Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски денеска изјави дека им наредил на украинските разузнавачки служби и на украинската војска „да преземат превентивни мерки против објекти што Русија ги користи за проширување на своите воени напори“. -Се бориме за нашата земја, за нашиот народ, рече Зеленски на Телеграм. Украинскиот претседател додаде дека руските власти ја преместуваат својата противвоздушна одбрана околу Москва во Новгородската ...
Ценам дека со ова законско решение, зад кое стојам целосно, се обезбедува рамка во која ќе имаме правична застапеност. Законот ги доби сите позитивни препораки од Венцијанската комисија и не е доведена во прашање уставноста, изјави премиерот Христијан Мицкоски во Отворено студио на МРТ1 по повод две години Влада. Има рок кога треба да се изработат подзаконски акти во кои ќе се дефинира механизмот на правична застапеност, има тело што тоа ќе ...
Мојот став е дека систематски владеењето на правото е проблем во перцепцијата на граѓаните, затоа што во суштина и немаме владеење на правото, туку имаме мешетарење во правото, за жал, вели Христијан Мицкоски претседателот на Владата во интервју на Македонската телевизија по повод две години од мандатот на влада. Премиерот Мицкоски нагласи дека не е задоволен од правосудството, посочувајќи дека очекува расветлување на сите афери за што рече ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија порача дека владата останува целосно посветена на европската интеграција, но дека процесот на проширување мора да биде кредибилен, предвидлив и заснован на објективни критериуми, а не на билатерални условувања. Осврнувајќи се на процесот на пристапување кон Европската Унија, Муцунски истакна дека ...
Светските лидери одговорија со пораки за солидарност и понуди за помош по денешните два големи земјотреси во Венецуела во кои загинаа најмалку 164 лица, беа повредени повеќе од 1.000, а многумина останаа заробени под урнатините. Земјотресите со јачина од 7,2 и 7,5 степени предизвикаа голема штета низ Венецуела. Ова се едни од најсилните земјотреси што ја погодија земјата за повеќе од еден век и беа почувствувани низ целиот регион. ...
Во вторник следната недела ќе биде одржан Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ по кој ќе се знаат персоналните решенија и промена на ресорите во рамки на планираната реконструкција, најави премиерот Христијан Мицкоски. Реконструкцијата, вели тој не се прави само поради резултати кои се постигнати досега, туку и заради промена на приоритетите. Се уште, вели тој, не се знае дали реконструкцијата ќе биде во рамки на промена на една третина од составот ...
Секоја реконструкција не е реконструкција поради резултати, дали тие резултати биле добри или недоволно добри, или воопшто немало резултати, изјави вечерва премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски во „Отвореното студио“ на МРТВ. -Понекогаш рекунстукцијата се прави затоа што се менуваат приоритетите. Можеби тие приоритети пред две години имале една форма, после две години имаат друга форма и логично е да владините коалициони ...
Јапонската фудбалска легенда Казу Миура ќе го прослави својот 60. роденден како професионален фудбалер откако го продолжи договорот со третолигашот Фукушима Јунајтед до јуни 2027 година. За Миура ова ќе биде 42. професионална сезона во кариерата. „Одлучив да ја продолжам мојата авантура во Фукушима Јунајтед. Ќе продолжам да горам од страст да давам сè од себе на секојдневните тренинзи за да му помогнам на клубот да се бори за пласман во ...
Се стравува дека илјадници Венецуелци загинале денеска во двата силни земјотреси што го погодија главниот град Каракас и околните области, заробувајќи луѓе под урнатините на зградите и предизвикувајќи силни потреси. Земјотресот со магнитуда од 7,2 степени на пладне погоди област на околу 100 милји западно од Каракас, а помалку од една минута подоцна следеше потрес со магнитуда од 7,5 степени, според Геолошкиот завод на САД. Службите за итни ...
Тројца судии на Меѓународниот кривичен суд (МКС) поднесоа тужба против претседателот на САД, Доналд Трамп, и неговата администрација поради санкциите што им беа воведени минатата година, тврдејќи дека мерките се незаконски. Во тужбата поднесена до федералниот суд во Менхетен, судиите Кимберли Прост од Канада, Соломи Балунги Боса од Уганда и Рејн Аделаид Софи Алапини-Гансу од Бенин наведуваат дека санкциите биле осмислени како вонсудски ...
