Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Командант на воздухопловните сили на Иранската револуционерна гарда најави дека Иран во текот на ноќта ќе лансира повеќе ракети кон Израел. „Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи за лансирање“ ќе ги шокираат САД и Израел. (МИА) Командант на воздухопловните сили на ...
Во иранскиот ракетен напад врз Димона, град во јужен Израел, се повредени 47 лица, кои се хоспитализирани. Израелската служба за итни случаи „Маген Давид Адом“ соопшти дека повеќето од повредите се предизвикани од шрапнели. Меѓу повредените има 10-годишно момче кое е во тешка состојба и 30-годишна жена која се здобила со повреди од стаклени парчиња. Другите повреди се полесни. Димона се наоѓа на околу 13 километри од Центарот за нуклеарни ...
Во рамки на проектот Пошумување на споменикот на природата „Маркови Кули“, финансиран од Бирото за регионален развој, а како дел од одбележувањето на Денот на пролетта, денеска беше реализирана голема акција за пошумување на еден од најзначајните природни локалитети на подрачјето на Општина Прилеп. Дел од локалитетот Маркови Кули, кој се наоѓа над новите градски гробишта на патот за Трескавец, беше пошумен со 6.000 садници на даб, согласно ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска во Скопје го одржа своето редовно годишно Собрание на кое донесе нов Статут, подготвен во соработка со УЕФА и ФИФА, како и одлука за донесување Страгегија за развој македонскиот фудбал во периодот од 2026 до 2030 година. Во обраќањето пред присутните 61 од вкупно 65 делегати, претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, се осврна на повеќе теми, укажувајќи на „системска манипулација“ во работењето ...
На 20.03.2026 во 09:49 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје е пријавено дека кај нив со повреди-изгореници бил донесен З.А.(60) од Неготино, вработен во „Македонски Железници“. Според пријавеното, З.А. со повредите се здобил од струен удар, додека извршувал работни задачи во Скопје. Увид извршиле полициски службеници од СВР Скопје и за настанот бил известен трудов инспектор. На 20.03.2026 во 09:49 часот ...
Три недели по почетокот на конфликтот, администрацијата на Доналд Трамп започна прелиминарни разговори за следната фаза на судирот и можен мировен договор со Иран, според извори за Axios. Трамп истакна дека размислува за „завршување“ на војната, иако се очекуваат уште две до три недели борби. Неговиот тим, предводен од изасланиците Џаред Кушнер и Стив Виткоф, работи на основите за дипломатско решение. САД од Иран бараат шест обврски: ...
Најпрестижниот тениски турнир во светот, кој воедно важи и за неофицијално светски првенство, Вмблдон, и официјално од оваа година ќе го користи тенискиот ВАР систем. Британците до минатата година користеа „автоматска линија“, но откако тој систем затаи, сега одлуката е да се премине на системот кој веќе се користи на Австралија опен и на САД опен, но и на Мастерс турнирите во машка и женска конкуренција. ВАР системот ќе биде достапен на ...
Македонската машка ракометна репрезентација одигра нерешено против Австрија 30-30 во пријателски натпревар во рамките на ЕХФ неделата. Капитенот Филип Кузмановски беше спасител, овој пат од седум метри со кој го постави конечниот резултат. Македонија имаше шанса и да победи, со оглед на тоа дека во вториот дел водеше и со четири гола разлика. Овој дуел е подготовка за бараж мечот за пласман на Светското првенство 2027 година, каде ...
Илјадници Чеси се собраа денеска во Прага на најголемите антивладини демонстрации од 2019 година, незадоволни поради намалувањето на воените трошоци под водство на премиерот Андреј Бабиш и стравувајќи дека неговата администрација ќе преземе мерки против медиумите. Демонстрантите кои носеа чешки знамиња и знамиња на Европската Унија почнаа да пристигнуваат неколку часа пред почетокот на митингот на платото Летна во Прага, а организаторите ...
Околу 20 лица се повредени во напад со балистичка ракета врз градот Димона во јужен Израел, соопшти Израелската служба за итни случаи. Службата „Маген Дејвид Адом“ преку Телеграм објави дека нивните болничари лекуваат 10-годишно момче и 40-годишна жена кои се здобиле со умерени повреди од шрапнели. Помош им е укажана и на други повредени лица на местото на нападот. Димона е град на југот на Израел, каде што се наоѓа главната нуклеарна ...
