Сè повеќе информации се појавуваат за мистериозниот хардверски проект на компанијата „OpenAI“, а според последните наводи веќе се знае и за каков уред станува збор. Доколку гласините се покажат како точни, „OpenAI“ во наредниот период би можел да претстави сопствен паметен звучник во кој ќе биде вграден „ChatGPT“. За разлика од класичните паметни звучници, новиот уред би требало да биде премиум производ со цена меѓу 300 и 400 долари. Тоа го ...

Британската банкарска група „HSBC Holdings“ повторно ја активираше програмата за откуп на сопствени акции и ја зголеми целта за намалување на трошоците, откако во вториот квартал оствари подобри од очекуваното резултати, објави „Bloombeg“. Банката со седиште во Лондон ќе откупи сопствени акции во вредност до 1 милијарда долари, откако добивката пред даноци и такси во трите месеци до јуни достигна 10,1 милијарда долари. Тоа е над консензусната ...

Трговскиот дефицит на Германија со Кина се зголемува, бидејќи Пекинг има сè помала потреба од увоз од Европа, пишува „Reuters“, повикувајќи се на податоци на германската државна агенција „Germany Trade & Invest“. Според нив, во првото полугодие извозот на Германија кон Кина е намален за 12 отсто, на нешто помалку од 37 милијарди евра. Увозот на кинески стоки во Германија, пак, достигнал вредност од 91,8 милијарди евра, што претставува ...

Руската држава во првата половина од 2026-та година одзела приватен имот и бизниси во вредност од 10,1 милијарди долари, што е 2,5 пати повеќе во споредба со истиот период минатата година, објавува рускиот медиум РБК. Во првата половина од 2025-та година национализацијата опфатила имот вреден 3,95 милијарди долари. Најголемиот бизнис што годинава е одземен е од сопственикот на земјоделската компанија „Русагро“ на Вадим Мошкович, која судот ја ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81% во однос на одлуката од 4.8.2026 година Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 4,00 денари за литар, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 8,00 ...

Времето кога семејствата бараа стан од 90 или 100 квадрати, со голема дневна соба, две спални и уште една „за секој случај“, полека останува зад нас. Купувачите денес многу почесто прашуваат колку е најмалиот функционален стан, колкава ќе им биде месечната рата и колку ќе ги чини неговото одржување. Истото се случува и со куќите. Наместо класична градба со години, мајстори и непредвидени трошоци, сè повеќе луѓе се распрашуваат за монтажен дом ...

Кинескиот AI Kimi Q3 избега од сендбоксот и предизвика стравови: моделите стануваат помоќни и потешки за сопирање. Индустријата за вештачка интелигенција доживува лето полно со инциденти со „прибегнати“ агенти. Најновиот модел што избега на отворениот интернет за време на тестирањето на безбедноста е Kimi K3, моќен модел на вештачка интелигенција од кинеската компанија Moonshot AI. Овој настан дополнително ги влоши тензиите меѓу САД и Кина во ...

Екстремните топлотни бранови и сушата што зафатија големи делови од Европа ова лето би можеле речиси целосно да го анулираат очекуваниот економски раст на Европската унија, се наведува во студијата објавена денеска од холандската банка Триодос. Според извештајот на оваа банка специјализирана за одржливи проекти, нарушувањата предизвикани од топлината ќе го намалат бруто домашниот производ (БДП) на Европската унија во 2026 година за околу еден ...

Ако ракот често ни се чини дека е надвор од наша контрола, експертите нагласуваат дека тоа не е секогаш само прашање на „лоша среќа“ Кога го слушаме зборот „рак“, честопати помислуваме на најлошите сценарија, особено со оглед на тоа што Cancer Research UK предвидува дека инциденцата на болеста ќе се зголеми за 55 проценти во текот на следните 20 години, пишува LADBible. Иако ракот честопати ни се чини дека е надвор од наша контрола, ...

На граничниот премин Евзони се евидентираат километарски редици и повеќечасовни задржувања поради масовното преместување на туристи. Според првичните информации, чекањето за влез во Грција е повеќе од три часа. На граничниот премин Богородица-Евзони од раните утрински часови има големи задржувања и повеќечасовни задржувања поради масовното преместување на туристи. Според возачите кои моментално се на терен, редици од возила се формирале уште ...

Десет ќебапи, една салата и две сокчиња. Сметката се кажува на глас, парите се оставаат на маса, келнерот ги зема и си заминува. Фискална сметка нема. Ако гостинот не ја побара, голема е веројатноста дека воопшто нема ни да ја добие. Ваквите сцени, според реакциите на граѓаните, не се реткост во угостителските објекти, особено во летните месеци, кога рестораните, кафеаните и локалите работат со полна пареа. Но неиздавањето фискални сметки не ...

