Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Познати музички имиња и програма за сите генерации утре (сабота, 17. мај), ќе биде дел од големиот настан што „Макпетрол“ го организира на „Школка“ во Градскиот Парк во Скопје, информираат од таму. Со почеток од 11 часот присутните ќе имаат можност да уживаат во настапите на Боно, Пајак и Лара, Петко, Сашко Коцев, како и децата од актерската школа на Весна Петрушевска. Собирот ќе вклучува и многу други забавни активности за најмладите, како и ...
Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ – Скопје, на 08.05.2025 година, во хотелот Александар Палас, го одржала своето 19. редовно годишно изборно Собрание, на кое било избрано новото раководство на Комората со мандат 2025 – 2028 година, информираат од таму. За членови на Управен одбор на МАСИТ биле избрани: Јордан Димитровски, Аитоникс, претседател на Управен одбор, Благој Христов, Македонски Телеком, Драган ...
Од вечерва на полноќ за два денари поскапува цената на бензинот Еуросупер 98, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Бензиниот Еуросупер 98 со новата одлука, ќе се продава по цена од 77,5 денари за литар. Бензиниот Еуросупер 95 и понатаму ќе се продава за 73,5 денари за литар, дизелот за 66,5 денари по литар, Екстра лесното ...
На денешното рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, Основното јавно обвинителство Скопје, презентираше нови докази, дополнувајќи ја доказната постапка. Според истите, обвинетиот Боре Видевски не бил на работа на денот на грабнувањето и убиството на Ѓорчевска и Жежовски, а од Обвинителството посочија и дека нема достапни податоци за извршено пробно испукување со оружјето кое го ...
Секоја година, на 20. Мај, светот го одбележува Меѓународниот ден на човечките ресурси – ден посветен на професионалците кои стојат зад највредниот, најзначајниот ресурс на секоја организација: човечкиот потенцијал-луѓето. Овој ден е прилика да се препознае и одбележи важната улога на HR професионалците во градењето на здрава организациска култура, во унапредувањето на работните односи и процеси, развојот на вработените и поддршката на ...
Основниот суд Тетово денеска ги прогласи за виновни поранешните директори на ЈЗУ Клиничка болница Тетово, Флорин Бесими и Артан Етеми, за виновни, за пожарот во модуларната болница во кој на 8. септември 2021 година загинаа 14 лица. Тие во повторениот судски процес добија затворски казни од по една година и шест месеци. Болницата е пак казнета со 1 милион денари. Оваа е втора пресуда. Во првата тие добија условни казни, кои беа поништени од ...
Денеска во Кривичниот суд Скопје треба да продолжи судењето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. На денешното рочиште треба да заврши доказната постапка и да се почне со дополнение на истата. Ѓорчевска и Жежовски, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24. ноември 2023 година, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес, неколку дена подоцна, на 3. декември. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Заврши ...
Назиф Дестани, бизнисменот од Тетово, кој е сопственик на „Еколог“, за 3,2 милиони долари ги продал акциите во рударската канадска компанија „Еуромакс Рисорсес“, која подолг период сака да отвори рудник за бакар и злато во струмичка Иловица, објави „Дома“. Порталот се повикува на информацијата која ја објави „Globe News Wire“, според кој холандската компанија „НДХ БВ„, која е дел од групацијата „НД Груп“, чиј основач е Дестани, тоа го ...
Од јули годинава треба да почне со работа новиот аеродром во Валона, Албанија. Истиот, како што пренесуваат локалните медиуми, е инвестиција на конзорциум предводен од швајцарската компанија „Мабко констракшнс СА“, која е дел од групацијата „Мабетекс“ во сопственост на косовскиот бизнисмен Беџет Пацоли. Аеродромот ќе има писта од 3.200 метри, а во првата фаза планира да опслужува околу еден милион патници годишно. Оваа бројка се планира да ...
Ни една земја од поранешна Југославија не обезбеди пласман во финалето на Евровизија, кое ќе се одржи во Базел, Швајцарија во сабота. Синоќа во втората полуфинална вечер пласман не обезбедија преставниците на Србија и Црна Гора, Стефан Здравковиќ Принц и Нина Жижиќ, а во првата полуфинална вечер и преставниците на Словенија и Хрватска, Клемен Слакоња и Марко Бошњак. Македонија и Босна и Херцеговина не настапуваат, а од регионот во финале одат ...
