Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Доналд Трамп се повлече од своите закани за преземање на Гренланд откако Велика Британија јасно се заложи за почитување на суверенитетот на данската територија, изјави британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами во интервју за Би-Би-Си. Говорејќи во емисијата „Политичкото размислување на Ник Робинсон“, Лами изјави дека американскиот претседател одговорил на нивните загрижености со тоа што се откажал од заканите за употреба на воена ...
Доналд Трамп го претстави својот Одбор за мир, кој првично требаше да се фокусира на Газа, но тој кажа дека би можел да има поширока улога и да решава конфликти низ светот, пренесува CBS News. „Откако Одборот целосно ќе се формира, ќе можеме да правиме што сакаме. И ќе го правиме тоа во согласност со Обединетите нации“, рече американскиот претседател. Трамп, кој ќе претседава со Одборот, покани десетици светски лидери да се приклучат. Освен ...
Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ. За тв24 изјави дека ги користи сите институционални механизми кои и се на располагање и дека недозволиво е било кое обвинето лице да врши притисок врз јавен обвинител. Претходно таа побара и јавно извинување од премиерот Мицкоски поради навреди и дисквалификации. Советот на јавни обвинители ќе ја разгледува иницијативата. Од Владата, пак, порачаа дека премиерот не ја споменал ...
Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје Владимир Панчевски се пријавил на огласот за јавен обвинител на Република Македонија, што го распиша Собранието. Во пријавата на Панчевски поднесена денеска до Собранието се наведува дека тој ги исполнува сите законски услови за извршување на функцијата државен јавен обвинител. – Во прилог до надлежните органи доставил целосна предлог-документација и докази за исполнување на општите услови ...
Адвокатот Звонко Давидовиќ, бранител на апелациониот судија Ѓоко Ристов, кој е во куќен притвор, изјави дека истрагата за противправно стекнување и прикривање имот е правно проблематична и не може да се примени на судија. Давидовиќ посочи дека одредбата од Кривичниот законик на која се повикува Обвинителството се однесува исклучиво на одговорни или службени лица во јавни установи, јавни претпријатија или органи кои управуваат со државен имот, ...
Анел Фидоски е избран за нов шеф на Основното јавно обвинителство Скопје, одлучи Советот на јавни обвинители на денешната седница. Тој доби поддршка од седум членови на Советот, додека досегашниот раководител Гаврил Бубевски, кој конкурираше за нов мандат, освои пет гласа. Со оваа одлука, Фидоски ќе застане на чело на најголемото обвинителство во државата, институција која постапува по најголем број и најсложени кривични предмети и која е под ...
Бугарскиот претседател Румен Радев објави дека поднесува оставка од функцијата, потег што јавноста во соседната земја го толкува не како повлекување, туку како маневар за влез во извршната власт преку претстојните предвремени парламентарни избори. Во своето последно обраќање како шеф на државата, Радев побара прошка од граѓаните. „Денеска ви се обраќам последен пат како претседател на нашата Бугарија. Најнапред, ве молам за прошка. Ги ...
Заканата со царини од 200 проценти за француското вино и шампањ ја отвори новата дипломатска фронта меѓу Вашингтон и Париз, откако американскиот претседател Доналд Трамп јавно реагираше на најавата дека Франција нема намера да се приклучи на неговиот т.н. „Одбор за мир“. Наместо дипломатски тон, Трамп избра економски притисок, јасно ставајќи до знаење дека одбивањето нема да помине без последици. Говорејќи пред новинарите во понеделникот, ...
Најголемиот херој на Водици Волонтерот од Црвен Крст кој без размислување заплива кон момчето кое беше заглавено на јажето со главата под вода. Неговата брза реакција во студените и надојдени води, тоа што навремено доплива до момчето и клучниот момент што го отплетка од јажето беа вистинско херојство Споделете да се знае кој е херојот и секако да се награди со орден Најголемиот херој на Водици Волонтерот од Црвен Крст кој без размислување ...
Велика Британија, Финска, Франција, Германија, Холандија, Норвешка и Шведска најавија распоредување на помалку војници во Гренланд како одговор на воинствената реторика на претседателот Трамп. Претседателот на САД, Доналд Трамп, предупреди дека САД може да го напуштат НАТО ако американските сојузници не се согласат со преземањето на Гренланд од страна на САД. На прашањето дали би го напуштил НАТО ако не им помогне со Гренланд, Трамп одговори: ...
