Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Шкендија ја продолжи победничката серија на стартот од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, откако вчера славеше со 0-2 на гостински терен против Вардар во големото дерби одиграно во Скопје. Херој на тетовскиот тим беше интернационалецот Фабрис Тамба, кој се покажа како „џокер“ од клупата. Откако првиот дел заврши без голови, Тамба влезе во игра на почетокот на второто полувреме и за само 20 минути комплетно го реши победникот. ...
Англискиот фудбалер Трево Чалоба премина од Челси во Комо, соопштија англискиот и италијанскиот клуб. Како што беше објавено, Чалоба (27) потпиша договор со клубот до јуни 2031 година. Финансиските детали за трансферот на искусниот дефанзивец не се официјално објавени, но се шпекулира колку длабоко во џебот посегнал Сеск Фабрегас за новиот предводник на одбраната. Италијанските и англиските медиуми тврдат дека станува збор за обештетување од ...
Еден од највлијателните тренери во историјата на НБА и петкратен шампион како играч на Бостон Селтикс, Дон Нелсон почина на 86-годишна возраст. Веста ја потврди неговото семејство во неделата, соопштувајќи дека Нелсон починал мирно, опкружен со своите најблиски. Нелсон остави длабока трага и како играч и како тренер. Тој помина 14 сезони како кошаркар во НБА, од кои 11 во дресот на Бостон Селтикс. Со легендарниот тим освои пет шампионски ...
Дербито во ПМФЛ му припадна на тимот на Шкендија. Тетовскиот тим со три бода се врати од гостувњето кај актуелниот првак, откако славеше со 0-2 на најголемиот македонски стадион, Националната Арена „Тодор Проески“. По мечот свое видување даде тренерот на тетовци, Артим Положани… „Мислам дека ова беше целосно заслужена победа и ова е исто така заслуга на момците, бидејќи одиграа исклучително добар натпревар. Првото полувреме, почетокот на ...
Тотенхем продолжува со големите инвестиции на трансфер-пазарот и е на чекор до уште едно звучно засилување. Лондонскиот клуб е во напредни преговори со Манчестер Сити за трансферот на бразилското крило Савињо. Доколку биде постигнат договор, Тотенхем за 22-годишниот Бразилец би можел да плати околу 65 милиони евра. Савињо пристигна во Манчестер Сити како голем талент, а неговите настапи во англискиот фудбал го привлече вниманието на Тотенхем, ...
Тренерот на Манчестер Сити, Енцо Мареска, зборуваше за иднината на Родри, кој во последниот период се поврзува со трансфер во Барселона. Шпанскиот репрезентативец наводно веќе го информирал Манчестер Сити дека сака да го продолжи патот во Барселона, а каталонскиот гигант е во преговори за неговиот потпис. Сепак, „граѓаните“ досега одбиле понуда од околу 45 милиони евра за 30-годишниот играч за врска. По пријателскиот натпревар против Атлетико ...
Трабзонспор започна преговори за ангажман на Дарвин Нуњез од Ал Хилал, а трансферот би можел да биде реализиран како едногодишна позајмица. Според информациите од турските медиуми, челниците на Трабзонспор веќе воспоставиле контакт со саудискиот клуб. Потпретседателот на турскиот тим, Ибрахим Шахинкаја, наводно треба да отпатува во Саудиска Арабија со цел директно да преговара за реализација на трансферот. Трабзонспор е подготвен да плати ...
Несекојдневна и за малку опасна ситуација го одбележа натпреварот меѓу Коритиба и Шапекоензе во бразилскиот шампионат. Фудбалерот на Коритиба, Џеси Марањао, се најде во центарот на вниманието откако постигна гол, но прославата за малку можеше да заврши со сериозна повреда. По погодокот, Марањао тргна кон трибините за да го прослави голот со навивачите. Во еуфоријата, сепак, не забележа дека пред него има отворена дупка. Фудбалерот зачекори ...
Лукас Дињ и официјално се враќа во Пари Сен Жермен, откако францускиот гигант ја активираше откупната клаузула во неговиот договор со Астон Вила. Искусниот лев бек се враќа во Париз по десет години, а трансферот изнесува околу 6 милиони фунти. Дињ веќе има тригодишен период во дресот на ПСЖ, во кој настапуваше пред да ја продолжи кариерата во Рома, Барселона, Евертон и Астон Вила. „Клубот многу се промени, достигна ново ниво. Неверојатно е ...
Немили сцени по дербито помеѓу Вардар и Шкендија по последниот свиреж. Во главна улога беа аргентинците, особено Кастањеда кој тргна да се пресметува со некој од играчите на гостинскиот тим. Веднаш дотрчаа и други играчи, па настана хаос на теренот. Се вклучија и неколку неслужбени лица. Сега дисциплинецот ќе има многу работа, и ќе има санкции за инволвираните во овој случај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на ...
