Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
И Охрид не е одминат од трендот на постојан раст на цените на становите, кој започна во 2022 година. Како што објави Сакам да кажам цената за метар квадратен на новоизградени станови и станбени објекти покрај Охридското Езеро и во центарот на градот стигнала до рекордни 4.000 евра. Според СДК во централното подрачје на градот, на најатрактивните локации, станови моментално можат да се купат и по цена од 1.500 до 3.000 евра за метар квадратен. Во ...
Општина Струга склучи договор за изградба на собирната улица „Туристичка“ од крстосница со улицата „ЈНА“ до населбата Езерски лозја, Општина Струга, со трговското друштво за градежништво, производство, трговија и угостителство Илинден АД Струга. Договорот е во вредност од 135.847.857 денари или 2.208.908 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Општина Струга склучи договор со “Енерџи деливери солушнс“ вреден 487,8 илјади евра Општина Струга склучи договор со ...
На следите рочишта од судењето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес ќе сведочат сите обвинети. Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо ќе сведочи последен. Прв ќе сведочи Велибор Манев, потоа Боре Видевски, па Влатко Кешишов, а по него и таткото на Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски. Вчера Основното јавно обвинителство Скопје заврши со изведувањето на докази. Од таму презентираа видео снимки од ...
Од Жито Полог АД Тетово преку Македонската берза информираа дека генералниот извршен директор Сашо Босилков се стекнал со 50 обични акции со право на глас издадени од Жито Полог и сега поседува вкупно 796 обични акции со право на глас или 1,42 % од вкупниот број на издадени акции на Друштвото. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Лид комјуникејшнс продаде 7.006 акции на Жито Полог, ги купи ОК транспорт и шпедиција Сашо Босилков, генералниот извршен директор на Жито ...
Државниот завод за статистика (ДЗС) информираше дека просечната бруто плата во декември лани изнесувала 65.582 денари. Податоците на ДЗС покажуваат дека во тој период највисоката просечна плата е во секторот Воздухопловен транспорт и истата изнесува 200.842 денари. После подолг период највисоката просечна бруто плата не е во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности. Во декември во овој сектор просечната бруто плата е ...
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) денеска ја одби пријавата против министерот за култура Зоран Љутков во врска со вработувањето на неговата сестра во Народниот музеј во Велес. Според ДКСК, Љутков на ниеден начин не можел да биде вклучен во вработувањето на неговата сестра во Народниот музеј во Велес. Од таму посочија дека сестрата на Љутков не била вработена на неопределено време, туку со договор на дело и постапката за ...
Актуелниот претседател на СДСМ, Венко Филипче е единствен кандидат за претседател на опозициската партија за престојните партиски избори на 16. март, информираа од партијата. На претходните избори за претседател, Филипче имаше неколкумина противкандидати: поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка, Славјанка Петровска, поранешниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, поранешниот заменик министер за информатичко општество и ...
На денешното рочиште во Кривичниот суд Скопје за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес беа презентирани видео снимки од страна Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, а меѓу нив и снимка кои според ОЈО покажуваат дека имало еден неуспешен обид за грабнување на Ѓорчевска, на 24. ноември. За снимката која се посочува како доказ за оваа тврдење имало, од Обвинителството велат ...
И македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова е против менувањето на државниот грб и химната. Според нејзе, химната ја одразува историската меморија на Македонија и нема потреба од никакви промени. -Доколку ме прашате за химната, моето мислење е јасно – нема потреба од промена. Таа не само што е одраз на сегашноста, туку изразува и историски белези кои не треба да се менуваат. Иако химните во повеќето држави имаат важна историја и ...
Државниот завод за статистика соопшти дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември лани изнесувала 43.587 денари и во однос на истиот месец во 2023 година, била повисока за 9%. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растото на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (13.2%), Транспорт и складирање (12.3%) и Рударство и вадење на камен (12%). ...
Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) денеска донесе одлука за запирање на постапката по пријавата за незаконска исплата на трошоци за патување во странство на сопругата на претседателот на македонското Собранието, Африм Гаши. Според ДКСК не се потврдени и утврдени повреди на одредби од Законот за спречување на корупција и судир на интереси. Пријавата се однесува на покривање на трошоци за патување реализирано во период од 8 јули до ...
