Програмата на „Зимска приказна“, денес продолжува со дневна програма во Старата битолска чаршија и кај Офицерскиот дом. За вечерната програма резервирано е Платото пред Офицерскиот дом, каде од 19 до 20:30 ќе настапат „Баркод“ и Николче Зацески, а од 20:30 до 22:30 публиката ќе се забавува со „Ljubojna Brass Fantasy 2“ на нашата позната македонска музичка група „Љубојна“. Во 22:30, музичкиот дел ќе продолжи со забава со групата „Калабалак“. ...

Општина Липково склучи договор за изградба на резервоар од 1.000 м³ за потребите на водоснабдителниот систем за сите села во општина Липково, со друштвото за градежништво, транспорт, трговија и услуги, Ју-бај 2 Амет од село Бојане, Сопје. Договорот е во вредност од 44.351.639 денари или 721.165 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Општина Липково склучи договор со „Ју-бај 2 Амет„ вреден над 1 милион евра Општина Липково склучи договор со ЈУ-Бај 2 Амет вреден ...

Лидерот на опозициската ДУИ, Али Ахмети, изјави дека ја знае локацијата на бегалецот Артан Груби, негов соопартиец и поранешен прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу задниците, за кого има меѓународна потерница за случајот со криминалот во Државна лотарија, вреден осум милиони евра. Ахмети рече дека Груби бил на „албанска териоторија“ без да прецизира дали е тоа Албанија или Косово, потенцирајќи дека тој не бил во бегство ...

Синоќа било приведено едно службено лице со кое бил извршен службен разговор во врска со кривично дело „Оддавање службена тајна“, потврдија од Министерство за внатрешни работи „Во полициска станица беше извршен службен разговор во врска со кривично дело „Оддавање службена тајнa“, одземен му е мобилен телефон, по што по насока на ОЈО лицето е ослободено“, велат од МВР. Делото е поврзано со акции на полицијата извршени месецов против криминалната ...

По спроведена претходна постапка и врз основа на обезбедените докази, Основното јавно обвинителство Скопје ќе поведе постапка против вкупно 10 лица за кои постои основано сомнение дека учествувале во дејствија криумчарење, фалсификување исправи и службени исправи, како и прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама. Лицата во текот на 2021 и 2022 година, со лажни документи и преправени броеви на шасија, внесувале во ...

Министерството за финансии ја издаде 23-тата емисија на Обврзници за денационализација во вредност од 1,5 милион евра, со која се обесштетуваат баратели со правосилни решенија за денационализација донесени во период од 1 јануари 2023 до 31 декември 2023 година. Станува збор за обесштетување на вкупно 108 баратели. „Обврзниците за денационализација се хартии од вредност кои ги издава Министерството за финансии, во евро валута, а гласат на име, и ...

И оваа година српскиот магазин „Недељник“ објави листа на 100 најбогати луѓе во регионот. Важно за оваа листа е дека, како и што напоменуваат од таму е дека рангираните бизнисмени не се на истата поради нивното лично богатство, туку според проценки на вредноста на компаниите кои ги раководат или се во нивна сопственост. На листата има осум бизнисмени од Македонија. На 32. место е Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот ...

Поранешниот директор на ТИРЗ Јован Деспотовски остана без пасош и повремено ќе треба да се јавува во Судот. „Основното јавно обвинителство Скопје против наведеното лице води претходна постапка поради постоење на основано сомневање за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 од Кривичниот законик. Надлежен јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје денеска достави предлог за одземање на патна ...

2024 беше повеќе од добра и успешна година за Калиопи. На почетокот на годината, заедно со својот продуцент Ромео Грилл го реализираа својот нов албум насловен „Албум“, кој беше промовиран на крајот на мај со четири нови видеоспотови. На тој начин ги одбележаа и 40-те години од нивната заедничка соработка. Во текот на летото, таа уживаше заедно со својата публика во Македонија на големите концерти во Охрид и во Битола, заклучно со големиот ...

Културната манифестација „Вечер под ѕвездите“, синоќа привлече голем број посетители, улицата Боемска беше преполна со граѓани од сите генерации – од намали до највозрасни кои се забавуваа заедно. Музичката група „Нокаут“ и диџеј Александар Јорданов, приредија незаборавна предновогодишна журка исполнета со многу позитивна енергија, пеење и танцување. Граѓаните уживаа во познатите македонски хитови „Временска машина“, „Фатална опсесија“, ...

