Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека тој и американскиот претседател Доналд Трамп постигнале „заедничко разбирање“ за тоа како да се воспостави примирје во Газа и да се постигне траен мир во палестинските територии. – Објаснивме како прво да се постигне прекин на огнот во Газа, а потоа траен мир. Постои заедничко разбирање за ова, изјави Ердоган по средбата со Трамп во Белата куќа. Тој истакна дека решението со две држави ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ја отвори 80-тата сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк во атмосфера што ретко се гледа. Штом зачекори кон говорницата, околу стотина делегати од различни земји станаа и ја напуштија салата во знак на протест против израелската политика во Газа. Иако израелските дипломати и дел од публиката се обидуваа да го прикријат тоа со гласно ракоплескање и стоење, празните места беа ...

Канцеларијата на израелскиот премиер им нареди на Израелските одбранбени сили (ИДФ) да го емитуваат говорот на премиерот Бенјамин Нетанјаху на Генералното собрание на ОН во живо за жителите на Појасот Газа, објави „Тајмс оф Израел“. По извештајот утрово во израелските медиуми дека на ИДФ им е наредено да инсталираат звучници на камиони низ Појасот Газа, Канцеларијата на премиерот потврди дека планира да го емитува говорот во живо за жителите на ...

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ констатира повеќе случаи на злоупотреба на деца и малолетници за време на предизборната кампања од речиси сите кандидати во трката за градоначалник. Иако (пред)изборната кампања треба да се води одвоено од институционалните надлежности, дел од кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ВЛЕН и СДСМ и останатите партии ги користат своите функции за партиска промоција – на штета на децата. Во изминатиот период ...

Кандидатот за градоначалник на Центар, Мирослав Лабудовиќ од ЗНАМ, денеска објави дека добил поддршка од Здружението на пензионери на Општина Центар, со кои остварил средба на која било разговарано за нивните проблемите и очекувања од следниот градоначалник во општината. Но оваа негова информација, експресно ја демантираше претседателот на здружението Злате Стефановски кој информираше дека, ниту кандидатот Лабудовиќ добил поддршка, ниту пак била ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека е близу до постигнување договор за завршување на војната во Појасот Газа и за враќање на заложниците кои ги држи Хамас. – Изгледа дека имаме договор за Газа. Мислам дека тоа е договор кој ќе ги врати заложниците дома и ќе стави крај на војната, изјави Трамп, без да открие повеќе детали. САД претходно претставија мировен план со 21 точка за Блискиот Исток, чија цел е да се стави крај на ...

Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска денеска во Сараево изјави дека Алијансата нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина. Претходно, српскиот лидер Милорад Додик изјави дека ќе побара од Москва да биде прекината воената мисија ЕУФОР во БиХ. – НАТО трајно е посветен на суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ. НАТО нема да дозволи дестабилизација на БиХ. Без оглед на исходот од претстојната ...

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) излезе со предлог-резолуција за утврдување на државните и националните позиции во процесот на европската интеграција, со цел создавање широк политички и општествен консензус за патот кон Европската Унија. Документот предвидува јасни рокови и механизми за заштита на македонските национални интереси, при што јазикот, идентитетот, историјата и културата се исклучени од секое можно преговарање со ...

Светот се соочува со клучен избор меѓу меѓународен поредок базиран на правила, кој ги поддржува мултилатерализмот и Повелбата на Обединетите нации или хаотичен свет базиран на унилатерализам, насилство и непочитувања, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта доцна синоќа во обраќањето пред Генералното собрание на ОН во Њујорк. – Алтернативата на меѓународниот меѓународен поредок базиран на правила е хаотичен и насилен свет. Каков ...

Општинското јавно претријатие „Тетово Транспорт“ ги предупредува граѓаните дека на социјалната мрежа Фејсбук е создадена лажна страница со име на нивната фирма и шири невистини информации за наводни услуги. – Ве информираме дека ЈП „Тетовo Транспорт” – Тетово не организира никакви наградни игри, затоа Ве молиме да не верувате на тие измами. За секоја вистинска вест или соопштение, ве покануваме да ја следите официјалната страница на ЈП „Тетовo ...

