Цената на суровата нафта од типот „Брент“ забележа драстичен скок, достигнувајќи го највисокото ниво во последните четири години. Овој пазарен потрес следува по извештаите дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе биде брифиран за нови воени опции во однос на Иран. Глобалниот репер за нафта скокна за 7,1 процент, достигнувајќи 126 долари за барел, додека американската лесна нафта (WTI) ја надмина границата од 110 долари, објави 4news.mk ...

Македонија падна за три места на глобалниот Индекс за слобода на медиумите што денеска го објави меѓународната организација „Репортери без граници“ со седиште во Париз. Имено, откако лани се најде на 42. место, земјава во најновото оценување е рангирана како 45. И се наоѓа во друштвото на земји во кои состојбата со слободата на медиумите се оценува како „проблематична“. Како што може да се види од извештајот, Македонија бележи пад во сите пет ...

Во судницата беа презентирани едни од најтешките материјални докази во процесот – над 60 писмени извештаи од извршените обдукции на настраданите. Деталите од наодите на судска медицина откриваат морничава слика за последните моменти на жртвите, од кои голем дел биле на возраст од 16 до 25 години. Извештаите недвосмислено потврдуваат дека смртта кај сите настапила насилно. Смртоносниот чад: Над 50 лица починале од јаглерод моноксид Читањето на ...

Напаѓачот кој во неделата се обиде да влезе на вечерата на дописниците од Белата куќа е обвинет за обид за атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти Министерството за правда на Соединетите Американски Држави. Осомничениот, 31-годишниот Кол Томас Ален од Калифорнија, се соочува и со две федерални обвиненија – употреба на огнено оружје при извршување насилно кривично дело и транспорт на оружје и муниција преку државни граници ...

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека американската администрација има индикации дека врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е жив, но дека постојат многу отворени прашања во врска со неговата вистинска улога на власт во Иран. Во интервју за „Фокс њуз“, Рубио рече дека клучните прашања се поврзани со тоа дали Хамнеи навистина има политички авторитет и донесува одлуки во земјата, сенаведува во соопштенијата на ...

Семејното насилство е проблем што со години бил јасно видлив и во институционалната пракса, но и во статистиката и предолго се третирал фрагментирано со задоцнета реакција и без суштинска координација меѓу институциите, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната надзорна расправа организирана од собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите. Тема на надзорната расправа беше „Спроведување на законите, ...

Јане Ченто, еден од обвинетите за случајот „27 Април“ денеска информираше дека е поднесена кривична пријава против поранешен јавен обвинител со иницијали В.Р., поради сомнежи за попречување на правдата и злоупотреба на службената положба и овластување. Ченто информира дека до Јавното обвинителство се доставени документи, заверени изјави и вештачења кои, според него, отвораат сериозни сомнежи за попречување на правдата, притисоци врз сведоци и ...

Европа се соочува со редок и опасен метеоролошки пресврт. Силен „Омега блок“ над Северниот Атлантик и Гренланд насочува арктичка воздушна маса директно кон исток и југоисток од континентот, што ќе предизвика нагло опаѓање на температурите, пишува „Severe Weather Europe“. Оваа доцнопролетна студена инвазија доаѓа по невообичаено топлиот почеток на април, кога температурите достигнуваа и до 25 °C, што ја забрза вегетацијата и ги направи ...

Светските лидери остро го осудија инцидентот што се случи во Вашингтон, кога вооружен маж отвори оган на контролен пункт во хотелот Вашингтон Хилтон, каде се одржувала свечената вечера на Здружението на дописниците од Белата куќа, на која присуствувал и американскиот претседател Доналд Трамп. Лидерите го оценија настанот како чин на „политичко насилство“, при што повеќемина изразија олеснување што претседателот, првата дама и сите гости се ...

Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи – Гостивар приведоа 29-годишен маж со иницијали Т.Б. од гостиварското село Здуње, под сомнение за тешко кривично дело кое вклучува сексуално насилство и уцена на малолетно лице. Како што информираат од Секторот за внатрешни работи – Тетово, случајот бил пријавен вчера од страна на 42-годишен жител на Гостивар. Тој во полициската станица пријавил дека пред неколку ...

Министерството за внатрешни работи и Јавното Обвинителство и официјално потврдија дека е уапсен поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Мети Сејдини. – Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција во координација со ОЈО Скопје го лишија од слобода М.С. поради сомнение за сторени кривични дела – проневера и злоупотреба, соопшти МВР. Јавното ...