На 25.12.2024 полициски службеници од СВР Тетово одржаа работен состанок со претставници од Агенцијата за државни патишта и од Одделот за сообраќајни работи при општина Тетово, со цел утврдување на решение за одржување проточен сообраќај во текот на зимската сезона на Попова Шапка, особено за време на викендите. „На состанокот е договорено да се засилат контролите на возилата и доколку не поседуваат зимска опрема и зимски гуми, да не им се ...

Основното јавно обвинителство Струга до струшкиот суд достави предлог за определување мерки на претпазливост за едно лице, односно одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница и обврска тој повремено да се јавува во Судот. Мерките се побарани поради опасност од бегство, имајќи предвид дека во текот на вчерашниот ден ОЈО Струга поднесе уште едно обвинение против истото лице. Надлежен јавен обвинител, по спроведена ...

Истрагата на Одделот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи (МВР) за полицаецот од Куманово, кој го симна албанското знаме од јарбол на улица на Денот на албанското знаме, не утврдила дека тој прекршил било каква стандардна оперативна процедура во рамките на полицијата, информираше министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. -Подетално можеме да видиме што е, како е, понатаму“, рече Тошковски. Поради сквернавење на ...

Ски-центарот Попова Шапка апелира автомобилите да не се паркираат на патот. „Апелираме за време на викендот да не ги паркирате возилата на коловозна лента бидејќи пајак службата на општина Тетово во соработка со СВР – Тетово ќе бидат присутни за регулирање на сообраќајот. Возилата што ќе бидат непрописно паркирани на коловозна лента ќе бидат отстранети и ќе се превземат соодветни законски мерки,“ информираат од таму. Фото/Ски-центар Попова Шапка ...

Беровчанецот Звонко Цонкински пред престојните празници подарува месо од неговата фарма и лекови на сите што не можат да си купат, а за тоа информираше на неговиот Фејсбук. За штипската телевизија ТВ Стар вели дека нема да одбие никој, без разлика колку луѓе ќе го контактираат. Како што вели веќе се јавиле двасетина лица. Цонкински трета години по ред јавно им помага со месо и лекови на тие што тоа не можат да си го дозволат сами. Видео: ТВ ...

Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет за тврдењето на премиерот Христијан Мицкоски дека тој, неговата сопруга и синовите, биле следени додека неговата партија беше во опзоција. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Обвинителство оформи предмет за тврдењето на Мицкоски дека со семејството биле следени Тој пак во меѓувреме откри дека не бил следен само во 2020 и 2021 година, како што изјави претходно од говорницата во македонското Собрание, туку и ...

Поранешниот музичар, а сега бизнисмен Дарко Гелев Брејк објави нова песна “Оваа песна не знаев да ја напишам”. Музиката и аранжманот се на Никола Перевски Пере од Нокаут, а текстот е на Игор Џамбазов, Перевски и Брејк. Спотот е снимен во Драмски театар Скопје, во продукција на 3D Project Studio. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) „Скопје-Барселона“, нов хит од Брејк и Нокаут (Видео) Брејк отвара ново радио (Фото) Брејк стана татко по трет пат, Драгана по ...

Кривичен суд во Скопје не може да одреди мерки на претпазливост за Васко Ковачевски, поранешниот директор на ЕСМ, кој е осомничен за злоупотреби во случајот „Адитив“, бидејќи е недостапен за органите на прогонот. „Судијата на претходна постапка може да донесе одлука за одобрување на предлог на јавниот обвинител само кога се бара притвор за осомничениот. Во ситуации како оваа, кога се предлагаат мерки на претпазливост, задолжително е лицето да ...

Јавното обвинителство оформило предмет по допрен глас врз основа на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски, дека бил следен. „Предметот веќе е даден на постапување на надлежно обвинителство за да ги испита наводите,“ соопштија попладнево од Јавното Обвинителство. Мицкоски одговарајќи на пратенички прашања во македонското Собрание, сподели информации зошто бил следен, кога неговата партија беше во опозиција. Следени биле и неговата ...

Во скопски Аеродром и скопското село Средно Коњари вчера во оделни случаи се пронајдени три починати жени. Најмладата има 37 години. Станува збор за В.Ц. (37) од Скопје, која била пронајдена почината во куќа во Средно Коњари, каде престојувала. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Во скопски Аеродром во семејниот дом била пронајдена почината М.А. (61). Во истата скопска Општина во службени простории ...

Компанијата „Завар“ продолжува да го зацврстува својот статус како еден од најуспешните македонски брендови во Европа и пошироко. Годинава беше особено значајна за компанијата, исполнета со бројни награди и признанија кои го истакнуваат нејзиниот придонес во индустријата и иновациите. Марта Наумовска Грнарова, основачка и претседателка на Управниот одбор на „Завар“, ја доби престижната европска награда „Создавач на столетието“ за развој на идеи, ...