Она што мислам дека треба час поскоро да го направам е да го конституирам советот за дијаспора за да може преку него континуирано да си ги регулираме односите, рече претседателката Сиљановска – Давкова, обраќајќи се на нашинците кои присуствуваа на настанот по повод 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи со САД. – Должници сме кон вас и јас ветувам дека се што можам ќе сторам за да ги интензивираме контактите и за да бидеме заедно ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека пензиите ќе се зголемат од 1 октомври. Како што истакна Мицкоски по посетата на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, следното покачување ќе биде напролет. -Од 1 октомври е првичната корекција на пензиите, линеарното зголемување, а потоа ќе има и напролет. Со тоа ќе се заокружи инвестицискиот циклус и зголемувањето на пензиите линеарно во вкупен износ од 7 000 по пензионер што ги ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го дуплираше својот очигледен пресврт во тонот кон рускиот претседател Владимир Путин за време на говорот во Овалната соба на 25 септември, упати остри критики кон рускиот лидер за неговата тековна војна во Украина, пренесува Кијив Индипендент. „Многу сум незадоволен од она што го прави Русија и од она што го прави претседателот Путин“, им рече Трамп на новинарите за време на прес-конференцијата. „Воопшто не ...

Пешаците кои преминуваат коловоз и разговараат на мобилен телефон, користат слушалки за разговор во двете уши, смарт часовник или таблет од денеска ќе бидат санкционирани. Истите законски мерки важат и за возачи на велосипед, мопед, мотоцикл, трицикл, и четирицикл кои, според законот, за време на управувањето не смеат да користат електронски уреди. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата известува дека од денеска стапуваат ...

Фестивалот за европска литература „Букстар“ (BookStar) почетокот на своето единаесетто издание ќе го означи в понеделник на 29 септември во Културно информативниот центар во Скопје со почеток во 19.30 часот, а ќе трае до 2 октомври. Главните настани ќе се одвиваат во Културно информативниот центар во Скопје, меѓутоа дел од програмата ќе се одвива и на други локации. Годинашниот фестивалски слоган гласи „За писателцките работи“, а својот корен го ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека од 1 октомври САД ќе воведат 100 проценти царини на увоз на брендирани лекови, 25 проценти царини на тешки камиони, 50 проценти царини на кујнски елементи, додека за тапациран мебел тие ќе изнесуваат 30 проценти. Тој изјави дека новите царини на тешки камиони имаат за цел да ги заштитат производителите од „нечесна странска конкуренција“ и дека овој потег ќе им користи на компании како Peterbilt, ...

Британскиот премиер Кир Стармер денеска најави воведување на дигитални лични карти и рече дека новиот идентификациски документ, кој ќе се чува на мобилните телефони, ќе биде „огромна можност“ за земјата бидејќи ќе го отежне нелегалното работење. Дигиталната лична карта ќе стане задолжителна како средство за докажување на правото на работа, но луѓето нема да бидат обврзани да ја носат со себе ниту да ја покажуваат. Обврзувачки лични карти во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп, потпиша извршна уредба за планот за продажба на американското работење со ТикТок на американски и глобални инвеститори, во согласност со законот од 2024 година според кој апликацијата ќе биде забранета ако нејзините кинески сопственици не ја продадат. Според уредбата, ТикТок ќе биде во мнозинска сопственост и под контрола на американски субјекти. Како што соопшти Белата куќа, договорот вклучува интензивно ...

Украински беспилотни летала ја погодија рафинеријата за нафта „Афипски“ во рускиот Краснодарски крај ноќта на 26 септември, објави регионалниот оперативен штаб, пренесува Кијив Индипендент. Рафинеријата, една од најголемите во јужна Русија, обработува 9,1 милиони тони нафта годишно. Властите тврдат дека остатоците од беспилотните летала паднале врз една од единиците на рафинеријата за време на серија напади со беспилотни летала, предизвикувајќи ...

Ова власт секој ден покажува и докажува дека работи само за големите компании, за големите приватни болници, додека здравствениот систем тоне во хаос, а за граѓните ништо не се прави, изјави синоќа од Струмица, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. „Се отвора прашањето кого крои политики министерот за здравсто,за доброто на јавното здравство, на болниците, клиниките, здравствените установи или за доброто на приватните болници под влијање на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да му дозволи на Израел да го анектира Западниот Брег. – Нема да дозволам Израел да го анектира Западниот Брег. Доста беше. Време е да се сопре сега, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа. САД традиционално стојат на страната на Израел, дури и за време на жестоко критикуваната војна во Газа, потсетува ДПА. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска треба да се обрати пред ...

