
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека вчера е реализирана е меѓународна акција „Вардар“, координирана од страна на ЕУРОПОЛ, македонската и српската полиција, а под раководство на надлежните јавни обвинителства, при што сузбиена е организирана криминална група инволвирана во извршување на кривично дело фалсификување пари, која делувала на териториите на повеќе држави. -Во периодот од крајот на 2023 година до февруари 2025 ...
Дваесет годишниот Васил Јованов од Скопје, кој ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино ќе одговара за убиство со умисла. Јавниот обвинител Љупчо Коцевски денеска информираше дека за Јованов се води постапка за најтешко кривично дело од областа на безбедноста на сообраќајот, дека постапката ќе биде ефикасна и дека Основното јавно обвинителство ќе инсистира на најстрога казна. – Од досегашните докази, за Обвинителството е неспорно дека ...
На денешното рочиште за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, во Кривичниот суд Скопје, Јавното обвинителство презентираше видео записи од камерите на Сејф сити и комерцијални објекти за движењето на возилата „цитроен“ и “рено кангу“ на денот на грабнувањето на Ѓорчевска, 27. ноември 2023 година. Обвинителството повикувајќи се на една од снимките тврди дека првообвинетиот ...
Од Основното јавно обвинителство (ОЈО) информираа дека синоќа засега непознати сторители опожариле автомобил на јавен обвинител од ОЈО Скопје. -Интензивно се преземаат дејствија за откривање на сторителите и се обезбедуваат сите докази на терен. Првичните индиции упатуваат на можна поврзаност со фактот што јавниот обвинител постапува во два сензитивни предмети во кои во моментов интензивно презема истражни дејствија. Истражните органи работат на ...
Се проширува истрагата во предметот „Адитив“. Од Основното јавно обвинителство информираа дека денеска се приведени осум нови лица од Битола, Кичево и од Велес и е извршен претрес на една локација во Велес. -Како резултат на обезбедениот доказен материјал донесена е уште една наредба за спроведување истражна постапка против 11 лица, информираа од таму. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Сите детали за акцијата „Адитив“: 23 лица проневериле 6,5 милиони евра Три лица ...
Негувателката од Велес која им даваше да пробаат електронски цигари на деца е прогласена за виновна и доби условна казна, информираа од Основното јавно обвинителство. Таа доби и забрана за вршење професија, дејност или должност во траење од 5 години по правосилноста на пресудата. Од Обвинителството информираа и дека надлежниот јавен обвинител поднел жалба на пресудата поради оваа одлука на Судот. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кривична за негувателката од ...
На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава дека во текот на вчерашниот ден (недела, 02.02.2025 година) во период од 18.15 до 20.15 часот во атарот на с.Крапа во Општина Македонски Брод, возрасна мечка што не била со мали димензии и не личела на одраснато мече што се изгубило, следела и гонела малолетно дете (околу 15 години), коешто за среќа успеало да избега, не било директно нападнато и не било повредено, иако ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,12 %. Малопродажната цена на бензинот „Eуросупер БС-95“ се намалува за 1,00 ден/лит и ќе се продава за 79 денари. Малопродажната цена на бензинот „Eуросупер БС-98“ се намалува за 0,50 ден/лит и ќе се продава за 81,50 денари. Дизелот поевтинува за 1,50 ...
Судијката Даниела Алексовска Стојановска денеска е разрешена од членство во работна група во Министерството за правда, информираше министерот Игор Филков. Тој ги повика судовите во сите инстанци и Судскиот совет да преземат дејствија со кои ќе се преиспита целиот случај со прерано загинатата Фросина. „Ве информирам дека денеска донесов одлука да ја разрешам од членство во работна група во Министерството за правда, судијата чие име ја бранува ...
Над 62 милиони туристи ја постила Туркије минатата година, што претставува раст на бројот на туристи од 9,8% на годишно ниво. Растот на бројот на туристи е уште поголем и изнесува 20,3% доколку остварените резултати од минатата година се споредат со резултатите пред пандемијата од 2019 година. Зголемениот број на туристи донесе и раст на приходот на Туркије од туризам за 8,3% во однос на 2023 година. Приходот од туризам во 2024 година изнесува ...
Две спасувачки акции викендов на Шара – поттик да се потсети и апелира до планинарите и посетителите на планините, да одат во групи со водичи или искусни планинари, а и превентивно да имаат во својот ранец минимални средства за итни персонални (кризни) ситуации, велат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). „ЦУК доби информација од фирмата „Ескимо Фрирајд“ дека во сабота бил спасен еден планинар што опасно колабрирал на високите места кај ...
