Новиот закон за високо образование кој изминатиот период предизвика голем број критики и полемики дали со него се урива автономноста на универзитетите е пред финална фаза. Ова законско решение се најде и на координативниот состанок во Владата на кое премиерот Христијан Мицкоски рече дека со него се создава можност младите да ја гледаат својата иднина, да студираат тука а потоа да останат во државава и да го градат својот професионален и ...

Поради тоа што ризиците од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати и натаму се присутни, Собранието на денешната (16.04) пленарна седница донесе одлука за продолжување на кризната состојба на територијата на Република Северна Македонија. Оваа одлука, која претходно беше поддржана и од Комисијата за одбрана и безбедност, предвидува продолжување на кризната состојба до 20 јули 2026 година. Нејзината примена ќе започне на 21 април ...

Обвинителката Адела Бојчевиќ од ОЈО Скопје, денеска во Кривичниот суд Скопје продолжи со изведување материјални докази од видеокамери зад овој суд на 2 март, неколку часа пред да се самоубие Ивана Стојаноска со својата ќерка Катја, поради долготрајно тешко семејно насилство од сопругот, обвинетиот Стојанче Јовановски, од кои повреди и трауми била и задржувана во болница. На видеоснимка од безбедносна камера пред Кривичниот суд Скопје, се ...

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс вчера изјави дека изборниот пораз на унгарскиот премиер Виктор Орбан е многу лош за САД, но дека Вашингтон ќе соработува со новата влада на земјата. „Секако знаевме дека постои голема можност Виктор да ги изгуби изборите. Го поддржавме затоа што е еден од ретките европски лидери кој е подготвен да се спротивстави на бирократијата во Брисел“, рече тој, осврнувајќи се на американската поддршка за Орбан. ...

Најмалку 16 лица беа повредени кога ученик отвори оган во училиште во Турција. Во моментов се водат преговори со напаѓачот кој се забарикадирал во образовна институција и одбива да се предаде. Пукањето се случило во училиште во округот Сиверек во покраината Шанлиурфа. Стотици ученици биле евакуирани по инцидентот, а напаѓачот – за кого нема познати детали освен дека е ученик – пукал со ловџиска пушка, пишува британскиот весник „Дејли меил“. ...

Доколку Груевски се појави во Македонија тој ќе биде пратен во затвор на отслужување на казната, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Тој ова го изјави откако новиот унгарски премиер Петар Маѓар кој со убедливо водство го симна од власт Виктор Орбан, вчера и отворено најави дека ќе расчисти со, како што рече меѓународни криминалци притоа спомнувајќи го и Никола Груевски за кого истакна дека ќе најде начин да го екстрадира. Премиерот Мицкоски ...

Поразот на Виктор Орбан има значајни последици надвор од границите на Унгарија, по парламентарните избори на кои убедлива победа однесе опозициската коалиција предводена од Петер Маѓар. Според речиси конечните резултати, коалицијата на Маѓар обезбедила 138 од вкупно 199 пратенички места, со што добива доволно мнозинство за самостојно формирање влада. Партијата на Орбан, Фидес, ќе има околу 55 мандати и преминува во опозиција. Орбан го призна ...

Убедливата победа на Пeтер Маѓар на изборите во Унгарија ѝ даде на неговата централно-десничарска партија Тиши силен мандат што ќе ѝ даде одврзани раце да спроведе реформи, да го зајакне владеењето на правото и потенцијално да одмрзне милијарди евра од фондовите на Европската Унија, објавува Ројтерс. Најдобар сценарио за ЕУ и пазарите Економистите и политичките аналитичари велат дека очекуваното двотретинско мнозинство на новата влада е ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) потврди дека синоќа имало обид за опожарување на објект на Еврејска заедница во Македонија, како и на синагога во Скопје. Од МВР информираат дека веднаш по пријавата полициски екипи излегле на терен и презеле активности за утврдување на околностите и пронаоѓање на сторителите. При увидот, во дворот на верскиот објект бил пронајден канистар со гориво, што укажува на намера за предизвикување пожар. На ...

Денес е големиот ден, Велики Петок, кој е христијански празник, а воедно е и неработен ден. Секој ден од оваа недела која е најтешка од велигденскиот пост има посебно значење и посебни обичаи. Велики Четврток и Велики Петок се празници кои се преполнети со древни обичаи, традиции и врвни моменти од библиската причина на „Страсната седмица“. Овие два дена го подигнуваат верското восхитување и размислување за значењето на верата и жртвата. ...