Без струја денеска од 8:30 до 12:30 часот ќе останат корисниците од селата Катланово и Градманци, како и корисниците од викенд населбите Месна Река и Кочкова Населба, а од 9 до 11:30 викендиците лоцирани кон манастирот Свети Илија, како и дел од корисниците од село Бањани во општина Чучер Сандево. Како што соопшти Центарот за управување со кризи на Град Скопје без електрична енергија од 9 до 12 часот ќе останат и дел од корисниците од улиците ...

Европската банка за обнова и развој во својот есенски извештај ја ревидира нагоре проекцијата за македонската економија, прогнозирајќи раст од три проценти за 2025 и за 2026 година, што е зголемување од 0,4 односно 0,3 отсто во споредба со прогнозата од мај. Во вчера објавениот екононжмски извештај на ЕБОР се наведува дека Северна Македонија забележа подобри резултати од очекуваните во првиот квартал од 2025 година, со силни перформанси во ...

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска, пред обраќањето на Генералното собрание на ОН во Њујорк, се обрати на пленарната сесија посветена на 30-годишнината од Светската програма за млади. Како што јави известувачот на МИА, Сиљановска – Давкова истакна дека ниту една земја, ниту еден регион не може да напредува ако ги занемарува младите. – Затоа Обединетите нации ја усвоија Светската програма за акција за млади. Денес, додека ја ...

Претседателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека по завршувањето на локалните избори во Собранието ќе предложат македонска резолуција која што ќе има за цел да ги штити македонските национални интереси. Мицкоски изнесе повеќе забелешки за предложената резолуција на СДСМ, наведувајќи дека она што му паднало во очи во преамбулата е дека содржи неточни факти и лаги, и дека на ваков начин не се штитат ...

Пратеничката Славјанка Петровска во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24 истакна дека Резолуцијата на СДСМ и претседателот Филипче за црвените линии е подадена рака за заедништво и заеднички исчекор за иднината на државата. -СДСМ од позиција на опозиција смета дека треба да подаде рака, бидејќи има чувство за државата и за граѓаните, кои секојдневно бегаат од државата. За македонскиот идентитет никогаш не се преговара, ниту за македонскиот ...

Израел го затвори единствениот премин помеѓу Западниот Брег, кој е окупиран од Израел, и соседниот Јордан, спречувајќи повеќе од два милиони Палестинци да пристапат до надворешниот свет, пренесува Би-би-си. Израелската аеродромска управа, која го надгледува преминот Аленби Бриџ, соопшти дека ќе биде затворен на неодредено време од среда наутро „по налог на политичкото раководство“. Не наведе причина. Затворањето ги блокираше многу Палестинци на ...

„Кросрејл“ ќе биде техничка поддршка за целокупното работење на Македонски железници инфраструктура и тоа ќе биде грант, односно тоа е подарок од британската Влада за граѓаните на Македонија, изјави денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, одговарајќи на новинарски прашања по увид во реализација на инфраструктурни проекти во општина Кавадарци. – Ние на последната седница на Влада усвоивме договор со ...

Министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски, како што наведуваат во соопштението од министерството за транспорт, изјавил дека очекува автопатот Скопје-Блаце да започне со градба до почетокот на следната година. „Тој проект се реализира со подршка на ЕБРД. Рокот за поднесување за понуди истекува на 30 септември. Ќе ги видиме понудите и заедно со ЕБРД ќе направиме селекција и зависно од бројот на понуди очекувам меѓу крајот на ...

Група од 25 водечки тенисери во светот потпишаа колективно писмо упатено до организаторите на Грен слем турнирите, барајќи зголемување на уделот на наградните пари што им се исплаќаат на играчите од приходите од турнирите. Според „The Telegraph“, писмото е испратено во август. Тенисерите сакаат уделот во наградните пари да се зголеми од 12-15 проценти на 22 проценти од приходите од турнирите до 2030 година. Организаторите на турнирот сè уште не ...

Повик

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
100%
1023
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
100%
1022
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
1.54
94%
1022
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1022
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.61
93%
1024
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
0.51
96%
1022
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
2.57
73%
1019
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
1019
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1019
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
100%
1024
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
92%
1022
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
6.17
71%
1021
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Рутениум

29192.88

Бакар

11.07

Калај

43.93

Платина

64479.52

Сребро

2159.01

Паладиум

54591.97

Родиум

258813.51

Алуминиум

2.95

Злато

139515.92

Кобалт

58.42

Цинк

3.04

Иридиум

145787.60