Денеска во Кривичниот суд Скопје треба да продолжи судењето за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Претходното рочиште беше одложено откако првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо побара иземање на обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска и целото Основно јавно обвинителство од случајот. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Палевски го одложи судењето за убиството на Вања и Панче, побара изземање на ...
Информацијата дека 20-годишниот Васил Јованов од Скопје, кој ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино, во затворот Скопје (Шутка) има мобилен телефон дополнително ја вознемири јавноста, порадии чии и реакции истиот му беше одземен. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Фото) Момчето што ја усмрти Кулакова во притвор со телефон, одземен му е по реакции од јавноста Засега нема официјална информација како Јованов добил телефон во затворот, а случајот го ...
Со извршна наредба на новиот американски претседател Доналд Трамп, САД воведе повисоки царини за канадските и мексикански производи за 25%, а за кинеските за 10%. Истите треба да стапат на сила утре на полноќ. Канада најави дека ќе врати со реципрочни царини од 25% за повеќе американски стоки, како и Мекскио, но од таму засега не соопштија детали за реципрочните мерки. Кина пак ќе ги оспори американските царини пред Светската трговска ...
Таксист со автомобилот удрил во 22-годишна девојка, откако таа одбила да плати за такси 700 денари од Центар до Чаир. „Околу 05:15 часот, 22 годишната Е.Т. се качила во такси возило без ознаки и откако ситгнале во Чаир каде требало да се симне, возачот од неа побарал да плати 700 денари, по што таа одбила со образложение дека тоа се премногу пари. Кога таа почнала да се симнува од возилото, возачот го стартувал возилото по што девојката паднала, ...
Затворски полицаец во кутија од колачи, му го однел мобилниот телефон на Васил Јованов во ќелијата, изјави за Канал 5, директорот на Управа за извршување санкции, Александар Пандов. „Сознанието е дека убиецот на Фросина телефонот го обезбедува од друго притворено лице од соседна ќелија, благодарение на затворски полицаец кој што од едната ќелија носи кутија со колачи во собата каде што се наоѓа Васил Јованов. За тоа е направено плаќање од 250 ...
Четиригодишно дете починало на детското одделение во Струшката болница, соопшти денеска СВР Охрид. „Од медицински лица од Општата болница во Струга е пријавено дека, на Детското одделение во болницата било донесено четиригодишно дете од Струга, кое извесно време било во тешка здравствена состојба. И покрај итно укажаната медицинска помош, починало,“ изјави портпаролот Стефан Димоски. Полицијата во координација со јавен обвинител, презема мерки ...
Во основното училиште „Св. Јоаким Крчовски“ во Крива Паланка утре (3 февруари) ќе се одржи работилница против врсничко насилство, наменета за родители, а организирана од „Макпетрол“. Почетокот на оваа едукативна средба е закажан за 18 часот. Активноста е дел од „Стоп за булинг“, општествено одговорната кампања на македонската компанија. Во текот на средбата, присутните родители ќе имаат можност да го слушнат стручното искуство за овој проблем на ...
Добивката на Стопанска банка АД Скопје пред оданочување за минатата година изнесува 4.141.116 илјади денари и во однос на претходната година е повисока за 7%, информираше Банката преку Македонската берза. Како резултат на новиот Закон за глобален данок, Банката пресмета дополнителен данок, кој заедно со останатиот данок на добивка изнесува 593.760 илјади денари, па добивката по оданочување изнесува 3.547.356 илјади денари, велат од таму. ...
Нашиот неповторлив топ модел Елена Реи која веќе подолго време престојува во Азија неодамна изработи кампања за накит на познатиот бренд „Фелин“ од Сингапур. Оваа уникатна колекција на накит која вклучува различни модни додатоци ќе биде пласирана за претстојната модна сезона. „Со нејзината кариера која трае повеќе од петнасет години Реи ќе биде запаметена како една од ретките македонки кои интернационално постигнале неверојатни успеси. Оваа наша ...
Од Македонијатурист АД Скопје преку Македонската берза информираа дека најголемиот акционер Скопски пазар, акционерско друштво за услуги во прометот и трговијата увоз-извоз Скопје купило дополнителни 186 акции и сега поседува 90.000 акции односно 19,90% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист. Хотелското друштво има вкупно десет објекти, од кои повеќето хотели. „Холидеј ин“, „Бест вестерн“, „Белви“ и „Карпош“, кои работат, и ...