Во наредните две недели, Македонија ќе се соочи со изразено променливо време, со нагли температурни осцилации и нестабилни временски услови токму во периодот на претстојните празници. Почетокот на периодот носи стабилно и сончево време, објави 4news.mk Од петок (24 април) температурите ќе бидат во пораст, а врвот ќе го достигнат во недела (26 април), кога се очекуваат околу 25 степени. Викендот ќе биде погоден за активности на отворено, со ...

Укинувањето на техничката Влада е автократки манир и нема да го прифатиме, таа не треба и не може да се укине, бидејќи е единствен гарант за спроведување на фер и демократски избори, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција во Собранието. Филипче посочи дека во состојба кога власта има целосна контрола врз судството, кога не се знае како се користат податоците од системот Сејф Сити, не семее да се случи ...

Поранешниот прв вицепремиер и министер Артан Груби останува во куќен притвор, кој му е продолжен за нови 30 дена, информираа денеска од Основниот кривичен суд Скопје. Мерката куќен притвор, со 24 часовен надзор од страна на МВР, на Груби му е продолжен на предлог на Основното јавно обвинителство Скопје. Куќниот притвор на ексвицепремиерот и висок функционер на ДУИ му беше одреден на 23 февруари, односно истиот ден кога тој се врати во земјава ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека во моментов нема добиено официјална нотификација преку Системот за брзо известување за небезбедни производи на Европската унија (RASSF) дека на македонскиот пазар е дистрибуиран небезбеден производ од брендот HiPP. Станува збор за храна за бебиња во стаклена тегличка од 190 грама, со вкус на морков и компир, која е предмет на повлекување и истрага во Австрија и неколку европски земји. ...

Во судницата во затворот „Идризово“ денеска продолжи судењето за пожарот во кочанското т.н кабаре „Пулс“. Рочиштето продолжи со искази на сведоци на Обвинителството. Студентката Теа од Штип рече дека пиротехничките средства во „Пулс“ биле поставени откако таа пристигнала во објектот, по еден часот по полноќ. На влезот, како што наведе, имало двајца обезбедувачи, а нивната маса била поставена пред бендот, во непосредна близина на сцената. Во ...

СДСМ вчера го одбележа 35-от роденден со свечена седница на Централниот одбор, на која присуствуваа актуелни и поранешни партиски функционери. На пет минути пред завршница на свеченоста, откако веќе завршија сите говори и музичкиот дел од програмата, пристигна Зоран Заев и тоа беше прво јавно појавување на поранешниот премиер по подолг период. Беше пречекан со аплауз од присутните, а дел од присутните го прегрнуваа и се фотографираа со него. ...

Апелациониот суд одлучи да не го прифати барањето на осудените за случајот 27 април, кои бараа повторување на постапката. „Жалбата е неоснована. Судиот го ценеше жабениот наод за сторена суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка од член 415 ст.1 т.11 од ЗКП, меѓутоа истиот не го прифати како основан, со оглед да образложеното решение не содржи такви недостатоци поради кои што не би можело да биде испитано во однос на неговата ...

„Ај честито и злато си, частам ручек“. Ова е само дел од писмената комуникација што денеска беше презентирана во судницата на рочиштето против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, која се товари за одавање службена тајна и компјутерски фалсификат. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција пред судот ги читаше пораките кои Димитровска си ги разменувала со ...

Вчера во Скопје, на подрачје на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.В. (50) од Скопје. При извршен претрес во неговиот дом, по претходно добиена судска наредба, пронајдени и одземени се 41 саксии со насади од канабис, прашкаста материја, марихуана, капсули, рефлектори, канти за одгледување на растенијата итн. По документирање на случајот, против В.В. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Вчера ...

Гласовите на македонските Бугари на бугарските парламентарни избори што се одржаа во неделата покажуваат јасна распределба, со убедливо водство на „Прогресивна Бугарија“, која освои најголем дел од поддршката меѓу гласачите надвор од матичната држава, објави бугарската Централна избирачка комисија. Вкупно се регистрирани 436 важечки гласови. Според објавените податоци, „Прогресивна Бугарија“ добила 160 гласови, што ја става далеку пред ...

Во т.н. кабаре „Пулс“ вечерта на 16 март имаше многу гости меѓу кои и малолетници, сведочеше на денешното рочиште сведокот Ана Захариева, која на критичниот настан била гостин во објектот. Таа рече дека во „Пулс“ одела од 17-18 години речиси секој викенд, а за вечерта на 16 март кажа дека стигнала околу полноќ, кога купила билет и му го дала на обезбедувањето кое ставило печат. „Вечерта стигнав околу 12 часот и си купив билет. Го дадов на ...