Општина Центар ги поканува сите граѓани на најдобрата новогодишна прослава во градот, вечера во 20 часот часот, на Боемска 1. Забавата ќе започне со легендарниот диџеј Александар Јорданов, а Никола Перевски – Пере и Нокаут ќе ја кренат атмосферата до максимум со своите незаборавни хитови. „Ве чекаме сите вечерва на Боемска 1 на добра журка, заеднички да ја испратиме 2024-та година. Овој концерт е одлична можност да се собереме, да се забавуваме ...

На самиот крај од успешната 2024 година, македонската компанија за здрава храна, Виталиа, го објави отворањето на новиот, современ погон за производство на барови, информираат од таму. Свеченото отворање беше организирано на христијанскиот празник Св. Никола, во чест на именденот на директорот и основачот на компанијата, Никола Ветаџокоски. Новиот погон претставува значајна инвестиција во автоматизацијата и модернизацијата на производниот ...

Две нови „Роса школи за доење“ се отворија денес во рамки на општите болници во Струга и во Кавадарци, благодарение на донацијата од „Пивара Скопје“ и „Coca-Cola“, преку брендот „Роса“, а во соработка со Министерството за здравство. Целта на школите е да им помогне на младите родители во справување со предизвиците од нивните нови животни улоги. Во новите модерно опремени школи за доење во Струга и Кавадарци сите нови и идни мајки ќе добијат ...

Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во третиот квартал од 2024 година, информираат од таму. „Исто така, Советот донесе нова Одлука за методологијата за идентификување системски значајни банки со која се унапредува постојната методологија врз основа на која Народната банкa ги идентификува системски значајните банки во земјава и за нив го утврдува заштитниот слој на капиталот. Ова претставува ...

Стопанска банка целосно опреми три територијални противпожарни единици со индивидуална пожарникарска униформа која вклучува: чизми, шлем, ракавици, јакна, кошула и пантолони. Униформата е со врвен квалитет и специјално изработена за борба со шумски пожари, природна непогода од која секоја година страдаат нашите планини. ТППЕ Старо Нагоричане, Ранковце и Кратово со вкупно 27 пожарникари веќе ја користат опремата и го изразија своето задоволство ...

Со промоција на книгата „Вулкани и земјотреси“ од авторите проф. д-р Ванчо Чифлиганец, проф. д-р Михаил Гаревски и м-р Гуте Младеновски, синоќа во Скопје, Адора Бизнис Групацијата одбележа 22 години развој како успешна македонска градителска приказна. Книгата „Планетата Земја – Нашиот немирен дом“ е прва популарна научно-стручна публикација на македонски јазик, наменета за популација од 7 до 77 години, со цел читателите да се запознаат со ...

Државното акционерско друштво Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) склучи договор за набавка на заби за рото багери и ЕШ-багери за РЕК Битола, со Челичен лив и гранулат железник АД Сопотница Демир Хисар. Договорот е во вредност од 96.760.000 денари или 1.573.333 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ЕСМ склучи договор вреден 1,3 милион евра со „Агроиндустрија-агис“ ЕСМ склучи договор со „Графо пром“ вреден 601,1 илјади евра ЕСМ склучи договор со Марковски ...

Од 1. јануари компаниите ќе плаќаат за 100% повисоки надоместоци за експлоатација на природните ресурси во Македонија. Од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информираа дека Владата го прифатила новиот тарифник на Министерството, кој како што посочуваат од таму, ќе послужи за воведување ред во користењето на националните богатства. „Со измените во тарифникот за утврдување на висината на надоместоците за издавање дозволи ...

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски одговарајќи на пратенички прашања во македонското Собрание, сподели информации зошто бил следен, кога неговата партија беше во опозиција. Следени биле и неговата сопруга и синовите. Не сподели многу детали, поради како што кажа, сензитивноста, но кажа дека бил физички следен од лице именувано како „Цилиндар“. Тоа се случувало на почеток во 2020 година, во време на избори. -Ме следеле под изговор дека ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
0.51
43%
1013
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
1.03
52%
1011
weather icon

Загреб

22ᴼ / 19ᴼ
2.06
53%
1010
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
42%
1013
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.8
47%
1012
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.89
60%
1011
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
3.58
47%
1011
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
46%
1011
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
49%
1011
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
1.54
44%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
52%
1010
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
2.06
63%
1013
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52