Нов фудбалер на Манчестер Јунајтед од денеска и официјално и Камерунецот Карлос Балеба. Трансферот на поранешниот играч од средниот ред на Брајтон на „Олд Трафорд“ беше во процес веќе некое време, а сега комплетно е реализиран. Јунајтед го официјализираше третото засилување откако претходно ги донесе Андреј Сантос од Челзи и Јури Тилеманс од Астон Вила. 22-годишниот Балеба е најскапиот трансфер на Јунајтед ова лето – го чинеше Манчестер 75 ...

Валдрин Ука ја презема функцијата нов генерален директор на Шкендија, а спортскиот оддел ќе го водат Ерхан Селими и Фестим Адеми, кои доаѓаат на местото на досегашниот спортски директор Ардијан Цуцули. Шкендија официјално ги објави промените во раководните структури на клубот. Сите назначени менаџери долго време се дел од структурите на Шкендија, а новите назначувања претставуваат напредок во кариерата, потврдувајќи ја довербата на клубот во ...

Стрелецот на сигурно еден од најзначајните голови во историјата на Ф4 од Лигата на шампионите, и несомнено, најважниот гол во славната историја на Вардар, Иван Чупиќ повторно се врати во црвено-црниот тим во 2025 година и сега ги предводи двократните европски шампиони како главен тренер во претстојната сезона на ЕХФ Лигата на шампионите. Откако се врати во Скопје, Чупиќ веднаш ја постави летвата високо, кулминирајќи со тоа што „црвено-црните“ ...

Дебитантот во Првата македонска фудбалска лига, Шкендија Арачиново официјално промовираше две нови имиња како засилувања за актуелната сезона. Освежен е нападот со Ремзифак Селмани, кој досега беше дел од Арсими, а во кариерата настапуваше и за Шкендија и Ренова. Уште едно засилување е дефанзивецот Абдул Руватубјае, кој беше дел од Шкупи од шампионските негови денови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски ...

Шкендија денеска официјално информираше дека е прекината соработката со спортскиот директор Ардијан Цуцули. Тетовци информираат дека е договорна разделбата со едно од најистакнатите имиња на клубот во историјата. „По три години на позицијата спортски директор, Ардијан Цуцули го завршува својот ангажман во Шкендија. Клубот му се заблагодарува за придонесот и посветеноста дадена во текот на овој циклус. По завршувањето на ангажманот на Ардијан ...

Гостин во најновата епизода на „ПРЕСИНГ“ едно од најголемите кошаркарски имиња во историјата на Македонија, Марјан Србиновски. Предводникот на новиот амбициозен проект КК Соколи 1933 од Штип, поранешен македонски селектор и член на стручниот штаб од ЕП 2011 во Литванија, меѓу бројните теми се осврна и начинот како да ја „воскреснеме“ домашната кошарка. Како кошарката да ја вратиме повторно да биде спорт број еден, преку продукција на нови ...

Иднината на Алехандро Балде во Барселона е сериозно доведена во прашање откако левиот бек воопшто не настапи на натпреварот со Елче, а тренерот Флик истакна дека тоа била негова одлука бидејќи дефанзивецот не бил доволно фокусиран за да се најде во тимот. Манчестер јунајтед покажува сериозен интерес, а последните информации говорат дека и самиот Балде сака да си замине од „Камп Ноу“. Проблемот е што Јунајтед нуди само едногодишна позајмица, ...

Елитното европско кошаркарско натпреварување Евролига објави дека 11 кандидати поминале во следната фаза од постапката за доделување долгорочни франшизи. Станува збор за процес насочен кон проширување на натпреварувањето од сезоната 2027/28, кога треба да се доделат максимум осум нови долгорочни франшизи. Проширувањето на натпреварувањето сега е речиси сигурно, и најверојатно на 24 учесници. Интерес за франшизи покажаа повеќе од 20 клубови од ...

Македонската сениорска репрезентација го одработи првиот собир во „Т Арена“ во Скопје, со што и официјално започна краткиот подготвителен период за гостувањето кај Австрија во рамките на втората рунда од претквалификациите за Евробаскетот 2029. Селекторот Хозе Мариа Берокал на располагање има речиси комплетен состав, а токму ростерот со кој Македонија ќе настапи во Виена беше една од темите на разговор со предводникот на националниот тим за ...

Во организација на Кошаркарската федерација на Македонија, на 24 и 25 август во Скопје се одржа тренерската клиника, која на едно место обедини реномирани кошаркарски стручњаци, тренери од македонските клубови, како и голем број љубители на кошарката. Во текот на двата дена присутните имаа можност да проследат исклучително квалитетна и разновидна програма, посветена на современите трендови во кошарката, развојот на младите играчи, односот ...