Манчестер Јунајтед направи неочекуван пресврт во ситуацијата со Маркус Рашфорд. Англискиот репрезентативец, за кого во изминатиот период се шпекулираше дека би можел да го напушти „Олд Трафорд“, повторно се најде во плановите на клубот. Манчестер Јунајтед донел одлука да му го промени бројот на дресот на Рашфорд. Напаѓачот во наредниот период ќе го носи бројот 14, што се толкува како јасен знак дека клубот повторно сериозно смета на него. ...
Скопје го освои првиот бод по враќањето во македонската фудбалска елита, откако на комплексот на ФФМ одигра 1-1 против Струга Трим Лум. Стружани влегоа во натпреварот како фаворити и во најголем дел од средбата имаа иницијатива, како и повеќе изгледни можности за гол. Сепак, домаќинот со борбена и пожртвувана игра успеа да стигне до вредно реми. Струга прва се закани во осмата минута, кога Меметриза Хамза шутираше од слободен удар, но топката ...
Дербито во ПМФЛ му припадна на тимот на Шкендија. Тетовскиот тим со три бода се враќа од гостувњето кај актуелниот првак, откако славеше со 0-2 на најголемиот македонски стадион, Националната Арена „Тодор Проески“. Вардар добро тргна во мечот, се закани кон голот на Шкендија, а потоа откако тетовскиот тим тргна да игра, Вардар како да не постоеше на теренот. Сепак, после првиот гол голови немаше. Во второто полувреме далеку помотивирано влезе ...
Шкендија ја круниса подобрата игра на стартот од вториот дел на дербито против Вардар, и поведе во 55. минута. Акција на тетовскиот тим по левата страна преку Нзенгуе, додаде до Тамба кој стрелаше во празната мрежа, откако Талески не успеа да ја пресече таа топка. Пропушти Вардар веднаш да израмни преку Пиреш, а потоа во 60. минута Нзенге се најд во шанса, но одбрани Талески во корнер, и со тоа пропадна можноста на Шкендија да дојде до 0-2. ...
Македонската кадетска ракометна репрезентација продолжува со позитивниот тренд, а селекторот Горан Кузманоски е задоволен од настапот на своите избраници и посветеноста која ја покажале во текот на подготовките и Европското првенство. Македонија одигра осум натпревари на високо ниво, забележа пет победи, а во последниот меч триумфираше со убедливи десет гола разлика. Дополнително, нашата селекција обезбеди пласман на Светското првенство во ...
На дербито помеѓу Вардар и Шкендија на Националната Арена „Тодор Проески“, нема голови по првото полувреме. Вардар одлично го почна мечот, имаше две полушанси. Како одминуваше времето, Шкендија се ослободуваше од притисокот, па почна да игра повеќе со топката, а првата закана ја имаше Ибраими дури во 44. минута, меѓутоа Талески одбрани и промена на резултатот немаше, односно мируваа мрежите во првиот дел на големото дерби во ПМФЛ. Во вториот ...
Фудбалерите на Арсенал претрпеа втор пораз во подготвителниот период, откако на домашен терен беа совладани од Борусија Дортмунд со 3:2. За тимот на Микел Артета ова беше четврти контролен натпревар во летните подготовки, а поразот доаѓа само неколку дена по неуспехот од Бетис со 3:1. Германскиот тим одлично го отвори натпреварот и поведе во седмата минута. Феликс Нмеча асистираше до Самуел Инасио, кој ја искористи несигурноста во одбраната ...
Жозе Мурињо повторно привлече внимание со изјава по победата на Реал Мадрид од 2-1 над Ференцварош во пријателски натпревар. Португалскиот тренер особено се фокусираше на физичката состојба на новото засилување Бернардо Силва, кој неодамна ги започна подготовките. Мурињо без двоумење призна дека неговиот сонародник моментално не е на посакуваното физичко ниво. „Бернардо ни е многу важен, но кутриот е еден од оние кои имаат ментална корист од ...
Американскиот кошаркар Китон Валас е нов играч на Макаби Тел Авив. Валас, кој претходните две сезони настапуваше за Атланта Хокс, потпиша двегодишен договор со „гордоста на Израел“. За времетраењето на договорот, тој ќе заработи 2,5 милиони евра. Тој ќе ја дели минутажата на теренот со својот сонародник Џими Кларк, кој минатата сезона имаше просек од 9,5 поени, 1,8 скока, 4,3 асистенции и 1,3 украдени топки по натпревар. Пред да влезе во НБА, ...
Ракометната репрезентација на Македонија до 18 години го освои 9. место на Европското првенство кое што се игра во Србија, откако денеска славеа против репрезентацијата на Израел со 39-29. Првото полувреме ни донесе фуриозна игра на двете страни. Двете репрезентации во една „ран енд ган“ игра погодуваа буквално од секоја позиција, а сето тоа доведе на пауза меѓу првиот и вториот дел да се замине со минимална предност на Израелците од 19-20. ...