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска ја посети УК за ТОАРИЛУЦ и оствари средба со директорката Марија Срцева Јовановски по повод подготвителните активности, кои се во завршна фаза за отпочнување на темелна реконструкција на просториите на КАРИЛ, која се реализира за првпат, информираат од Министерство за здравство. „Заради внимателно и безбедно пристапување кон реконструкција на КАРИЛ, информираме дека оваа установа во наредниот период ...
На денешното рочиште во Кривичниот суд Скопје за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес беа презентирани видео снимки од дворот на обвинетиот Велибор Манев во Велес, снимени на 21 и 22. ноември 2023 година, на кои според Основното јавно обвинителство Скопје, се гледаат сите четворица обвинети. Од презентираните снимки е очигледно дека тие се организираат за нешто. На една снимка ...
Marigold Box, европскиот бенд на Нирвана од Бергамо утре вечер ќе настапува во Скопје, во Лабораториум со почеток од 20.30ч. „Трибјут бендот Marigold Box е целосно посветен на легендарните песни на бендот од Сиетл, Nirvana. Без костими, без перики, само вистинската суштина на Курт Кобејн. Се смета за меѓу најдобрите Nirvana трибут бендови во цела Европа, а во 2025 година ќе свират на најважниот трибјут фестивал во цела Германија – Thunder Rail ...
Управниот одбор на Институтот за сметководители и овластени сметководители (ИСОС) денеска оствари средба со пратеници од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, кои во Собранието доставија предлог измени и дополнувања на Законот за сметководствени работи по скратена постапка, а по барање на неформална група. На средбата со пратениците, членовите на управниот одбор на ИСОС, како единствена организација основана согласно Законот која има јавни ...
На денешното рочиште во Кривичниот суд Скопје за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес беше одбиено барањето на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо за изземање на обвинителките Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојковиќ Димитровска и на шефот на Основно јавно обвинителство Скопје Гаврил Бубевски. Судијата Ивица Стефановски на почетокот на денешното рочиште рече дека истото е ...
Една од најпопуларните и најгледани балетски претстави за деца, „Петар Пан“ во продукција на Националната опера и балет, ќе се изведе денеска со почеток во 19 часот. Кореографијата е на Џејмс Амар од Франција, а сценографијата и костимите се на Зоран Костовски и Марија Пупучевска. Во претставата настапуваат солистите и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет, кои ќе ја пренесат оваа возбудлива приказна на сцената. Приказната за „момчето ...
Претставници на Министерството за правда учествуваа на јавната трибина за измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и Законот за прекршоците. „Проектот „Безбеден град“ започна во октомври 2024 година со една едноставна, но силна идеја: да ги обединиме капацитетите на Министерството за правда и Министерството за внатрешни работи, да ги надминеме старите системски бариери и да креираме ефикасен и транспарентен правен процес ...
На 1 март во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи 13-то по ред издание на фестивалот „Земјотрес“, единствена музичка платформа во земјава, која ја претставува најновата музика издадена од македонската алтернативна сцена на талентирани автори и музичари. Уникатен во концептот, како целовечерен настан од голем обем, фестивалот нуди разновидна и богата програма. Во фокус ги става младите и надоаѓачки таленти, овозможувајќи простор и за ...
Скопската кафетерија „Dude Specialty Coffee“, која веќе четири и пол години го нуди најдоброто кафе во градот, доби признание за својата страст и посветеност во работењето – избрана е во „топ 100“ кафетерии од целиот свет на престижниот избор „The Worlds 100 best coffee shops“ во склоп на Мадридскиот кофи фестивал. „Ова е огромно признание за целокупниот тим на „The Dude Specialty Coffee“ но и светско уважување на брзорастечка скопска Спешлти ...