Почитувани, Ве известуваме дека утре 22.03.2026 година (недела) во 13:30 часот, претседателот на Владата на Република Македонијa Христијан Мицкоски ќе одржи прес-конференција за медиуми во Медија центарот на Владата, соопштија од Владата. Најавата за прес конференција доаѓа откако денеска беше соопштено дека утре во 12 часот Владата ќе одржи вонредна седница посветена на мерки за цените на горивата. Почитувани, Ве известуваме дека утре ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе распореди федерални агенти за имиграција на аеродромите доколку демократите во Конгресот не се согласат веднаш да ја финансираат безбедноста на аеродромите. „Ќе ги распоредам нашите извонредни и патриотски агенти на американската Служба за имиграција и царина (ICE) на аеродромите, каде што ќе осигурат безбедност каква што немало никогаш досега“, напиша Трамп на социјалните медиуми. Во ...
Две лица го загубија животот, а петмина се повредени од кои тројца потешко во лавина во долината Ридана во италијанската покраина Јужен Тирол, објави Центарот за итни случаи во Болцано, јави италијанската новинска агенција AНСА. Лавината почнала во 11:40 часот на надморска височина од 2.445 метри, погодувајќи вкупно 25 скијачи кои во тој момент биле на патеката. Спасувачки единици пристигнале на терен со хеликоптер, а локалните пожарникари се ...
Централниот совет на Македонците во Германија најостро ги отфрла изјавите на грчкиот пратеник Андреас Ворилас во грчкиот парламент. Како што објави Експрес, насочените напади кон македонското здружение „Илинден“ во Латцен (регион Хановер), кое е член на Централниот совет, како и кон неговото училиште по мајчин македонски јазик, претставуваат неоснована дискредитација и обид за заплашување на македонската заедница. – Недозволиво е во 21 век, ...
Отец Ивица ТОДОРОВ Секојдневно ме загрижува сознанието дека православните христијани во Македонија воопшто не читаат, или многу малку читаат СВЕТО ПИСМО/ БИБЛИЈА! ЗОШТО? Која е вистинската причина? Да, јасно ми е дека содржината на Светото Писмо тешко се разбира, но сепак, ако има посветеност во читањето на Светото Писмо, особено ако се практикуваат заповедите Божји и се има искрен и реален обид да се живее во светлината на ВИСТИНАТА Божја ...
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека „американско-израелската агресија треба веднаш да биде прекината“ за да се стави крај на војната и да се спречи нејзина ескалација во поширок конфликт, пренесуваат светските агенции, повикувајќи се на изјава во канцеларијата на Иранската амбасада во Индија. Пезешкијан претходно денеска телефонски разговараше со индискиот премиер Нарендра Моди. Претседателот на Исламската Република му ...
Европската Унија ги повика земјите-членки да ги намалат целите за складирање на природен гас и постепено да почнат да ги пополнуваат залихите за да ја ограничат побарувачката, бидејќи цените на енергенсите растат поради американско-израелската војна против Иран, пишува „Фајненшл тајмс“. Комесарот за енергетика, Ден Јоргенсен, побара од земјите-членки да ја намалат целната зафатеност на нивните капацитети за складирање гас на 80 проценти од ...
Расправа за кризата на Блискиот Исток ќе се одржи во Парламентот на Франција на 25 март, во согласност со член 50-1 од Уставот, објави денеска парискиот весник „Монд“ на својата веб-страница. Неколку политички партии побараа да се одржи расправа по избувнувањето на војната во Иран. Францускиот премиер Себастијан Лекорну на владиниот состанок на 11 март позитивно одговори на барањето за одржување расправа во Парламентот, кој задутре продолжува ...
На 20.03.2026 во 23:50 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.Д.(44) од Куманово, затоа што физички ја нападнал неговата 32- годишна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. На 20.03.2026 во валандовско село, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово лишија од слобода 29-годишен жител на тоа село, постапувајќи по ...
