Денеска во Скопје почина Гоце Јовановиќ, еден од најистакнатите домашни фудбалски работници. Јовановиќ поголемиот дел од својата спортска кариера ја мина како генерален секретар на поранешниот македонски прволигаш Балкан Стококомерц, и тоа од 1979 година, и во периодот на најголемите успеси на клубот кога се избори за настап и во Втората сојузна лига на поранешна Југославија. Беше прв оперативец на клубот и во периодот на настапите во ...

Репрезентација на Македонија до 15 години (генерација 2011) во периодот од 22. октомври до 1. ноември беше дел од Светското првенство во натпреварувањето 7+1, а домаќин беше азербејџанската престолнина Баку. Настапот на националниот тим го оцени селекторот Горан Станковски. „Среќен сум што сме првата репрезентација која е дел од Светско првенство на кое имавме забележителен настап и јас сум задоволен од постигнатото. На десет натпревари имаме ...

Во најновата епизода на „ПРЕСИНГ“ гостин е едно од најголемите имиња на македонскиот фудбал во историјата, Драган Канатларовски. Со поранешниот македонски селектор, меѓу бројните теми, разговор и за моментите кога тој пристигна во Вардар во 1985 година, тогаш играјќи заедно со веќе докажаните фудбалери во најсилната лига на Југославија. „Во поранешна Југославија до 28, до 29 години никој не можеше да реализира трансфер надвор одземјата. Па, ...

Сосема неочекувано, најдоброт фудбалер на Башкими, Луис Рибеиро си замина од клубот. Рибеиро, преку социјалнитее мрежи , соопшти дека го напушта прволигашот од Куманово заблагодарувајќи им се на навивачите и сите во клубот за досегашната поддршка. Фудбалерот не ги соопштува причините за неочекуваното заминување од Башкими, за кого сега го очекува уште потешка задача во битката за опстанок. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. ...

Екипата на Лугано продолжува со добрите игри во Лигата на конференции и вечерва по само 30-тина минути игра има убедливи 3:0 против Кауно Жалгирис, а голем удел има и македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски. Алиоски е дел од првиот тим на Лугано и во 24-та минута го постигна својот прв гол за швајцарскиот тим во европските купови. Лугано со голот на Алиоски поведе со 2:0. Ова воедно е втор гол за Алиоски во дресот на Лугано сезонава, ...

Екипата на Црвена звезда дури во четвртото коло во Лигата на конференции успеа да дојде до првиот триумф и тоа со пресврт против тимот од Андора, Интер Ескалдес. „Црвено-белите“ славеа со 2:1 и тоа со гол постигнат во судиското продолжение, а целиот натпревар за српскиот шампион го одигра македонскиот репрезентативец, Матеј Гаштаров. „Не го потценивме противникот. Во секој натпревар влегуваме како да играме против Реал Мадрид. Ова беше тежок ...

Црвена звезда избегна срам во Конференциската лига, иако дури и оваа победа на мускули против Интер Ескалдес од Андора не е баш за пофалба на црвено-белите. Се доби впечаток дека претставникот на Андора е на еднакво ниво со милионскиот тим на белграѓани. Црвен картон за Александар Катаи, неколку промашени шутеви од гостите, пред сè од Суле, и несреќно испуштена предност за Андорците во финишот. А, Црвена Звезда и тоа како има да ја анализира ...

Тиквеш е во добра серија во натпреварите од Првата македонска фудбалска лига. Екипата од Кавадарци цели кон излез во Европа, откако сега е јасно дека тоа ќе мора да го стори преку првенството, по елиминацијата од Купот со службен пораз од Вардар, иако на теренот го совладаа тимот на “црвено-црните”. Тиквеш го продолжува походот со домашен меч против Скопје. Иако противникот е псоледен на табелата, од Кавадарци најавуваат давање на максимум. ...

Фудбалерите на Скопје во минатото коло успеаја на домашен терен да го сопрат Силекс и да освојат бод, а денеска се наоѓаат пред ново големо искушение. Избраниците на Иван Варадиновски гостуваат во Кавадарци и ќе се обидат да му се спротивстават на Тиквеш, тим кој игра одлично, посебно на домашен терен. Рецептот треба да биде речиси идентичен, цврста и организирана одбрана и згуснат среден ред кој ќе се обиде да ги задржи главните адути на ...

Тиквеш славеше со минимални 1-0 на домашен терен против Скопје во премиерниот натпревар од 13. коло во Првата македонска фудбалска лига. Клучниот момент во натпреварот се случи во 26. минута кога Ренатињо го постигна погодокот вреден три бода за кавадарчани. Програмата продолжува утре со два дерби натпревари. Во Струга домашната Трим Лум од 12 часот ќе ја пречека тетовска Шкендија, а еден час подоцна актуелниот шампион Вардар во Кратово ќе му ...