Манчестер Сити низ годините трошеше богатство на нови фудбалери за да ги исполни желбите на Пеп Гвардиола, но ситуaцијата целосно се промени откако трофејниот стратег летово го напушти кормилото и на негово место пристигна Енцо Мареска. На „Етихад“ се случува вистински ремонт во играчкиот кадар, добро за Сити е што останува Ерлинг Халанд, но „сино-белите“ од тим познат по шопингот летово се трансформираше во клуб фокусиран на продавање. Тоа ...

Камерите уловија интересен детал од последниот меч меѓу Еспањол и Реал Мадрид, отткако Винисиус разочарано реагираше на одлуката на Арда Ѓулер да го проигра Мбапе наместо да му ја додаде топката на него. Бразилецот е видно незадоволен што соиграчите многу почесто го забележуваат Мбапе, решавајќи да го проигруваат Французинот наместо да го вклучат него во акциите. „Арда, Арда, додај ми барем еднаш…. Секогаш исто па исто“, нервозно викаше Вини ...

Лацио ја отвори новата сезона со победа на гостувањето против Болоња, по што управата на клубот му ја исполни желбата на тренерот Џенаро Гатузо, носејќи нов голгетер на „Олимпико“. Буџетот на „лацијалите“ е скромен, овој клуб веќе извесен период нема пари за скапи засилувања, па така изборот падна врз Андреа Пинамонти. Новиот голгетер доаѓа од Сасуоло, и тоа на позајмица што римскиот клуб ќе ја плати три милиони евра, со можност за откуп ...

Рафаел Леао никогаш не бил така блиску до заминување од Милан како што е тоа случај во изминатите 24 часа, откако Астон Вила тргна во офанзива за потписот на крилниот офанзивец. Аморим стави до знаење дека не смта сериозно на својот сонародник, но Милан се соочи со проблем бидејќи ниту еден клуб од Топ 5 лигите сериозно не „загриза“ за Леао летово. Галата и Фенербахче преговараа со „росонерите“, но Рафаел веднаш стави до знаење дека не е ...

Жозе Мурињо не може да смета на услугите на Орелиен Чуамени ниту за вториот натпревар од оваа сезона откако францускиот репрезентативец ја загуби трката со времето пред пресметката со Реал Сосиедад. Чуамени не настапи во првото коло против Еспањол, но се очекува францускиот играч за врска да биде „фит“ за дуелот со Сосиедад. Сепак, тој ниту денеска не се појави на тренингот на „кралевите“, по што стана јасно дека нема да му биде на ...

Џамал Мусиала ќе почека за своето враќање на фудбалските терени откако лекарскиот тим на Баерн Минхен донесе одлука тој да продолжи со мирување за да може да се стабилизира состојбата во која неочекувано се најде големиот талент на германскиот фудбал. Мусиала колабираше на два пријателски натпревари во низа по што самиот обелодени дека има специфична невролошка болест што придонесува на моменти да губи свест. Баварците беа жестоко критикувани ...

Тренерската кариера на Роберт Просинечки вртоглано се движи во надолна линија откако хрватскиот стручњак доби отказ и од селекторската функција во Киргистан. Самиот потпис на Просинечки со оваа азиска селекција беше изненадување, но уште поголемо беше разочарувањето откако во првите четири средби, сите пријателски, тој не успеа да забележи ниту една победа (две реми со Палестина и порази од Мадагаскар и од Екваторијална Гвинеја). Челниците на ...

Тотенхем денеска го официјализираше трансферот на Савињо, бразилскиот крилен играч што доаѓа во лондонскиот клуб од редовите на Манчестер Сити за сума од 100 милиони евра. „Спарси“ повеќе од една година го следеа Бразилецот, а „граѓаните“ го искористија тоа за максимално да ја набилдаат неговата цена, наплаќајќи вистинско богатство за играч што воопшто не беше стандарден првотимец во последните две години. Сити плати 30 милиони фунти за да го ...

Вардар мораше да се активира на пазарот по неочекуваното заминување на Дарко Велковски, па „црвено-црните“ денеска го официјализираа доаѓањето на нов дефанзивец кој ќе треба да го заземе местото во тимот што му припаѓаше на актуелниот македонски репрезентативец. Сирики Дијабате е нов член на македонскиот првак откако 23-годишниот дефанзиввец денеска потпиша договор со скопските „црвено-црни“ и се очекува во наредните денови целосно да се ...

Екипите на Баскет Кам и на Про Баскет сепак ќе останат дел од елитното друштво во женската кошаркарска лига иако претходно беше донесена одлука дека на овие клубови нема да им бидат издадени лиценци за натпреварување поради неисполнување на условите поставени од страна на федерацијата. „Согласно донесената одлука на Комисијата за лиценцирање, на ЖКК Кам Баскет и Про Баскет Кавадарци не им е издадена лиценца за настап во натпреварувачката ...

Рома во голем стил ја почна новата сезона декласирајќи ја Фиорентина со 4-0, меч во кој брилијантен беше напаѓачкиот тандем Мален – Дибала. Холандскиот ас постигна хет-трик, и тоа по три асистенции на аргентинскиот генијалец, па тренерот Гасперини по мечот не го криеше воодушевувањето од настапот на својот тим. „Мален и Дибала се светска класа, сите можеа да се уверат во тоа. Дибала отсекогаш бил светска класа, штета е што имаше толку многу ...

