Тиквеш славеше со минимални 1-0 на домашен терен против Скопје во премиерниот натпревар од 13. коло во Првата македонска фудбалска лига. Клучниот момент во натпреварот се случи во 26. минута кога Ренатињо го постигна погодокот вреден три бода за кавадарчани. Програмата продолжува утре со два дерби натпревари. Во Струга домашната Трим Лум од 12 часот ќе ја пречека тетовска Шкендија, а еден час подоцна актуелниот шампион Вардар во Кратово ќе му ...

Тиквеш го совлада попладнево Скопје со 1-0 во првиот натпревар од 13. коло во Првата фудбалска лига (ПМФЛ). Тимот од Кавадарци имаше многу шанси, а реализираше само една кога 26. минута, по корнерот од десната страна, Ренатињо со волеј-удар ја затресе мрежата на Кристијан Наумовски. Десет минути подоцна Лавал беше во шанса, но шутираше непрецизно од 12 метри. До крајот на првиот дел и Сила имаше можност, по додавањето од Лусианињо, во ...