Селекторот на македонската репрезентација до 17 години, Иљами Исејни, го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојниот квалификациски турнир за пласман на Европското првенство во организација на УЕФА. Нашата селекција ќе настапи на турнирот во Трабзон, Турција, во периодот од 11 до 17 ноември. За противници во квалификациската група ги имаме селекциите на Унгарија, Сан Марино и домаќинот Турција. Собирот на репрезентативците е ...

Дербито на 13-то коло ќе се игра во Струга, каде што „црвено-црните“ патуваат со јасна амбиција да го одбранат првото место и да го повторат успехот од првата фаза. Во пресрет на ова соочување, Алмир Криезиу ја истакна важноста на ова дерби, соодветната физичка и психолошка подготовка, како и јасната цел на црвено-црните за позитивен резултат. „Ваквите дерби-пресметки се нешто посебно за секој фудбалер – сите живееме за вакви мечеви! ...

Струга Трим Лум по триумфот над Вардар (0-1) во Скопје повторно се соочува со голема пресметка, дерби дуелот со Шкендија на домашен терен. Тоа е меч на кој ќе се сретнат двете првопласирани екипи на табелата. Марјан Радески, кој го реши дербито со Вардар, очекува нов квалитетен настап на својот тим и се надева дека бодовите ќе останат во Струга. „Респект за екипата на Шкендија, но Струга Трим Лум има свои цели. За да ги оствариме, како тим ...

Актуелниот шампион Вардар го загуби дербито од Струга Трим Лум во минатото коло, но избраниците на тренерот Миодраг Божовиќ сакаат експресна рехабилитација на гостувањето во Кратово. Силекс не е наивен тим, особено кога игра пред домашните гледачи, но Вардар и нема друг избор, ако сака да се врати во ритам и да го одржи чекорот со водечките екипи на табелата, Шкендија и Струга ТЛ. „Вардар на секој натпревар оди на победа“, порачуваат од ...

Силекс во Кратово го пречекува Вардар на домашен терен во 13. коло од Првата македонска фудбалска лига. Кратовскиот прволигаш влегува во овој меч по ремито без голови против Скопје во Автокоманда, но со голем оптимизам и со надеж дека ќе се дојде до три бода во мечот со актуелниот првак. Воедно, ова е одлична шанса на Силекс со победа да фати приклучок кон првите четири места на табелата во финишот од есенскиот дел. „Типичен дерби натпревар, ...

Челси постигна договор за продажба на Николас Џексон, кој кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Астон Вила. Според информациите на „Фуд Меркато“, клубот од Бирмингем испратил понуда вредна околу 70 милиони евра, вклучувајќи ги бонусите, која „сините“ ја прифатиле. Сега преостанува да се договорат последните детали, по што Џексон треба да ги помине медицинските прегледи. Сенегалскиот напаѓач, кој во Челси пристигна од Виљареал, наводно веќе ...

Ждрепката за третото коло во Карабао купот донесе неколку исклучително интересни пресметки, а најголемо внимание привлекува дуелот меѓу Ливерпул и Тотенхем. „Црвените“ ќе бидат домаќини на лондонскиот тим, во еден од најинтересните натпревари во оваа фаза од англискиот Лига куп. Актуелниот освојувач на трофејот во Карабао купот, Манчестер Сити, ќе има нешто полесна задача, бидејќи на домашен терен ќе го пречека второлигашот Норич. Манчестер ...

Фенербахче обезбеди пласман во главната фаза од Лигата на шампионите, но големото славје по победата над Лион беше засенето од сериозен инцидент. По завршувањето на натпреварот, фудбалерите на турскиот тим се упатиле кон соблекувалните, кога еден навивач на Лион се залетал кон играчите. На мета се нашол Матео Гендузи, кој во минатото играше за Олимпик Марсеј, по што ситуацијата брзо ескалирала и настанала масовна пресметка. Според ...

Фудбалерите на Реал Мадрид ја остварија својата втора победа во новата сезона во исто толку одиграни натпревари, победувајќи го Реал Сосиедад со 4-1. Мбапе ја отвори голеадата во 40. минута, но „Бернабеу“ доживеа шок само четири минути подоцна, бидејќи Лука Сучиќ го постигна израмнувачкиот гол за 1-1. Надежта на гостите траеше до 60. минута, кога сè се распадна. Мбапе прво го постигна својот втор гол, а потоа осум минути подоцна Винисиус го ...

Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов со неговиот Левски не успеаја да обезбедат групна фаза во Лигата на шампионите, откако загубија убедливо од АЕК во Атина со 4-0, па за нив остана утешната награда и настап во групната фаза од Лигата на Европа. Без Лига на шампиони остана и Динамо Загреб кој по оние 2-2 на “Максимир“ минатата недела, загуби од Викинг на гости со 3-1. Место во ЛШ, обезбеди, пак, Фенербахче кој славеше на гостувањето ...