Ниту еден наставник нема да биде отпуштен од работа при оптимизирањето на училишната мрежа. Во законите предвидовме опции за оние наставници кои останале без ученици, со нивна согласност да бидат ангажирани како образовни асистенти во период од една година. Ништо не се прави насилно, исклучиво транспарентно, со согласност на наставниот кадар и во соработка со општините, УНИЦЕФ и Светска банка. Ова го истакна министерката за образование и ...
Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ (Safe City) од денеска постепено започнува да се воведува и на подрачјето на СВР Охрид. По извршеното финално тестирање, стручни екипи денеска ги ставија во функција безбедносните камери на автопатската делница кај Ново Село во општина Дебрца. Од СВР Охрид информираат дека во наредниот период проектот ќе профункционира и на патниот правец меѓу селата Горенци и Требеништа, како и на останатите ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, информирајќи за Реформската агенда, истакна дека и во јунскиот извештај повторно ќе бидеме први од земјите од Западен Балкан и се очекува во јули да добиеме и дополнителни средства и на овој начин покажуваме дека заслужуваме да бидеме дел од Европа без да имаме пред нас билатерални спорови и други спорови кои се однесуваат на прашања кои немаат ...
Шефот на американската дипломатија, Марко Рубио, за време на турнејата низ земјите од Персискиот Залив, денеска изјави дека договор со Иран не треба да се постигне „по секоја цена“, особено стравувајќи од „тотален хаос“ доколку Техеран воведе патарини за премин низ Ормуската Теснина. „Дури и ако сакаме договор, не сакаме договор по секоја цена“, рече Рубио во Бахреин. Тој се осврна на ситуацијата во Ормуската Теснина, главната точка на ...
Вкусен и брз џем за подготовка – за здрав појадок, за палачинки, колачи… Состојки: 2 кг праски 700 грама шеќер 2 ванилин шеќер 1 лажичка цимет во прав 1 џемфикс 2:1 Подготовка: Измијте ги и излупете ги праските, а потоа исечете ги на коцки или парчиња. Ставете ги во соодветно длабоко тенџере со дебело дно. Откако праските ќе го испуштат својот сок, додадете пакетче џемфикс 2:1 измешано со 2 лажици шеќер и измешајте го со праските. Кога ...
Селекторот на Босна и Херцеговина, Сергеј Барбарез, ги искажа своите впечатоци по синоќешниот триумф над Катар со 3:1 во третото коло од групната фаза на Светското фудбалско првенство 2026. – Сакавме да направиме историја, но не знаевме дека ќе стигнеме толку далеку. Се подразбира дека секогаш се обидуваме да го дадеме најдоброто од себе и сме горди на она што веќе го постигнавме. Добив толку многу пораки од луѓе во Босна – прекрасно е. Ќе ...
Намалена употребата на антибиотици, додека од друга страна – метформин, пантопразол и дијазепам во најголем дел се употребувани од граѓаните. Ова меѓу другото го кажа директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, на денешната прес-конференција. На средбата со новинарите, Клековски говореше за лековите во државава 2023-2025 година во три сегменти: позитивна листа А, болнички лекови и лекови во условни буџети. Вкупната ...
Лидија Петкоска пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница за пратенички прашања во Собранието, постави три прашања од кои едниот го постави до вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, а другите две до министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Петкоска на самиот почеток истакна дека Владата ги реализирала најавените мерки за развој на авиосообраќајот и туризмот, преку нови авиолинии и зголемени субвенции ...
Ако пред неколку години беше успех два милиони патници да стигнат на аеродромите во Скопје и Охрид, минатата година бројот надмина три милиони на двата аеродрома. Очекувам оваа година бројот да биде над 3,5 милиони патници, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на седницата за пратенички прашања. Во одговор на прашање од пратеничката Лидија Петковска од ВМРО-ДПМНЕ, Николоски рече дека аеродормот во Скопје има ...
„Во овој ребаланс на Буџетот капиталните инвестиции се зголемени од 39 милијарди денари, колку што претходно беа предвидени, на цели 47 милијарди денари и тоа се должи токму на реализација на капитални проекти во сите институции, од автопатските секции, преку програмата за финансирање на општините каде дополнително се обезбедени околу 2 милијарди денари, преку обезбедени дополнителни пари за пречистителни станици како скопската, битолската, ...
