стои зад нас и ...

ВМРО-ДПМНЕ покажа дека нема план и капацитет за развој на државата ниту на централно, ниту на локално ниво, изјави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во општина Аеродром. Тој укажа дека е потребно ред, одговорност и работа за граѓаните, но и контрола на власта, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го објавува интегрално. „Потребна е силна контрола на власта и локални тимови што испорачуваат – ...

Бригадите Ал-Касам, военото крило на палестинската милитантна група Хамас, синоќа издаде итно предупредување до раководството на Израел во врска со воената операција во Газа и „опасноста што таа ја претставува за затворениците во градот“. „Како што и претходно бевте предупредени, колку повеќе го проширувате опсегот на вашите криминални операции во градот Газа, толку е поголема опасноста за вашите затвореници. Повлечете се веднаш“, се наведува во ...

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека повторно ќе се кандидира за премиер во 2027 година, и покрај анкетите што покажуваат дека неговата Социјалистичка партија ќе има тешкотии да освои мнозинство во шпанскиот Парламент. „Дефинитивно ќе го направам тоа“, рече Санчез во интервју за Блумберг, наведувајќи дека веќе се договорил за одлуката со своето семејство и партијата. Шпанскиот премиер рече дека е уверен дека повторно може да обезбеди ...

Францускиот средношколец кој вчера ја избоде својата наставничка по музичко во лицето во североисточна Франција бил фасциниран од оружјето и нацистичката идеологија, соопштија властите. Наставничката го преживеала нападот и нејзиниот живот не е во опасност, но 14-годишникот е на работ на смртта откако се избодел во вратот додека полицијата се обидувала да го фати при бегството од училиштето со велосипед. Обвинителката од Стразбур, Кларис Тарон, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Обединетите нации веднаш да отворат истрага за „тројната саботажа“ во која тој се најде во центарот. Според американскиот претседател, саботажите се случиле за време на неговото пристигнување и говор на сесијата на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк оваа недела. Преку социјалната мрежа Truth Social, тој изјави дека првата саботажа се случила кога влегол во зградата на Обединетите ...

Кандидатот за градоначалник на СДСМ во Ѓорче Петров, Костадин Ацевски, во новото видео снимено на улицата „Александар Мартулков“ посочи конкретен пример за неконтролираното градење кое го уништува урбаниот живот во населбата Хром. „На парцелите зад мене, кои се со намена за домување во куќи и категоризација А1, никнува зграда и веќе се продаваат станови. Па, нели е доста од згради во Хром? Како е можно дури и куќите да се претвораат во згради? ...

До 7 часот утрово на територијата на Македонија има вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три се активни, четири се под контрола, а изгаснати се 21 пожар, информираат од Центарот за управување со кризи. Според ЦУК, активни се пожарите во општина Македонски Брод, над село Бенче на планината Добра Вода каде гори дабова шума и папрат, во општина Чучер Сандево и Липково, селата Малино, Танушевци и Лукаре, каде со пожар е зафатена мешана шума. ...

Економските показатели во одредени сектори конечно покажуваат позитивни резултати. Ме радува тоа што после долго време податоците за Бруто домашниот производ (БДП) покажуваат дека приватниот сектор е главниот двигател на економскиот раст во нашата земја, со особено значајно учество на градежништвото и земјоделството. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостувањето во Бизнис 21 на ТВ21, нагласувајќи дека растот ...

Народната банка, со поддршка од Европската Унија, започна со реализација на проектот „Зајакнување на капацитетот на Народната банка во областа на екстерните статистики, платежната статистика и платните системи“, чија цел е модернизација на институцијата и приближување до европските стандарди, што ќе овозможи посигурни услуги и поголема доверба кај јавноста. Проектот се состои од две клучни компоненти: статистиката и платните системи – области ...

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, кој ја придружува претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на работната посета на Њујорк, изјави дека покрај тековните активности во ОН престојот во голема мера го посветил и на европските интеграции и на регионалната соработка. – Имав билатерална средба со министерот за надворешни работи на Кипар, земја која што од јануари ќе го преземе претседавањето со ЕУ. Зборувавме за потребата од засилена ...

„Не може секој да биде новинар. Новинар е оној што има дигнитет и знае да каже ‘не’ на главниот уредник. Тоа е карактерна категорија“, вели новинарот Зоран Иванов и уредник во НОВА ТВ. Според него, секое време е погодно за новинарство, но секогаш ќе постојат и новинари асови и „не-новинари“. Професијата е постојана борба, особено во редакциите, каде денес ретко се разговара за новинарството и дневните теми. Во интервјуто за ЦИВИЛ МЕДИА, Иванов ...