Од 12 септември ќе стартуваат новите шест фудбалски региони согласно новиот, далеку пофункционален, натпреварувачки систем на ФФМ, место досегашните пет Трети лиги на Македонија. Тоа е новиот систем на натпреварувања во кој ќе бидат вклучени клубови од сите Општински сојузи на Фудбалската федерација на Македонија и кој сигурно ќе донесе и поквалитетен фудбал во понизок ранг од Првата лига и Втората лига која ќе биде единствена. Познат е и ...

Италијанската фудбалска федерација објави дека нема да ја поддржи кандидатурата на Џани Инфантино на изборите за претседател на ФИФА во март 2027 година. Одлуката е донесена поради планот на Инфантино да ги продаде идните приходи од Светското првенство на приватни инвеститори, а на таа иницијатива веќе се спротивставија Европската конфедерација (УЕФА), Азиската конфедерација (АФЦ), како и Конфедерацијата на Северна и Централна Америка и ...

Ракометарите на Охрид славеа на гостувањето против Будванска Ривиера со 20-22 (8-13) во второто коло од Регионалната лига. По победата на стартот од ова натпреварување против Војводина, сега победа и над црногорскиот тим во меч во кој се беше одлучно во првото полувреме кое Охрид го доби со 8-13. Единствено во вториот дел домашните дојдоа до негатива од еден гол (16-17), но на крајот сепак заслужена победа на македонскиот тим. Лиапис со пет ...

Фиорентина доживеа дебакл од Рома на отворањето на новата сезона во Серија А, но „виолетовите“ од денеска се соочија со дополнителен проблем откако најдобриот фудбалер на тимот, Моисес Кеан, соопшти дека не планира повеќе да тренира со тимот чекајќи да се комплетира трансферот во редовите на Комо. Голгетерот најпрвин задоцнил на тренингот, а кога се очекувало да ги објасни причините за доцнењето тој јасно ставил до знаење дека нема намера да ...

Алкалоид со пораз ја стартуваше сезоната во регионалната лига откако „сино-белите“ од Автокоманда загубија на домашен терен од Партизан со резултат 31-39. Алкалоид за првпат во тимот ги имаше Борозан и Цехте, вториот Словенец Сухолежник не настапи поради ситна повреда, но Кире Лазаров ја загуби битката со Раул Гонзалес, Партизан доминираше во големи делови од мечот и на крајот заслужено стигна до победата. Марко Митев го постигна првиот гол ...

Алехандро Балде нема да се пресели во Манчестер јунајтед откако левиот бек донесе одлука да остане во Барселона и да се бори за првотимски статус во каталонскиот гигант. Понудата од „црвените ѓаволи“ влијаеше врз фокусот на Балде во изминатите денови, па тренерот Флик реши тој да не биде ниту меѓу резервите на премиерниот дуел со Елче, најава дека трансферот на „Олд Трафорд“ е пред реализација. Сепак, во последните 24 часа ситуацијата е ...

Ракометарите на Е. Пелистер запишаа убедлива победа од 45-33, против црногорскиот Ловќен во втората рунда натпревари од регионалното натпреварување. На дуелот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, „зелените“ немаа апсолутно никакви проблеми да дојдат до рутинска победа. Тоталната доминација беше видлива уште во првото полувреме кое „пелистерци“ го добија со 24-15, а во ист стил се продолжи и во вториот дел за конечна победа од 45-33. Следниот ...

Пелистер за продолжението од сезоната ги освежи своите играчки редови и со дефанзивецот Марко Стојилевски. 20-годишниот Стојилевски, кој игра како десен бек, потекнува од младинската школа на Вардар а претходно во кариерата има настап и за АП Брера, како и за српско Смедерево. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од ...

Гостин во најновата епизода на „ПРЕСИНГ“ едно од најголемите кошаркарски имиња во историјата на Македонија, Марјан Србиновски. Предводникот на новиот амбициозен проект КК Соколи 1933 од Штип, поранешен македонски селектор и член на стручниот штаб од ЕП 2011 во Литванија, меѓу бројните теми се осврна и на постојано актуелната тема: деца спортисти и амбициозни родители. „Во спортот има многу примери со талентирани деца кои веќе на 11 години ...

Засилувајќи ги редовите за продолжението од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, Брегалница официјално го промовираше искусниот дефанзивец Виктор Велкоски како свое нов име. Всушност станува збор за повратник во тимот кој освен во стоперската линија, може да игра и на позицијата на последен играч за врска. Искусниот Велкоски има 30 години, богата кариера во која настапуваше за Вардар, Љубанци, Пелистер, ФК Скопје, Работнички, Победа, ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
61%
1026
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
68%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
57%
1027
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
82%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 12ᴼ
5.14
61%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
45%
1022
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
67%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
72%
1028
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
6.17
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76