Ова е Роџер, најновиот член од нашиот тим на ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија. Станува збор за 2,5 годишен „чоколаден“ лабрадор кој го вдомивме неодамна и кој за исклучително кратко време се прилагоди на персоналот и на пациентите – нашиот четириножен „колега“ е обожаван едноставно од сите! Причините за вдомувањето на Роџер, според директорката на клиниката, проф. д-р Славица Арсова е имплементацијата на Animal Assisted Activities ...
Поради страшна сообраќајна несреќа, штаерскиот автопат во Словенија е затворен во двата правци помеѓу раскрсниците Словенске Коњице и Словенска Бистрица Југ, објави Вечер. Според неофицијалните информации што ги пренесе Радио Рогла, во несреќата експлодирала цистерна, а детонацијата наводно се слушнала во поголемиот дел од Словенска Бистрица. Според првичните информации, во несреќата учествувале и неколку возила. На возачите на патнички ...
Зборот е збор – депонијата Вардариште заминува во историјата!, објави на својата Фејсбук страница градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски. Започна површинското чистење на повеќедецениската депонија Вардариште. Следува процесот на одгасување а потоа – изградба на еден од најголемите паркови на површина од 300.000 метри квадратни, по сите стандарди. Новите бели дробови на градот!, пишува Ѓорѓиевски во својата објава. Зборот е збор – ...
Утрово на Попова Шапка е најстудено, – 8 степени и има најмногу снег, 31 сантиметар. До 08:30 часот се измерени и -5 степени во Kрушево и Mаврови Анови, -2 во Куманово, -1 во Крива Паланка, Берово и Виница, 0 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Охрид, Претор, Штип, Битола, Прилеп и Струмица, 1 во Кавадарци и Велес, како и 2 степена во Гевгелија и во Демир Капија. Како што информира УХМР, изминатите 24 часа, до 7 часот утрово ...
Вчера (10.01.) во 23:30 часот, во СВР Тетово било пријавено дека двајца вработени во мобилниот оператор А1, кои се наоѓале над село Лазарополе, во близина на базната станица на операторот, биле заглавени во снег. Со лицата не можело да се воспостави контакт поради отсуство на мобилна мрежа. Веднаш по пријавата, случајот бил проследен до ПО Ростуше, по што биле ангажирани припадници на Оддел за специјални полициски операции и Одделот за ...
Две лица од Скопје се пронајдени починати во викендица во гостиварско село доцна синоќа, а причината за нивната смрт ќе ја утврди обдукцијата. Според пријавата, на 08.01.2026 околу 23:45 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во викенд куќа во село Горна Ѓоновица, гостиварско, се пронајдени починати Т.Ј. (30) и И.Н. (30), двајцата од Скопје. Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а телата, по наредба на јавен обвинител, се дадени на ...
Реката Драгоr која поминува низ Битола и најубавиот централниот дел синоќа од поројните дождови беше невообичаено надојдена. КАМЕНИЧКА РЕКА Е ПРЕД ИЗЛЕВАЊЕ ОД МИНОР КОРИТОТО – НА ОДРЕДЕНИ ДЕЛОВИ ПОД ВОДА СЕ ЗЕЛЕНИТЕ ПОВРШИНИ ОД МАЈОР КОРИТОТО НА ГРАДСКИОТ КЕЈ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА РЕСЕН – АЛАРМАНТНА СОСТОЈБА ИЗЛЕАНА РЕКА ЗАТВОРЕН ПАТ – видео CENTAR.MK Обилните дождови предизвикаа излевања на дел од реките, поплави на станбени објекти, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека привремената влада на Венецуела ќе испорача помеѓу 30 и 50 милиони барели висококвалитетна нафта во САД по пазарни цени. Објавата дојде откако официјални лица во Каракас изјавија дека најмалку 24 венецуелски безбедносни сили биле убиени во ноќта на американската инвазија на Венецуела, кога претседателот Николас Мадуро бил киднапиран и однесен во Њујорк за да се соочи со судење за ...
Христијанските верници денеска го одбележуваат големиот празник Божик, денот на раѓањето на Исус Христос, кој се смета за симбол на мирот, љубовта и надежта. Празникот се прославува во семејна атмосфера, со почитување на вековните христијански обичаи и традиции. По завршувањето на бадниковиот пост, утрово во храмовите ширум земјата се одржуваат божиќни литургии, на кои верниците упатуваат молитви за здравје, благосостојба и мир. Во домовите, ...