И покрај поразот од Хрватска, селекторот на македонската репрезентација до 16 години, Дејан Стојановски, ги пофали своите кошаркари за пристапот, борбеноста и начинот на кој одиграа во првото полувреме. „Имавме добро прво полувреме, играчите го оставија срцето на теренот, а тоа ни беше најважно. Од кошаркарските елементи повторно ни недостигаше дисциплина и подобро делење на топката. Премногу влегувавме во ситуации еден на еден. Сепак, имавме ...
Доскорешниот водечки оперативец на Италијанската фудбалска федерација, Паоло Малдини, го сумираше својот краток ангажман во организацијата и откри колку блиску бил до ангажирањето на Пеп Гвардиола. Во опширно интервју за весникот „Кориере дела Сера“, Малдини, покрај тоа што зборуваше за првичната покана од претседателот на Федерацијата, Џовани Малаго, упатена уште пред Малаго да застане на чело на италијанскиот фудбал, конкретно се осврна и ...
Шансите Македонија за првпат во историјата да биде домаќин на едно Европско првенство во ракомет за мажи во сениорска конкуренција стануваат сосема реални. Ракометната федерација на Македонија (РФМ), во соработка со федерациите на Србија и Словенија, интензивно работи на финиширање на заедничката кандидатура за организација на ЕП 2034 година. Информацијата ја потврди првиот човек на српскиот ракомет, Божидар Ѓурковиќ. Тој откри дека по три ...
Новиот прволигаш ФК Скопје има тежок распоред на стартот на сезоната во елитата. Во првото коло загуби од вицепрвакот Шкендија, а овој викенд има исто така сериозен предизвик, да се надигрува со уште еден сериозен ривал и претендент за највисок пласман, тимот на Струга Трим Лум. Стружани лесно славеа против Шкендија Арачиново во првото коло, а искусниот голман на ФК Скопје, Кристијан Наумовски, е свесен за тешката задача што ќе ја имаат тој и ...
Најпознатиот фудбалски клуб на македонската заедница во Австралија, Престон Лајонс, оствари историски успех освојувајќи го престижниот Докерти куп по вторпат во својата историја. Во големото финале одиграно на стадионот „Лејксајд“ во Мелбурн, Престон со фантастичен пресврт славеше против својот голем ривал Хајделберг Јунајтед со 3-1. Натпреварот помеѓу клубовите кои традиционално ги претставуваат македонската и грчката заедница помина под ...
Семејството Бас, кое речиси пет децении управува со Лос Анџелес лејкерс, преговара за преземање на францускиот клуб АСВЕЛ. Францускиот медиум „Би-Баскет“ тврди дека двете страни преговараат веќе извесно време и дека договорот би можел да се постигне најдоцна до крајот на 2026 година. Главната точка на преговорите се однесува на висината на обесштетувањето, со оглед на тоа што наводно се разгледува сума меѓу 60 и 80 милиони евра. Доколку се ...
Најдобрите македонски фудбалски клубови Вардар и Шкендија денеска на „Тодор Проески“ во Скопје ќе го одиграат првиот и планираните четири натпревари сезонава во Првата македонска фудбалска лига како дел од 2. коло од шампионатот. Голманот на Вардар, Давор Талески, има и посебни мотиви секогаш кога игра против Шкендија, тој е поранешен играч на тетовскиот клуб. Секако, сега е максимално мотивиран заедно со соиграчите да оди на победа против ...
Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години со пораз од Естонија од 76-64 го заврши настапот на Европското првенство Б-дивизија кое се игра во романска Тулчеа. Естонките подобро го отворија натпреварот и веќе по десет минути игра имаа позитива од 21-13. До крајот успеаја да го исконтролираат мечот и да стигнат до својот прв триумф на шампионатот. Теа Трајковска со 13 поени беше прво име во таборот на нашиот тим, додека кај ...
Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија денеска го игра својот последен натпревар на Европското првенство во Белград. Избраниците на селекторот Горан Кузманоски ќе се сретнат селекцијата на Израел, во директен дуел за освојување на 9. место на шампионатот. Овој противник е добро познат за нашите млади ракометари. Имено, токму против Израел, Македонија играше во финалето на Светското училишно првенство во Скопје, каде ...
Струга Трим Лум одлично ја започна новата сезона, со победа од 3-0 на новиот прволигаш Шкендија Арачиново. Во второто коло повторно ќе има противник кој оваа година пристигна од Втората лига, тимот на Скопје. „Против Скопје, како и на секој друг натпревар, мора да излеземе на теренот и да го дадеме најдоброто од себе. Кога велам најдоброто, мислам на тоа сите ние прецизно да ги реализираме задачите што ни се дадени од стручниот штаб. Ако ...