Македонската берза ја најавува новата, целосно редизајнирана мобилна апликација СЕИНет, наменета за транспарентен, брз и лесен пристап до сите информации што котираните акционерски друштва задолжително ги објавуваат преку Системот за електронски информации на Берзата (СЕИНет), информираат од таму. СЕИНет (www.seinet.com.mk) e електронски систем преку којшто акционерските друштва кои котираат на Берзата објавуваат информациите согласно ...
Синоќа во Базел, Швајцарија се одржа втората полуфинална вечер на Евровизија. Пласаман за финалето кое ќе се одржи во сабота обезбедија Литванија, Ерменија, Грција, Латвија, Израел, Малта, Финска, Данска, Австрија и Луксембург. Во финалето не се пласираа Србија, Црна Гора, Грузија, Чешка, Ирска и Австралија. Финалето ќе можете да го гледате на националната МРТ со почеток од 21 часот. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Кои земји се пласираа во финалето ...
Од вечерва на полноќ цената на Еуродизелот (Д-Е V) поскапува за два денари, а цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата цена на дизелот ќе биде 66,5 денари за литар, бензинот Еуросупер БС – 95 и понатаму ќе се продава за 73,5 денари за литар, Еуросупер БС – 98 за 75,5 денари за литар, а Екстра лесното масло за горење ...
Како и што најави вчера, министерот за здравство, Арбен Таравари денеска поднесе оставка и истата е веќе доставена до премиерот Христијан Мицкоски. Истата од Владата треба да биде доставена до македонското Собрание, каде истата треба да биде констатирана. Оваа следи откако неговото крило во поделената Алијанса за Албанците одлучи на престојните локални избори да настапи самостојно по што крилото излезе од Владата и од коалицијата “Вреди“. ...
Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, кој е осомничен за трагедијата во Кочани од затворски по барање на Основното јавно обвинителство Кочани, од Основниот кривичен суд Кочани е пуштен во куќен притвор. Од затворски во куќен оди и осомничената Размена Чекиќ Дуровиќ, поранешна државна секретарка во истото Министерство. Од Обвинителството вчера информираа дека за други 18 осомничени лица побарале продолжување на претходните мерки ...
Откако крилото на поделената Алијанса за Албанците, предводено од Арбен Таравари ја напушти коалицијата “Вреди“ и Владата, пратеничката група на „Вреди“ доби нов коридинатор, информираа од македонското Собрание. Пратеникот Беким Ќоку е назначен за нов координатор, а негови заменици се Мерита Колчи Коџаџику и Аднан Азизи. Сега пратеничката група ја сочинуваат: Африм Гаши, Аднан Азизи, Беким Ќоку, Калтрина Беќири, Имерлије Салиу, Саранда Имери, ...
Момче на 27-годишна возраст загинало вчера откако на регионалниот пат Драчево-Катланово, во атарот на скопското село Морани, со автомобил „фолксваген бора“ удрило во рефлектирачко столбче на патот, оградата и во бандера која паднала врз возилото. Станува збор за С.Ј. од скопското село Студеничани, а како што информираа од полицијата, од здобиените повреди починал на лице место на несреќата. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а ...
За Македонија нема план Б на нејзиниот европски пат, и таа треба да се држи до план А. Оваа денеска во Скопје на заедничка прес конференција со македонскиот премиер Христијан Мицкоски го кажа претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој беше во кратка посета на земјата. Планот А, како што е познато, значи Македонија да ги спроведе обврските од преговарачката рамка од 2022 година, која ги наметна Бугарија, а сега се европски, а не ...
Маж на возраст од 70 години од Струга, кој патувал од Германија кон Македонија, денеска утрово починал, додека патувал, кај Михајловац во Србија, објавија локалните медиуми. Автобусот застанал на паркинг кај ресторан на автопатот меѓу Белград и Ниш, а сопатниците забележале дека тој не се чувствувал добро и се обиделе да му помогнат. По 30. минути пристигнала и Итна медицинска помош и полициски службеници, кои се обиделе да го реанимираат, но ...
Мерките и активностите на надлежните институции иако придонесуваат за подобрување на условите за управување со безбедноста во сообраќајот на патиштата, не се ефикасни за намалување на жртвите во сообраќајните незгоди, покажува ревизорскиот извештајот на тема „Безбедноста во сообраќајот на патиштата во Република Северна Македонија“ на Државниот завод за ревизија (ДЗР). – Јавно достапните податоци од веб страната на МВР упатуваат на ...