Четиричлениот екипаж на вселенското летало „Орион“ ја завршува својата мисија околу Месечината и е закажано да слета во океанот недалеку од брегот на Сан Диего. Спуштањето е закажано за сабота во 2:07 часот по хрватско време. Целата постапка на слетување, која започнува со одвојување на Европскиот сервисен модул, трае приближно 42 минути. Повторното влегување во атмосферата на Земјата и спуштањето во океанот се сметаат за најопасниот дел од ...

Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација – НАСА објави нови слики од Месечината направени од астронаутите на мисијата „Артемис 2“. „Блиската страна“ на нашиот природен сателит (полуосферата што ја гледаме од Земјата) е видлива на горната половина од месечевиот диск. Препознатлива е по своите темни дамки. Ова се прастари лавини од времето кога Месечината кога била вулкански активна. Големиот кратер што се наѕира под ...

Силно полициско присуство и специјални единици на терен се забележани рано утрово во неколку градови низ државата. Според неофицијални информации, Бирото за јавна безбедност при МВР, во координација со ОЈО за ГОКК, спроведува масовна акција насочена против организирана криминална мрежа. Операцијата се одвива на повеќе локации во Скопје, Штип, Струмица, како и во познатото скопско село Грчец. Како што пренесува порталот „Нетпрес“, на удар е ...

Со албански и американски знамиња, како и со транспаренти „Стоп за институционалната дискриминација“, граѓани денеска протестираа барајќи правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик. Учесниците носеа и политички пораки, меѓу кои „Охридскиот договор не се преговара повторно“ и „Законот за јазиците е јасен“, а дел од нив упатија и директни пораки до правосудните институции и Уставен суд на Република Македонија. „Не го допирајте ...

Газдата на дивото кабаре „Пулс“ Дејан Јованов – Деко го поставил Александар Карадаковски за управител на „ММММ кафе“, фирмата која управувала со „Пулс“ бидејќи немало кој, а за да не му пропадне лиценцата. Иако го поставил за управител, Карадаковски еден период немал ни здравствено осигурување. Ова произлегува од исказот на таткото на Александар, Наско Карадаковски, кој сведочеше на денешното рочиште. Младиот Александар кој бил пријател на ...

Како одговор на тековната меѓународна ценовна нестабилност, ОКТА го продолжува попустот што се нуди при продажба на дизел и бензини кон големопродажните и малопродажните трговци, до 30 април 2026 година. Попустот за дизел изнесува 3 денари по литар, додека попустот за бензин од 95 и 98 октани, останува 2 денари по литар. Иницијативата е доброволна, овозможувајќи им на трговците да ја пренесат придобивката кон крајните потрошувачи. Сепак, ...

Во атарот на скопската населба Визбегово, на Качанички пат, кој води кон границата со Косово, е лоцирана обложувалница во чии простории работел институт, кој е еден од затворените поради неисполнување на елементарните услови за работа. Според сознанијата на весникот ВЕЧЕР, се работи за институт за биометриски истражувања за кој, по извршената инспекција, уште минатата година била донесена одлука да биде затворен. Контролата, имено, покажала ...

Експлозив со голема разорна моќ е пронајден во близина на гасоводот Турски тек во Србија, преку кој се транспортира руски природен гас до Унгарија и други европски земји, објави српскиот претседател Александар Вучиќ. Потоа тој имашет телефонски разговор со унгарскиот премиер Виктор Орбан за безбедносната состојба. Вучиќ во објава на социјалните мрежи соопшти дека српските единици откриле опасна направа и дека веднаш го известил унгарскиот ...

Кога човекот ќе ја напушти Земјината орбита, не се случува некоја „магична“ моментална промена со телото во истиот миг, туку постепено се менува средината во која телото мора да функционира. Но, со секој чекор оддалечување од Земјата, ризиците почнуваат брзо да се зголемуваат. Најголемата разлика не е самото „излегување“ од орбитата, туку тоа што астронаутите остануваат без дел од природната заштита што на Земјата ја даваат атмосферата и ...

НАСА успешно ја започна една од најзначајните вселенски мисии во последните децении, откако екипаж од астронаути полета кон Месечината и влезе во стабилна орбита околу Земјата. Станува збор за десетдневна мисија која има за цел да ги однесе астронаутите блиску до лунарната површина каде што луѓето не пристапиле во последните над 50 години. Лансирањето се случи од вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида, каде што капсулата „Орион“, изработена ...

