Франција е победник на 23 издание на „Јуниор Евросонг“, а Македонија со изведбата на Нела Манческа заврши на седмото место. Нела со песната „Чудо“ (Miracle) го освои петото место од жирито, а во конечниот пласман каде беа и гласовите од публиката го зазема седмото место со вкупно 141 глас. Победникот Франција со песната „Овој свет“ (Ce Monde) освои 152 гласа од жирито и 96 од публиката. На второ место беше Украина со вкупни 177 гласа, а ...

Утрово од 06.30 часот на патниот правец Р1301 Охрид – Св. Наум, на потегот од с. Трпејца – Св. Наум, сообраќајот се одвива по една коловозна лента поради одрон. На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата се до расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските ...

Уапсен е поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, потврдуваат извори од истрагата за „360 степени“. Случајот го води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а МВР потврдува за апсење на лице со иницијали Ф.С. Фехми Стафа ја извршуваше функцијата државен првобранител од август во 2018 година до 23 август 2022 година кога беше разрешен. Државниот правобранител го назначува Владата, а институцијата со ...

Црна Гора повторно доби ладен туш од Париз во момент кога во Подгорица се броеја денови до новиот „европски исчекор“. Наместо симболичен пакет од пет затворени поглавја и силен политички сигнал дека е најнапредна земја од регионот на пат кон ЕУ, Франција ненадејно го сопре затворањето на две клучни области – земјоделството и рибарството – и испрати порака дека пристапниот маратон ќе продолжи по потешка патека. Според дипломатски извори од ...

Поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Катица Јанева, која беше осудена во случајот „Рекет“ за злоупотреба на службената положба и овластување на седумгодишна затворска казна, на почетокот на неделата добила условен отпуст и го напуштила затворот „Идризово“, пренесе Сдк.мк. Директорот на КПУ „Идризово“, Зоран Јовановски ја потврдил информацијата и изјави оти таа треба редовно да се јавува во Основниот кривичен суд во ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во текот на ноќта изврши увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде беше пронајдено тело на засега неидентификувано починато лице закопано во дупка. Поради сомненија дека станува збор за жена која била претходно пријавена за исчезната со индиции дека била противправно лишена од слобода, јавниот обвинител нареди обдукција и идентификација на починатото лице и прибирање траги од ...

Системот за автоматско снимање и санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ ќе почне со работа на 1 февруари 2026 година потврдиле од Министерството за внатрешни работи за порталот „360 степени“. Тестирањето на мрежата од камери и системот за препознавање на регистарски таблички веќе е во тек во Скопје, Тетово и Куманово, како и долж коридорите 8 и 10. Првично беше најавено дека казните ќе стартуваат на 1 јануари, но по периодот ...

Министерство за внатрешни работи соопшти дека е уапсено лицето кое синоќа насилно упадна во студиото на „Инфомакс“, веднаш откако била добиената пријава. МВР соопшти дека Александар Митовски, водител на емисија на порталот Инфомакс, во СВР Скопје пријавил дека во редакцијата на порталот, лоцирана на ул. „Востаничка“ во Скопје, машко лице влегло во редакцијата, додека траела програмата во живо, оштетило две врати и го попречувало емитувањето ...

Добро е кога на крајот од тунелот ќе се појави светло. Рано изутринава го пробивме претпоследниот од вкупно 15 тунели на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка. Ова е вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија. Градбата на оваа траса изобилува со предизвици, а еден од поголемите се пробивањето и градбата на тунелите. Прогресот на градбата на целиот проект не е на посакуваното ниво, но би го пофалил изведувачот за нивниот ...

Проблемите со корупцијата на највисоко ниво произлегуваат пред сè од состојбите во правосудниот систем, изјави денеска вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, одговарајќи на новинарски прашања за време на Регионалниот форум „Од политика до импакт: Унапредување на интегритетот и институционалните реформи во Западен Балкан“. Тој нагласи дека токму затоа е покрената иницијативата за разрешување на јавниот обвинител. „Мислам дека целиот ...

Поранешниот прв вицепремиер и актуелен градоначалник на Чаир, Изет Меџити, кој е дел од раководството на коалицијата ВЛЕН, изјави дека генерално го поддржува протестот што в сабота во Скопје го најави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во знак на поддршка на поранешните команданти на ОВК кои се соочуваат со судски процес во Хаг. Коментарите ги даде во интервју за косовскиот медиум „Вокс Косова“, нагласувајќи дека протестот е демократско право, а ...