На 20.03.2026 во 18:30 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека на регионалниот Радовиш- Конче, на влез во с.Конче, патничко возило „тојота“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од А.А.(42) од Радовиш, удрило во осумгодишно дете од с.Конче, општина Конче. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Радовиш. Од МВР информираат и дека во болницата во ...
Човечки леш во фаза на распаѓање е пронајден денеска околу 10:40 часот во село Зрновци, на локација позната како „Ѓошевски орев“, во близина на Зрновска Река, информира Министерството за внатрешни работи. Од МВР наведуваат дека веднаш по пријавата се преземаат мерки за расчистување на случајот. Од Основното јавно обвинителство Кочани соопштија дека јавен обвинител извршил увид на местото на настанот, при што е утврдено дека станува збор за ...
На телевизија Алфа во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ гостуваше Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ кој дискутираше за евроинтегративниот пат на Македонија и блокадите од страна на Бугарија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално. „Кога Македонија требаше да го смени Уставот, да го смени името за да влезе во НАТО и во Европска Унија, Софија немаше никаков проблем со ништо во рамки на добрососедството, ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 11 управувале возило без возачка дозвола, двајца управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана и тројца управувале возило под дејство на алкохол. Во Скопје пет лица возеле без возачка дозвола, по еден во гостиварско, Македонски Брод, Градско, Росоман, Велес и Чашка. По едно ...
Владата константно ја следи состојбата со цените на светските нафтени берзи и за утре во 12 часот најавува седница на која ќе се донесат мерки со кои ќе се ублажи ценовниот скок на горивата. -Цените на светските нафтени берзи растат, што се очекува дополнително да се одрази на домашната цена на горивата. Иако на бензинските станици во земјава има убедливо најевтини горива во споредба со регионот се очекува во понеделник да има дополнителен ...
На денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ одговараше на новинарски прашања. Манасиевски беше прашан дека СДСМ денес повторно го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ дека стои зад директорот на државниот инспекторат за земјоделие, кој беше осомничен дека земал мито од 50.000 евра и за тоа беше и уапсен? „СДС се однесува како мало дете на кое ќе му дадат колач и така се радува, исто така тие се радуваат и им е многу убаво на душата ...
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска изјави дека Израел и САД значително ќе ги интензивираат своите напади врз Иран во наредните денови, јави ДПА. Кац по консултациите со високи воени претставници во штабот на армијата во Тел Авив изјави дека нападите ќе бидат насочени кон иранското раководство. Израел е решен да ја продолжи својата кампања против структурата на моќ во Иран, со цел „обезглавување на неговите команданти и ...
СДС во своите редови се полни со криминал, нивните поранешни функционери имаат бројни корупциски скандали и афери, а СДС не се огради за ниту еден од нив, напротив или молчеше или ги штитеше преку нивните обвинители избрани во Зајас и Струмица, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. СДС е партија која штити криминал и криминалци. Актуелен член на Извршниот одбор на СДС, Филип Андов – Сокол е осуден на затворска ...
Денеска во раните утрински часови пожарникарите-спасители од ТППЕ Струмица интервенираа на извлекување на паднато женско лице (девојка) од провалија под Цареви Кули, на место викано Црвен Дол. -Станува збор за исклучително тежок и непристапен терен, каде интервенираа шест пожарникари-спасители со две теренски противпожарни возила, информираа Пожарникари-Струмица. Во акцијата била користена алпинистичка опрема и носила за безбедно извлекување ...
Башановиќ, кумот на Александар Вучиќ и екс советник на Зоран Заев во владата, го води ПР-от на СДС и Филипче – затоа се опседнати со Србија, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. -Станува збор за контроверзна личност, како и матна личност во областа на енергетиката. Зоран Башановиќ е кум на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, со кој не се во најдобри односи, па оттаму, Башановиќ преку Зоран Заев, Венко Филипче и СДС го ...
Американски федерален судија ја блокираше политиката на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за ограничување на пристапот на новинарите до Пентагон, согласувајќи се со тврдењата на „Њујорк тајмс“ дека клучните делови од новите владини регулативи се незаконски. Судијата Пол Фридман, чие седиште е во Вашингтон, ги потврди наводите од тужбата на весникот и пресуди дека новата политика на Пентагон нелегално ги ограничува ...