Во понеделник требаше да се одржи дебата во емисијата „Само Вистина“, на која требаше да се соочат кандидатите за градоначалници на Град Скопје. Кандидатката Каха Шукова информира дека таа била поканета и целосно подготвена да учествува, но дебатата била откажана. „Јас бев поканета и целосно подготвена да се појавам, затоа што граѓаните заслужуваат отворена расправа за иднината на градот,“ напиша Шукова. Таа го обвини својот противкандидат Орце ...

Случајот со студентот Богдан Јовичиќ доби меѓународна димензија – Европскиот суд за човекови права во Стразбур прифати да ја разгледа петицијата поднесена од неговиот адвокат, објави белградски „Данас“. Тој весник на својата веб-страница објави дека се очекува судот многу брзо да одлучи за привремената мерка. Весникот објави дека судијата во случајот „Јовичиќ против Србија“ денеска му испратил писмо на Јовичиќ, во кое го повикува да го прекине ...

Италија денеска го повика Израел да ја обезбеди безбедноста на пропалестинската флотила на пат кон Газа, чии членови изјавија дека биле цел на напад на море во текот на ноќта. -Министерот Антонио Тајани бил информиран за нападот врз бродовите на флотилата крај брегот на Крит, се вели во соопштението на италијанското Министерство за надворешни работи, нагласувајќи дека флотилата била „во меѓународни води“ и потсетувајќи дека неколку Италијанци, ...

На затворањето на 13. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, наградата „Прозарт“ му беше врачена на словенечкиот писател Евалд Флисар кој, во обраќање по повод признанието, зборуваше за значењето на квалитетната литература и за улогата на книгата во време кога „светот се дави во премногу зборови и премногу книги“. -Книгата може да биде опасна и во рацете на некој што не знае како да се справи со неа. Голем дел од она што го ...

Премиерот Христијан Мицкоски, денес, одговарајќи на новинарско прашање, се осврна на најновите податоци од Државниот завод за статистика во врска со информација за движењето на платите, при што изјави дека никогаш не можете да бидете задоволен од висината на приходите, односно на платата, и секогаш, како Влада, треба да работиме повеќе за да обезбедиме дополнителни средства или да обезбедиме таква средина за бизнисот да се развива, за да можат ...

На територијата на Македонија до денеска на пладне има вкупно 9 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, четири се под контрола, а еден пожар е изгаснат, информираат од Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во општина Македонски Брод, над село Бенче на планината Добра Вода каде гори дабова шума и папрат, во општина Чучер Сандево, село Малино и село Танушевци каде гори мешана шума, општина Липково, село Гошинце каде ...

Иконата на италијанската и светската кинематографија, Клаудија Кардинале почина на 87 години. Нејзината смрт ја соопшти нејзиниот агент Лоран Саври, а синоќа веста ја потврди и министерот за култура на Италија, Алесандро Џиули. Глумицата беше една од трите големи филмски икони на Италија, заедно со Софија Лорен и Џина Лолобриџида. Се здоби со меѓународна слава во 1960-тите, со филмови како „8 и 1/2“ на Федерико Фелини, „Леопардот“ на Лукино ...

НАСА најави дека веќе во февруари 2026 година би можела да испрати четворица астронаути на десетдневно патување околу Месечината – прва ваква мисија по повеќе од половина век. Мисијата „Артемис II“ е вториот лет во рамките на програмата „Артемис“, чија крајна цел е враќање на човекот на Месечината и воспоставување трајно присуство на нејзината површина. Оваа фаза ќе биде тест за ракетниот систем SLS (Space Launch System) и вселенската капсула ...

Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ го најавува 48-то издание на фестивалот „Денови на македонска музика“, кое ќе се одржи од 29 септември до 16 октомври 2025 година. Откако првично беше закажан за март–април, фестивалот беше одложен за есенскиот период и ќе се реализира со прилагодена програма, нудејќи богат избор на премиерни изведби и стилски разновидни музички дела. Куратор на годинашното издание е композиторот Филип Иванов. Со ...

Во организација на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Женската медиумска мрежа „Еднаква“ вечер во 19:30 часот ќе биде отворена изложбата „Жените зад насловите: 80 години медиумска историја“, посветена на жените кои оставиле силен печат во македонската медиумска историја. Публиката ќе може да види 30 фотографии кои сведочат за нивната улога во зачувувањето и развојот на професионалните медиуми во земјава. Подготовките на ...

Повик

5 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1019
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
100%
1020
weather icon

Загреб

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
100%
1021
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
75%
1020
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
2.09
77%
1022
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
100%
1020
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.13
75%
1016
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
59%
1016
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
58%
1017
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
93%
1022
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
90%
1021
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
6.69
67%
1019
Currency

61.55

Currency

52.5458

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Платина

64479.52

Родиум

258813.51

Иридиум

145787.60

Кобалт

58.42

Сребро

2159.01

Бакар

11.07

Паладиум

54591.97

Цинк

3.04

Злато

139515.92

Алуминиум

2.95

Калај

43.93

Рутениум

29192.88