„Ние како нација направивме се што можевме, претрпевме многу понижувања и прифативме многу лоши договори заради нашата европска перспектива и заради членството во НАТО,“ изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешното обраќање на настанот на Атлантскиот совет во Вашингтон посветен на иднината на транс-атлантските релации на Западен Балкан. „Фрустрациите помеѓу граѓаните на мојата земја се екстремно големи. Сведочам дека во време кога бевме во ...
Денеска во Кривичниот суд Скопје треба да продолжи судењето за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Сите обвинети, Љупчо Палевски-Палчо, Влатко Кешишов, Велибор Манев, Боре Видевски и таткото на Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, се изјаснија дека не се виновни. Ѓорчевска и Жежовски, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24. ноември 2023 година, беа пронајдени мртви во близина ...
Следниот петок, на 28. февруари во Грција ќе има сенароден масовен штрајк поради двегодишнината од железничката несреќа кај Темпи во која загинаа 57 лица, претежно млади. Неколку часа нема да возат таксистите и бродовите, се најавува затварање на бројни продавници низ целата земја, но и нефункционирање и на јавниот превоз, а во штрајкот се вклучуваат и трите најголеми синдикати. Истражување објавено деновиве покажа дека дури 72% од Грците ...
Во своето излагање во Центарот за Европа на Атлантскиот совет во Вашингтон, САД, македонскиот премиер Христијан Мицкоски меѓудругото зборуваше и за војната во Украина, за која рече дека е нападната од Русија, со цел да го негираат нивниот идентитет и јазик. Истовремено ја потсети Европската унија (ЕУ) дека нејзината членка Бугарија го негира македонскиот идентитет и јазик. „Оваа војна и агресија на Русија кон Украина е нешто ужасно. Ние мора да ...
Бугарското здружение „Балкански мост“, кое функционира од пред една година отвори канцеларија во Битола, а на отварањето дојде и бугарскиот амбасадор во Македонија, Желјаско Радуков. Новото здружение го води битолчанецот Љупчо Јошевски. Канцеларијата се наоѓа во близина на згаснатиот бугарски клуб „Ванчо Михајлов“, кој сега се вика „Една роза“. Меѓу присутните на отварањето беше и генералниот конзул во Битола, Николај Димитров, како и други ...
Од Скопски пазар АД Скопје преку Македонската берза информираа дека во изминатиот период акционерот Зсф-ком ДООЕЛ Скопје се стекнал со дополнителни 43 обични акции и во моментов поседува вкупно 27.540 обични акции со право на глас издадени од Скопски пазар, што претставува 38,82% учество во вкупниот број на обични акции издадени од Друштвото. Во истиот период Зсф-ком се стекнал и со дополнителни 78 приоритетни акции и во моментов поседува вкупно ...
Зоолошката градина во Скопје поради неодамнешното угинување на нови животни е повторно во фокусот на јавноста. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Угинаа нови животни во ЗОО Скопје, од таму се сомневаат на труење од гранки од растението тиса Од таму денеска соопштија податоци колку животни угинеле од 2023 до 2024 година и колку се родиле во тој период. -Во 2023 година се родени 40, а угинати 10 животни, а во 2024 година се родени 33 животни, а угинати 15 животни, ...
Градоначалникот Горан Герасимовски во изјава за телевизија Сител информираше дека Владата дала зелено светло за оформување на работна група што треба општокорисната работа да се вметне во законските регулативи со цел вандализмот со уништување на јавните добра да не се повторуваат. Тој, посочи дека проблемот со малолетничката деликвенција е проблем на сите општини, а Општина Центар била иницијатор и предложила иницијатива до ЗЕЛС којашто била ...
Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, најстарата и најреномирана вискокообразовна институција и центар за развој на ликовната и визуелна култура во нашата држава, оваа година одбележува 45 години од своето основање. Сите активности на ФЛУ до крајот на 2025 година ќе се случуваат во чест на јубилејот со официјален датум 31 март. Оваа недела, од 18 – 20 февруари, на ФЛУ се одржува значајна ...
Од вечерва на полноќ цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, на Еуродизелот (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС пак се намалува за 1,019 денари за килограм и сега ќе изнесува 46,190 денари за килограм. Бензинот Еуросупер БС-95 и понатаму ќе ...