Во продолжението на судењето за случајот со Ивана и Катја, кои загинаа на 2 март по пад од балкон во Тафталиџе, сведочеше Мартин Саздов. „Од тој датум како животот да ми застана. Немам веќе мотивација за живот“, рече Саздов. На прашањето од каде се познава со обвинетиот, Саздов посочи дека се запознале во 2021 година на работа, кога заедно се вработиле во Пожарна. Со Стојанче се дружеле две години, а се дружел и со покојната Ивана. „Почнавме ...

Одделот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи утврдил сериозни пропусти во постапувањето на дури 39 полициски службеници кои биле вклучени во интервенции по пријави за семејно насилство поврзани со случајот на Ивана Јовановска. Како што информираат од МВР, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди веќе доставил известување до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран ...

Грција од денеска влегува во фаза на силно невреме предизвикано од циклонот „Ерминио“, при што Националната метеоролошка служба предупреди дека најтешкиот бран се очекува во среда, со поројни дождови, силни грмотевици, засилен ветер и локална појава на град. Невремето веќе е најавено за поголем дел од земјата, а за неколку региони е активиран и црвен метео аларм. Според итниот билтен на EMY, временската состојба е поврзана со двојна ...

На 31 март 2026 година, во 01:50 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишија од слобода М.Д. (34) од Гостивар поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Претходно, околу 01:30 часот, во полициската станица се јавило машко лице пријавувајќи сомневање за убиство на член од своето семејство. Полициските службеници веднаш излегле на терен, и во куќата е пронајден починатиот К.Д. (63) од Гостивар со ...

Во Кривичниот суд во тек е судењето на Стојанче Јовановски кој го поттикнал самоубиствотона сопругата која скокајќи од зграда во смрт ја однесе и нејзината малолетна ќерка. Дел од обвинението во продолжение… На 2 март на повеќе локации во Скопје, при вршење семејно насилство телесно ја поврeдил неговата сопруга. Ја удирал со шлаканици и тупаници, нанесувајќи ѝ телесни повреди, од кои таа во еден момент и изгубила свест. Истиот ден, на ...

Лишен од слобода е 27-годишен жител на Росоман кој утрово со остар предмет ја убил неговата мајка, соопшти полицијата.На 30.03.2026, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода И.Р.(27) од Росоман. Во СВР Велес тој сам пријавил дека утрово околу 07:30 часот во семејниот дом со употреба на остар предмет ѝ нанел убодни рани на неговата 54-годишна мајка, која од здобиените повреди починала. Смрт констатирал лекар од Итна ...

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Убиство предвидено во член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик. На 25 март, осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница од користољубие лишил од живот едно лице. Делото го извршил во куќата на оштетениот во Охрид, со цел да го спречи сега починатиот Климе Митрески да го ...

Еден од најпознатите македонски гитаристи Влатко Стефановски во Сплит ја прими наградата за животно дело „Порин“ која се доделува за исклучителен придонес во музиката. Со признанието организаторите му оддадоа чест за неговата богата кариера, бројните албуми, меѓународни турнеи и соработки што го обликуваа звукот на регионот. Стефановски наградата ја примил во рамки на неговиот концерт „Акустик најт“ (Acoustic Night) во Хрватскиот дом во ...

Во автобус кој е запрен на граничниот премин Табановце е пронајдена муниција. Според информацијата мобилните екипи на Царинскта управа вчера изутрина во автобус на компанијата „Дурмо Турс“ пронашле околу 600 патрони. При претресот се пронајдени околу 600 патрони, калибар на лесно и долго оружје. Неофицијално според информациите пласирани во јавноста, се дознава дека запленетата муниција му припаѓа на еден од возачите што го управувале ...

Советот на јавни обвинители (СЈОРМ) на денешната 40. седница не донесе одлука за избор на нов шеф на скопското Вишо јавно обвинителство, бидејќи ниту еден од петмината пријавени кандидати не го доби потребното мнозинство. На седницата Советот ги разгледа кандидатурите на Фатиме Фетаи, Владимир Милошевски, Артај Ајро и Јасмина Костеска-Здравеска. Не се разгеда кандидатурата на петтиот кандидат Александар Марковски оти веќе беше избран за јавен ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Платина

49319.25