Бродскиот сообраќај низ Ормуската Теснина покажува први знаци на нормализација, покажаа денешните анализи на специјализираните организации за бродски сообраќај што ги пренесува ДПА, иако, се додава, неизвесност се уште има околу мините за кои се наведува дека иранските сили ги поставиле во овој клучен воден пат. Давателот на услуги во бродскиот сообраќај -Kpler, вчера изброи 70 транзити низ морезуот, изјави портпаролот на провајдерот, пренесе ...
Дискотеката „Пулс“ во Кочани започнала да работи, иако притоа не биле исполнети минималните технички услови за работа на објектот, беше кажано од Обвинителството на денешното рочиште на судењето за пожарот во кочанската дискотеката, кое презентираше докази обезбедени од Министерството за економија и труд, сектор за туризам и угостителство. Следното рочиште е закажано за 1јули со материјални докази од Обвинителство за Државен пазарен ...
Работната група за реформи во изборното законодавство денеска ја одржа единаесетта седница на која беа разгледани преостанатите отворени прашања и предлози за измени и дополнувања на Изборниот законик, во насока на исполнување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР . Членовите на Работната група разменија мислења по доставените предлози од политичките партии , при што беше констатирано дека значителен дел од решенијата се усогласени и има висок степен ...
„Тоа кое што е важно е да се каже дека голема е разликата, како ние ја амортизиравме кризата и како голем дел од соседите ја амортизира кризата. Се согласувам дека беше историски најголема, се согласувам дека ефектите и резултатите беа жестоки и се согласувам дека кај нас овие 3 ипол месеци поминаа би рекол многу едноставно, бидејќи ние во ниту еден момент не создадовме паника, не очајуваме, не правевме панични прес-конференции, туку напротив ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика веднаш да започнат преговори за завршување на војната во Украина, оценувајќи дека дошло време да „запре убивањето“. Говорејќи на конференцијата посветена на обновата на Украина во полскиот град Гдањск, Мерц изјави дека Европа и трансатлантскиот сојуз се подготвени дополнително да го зголемат притисокот врз ослабената руска економија. – Русија нема да ја добие оваа војна – рече Мерц. – Дојде ...
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска на Меѓународната конференција на високо ниво за обнова на Украина во полскиот град Гдањск издвои три стратешки области во процесот на обновување на земјата, во кои може да се смета на поддршка и преку иницијативите за регионална соработка – енергетската диверзификација, поврзаноста во регионот на Црното Море и соработката во областа на безбедноста. Ова го соопшти владината прес-служба на Бугарија, ...
Кога Христијан Мицкоски нема одговори и нема резултати, стандардно се враќа на она што најдобро го знае – закани, напади и дефокус од реалните проблеми. Од собраниската говорница, Мицкоски повторно го спомена Харис Џиновиќ и Дубаи, и му се закани на претседателот на СДСМ Венко Филипче дека „кога граѓаните ќе ве видат зад решетки“, се вели во реакцијата од СДСМ на одговорот на пратенички прашања на премиерот Христијан Мицкоски, која ја ...
Соседна држава шири информација ЕУ да не и помага финансиски на Македонија, да и се скратат сите фондови како ЕУ, затоа што ако и помага, Македонија ќе напредува, а во спротивно, ако нема ЕУ фондови за земјава, тогаш ќе дојде пред банкрот, ќе биде приморана да клекне, да моли и на тој начин да се реализира тоа коешто се бара од нив. Ова го соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски од собраниска говорница врз основа на сознанија од ...
За време на акција за гаснење пожар во регионот на градот Гревена во северозападна Грција, хеликоптер од типот Bell 214B, изнајмен од грчката противпожарна служба, се урнал во вештачкото езеро Аоу, а спасени се двајцата членови на екипажот, јави дописничката на МИА од Атина. Од противпожарната служба на Грција информираа дека во хеликоптерот биле еден грчки и еден странски државјанин, кои се спасени. Хеликоптерот полетал од аеродромот во ...
Албанскиот премиер Еди Рама повторно реагираше со објава на социјалните мрежи во врска со протестите во Тирана, овој пат тврдејќи дека на истите учествувала и „сестрата на иранскиот генерал, Касем Сулејмани, кој беше убиен во војната со САД“. Тој објавуви и фотографија на која, според него, е Икбале Худити – сестрата на Сулејмани. „Погледнете ги двете фотографии. Тоа е истиот лик што дојде со караванот на лажната „дијаспора“, кој во името на ...