Се ближи крајот на преодниот рок, а дел од европските гиганти се уште преговараат за големи фудбалски ѕвезди кои до крајот на месецов би можеле да ги променат клупските бои. Една од нив е и Енцо Фернандез, аргентинскиот играч за врска кој се наоѓа на врвот на листата со желби на Манчестер Сити. Енцо Мареска инсистира на повторно обединување со фудбалерот со кого имаше беспрекорна соработка во Челси, па се најавува дека „граѓаните“ во следните ...

Легендарниот дефанзивец на Ливерпул, Џејми Карагер, се најде во фокус на јавноста откако гласно го критикуваше Флоријан Вирц. Германскиот ас имаше потпросечна прва сезона во Премиер-лигата, а одигра многу слабо и во првото коло со Њукасл по што беше првиот играч заменет од тренерот Ираола. Според Карагер, тоа се должи на позицијата на која Вирц беше користен од Арне Слот, истата на која сега го користи и Ираола, класична „десеетка“ што ...

Манчестер Јунајтед катастрофално ја стартуваше новата сезона, а поразот од Хал само ги забрза преговорите со Брајтон за финализирање на трансферот на Кристијан Балеба. Очигледно е дека на „црвените ѓаволи“ им недостига „работник“ на средината од теренот, играч што како последен играч за врска ќе ги прекинува противничките акции, а Керик е убеден дека 22-годишниот Балеба одлично ќе ја заврши таа работа за англискиот гигант. Со Брајтон веќе е ...

Кенет Фариед останува дел од Евролигата откако одличниот центар начелно постигна договор за соработка со Басконија. Тој мина голем дел од ланската сезона во дресот на Панатинаикос, но по доаѓањето на Жељко Обрадовиќ и потписот на Фал на Фариед му беше кажано дека за него веќе нема иднина во грчкиот гигант. Тој доби неколку понуди од Еврокупот, но кошаркарот со НБА педигре (мина седум години во дресот на Денвер нагетс) чекаше опција за ...

Габриел Мартинели е многу блиску до заминување од Арсенал, и тоа во трансфер со кој Бразилецот ќе стане најскапа продажба во историјата на лондонскиот клуб. Ал Хилал се наоѓа пред потпис со крилниот офанзивец откако начелно се договорени условите од 60 милионскиот трансфер со англискиот шампионат, а во завршна фаза се и преговорите со самиот фудбалер. „Топчиите“ трошат богатство на нови фудбалери, но не важат за клуб што знае да продаде своја ...

Артим Положани има причина да биде горд на стартот на сезоната на Шкендија откако тетовци по првите четири рунди имаат максимални 12 бода, од кои шест се освоени против директните ривали за највисок пласман, Вардар и Струга ТЛ. Токму стружани беа ривали на тетовските „црвено-црни“ на вчерашниот дерби дуел што Шкендија го доби со 2-1 со пеналот на Бесарт Ибраими во второто полувреме. „Јас добро го знам мојот тим, моите играчи и знам дека ...

Манчестер Сити продолжува со распродажбата на фудбалери доведени од Пеп Гвардиола на кои Енцо Мареска не смета сериозно, па така на излезна врата од „Етихад“ се најде и Нико Гонзалес. Њукасл ќе биде новиот клуб на Аргентинецот откако „црно-белите“ се согласија да платат 50 милиони фунти за да го донесат поранешниот ас на Порто во своите редови. Њукасл летово ги продаде двајцата клучни играчи за врска, Тонали и Гимараеш, па Гонзалез е доведен ...

Партизан се мачи да привлече топ-засилувања летово, а „црно-белите“ во меѓувреме се откажаа од Џабари Паркер, Американецот кој лани беше најзвучно засилување на овој тим, но не се снајде во тактичките замисли на Обрадовиќ, подоцна и на Пењароја, со што го навлече бесот на јавноста. Крилниот кошаркар пристигна на подготовките на „црно-белите“, но доживеа непријатно изненадување откако му беше кажано дека за него ќе нема место на тимските ...

Челси со 3-2 го совлада Фулам на гостински терен, и новиот тренер Чаби Алонсо на најдобар можен начин ја отвори сезоната во Премиерлигата. Лондонските „сини“ цело време беа во предност, а Фулам не успеа да дојде барем до бод. Шок на „Кревин Котиџ“ уште во 31-вата секунда, кога погоди Жоао Педро. По една грешка на одбраната на Фулам, се најде сам пред голот и успеа да погоди. Во 23. минута Фулам израмни преку Џошуа Кинг. Доби топка, влезе во ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
61%
1026
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
68%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
57%
1027
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
82%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 12ᴼ
5.14
61%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
45%
1022
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
67%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
72%
1028
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
6.17
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34