Да работиш до 70 години, па дури потоа да мислиш на пензија. За голем дел од работниците во Македонија ова денес звучи речиси незамисливо. А 74 години? Тоа веќе звучи како бројка од која човек прво ќе се насмее, па потоа ќе се запраша дали навистина може да стане реалност. Токму натаму, барем според сегашните проекции, се движат дел од европските пензиски системи. Стареењето на населението, подолгиот животен век и сè помалиот број работници ...

Цените на нафтата пораснаа во понеделник, бидејќи трговците продолжија да ги проценуваат мешаните сигнали од САД и Иран, поради загриженоста дека договор меѓу двете земји за отворање на Ормутскиот теснец можеби нема да биде постигнат наскоро. Меѓународните фјучерси за сурова нафта Брент за испорака во октомври пораснаа за 1,04% на 84,42 долари за барел. Фјучерси за сурова нафта од Западен Тексас за септември пораснаа за 0,83% на 78,83 долари ...

Проблемите со спиењето влијаат на многу луѓе, без разлика дали се резултат на стрес, вознемиреност или едноставно навика за доцно спиење. Кога телото не ги добива препорачаните седум до девет часа сон подолго време, тоа може да има последици не само врз секојдневното функционирање, туку и врз општото здравје. За да помогнат со проблемите со спиењето, некои луѓе се свртуваат кон додатоци во исхраната што се продаваат без рецепт, како што се ...

Годишната инфлација во Македонија се намали во јули, изнесувајќи 2,3 проценти, а во споредба со јуни, се намали за 0,1 проценти. Во наредниот период се очекува инфлацијата да дојде во рамките на целта на Народната банка од 2 отсто, но дека опасноста сè уште не поминала. Целта на Народната банка, не е да имаме нулта инфлација. Инфлацијата е нешто што е позитивно ако е ниска и контролирана, велат економистите. Во јули 2026 година, во однос на ...

Полската економија добива сè поголемо значење во Европската Унија. Според податоците од европската статистичка служба Евростат, во 2025 година Полска стана шеста најголема економија на ЕУ во однос на номиналниот бруто домашен производ (БДП), со учество од речиси пет проценти во вкупната економија на Унијата. Вредноста на полскиот БДП по тековни цени минатата година достигна 922,9 милијарди евра, што претставува 4,9 проценти од вкупното ...

Има луѓе што доаѓаат на работа секое утро навреме, седнуваат на столчето, го палат компјутерот… и тука некаде застануваат. Ден по ден, месец по месец, сè изгледа исто. Без напредок, без ризик, без нешто што ќе ги помести од местото на кое се заглавени. Не затоа што не знаат. Туку затоа што навиките им работат против нив. Кариерата ретко пропаѓа од една голема грешка. Почесто, тоне тивко. Со мали, речиси невидливи навики што со време стануваат ...

Илон Маск, најбогатиот човек во светот и извршен директор на SpaceX, предизвика нови реакции тврдејќи дека Адолф Хитлер бил „левичарски социјалист“. Маск го изнесе тврдењето на својата социјална мрежа X, одговарајќи на објава од корисник кој рече дека Хитлер се залагал за колективизам, силна држава и политика на идентитет. Сепак, ниту Маск ниту авторот на објавата не понудија конкретни аргументи или историски извори за да ја поддржат таквата ...

Научните истражувања сè појасно укажуваат на штетноста од ултрапреработената храна и ја поврзуваат со зголемен ризик од дебелина, дијабетес тип 2 и срцеви заболувања. Поради тоа расте интересот за таканаречената „чиста исхрана“, односно начин на исхрана кој им дава предност на целосните и минимално преработените намирници. Иако исхраната богата со целосни намирници во најголем дел е корисна, овој пристап има и одредени недостатоци кои е важно ...

„Lamborghini“ ја претстави специјалната серија „Revuelto Miura 60° Homage“, со која одбележува 60 години од претставувањето на легендарниот модел „Miura“. Премиерата ќе се одржи во рамки на манифестацијата „Monterey Car Week“, а производството ќе биде ограничено на само 99 примероци. Специјалната верзија е развиена од одделот „Ad Personam“, задолжен за персонализација на возилата. На купувачите ќе им бидат понудени девет бои на каросеријата ...

Американската компанија за развој на вештачка интелигенција „OpenAI“ најави дека сите корисници на бесплатната верзија на „ChatGPT“ ќе добијат неограничен број текстуални разговори, со што се укинува досегашното ограничување за четување. Бесплатните корисници и корисниците на пакетот „Go“ отсега ќе го користат новиот модел „GPT-5.6 Luna“, кој станува стандарден модел наместо досегашниот „GPT-5.5“. Покрај тоа, корисниците ќе добијат и нова ...