Денеска во 17 часот повторно ќе се одржи протест на булевар Партизански Одреди, кај Универзална сала. „Случајот со Фросина Кулакова не е изолиран, се повторуваат истите случаи на неконтролирано возење со години, се повторува неказнувањето и недолжното згаснување на животи. Фрустрирани од состојбите што не се менуваат, повикуваме на изразување на граѓански револт. Системот ги отфрла децата и младите кои поради недоволна грижа го избираат ...
Притворениот Васил Јованов, за прегазувањето на Фросина Кулакова на пешачки премин, во притвор имал телефон. Фотографијата од него, беше споделена на социјалните мрежи. „Од семејството на свирепо убиената Фросина Кулакова јавно се обраќаме до МВР – Сектор за внатрешна контрола да се пронајде одговорниот што го снабдил со телефон убиецот – монструм и да биде соодветно санкциониран. Системот повторно потфрли! Дали ќе се дозволи корумпцијата што ја ...
Додека во Македонија се чекаат пресметките од Управата за јавни приходи, за падот на прометот на големите маркети, во Хрватска излегоа со информацијата дека прометот во малопродажните центри до 15 часот паднал за 42%, а бројот на издадени фискални сметки се намалил за 31% во однос на петокот пред да започне бојкотот, односно на 17 јануари, покажуваат податоците на даночната управа. Од Конзум веќе соопштија дека ги замрзнуваат цените на 250 ...
Вчера додека се случуваше протестот поради загубата на животот на 22-годишната Фросина Кулакова, уште една сообраќајна несреќа се случи на скопските улици. Овој пат, настрадал 38-годишен маж, а жената која удрила во него избегала. „На 31.01.2025 во 17.30 часот во Скопје од страна на полициски службеници од СВР Скопје е пронајдена и лишена од слобода С.В.М.(42), затоа што на 31.01.2025 околу 14 часот на крстосница од бул. „Кузман Јосифоски Питу“ ...
ТТК Банка АД Скопје преку Македонската берза го објави финансискиот извештај за работењето лани, во кој меѓудругото стои дека депозитите на други комитенти изнесуваат 9.466 милиони денари и бележат пораст во однос на минатата година од 11,4 %. Тоа како што велат од Банката се должи на зголемувањето на депозитите по видување и на орочените депозити кај физичките лица за 13,8 % и на зголемувањето на орочени депозити на финансиски друштва за 90,5 ...
Tриглав Осигурување АД, Скопје лани остварил нето добивка во износ од 55,8 милиони денари, што претставува раст од 18% во однос на минатата година, информираат од таму преку Македонската берза. -Нето приходите од премија за 2024 година изнесуваат 1.084 милиони денари, што претставува зголемување во однос на 2023 година за 2%, односно за 17 милиони денари, велат од таму. Приходите од вложувања изнесуваат 66 милиони денари и се за 15% повисоки од ...
Протестот кој започна на булеварот “Партизански одреди“ во Скопје, поради прегазувањето на 22-годишната Фросина Кулакова, продолжи пред Собранието, Јавното обвинителство и заврши пред Кривичен суд. Студентите и младите, кои беа најбројни помеѓу насобраниот народ побараа законски решенија, но и одговорност за сите жртви изминатите години. „Веруваме дека во Собранието има и чесни и искрени луѓе меѓу другите, затоа ги повикуваме тие пратеници кои ...
По замрзнувањето на странската помош за Македонија по одлуката на новиот американски претседател Доналд Трамп, проценките се дека на невладините организации ќе им бидат скратени околу 12 милиони евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Амбасадата на САД ги запре сите проекти во Македонија по наредбата на Трамп Одлуката на Трамп важи за сите странски земји, освен за Украина и Израел. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Фото) Администрацијата на Доналд Трамп планира да депортира 341 ...
Од Македонијатурист АД Скопје преку Македонската берза информираа дека акционерот, друштвото за трговија, производство и услуги М.Г. Фешн ДОО увоз-извоз Скопје купило дополнителни 432 акции и сега поседува 51.577 акции односно 11,40% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист. Хотелското друштво има вкупно десет објекти, од кои повеќето хотели. „Холидеј ин“, „Бест вестерн“, „Белви“ и „Карпош“, кои работат, и затворените – ...