Македонскиот пејач Драги Иванов го издаде својот прв албум „Небо“. На истиот се наоѓаат четри негови претходно издадени песни – “Успеав“, „Крута„, „Спас“ и “Усни“, на кои им дава нов облик и шест нови. Тој е одговорен за текстовите и музиката, изведбата, аранжманот и продукцијата на песните, Матеја Николиќ е одговорна за графичкиот дизајн, а Сара Стојчевска за сликата. Во зависност од тоа каде слушате музика, “Небо“ може да го чуете или на ...
Во Истанбул, Турција, денеска треба да има нови преговори за завршување на војната во Украина, но без присуство на рускиот претседател Владимир Путин, кој предложи директни преговори и амеркинскиот Доналд Трамп. Единствено треба да биде присустен украинскиот претседател Володимир Зеленски. Според најавите на состанокот треба да присуствуваат американскиот државен секретар Марко Рубио и специјалните американски пратеници Стиф Виткоф и Кејтр ...
Вечерва во Базел, Швајцарија ќе се одржи втората полуфинална вечер од Евровизија. За пласман во финалето кое ќе се одржи во сабота, ќе се борат преставниците на Австрија, Литванија, Ерменија, Црна Гора, Грција, Ирска, Австралија, Латвија, Чешка, Израел, Малта, Финска, Данска, Луксембург, Грузија и Србија. Македонија и годинава не учествува. Евровизија може да следите на националниот канал МРТ со почеток од 21 часот. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Кои ...
Кој ќе биде кандидат за нов гуварнер на Народната банка ќе биде познато во понеделник, за кога се очекува во македонското Собрание да стигне предлогот. Гувернерот го предлага претседателката на државата, Гордана Сињановска Давкова, а го бираат македонските пратеници. Новиот гувернер треба да биде избран до 21. мај. Премиерот Христијан Мицкоски вчера потврди дека во понеделник предлогот ќе стигне во Собрание, но не сакаше да открие кој е ...
Министерот за здравство, Арбен Таравари за денеска најави оставка. Оваа следи откако неговото крило во поделената Алијанса за Албанците (АА), одлучи самостојно да настапи на престојните локални избори, што предизвика револт кај другите владини партнери, па крилото на Таравари излезе од Владата. Засега е нејасно дали оставка ќе поднесе, ќе биде разрешен или ќе остане вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, исто така кадар на оваа крило, ...
Основното јавно обвинителство Кочани до Основниот суд Кочани доставило предлог поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, кој е еден од осомничените за трагедијата во Кочани, од затворски да оди во куќен притвор, информираа од таму. Истото го бара и за поранешниот државен секретар во Министерството, Размена Чекиќ Дуровиќ. За 18 лица пак Обвинителството предлага продолжување на претходно определени мерки притвор и куќен притвор. Од ...
Дритон Ибиши, член на криминалната група „Грчец“, кој Македонија го бара со меѓународна потерница е упасен во Косово, јавија тамошните медиуми. Тој се бара за трговија со дрога. Според локалните медиуми бил уапсен на автопатот Приштина-Феризај. Останува да видиме дали косовските власти ќе го екстрадираат во Македонија. Дел од членовите од групата се уште се во бегство, а меѓу нив е и водачот Шеваљ Муареми, кој е во Дубаи, Обединетите Арапски ...
Следната недела ќе има детали кои ќе бидат нови министри и дали ќе има ротација на ресори помеѓу владините партнери, откако крилото во Алијанса за Албанците (АА) на министерот за здравство Арбен Таравари, излезе од Владата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска не се сакаше да открие што ќе се случува, само рече дека синоќа на седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, членовите го овластиле во периодот што следи да номинираме нови имиња кои ...
Фокус повикувајќи се на информации од Министерството за внатрешни работи објави дека е одземена лиценцата на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, која ја обезбедуваше т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани, каде во пожар загинаа 62 лица, а беа повредени 203. Истата агенција и порано ја обезбедувала т.н. дискотека. Според Фокус, таа работи од септември 2022 година, а сопственик и директор е Јане Јанчески. Тој моментално според неделникот е во ...
Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта Скопје склучи договор за набавка на Екстра лесно гориво за греење (за греење на асфалтни бази и парно греење) во времетраење од две години со друштвото за производство, трговија и услуги Пуцко петрол увоз-извоз ДООЕЛ од селото Пласница. Договорот е во вредност од 118.000.000 денари или 1.918.699 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Сопственикот на Пуцко петрол, Јахоски ...