Германската компанија „Bayer AG“ оствари неочекуван раст на добивката во вториот квартал од годината, поттикнат пред сè од силното работење на нејзиниот земјоделски сектор „Crop Science“, пренесува „Bloomberg“. Коригираната добивка пред камати, даноци, амортизација и обезвреднување (EBITDA) пораснала за 1,9 отсто, на 2,14 милијарди евра, соопшти во вторникот една од најголемите германски мултинационални компании во областа на здравството и ...

Пазарот на трудот минува низ голема промена. Работодавачите ширум светот сè помалку гледаат само на формалното образование, а сè повеќе бараат знаења и способности што можат веднаш да се применат во работата. Со години дипломата беше еден од главните критериуми при вработувањето. Факултетското образование често претставуваше билет за подобро платени работни места и посигурна кариера. Меѓутоа, во последните години компаниите го менуваат ...

Германскиот извоз, и покрај оптоварувањата предизвикани од војната меѓу Иран и Израел, во јуни достигна рекордно ниво. Според прелиминарните податоци на германската Сојузна служба за статистика, во странство била извезена стока во вредност од 139,3 милијарди евра. Тоа е за 0,9 отсто повеќе во споредба со мај и за 6,6 отсто повеќе во однос на јуни минатата година. Со тоа е поставен и нов рекорд. Според статистичките податоци, никогаш претходно ...

Работникот ретко си оди преку ноќ. Не се буди едно утро и решава дека повеќе не сака да ја отвори вратата од фирмата. Обично тоа зрее со месеци. Прво премолчува една неправда. Потоа уште една. Па доаѓа ден кога платата веќе не е единствената причина за останување, а ветувањата почнуваат да звучат како празен муабет. Токму тука, велат познавачите на пазарот на труд, се гледа разликата меѓу фирма што само вработува луѓе и фирма што знае да ги ...

Германската банка „Commerzbank“, која сè повеќе се приближува кон целосно преземање од страна на италијанскиот конкурент „UniCredit“, во вториот квартал забележа раст на нето-добивката од 94 отсто. Резултатите се подобри од очекувањата на аналитичарите, поттикнати од поголемите приходи од провизии. Нето-добивката на банката во периодот од април до јуни изнесувала 898 милиони евра, што е речиси двојно повеќе во споредба со 462 милиони евра ...

Глобалните цени на хранителните производи благо се зголемија во јули и го достигнаа највисокото ниво во последните повеќе од три години, поради новите загрижености за клучните извозни рути за житото, како и неповолните временски услови во главните земјоделски региони, пренесува „Bloomberg“. Индексот на Обединетите нации за цените на хранителните суровини во јули се зголемил за 0,6 отсто во однос на претходниот месец, поттикнат од ...

Високите температури не го исцрпуваат организмот веднаш, но по неколку последователни денови на топлотен бран ризикот од дехидратација значително се зголемува, предупредуваат лекарите. Според д-р Филип Ѓерке, специјалист по неврологија, најголем проблем не е само температурата од 35 или 37 степени, туку долготрајното изложување на горештини. „Високата горештина не ја чувствуваме како особено опасна првиот ден. Но, на третиот, четвртиот и ...

„Skoda“ официјално го започна сериското производство на целосно новиот модел „Peaq“, кој претставува најголемиот и технолошки најнапредниот електричен „SUV“ во историјата на чешкиот производител. Новиот модел се произведува во фабриката во Млада Болеслав, каде од производните ленти излегуваат и електричните модели „Enyaq“ и „Elroq“, како и „Octavia Combi“ со мотори со внатрешно согорување. Со тоа „Skoda“ продолжува со трансформацијата на ...

Преднарачките за новата генерација на преклопни телефони се зголемиле за повеќе од 30 отсто во однос на претходната серија, а од денеска уредите се достапни на избрани пазари. Компанијата „Samsung Electronics“ официјално ја започна глобалната продажба на новата генерација преклопни телефони и паметни часовници. Од 7-ми август, на избрани пазари и во продавници достапни се „Galaxy Z Fold8 Ultra“, „Galaxy Z Fold8“, „Galaxy Z Flip8“, како и ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
56%
1018
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
8.1
49%
1018
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
67%
1018
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
55%
1021
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.65
49%
1020
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 15ᴼ
2.06
71%
1019
weather icon

Атина

25ᴼ / 24ᴼ
5.36
55%
1014
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
47%
1015
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
2.57
32%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 16ᴼ
2.06
63%
1022
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
0.45
45%
1019
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 21ᴼ
7.2
88%
1016
Currency

61.5217

Currency

53.2218

Currency

72.0205

Currency

37.6714

Currency

38.2876

Currency

65.5025

Currency

7.90796

Currency

0.64188

Currency

0.33454

Currency

0.52437

Currency

1.11367

Currency

0.55893

Алуминиум

3.24

Сребро

2051.41

Родиум

282926.57

Кобалт

56.29

Злато

138910.52

Платина

54720.57

Бакар

13.19

Калај

56.21

Паладиум

41281.56

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36