Адвокатката на поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Аднан Џаферовски, Сузана Јошевска-Анастасовска, денеска на судењето за кочанската дискотека „Пулс“ кажа дека обвинението против нејзиниот клиент е правно погрешно и без фактичка поврзаност со трагичниот пожар во кој загинаа 63 лица и над 200 беа повредени. Во воведните зборови, таа рече дека постапката се темели на „попис претворен во обвинителен акт“ и дека ...

На 09.12.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против О.С. (49) од Куманово, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353 ст.4 во врска со ст.1 од КЗ. О.С. додека ја извршувал функцијата министер за внатрешни работи, односно во текот на 2021 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување ...

Прво, ова прашање се интензивира деновиве, иначе мислам дека за него чувме уште во времето на склучувањето на стратешкиот договор. Јас, колку што сум информирана од британскиот амбасадор, ама и од Владата, тоа не е точно. Мојот став ќе го кажам. Ако се работи за лица кои се опасност за Британија, тие се подеднакво опасни и за нас и јас сум против нивен прием, изјави денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одговарајќи на новинарско ...

Граѓаните и компаниите по основ на даноци и такси должат кон Град Скопје над 36 милиони евра, информира денеска градската администрација. Оттаму ги повикуваат сите даночни и такси обврзници кои немаат платено данок на имот, данок на промет, данок на наследство и подарок и комунална такса-фирмарина, да ги подмират обврските во најкраток временски рок. Увид во долгот и електронска уплата може да се изврши преку електронската платформа на Град ...

Марија Петрушова, мајка на една од жртвите од трагедијата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, денеска се обрати на седницата на Анкетната комисија во Собранието, токму за пожарот на кобниот 16-ти март. Порача дека борбата за вистинска правда е борба за сите иднината на сите деца во државата и за сите идни генерации. Петрушова пред пратениците и функционерите истакна дека животите во „Пулс“ трагично згаснаа поради неспособноста, неодговорноста и ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изрази загриженост за потенцијален антимонополски проблем во врска со планираното преземање на „Ворнер брос дискавери“ (Warner Bros. Discovery Inc.) од страна на „Нетфликс“ (Netflix Inc.) за 72 милијарди долари. Тој истакна дека пазарниот удел на комбинираниот ентитет може да претставува проблем. Коментарите на Трамп, дадени кога пристигна во центарот Кенеди на настан во неделата, може да предизвикаат ...

На граничните премини утрово се бележат подолги чекања. На преминот „Дојран“ времето на чекање изнесува околу 30 минути, додека на „Табановце“ за излез од државата се чека околу 40 минути. На останатите гранични премини нема значителни задржувања. Сообраќајот по државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Магла со намалена видливост е присутна на планинските превои Ѓавато и Пресека. Од „Македонија пат“ предупредуваат на можни ...

Странските директни инвестиции во Северна Македонија бележат значителен пад оваа година, покажуваат најновите официјални податоци. Во првите девет месеци од годината остварени се околу 210 милиони евра инвестиции, што е повеќекратно помалку во споредба со истиот период лани, кога износот надмина 800 милиони евра. Економските аналитичари предупредуваат дека ваквиот тренд е загрижувачки, особено по рекордната 2024 година, кога странските ...

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски на својот Фејсбук профил објави дека се отстранува првиот билборд од Железничката станица Скопје. „Во насока на ослободување на просторот и оригиналниот изглед на железничката станица, започнавме со отстранување на сите билборди, светлосни реклами и останати информативни реклами кои години и декади наназад го нарушуваат автентичниот изглед на станицата. Ова ќе биде фазен процес кој ќе заврши ...

Во Кавадарци денеска се одржува 18. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, на кој се очекува реизбор на Христијан Мицкоски за претседател, единствен кандидат за функцијата. Настанот, под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“, ќе собере околу 2.600 учесници, меѓу кои околу 850 делегати. На Конгресот треба да биде усвоена „Стратегија Македонија 2030“, документ што ја дефинира долгорочната визија на партијата за државата – стабилни ...

Поплави и свлечишта се пријавени на повеќе локации, додека состојбата се влошува од час во час. Бурата Бајрон предизвика обилни врнежи и сериозни нарушувања низ поголемиот дел од Грција, а регионот Атика и уште девет области се под официјално предупредување за екстремни временски услови. На Закинтос, водата ги поплави патиштата и земјоделските површини. Прекинат е сообраќајот на рутата Закинтос – Аликес, а свлечишта се регистрирани во селото ...

Ја злоупотребиле службената положба и се сомничат за проневера од околу 7 милиони евра. Поднесена е кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, и уште пет лица вклучени во постапката за набавка на 10 електрични автобуси во вредност од околу 430 милиони денари. Костадинов, во својство на градоначалник, ги пречекорил правилата на постапката за јавна набавка за потребите на ЈСП „Струмица-Транспорт“ и се ...