Изборен ден во Бугарија – се гласа по осми пат на парламентарни избори во последните пет години. Гласачките места се отворени од 7 часот и според првичните информации од Централната изборна комисија, гласањето тече мирно, додека на неколку места се регистрирани технички проблеми околу гласачките уреди. Во изборната трка учествуваат вкупно 24 политички партии и коалиции. Вкупно 4.786 кандидати се натпреваруваат за 240 пратенички места. Од нив, ...

Дојави за поставени експлозивни направи во трговските центри „Ист гејт“ и „Дајмонд“ во Скопје пристигнале денеска на електронската адреса на Министерството за внатрешни работи, по што веднаш се преземени безбедносни мерки и започнати проверки на терен. Од МВР информираат дека полициски екипи се на лице место и вршат детални контроли во објектите. Дојави за поставени експлозивни направи во трговските центри „Ист гејт“ и „Дајмонд“ во Скопје ...

Освен повредите што ги имала од падот од зградата во Тафталиџе, Ивана Јовановска имала и крвни подливи на брадата и вратот од тап и тврд предмет настанати десет дена пред настапувањето на смртта, како и такви настанати истиот ден кога настапила нејзината смрт или еден ден претходно, сведочеше во судница експертот по судска медицина, вештакот Златко Јаќовски. Кај покојната Ивана Јовановска, според него, не се констатирани ниту алкохол ниту ...

Обвинителството поднесе обвинение против разрешениот судија Ѓоко Ристов откако, како што тврди, обезбедило цврсти докази дека тој давал лажни податоци за тоа колку е богат и не го пријавил својот имот и имотот на неговото семејство, кој бил многу поголем од она што Ристов можел да го заработи од судиската плата. Иако поранешниот државен правобранител Фехми Стафа беше фатен на дело како зема поткуп за да му го даде на Ристов и да издејствува ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека секој има право да се обраќа и да испраќа писма до меѓународните институции, но додава и дека неговите чувства дека функционери од поранешната влада на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) ќе станат предмет на прогон се сè посилни. Ова тој го рече коментирајќи го испраќањето официјални писма од страна на лидерот на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Венко Филипче, до институциите на Европска Унија – ...

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани не сведочеше ниту еден од петмината сведоци. Двајца од сведоците што ги имаше предложено Обвинителството не можеле да сведочат поради траумите од кобната вечер, со двајца Обвинителството не успеало да исконтактира, а еден бил на студии во Бугарија. На предлог на Обвинителството прифатено е за двете девојки кои не можеле со сведочење да ја поминуваат повторно кобната ноќ, ...

Новиот закон за високо образование кој изминатиот период предизвика голем број критики и полемики дали со него се урива автономноста на универзитетите е пред финална фаза. Ова законско решение се најде и на координативниот состанок во Владата на кое премиерот Христијан Мицкоски рече дека со него се создава можност младите да ја гледаат својата иднина, да студираат тука а потоа да останат во државава и да го градат својот професионален и ...

Поради тоа што ризиците од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати и натаму се присутни, Собранието на денешната (16.04) пленарна седница донесе одлука за продолжување на кризната состојба на територијата на Република Северна Македонија. Оваа одлука, која претходно беше поддржана и од Комисијата за одбрана и безбедност, предвидува продолжување на кризната состојба до 20 јули 2026 година. Нејзината примена ќе започне на 21 април ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
64%
1014
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
6.17
30%
1018
weather icon

Загреб

27ᴼ / 25ᴼ
2.57
35%
1020
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
5.14
38%
1015
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
6.88
35%
1013
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 25ᴼ
3.6
50%
1019
weather icon

Атина

30ᴼ / 26ᴼ
4.47
43%
1012
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
6.69
42%
1013
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
3.09
40%
1014
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
5.66
58%
1014
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 22ᴼ
6.69
23%
1019
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
3.6
61%
1010
Currency

61.64

Currency

53.0679

Currency

71.1367

Currency

37.7604

Currency

38.2663

Currency

67.1965

Currency

7.82765

Currency

0.7471

Currency

0.33307

Currency

0.52499

Currency

1.1569

Currency

0.5525

Алуминиум

3.67

Злато

142075.42

Иридиум

253540.09

Паладиум

43950.07

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39

Калај

54.15

Родиум

295786.87

Бакар

12.83

Сребро

2384.89

Платина

61600.83

Цинк

0.00