† СТЕФАН, ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД, ПО ПОВОД БОЖИКНИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА Ви благовестам голема радост, која ќе биде за сите луѓе; зашто денес во Давидовиот град ви се роди Спасител, Кој е Христос Господ[1]. Возљубени празникољупци, Еве, повторно стоиме пред тајната на ...
Полицијата привела 40-годишна жена по сообраќајна несреќа што се случила во скопското село Волково, во која животот го загубил еден пешак. Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), несреќата се случила на 03.01.2026 година околу 20:55 часот на улицата „100“. Четириесетгодишната М.С. од Скопје, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, удрила во пешакот Г.И. (60), исто така жител на селото ...
На глобалните валутни пазари минатата недела се тргуваше мирно, при што вредноста на доларот порасна во однос на кошничка валути по остриот пад минатата година. Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американскиот долар во однос на шест главни валути, порасна за 0,4 проценти на 98,43 поени минатата недела. Доларот, исто така, зајакна во однос на европската валута за 0,4 проценти, при што еврото се лизна на 1,1720 долари. Американската ...
Заробениот венецуелски претседател Николас Мадуро, откако со авион беше пренесен во Њујорк, светските медиуми објавуваат дека тој веќе е задржан во притворниот центар во Бруклин. Според официјални лица на кои се повикуваат медиумите, се очекува тој првично утре да се појави пред федералниот суд на Менхетен. Би-би-си пренесува дека Мадуро прво пристигнал во воена база во САД од каде со хеликоптер е однесен во канцелариите на американската ...
Џесика Морети, сопственичка на барот „Ле Констелејшн“ во скичајкиот скијачки центар Кран-Монтана во Швајцарија, била во објектот за време на пожарот кој се запали на новогодишната ноќ, преживеала, и со изгореници е пренесена во болница. Таа заедно со нејзиниот сопруг Жак се сопственици на објектот, и се по потекло од Корзика. Брачната двојка го презела барот во 2015 година, а покрај тој објект, управуваат и со ресторанот „Le Vieux Chalet“ во ...
Пронајдени и одземени 10 килограми кокаин во возило, лишен од слобода возачот На 31.12.2025 година околу 14:30 часот во с. Горно Количани, скопско од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје било сопрено патничко возило „бмв х5“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.Е.(26) од Скопје. Поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик возило е ...
Швајцарската полиција соопшти дека „неколку десетици“ луѓе се загинати по катастрофалниот пожар што ноќеска изби во бар во познатиот ски-центар Кран-Монтана. Според првичните официјални информации, во трагедијата се повредени повеќе од 100 лица. Пожарот започнал околу 01:30 часот по полноќ во популарниот бар „Ле Констелејшн“ во моменти кога таму се одржувала новогодишна прослава со голем број посетители. Иако полицијата првично соопшти дека ...
Дете повредени во глава со куршум во 3 утрината било донесено во болница се уште се истражува како на новогодишната ноќ се случил настанот. Втор пациент е најден паднат од висина со повреди на рбетниот столб и е на операција. Двајцата пациенти се во животнозагрозувачка состоба. Во Скопје не се регистрирани сообаќајки. Деталите од надлежните од болница во видеото: Дете повредени во глава со куршум во 3 утрината било донесено во болница се ...
Точно на полноќ, кога новата година ги отвори своите врати, Скопје ја пречека најубавата вест – се роди Евгенија Камчева, првото бебе во нашиот град. Нов живот, нова надеж и силен симбол за почеток исполнет со радост и вера во иднината. Нека расте жива и здрава, среќна со своите родители, со успеси што ќе ја водат напред и со живот исполнет со љубов, достоинство и можности. Нека расте во здраво и среќно општество, во град што ќе ѝ овозможи ...
Под влијание на почеток на циклонска активност со центар западно и северозападно од нас, односно некаде над Џенова но и на ладна воздушна маса која ни е присутна од север во петок (2 Јануари) особено во западните предели ќе имаме врнежи од дожд и од снег на пониските места (градовите) додека на повисоките населени места и на планините ќе има врнежи само од снег и таму ќе се формира снежна покривка од над 15 сантиметри. Повремено врнежи од ...
ЈСП информира дека во среда (31.12.2025 год) ќе се работи по редовен зимен возен ред. „Во четврток (1.01.2026 год) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, при што на 1 јануари, првите вклучувања на возилата на ЈСП СКОПЈЕ и приватните превозници ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред. Од петок (2.01.2026 год) јавниот превоз ќе сообраќа по редуциран делничен зимен ред, кој ќе важи до крајот на ...