Во тест-периодот на новиот систем за видео-надзор „Безбеден град“ е регистриран досега најекстремниот прекршок: возач што со автомобил се движел со неверојатни 231 километар на час на скопската обиколница. Случајот се случил на 1 декември, а информацијата официјално ја потврдија началничката на Секторот за сообраќајни работи при МВР Маја Арсовска-Манов и државниот советник во кабинетот на министерот, Владимир Велковски. „Имаме возачи кои ...

Транспарентот на кој над фотографиите на загинатите стои натпис „16.03.2025 – 63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда”, родителите го поставија на дел од металната безбедносна ограда поставена околу судницата во Идризово. Полицијата која го обезбедува просторот околу судницата првично рече дека не смеат да го постават транспарентот, но по консулатациите дозволија тој да биде од надворешната страна на оградата Родителите и блиските на ...

Како што пренесува The Sofia Globe, ова е четврти пат бугарскиот парламент да одбие вакво барање, по гласањата во јули 2023, септември 2024 и 3 септември 2025 година. Гласањето дојде во момент кога веќе се во тек завршните подготовки за воведувањето на еврото, коешто европските институции го одобрија во јули. Според исходот, од 219 присутни пратеници, 135 гласаа „против“, 81 „за“, а тројца беа воздржани. Против референдумот гласаа пратениците ...

Во спортскиот центар „Идризово“ во скопската општина Гази Баба засадени се 150 садници донирани од Пивара Скопје. Акцијата беше реализирана во партнерство со Општина Гази Баба, а волонтери од Пивара Скопје активно учествуваа во садењето, покажувајќи дека заедничкото делување носи вистински промени. „Со оваа иницијатива демонстриравме што значи вистинска посветеност. Како татко на две деца верувам дека не е доволно само да зборуваме за подобри ...

Следејќи ја определбата за унапредување на фармацевтската наука и професија, „Реплек“, во годината во која го одбележува својот 80-годишен јубилеј, донираше 1.000.000 денари за обнова на Фармакоинформативниот центар на Фармацевтскиот факултет при УКИМ во Скопје. Средствата ќе бидат наменети за реконструкција и модернизација на компјутерската училница на факултетот во којa е сместен и Националниот фармакоинформативен центар, со што „Реплек“ ја ...

Доколку се упатувате кон Грција, внимателно испланирајте го вашето патување поради затворањето на големиот граничен премин Евзони и други важни патишта. Сообраќајот на овој премин е целосно запрен за сите возила што се упатуваат кон таа земја. Граничниот премин Евзони е затворен поради штрајкот на земјоделците, а кратко не беше во функција и граничниот премин Дојран, пренесе Никана. Исто така затворен е и сообраќајот на патот кон Солун, па ...

Поранешната шефица на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, e еднa од трите лица уапсени од белгиската полиција денеска, во обемна истрага за измама за финансирање на Академијата во Бриж за млади дипломати, изјавиле за „Еурактив“ и нивниот партнер „Де Стандард“ две лица запознаени со истрагата. Како што пренесува „Еурактив“, Белгиската полиција извршила рации во дипломатската служба на ЕУ, Колеџот на Европа, и во приватни домови како дел од ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
6.69
50%
1021
weather icon

Белград

-3ᴼ / -5ᴼ
5.66
74%
1023
weather icon

Загреб

-6ᴼ / -6ᴼ
3.09
79%
1025
weather icon

Софија

-6ᴼ / -6ᴼ
5.66
73%
1022
weather icon

Сараево

-3ᴼ / -3ᴼ
9.11
74%
1018
weather icon

Љубљана

-7ᴼ / -8ᴼ
1.03
88%
1026
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
3.58
70%
1009
weather icon

Тирана

1ᴼ / 1ᴼ
5.66
55%
1014
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
8.75
32%
1019
weather icon

Букурешт

-4ᴼ / -7ᴼ
1.54
88%
1016
weather icon

Будимпешта

-2ᴼ / -3ᴼ
10.8
65%
1020
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 3ᴼ
8.23
93%
1011
Currency

61.5417

Currency

52.8946

Currency

70.9088

Currency

35.4077

Currency

38.0004

Currency

65.9687

Currency

7.5809

Currency

0.66715

Currency

0.33501

Currency

0.5244

Currency

1.2315

Currency

0.58613

Платина

72292.89

Кобалт

59.52

Рутениум

44946.74

Иридиум

169549.30

Алуминиум

3.14

Цинк

3.10

Злато

144981.23

Родиум

310254.70

Калај

44.73

Бакар

11.84

Сребро

2569.43

Паладиум

57935.65